Бројот на невработени лица во второто тримесечје од 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, додека за 7,2 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 65,5 %, а жени 34,5 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0,1 %. Од вкупниот број вработени, 57,2 % се мажи, а 42,8 % се жени. ...

Заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, ќе ја посети Бугарија на 7 и 8 септември, се вели во соопштението за медиумите на НАТО. Таа ќе одржи неколку билатерални средби. За време на посетата, Шекеринска ќе ги посети војниците од Мултинационалната борбена група на НАТО „Бугарија“ во базата во Ново Село и ќе ја набљудува вежбата на НАТО за итен одговор „Бугарија 2025“ во Центарот за обука на професионални први одговорници во ...

Стопанската комора на Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна денеска претседателот Бранко Азески. Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната. – Нас ни ...

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. ...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Гоља, во областа Сјеница, непосредно пред 14:45 часот. Околу дваесет минути подоцна, следеше уште еден, послаб земјотрес со јачина од 2 степени, а за помалку од час и половина по првиот, на истото место беше регистриран трет земјотрес со јачина од 1,9 степени. Според граѓаните, тресење на земјата било почувствувано во Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, ...

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена кривична пријава. Додава дека согласно Законот за локална самоуправа и статутот на Општина Росоман, општинската администрација е должна да ги изготвува или проследува материјалите за Советот и градоначалникот во зависност од законските ингеренции на самите одделенија. Според него, Општина Росоман ...

Истрагата на грчките власти утврди дека земјоделските субвенции од Европската Унија биле злоупотребени на високо ниво, во износ од најмалку 22,6 милиони евра, како што покажа првичната истрага. „Досега, грчките власти испитале 6.354 случаи на барања за доделување на таа помош, од кои 1.036 се утврдени како нелегални, а вкупниот износ што е неправедно доделен изнесува 22.667.522 евра“, изјави министерот за заштита на граѓаните (внатрешни работи) ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, го осудува, како што го нарече, „масовниот систем за извлекување пари од буџетот на Општината преку фиктивни договори и злоупотреби“. Османи истакна дека буџетот на Општината е ограничен, при што 67 отсто од него одат за плати, а остатокот се користи за фиктивни договори. „Во јули имало 720 договори, фиктивни работни ангажмани за лица кои седат дома и пишуваат статуси против мене и вас, ...

Американските маринци (Navy SEALs) застрелаа и убија повеќе севернокорејски цивили за време на неуспешна тајна мисија за поставување уред за прислушување во нуклеарно вооружената земја за време на чувствителни дипломатски преговори во 2019 година, објави Њујорк Тајмс. Повикувајќи се на неименувани извори, вклучувајќи сегашни и поранешни воени претставници информирани за сè уште класифицираните детали, весникот наведува дека Доналд Трамп ја ...

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од ЈСП известуваат дека в недела ќе бидат дежурни билетарниците и центрите за персонализација на Транспортниот центар и на Зелен пазар, додека в понеделник дежурни ќе бидат билетарницата и Центарот за персонализација на Транспортниот центар. Жичницата ќе функционира вообичаено во текот на викендот, сабота и ...

Поранешните обвинители на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, се наводно вмешани во нов скандал со рекетирање, објави порталот МКД.мк. Како што пишува порталот. за овој случај се води предистрага во Основното јавно обвинителствто за гонење на организиран криминал и корупција и се прибираат докази за да се види дали ќе се отвори истрага за овој случај. Кривичната пријава до МВР е поднесена од ...

Министеството за спорт на Република Македонија го додели традиционалното признание и државната награда „8 септември“. Денес во просториите на Собранието беа поделени наградите на освојувачите. Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на земјава на меѓународен план ја доби Јошко Миленкоски. Актуелниот македонски селектор е истакнат поранешен одбојкар, универзитетски професор, како и ...

Студентите од Нови Сад ги поканија своите колеги и граѓани од цела Србија на протест. На повикот се придружија и студентите кои учествуваат во блокадата на факултетите низ цела Србија, како и граѓаните, пренесуваат денеска српските медиуми. Масовниот протест, повикан од новите Садските студенти кои учествуваат во блокадата, започнува денес во 19:00 часот по локално време (20:00 часот по бугарско време) на раскрсницата на улицата Стражиловска и ...

Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите на електронскиот дневник. Тоа електронскиот дневник веќе не го дозволува порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките за учебници кои се оштетени. Е-дневникот е работен како проект на ...

По денешната прес-конференција на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека социјалдемократите со своите изјави „прават суштински стратешки грешки со кои од ден на ден ја докажуваат и потврдуваат инволвираноста на таа партија“ во скандалот со следењето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во соопштението ВМРО-ДПМНЕ го споредува однесувањето на СДСМ со „зајак кој ќе се скамени пред рефлектори на кола која забрзано оди кон него“, ...

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот наод, се појавува повторно оваа инфекција туберкулоза од истиот тип како и кај ламите, кои починаа пред еден и пол месец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. „Пред речиси еден и пол месец починаа три лами од туберкулоза, а кај другите две исто така се детектира оваа болест, која знае да ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека Република Македонија треба да ги исполни преземените обврски за да може да напредува во процесот на преговори за членство во Европската Унија. На заедничкиот брифинг со бугарскиот премиер Росен Жељазков, Кошта изјави дека го разбира одреденото незадоволство кај Македонија поради многуте чекори што веќе ги направила – промена на Уставот, знамето и името на државата, но нагласи дека ...

Претседателот Доналд Трамп на САД синоќа приреди вечера во Белата куќа со водечки личности од технолошката индустрија и други бизнис и политички лидери, но изостана извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск. На настанот беа поканети повеќе од десет технолошки претприемачи, меѓу кои основачот на „Мета“, Марк Закерберг, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, основачот на „ОпенАИ“, Сем Алтман, извршниот директор ...

Во срцето на Венеција, на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот, Македонија испиша ново златно поглавје. „Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, дел од официјалната натпреварувачка програма. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место ...

„Министерот за правда, Филков, има намера да магистрира на тема „Креирање на стратегии во сферата на правосудството како надлежност на министерот за правда“. Овој скандалозен потег, иако навидум е академски, е всушност крајно непримерен и не споив со високата јавна функција што тој ја извршува. Министерот за правда магистрира на тема за сопствени надлежности“, рече Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ. „Ова е директен судир на интереси, кој ...

Јошко Миленковски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата. Јошко ...

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, побара од Јавното обвинителство итна истрага за случајот со следење и прислушкување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени. „ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите“, изјави Петрушевски. Тој праша дали обвинителот Љупчо Коцевски молчи затоа што бил задолжен за следење на издавањето на ПИ мерките и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи, во однос на стапките од јули годинава, обезбедувајќи олеснување за извозно ориентираната економија на Јапонија, објави Ројтерс. Договорот меѓу САД и Јапонија, постигнат по неколкумесечни преговори, ја намалува неизвесноста за јапонскиот автомобилски сектор и потврдува јапонски инвестиции од 550 ...

Запознајте го Јомундур Оласон, исландски земјоделец кој возел над милион километри во својата Шкода Октавија од прва генерација. Како постигнал таков успех и какви совети има за оние кои сакаат да уживаат во своите автомобили што е можно подолго? Дилер на „Шкода“ во Исланд неодамна бил контактиран од земјоделецот Јомундур Оласон. Тој бил љубопитен што ќе прикажува контролната табла на неговата „Шкода Октавија“ од прва генерација, напојувана од ...

Цената на златото би можела да достигне речиси 5.000 долари за унца доколку нападите на Доналд Трамп врз независноста на Федералните резерви ја нарушат автономијата на американската централна банка, предупреди „Голдман Сакс“. Златото годинава порасна за 35 проценти, достигнувајќи над 3.500 долари за унца, што го прави едно од најуспешните средства на глобално ниво. Инвеститорите и централните банки се свртеа кон овој благороден метал барајќи ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните воени сили распоредени во Украина ќе се сметаат за легитимни цели на руските напади. „Ако некои војници се појават таму, особено сега за време на воените операции, ние тргнуваме од фактот дека тие ќе бидат легитимни цели за уништување“, рече Путин на економски форум во Владивосток. „И ако се донесат одлуки што водат кон мир, долгорочен мир, тогаш едноставно не гледам никаква смисла во ...

Возач од Коњиц се пофалил на социјалните мрежи дека возел автомобил со нозе! Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК). „Полициските службеници од Полициската управа Коњиц, со цел да го идентификуваат неидентификуваниот возач кој управувал патничко возило по улиците на градот Коњиц, држејќи го воланот со нога, што беше објавено на неколку интернет портали и ...

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните“ – порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), којшто се одржува во Намибија. Во своето воведно обраќање пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), гувернерот нагласи дека финансиската ...

Бруто домашниот производ порасна за 3.4% во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил. „Голем раст на градежништвото, транспортот и складирањето. Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични ...

Властите во Албанија со меѓународна потерница го бараат Билал Кара, еден од сопствениците на групацијата ,,Санте плус” која има своја болница и во Македонија. Албанските медиуми објавија дека 45-годишниот Билал Кара, се бара со потерница од полицијата во Тирана, поради сомнежи за злоупотреби направени преку приватната клиника „Интернешнл Медикер“ – Албанија, поранешна „Санте Плус“ – Албанија. Кара, кој е еден од сопствениците на Клиниката, во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
79%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
87%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.8
91%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.32
96%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
82%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
87%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
5.81
94%
1020
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
81%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793