Шеесет и едногодишен скопјанец утрово починал додека возел автомобил. Според информациите на МВР, денеска во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Шеесет и ...

Шеснаесетгодишен малолетник се заканувал со автоматска пушка во село Шипковица. Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од село Шипковица, тетовско и 16-годишник од село Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“. На 20.02.2026 во село Шипковица, пријавените физички го нападнале З.И. во неговиот двор, при што првопријавениот му ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028 година. „Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година ...

Без високо ниво на институционална отвореност, јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата “Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Република Северна Македонија”, во организација на Проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. „Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и ...

Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство. Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, реформите не се технички услов, туку тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот систем во кој владее ...

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека пред два дена, на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјавил дека Бугарија не го негирала ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската ...

Скопското обвинителство определи мерки на претпазливост за четирите малолетнички кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за четири деца за кривично дело – насилство. Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три на возраст од 14 години, во два одвоени настани, учествувале во ...

Украина ја обвини Русија за прекршување на примирјето иницирано од претседателот Володимир Зеленски. Официјалните лица пријавија најмалку едно лице загинато и тројца ранети на бојното поле во северна и источна Украина. „Русија го прекрши примирјето што Украина го започна на полноќ“, напиша украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната платформа X. Тој тврди дека руските напади продолжиле во текот на целата ноќ, ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите ...

Општина Крива Паланка информира дека започнува уписот на првачиња за учебната 2026/2027 година во основните училишта ООУ „Илинден“ и ООУ „Св. Јоаким Крчовски“. Во насока на унапредување на условите за образование и поддршка на семејствата, Општина Крива Паланка обезбедува, додаваат од таму, еднократна парична помош во износ од 3.000 денари за сите семејства со запишано прваче. „Инвестирањето во образованието и во најмладите е инвестиција во ...

Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан, тврди Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Се потврдува она што СДСМ веќе подолг период го зборува, на Мицкоски му се брза за предвремени избори. Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот ...

Крузерот на кој избувна епидемијата на вирусот хантана ќе биде преместен на Канарските Острови објави синоќа шпанското Министерство за здравство. Тројца патници од бродот починаа откако исплови од Аргентина, на патување преку Атлантикот, пред околу еден месец. Најавена е и итна евакуација на неколку заразени патници од бродот со медицински опремен авион. На бродот сè уште има 149 лица од 23 земји и тие се подложени на „строги мерки на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку суштинска ...

Американските технолошки гиганти Google и Microsoft и компанијата xAI ќе ѝ дозволат на американската влада да ги тестира нивните модели на вештачка интелигенција пред да бидат лансирани за да се сузбијат заканите за сајбер безбедноста. Новите договори ќе им овозможат на владините експерти да ги проценат потенцијалните ризици од новите системи на вештачка интелигенција пред да бидат достапни за јавноста, објави Националниот институт за ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција SAHA Expo 2026, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата беше потврдена силната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни ...

Општина Битола ќе биде дел „Генералка Викенд“ кој годинава ќе се одржи од 8 до 10 мај. Акцијата под официјалното име „Генералка Викенд“ започна во 2021 година и со годините прерасна во најголемата еколошка иницијатива во Македонија која истовремено се одвива во голем број општини. Главна цел е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината. Но, целта на „Генералка викенд“ не е само собирање на ...

На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – „Генералка викенд“. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. „Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ‘Генералка викенд’ прерасна во национална годишна традиција која докажува ...

„Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Aлбанците. Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност,лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе“, велат од ДУИ. „Повеќе од 20 години, тој и неговата група ...

Камион се запали на автопат во Хрватска, во близина на Славонски Брод, а според локалните медиуми возачот бил македонски државјанин. Вчера во 14:18 часот, полицијата добила пријава дека камион се запалил на автопатот А3, во близина на Среданац во правец на Брегана, и дека во возилото имало едно лице. Несреќата се случила кога камионот ја пробил средната ограда и удрил во далновод. Како што неофицијално дознава локалниот портал SB Online, ...

Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено да ја запре операцијата „Проект слобода“ имаше позитивно влијание врз глобалните пазари. По најновиот сигнал на американскиот претседател за можноста за мир со Иран, цената на суровата нафта Брент падна под 108 долари за барел. Во исто време вчера, таа беше 113 долари. „Проект слобода“ беше дводневен обид на САД да обезбедат придружба за бродовите низ Ормускиот теснец, витален ...

Танкерот CS Anthem го помина Ормускиот теснец во понеделник, потврди неговиот оператор во вторник, станувајќи втор комерцијален брод под знамето на САД за кој се знае дека го сторил тоа придружуван од американски воен персонал. Во понеделник, бродската компанија Maersk соопшти дека Alliance Fairfax, носач на возила под знамето на САД управуван од нејзината подружница Farrell Lines, го напуштил Персискиот Залив преку Ормускиот теснец под ...

Десет цивилни морнари загинаа како резултат на тековниот конфликт во Ормускиот теснец, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. „Тие се изолирани, гладуваат, се ранливи и најмалку десет цивилни морнари загинаа како резултат на тоа“, рече Рубио, без да образложува. Рубио: Операцијата е завршена, сега се браниме Рубио инсистираше дека САД преземаат одбранбени мерки во спроведувањето на блокадата на иранските пристаништа. Првичната ...

Доналд Трамп објави дека го паузира „Проектот слобода“, операцијата на САД за пренасочување на заглавените бродови од Ормускиот теснец, за да може да склучи договор со Иран, но додаде дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД ќе остане на сила. „На барање на Пакистан и други земји, поради огромниот воен успех што го постигнавме во кампањата против Иран, а дополнително и поради фактот дека е постигнат голем напредок кон целосен ...

Поради остриот пораст на цените на млазното гориво поради конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа околу 13.000 летови закажани за мај, што значи дека два милиони седишта се отстранети од нивните распореди. Податоците од аналитичката фирма Cirium покажуваат дека авиокомпаниите ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, објавува The Guardian. Иако откажувањата претставуваат помалку од 2% од глобалниот ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени. Времето во наредните денови ...

06/05/2026 06:18 - Трибуна

Румен Леонидов Стани Гьорги, кървав Гьорги Конче бело в доба черна. Врано конче в светла доба… Кой не верва, да не верва. Свети Гьорги, слезни в гроба. Змей ни змеи сто години, Светли Гьорги, младо момче, слезни в мрака, изведи ни, възседни си бело конче. Празни пазви, черно жито, в мрак жалеем, и линеем. Дявол пали свещ в душите, и се кръсти, исо пее. Кой от нас се сам отказа, кой от род се сам отрече… Господ, брате, ни наказа, чужди братя ...

BulgariaSat-1 е телекомуникациски сателит, поставен во геостационарна орбита на околу 36.000 км над Земјата – позиција што суштински го разликува од повеќето современи вселенски мисии со други цели. Токму оваа висока орбита го претвора во клучен инфраструктурен елемент, а не само научен или експериментален проект, јавува Дарик бизнис ревју. Уште во 1996 година, тимот зад проектот ја реализира првата интернет врска во Бугарија преку ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Ибрахим Јумакли, домаќин на 5-тиот Меѓународен форум за води, кој се одржува во Истанбул. „Разговорот беше насочен кон конкретни можности за унапредување на билатералната соработка, особено во делот на модернизација на системите за управување со води, јакнење на капацитетите и користење на современи ...

ВЛЕН е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Северна Македонија, соопштија од коалицијата. „Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
39%
1009
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
48%
1010
weather icon

Софија

27ᴼ / 26ᴼ
7.72
36%
1011
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
7.48
33%
1008
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
48%
1010
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
60%
1008
weather icon

Тирана

30ᴼ / 29ᴼ
4.63
63%
1009
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1008
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
35%
1006
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
46%
1010
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
2.57
78%
1008
Currency

61.5217

Currency

53.0864

Currency

71.9465

Currency

37.7669

Currency

38.2893

Currency

65.4487

Currency

7.88035

Currency

0.62494

Currency

0.33285

Currency

0.52358

Currency

1.10852

Currency

0.55531

Цинк

0.00

Алуминиум

3.26

Платина

56231.66

Калај

56.46

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Паладиум

41828.12

Злато

141161.07

Сребро

2096.79

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.19