
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар ...
Зухра Груби, мајката на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој со месеци е во бегство и се наоѓа на меѓународна потерница, денес се огласи на неговиот роденден со јавно обраќање на Фејсбук. Таа сподели емотивна честитка, полна со гордост и поддршка за својот син, наведувајќи дека неговото отсуство денес е „позабележително од присуството на сите други заедно“. „Се зборува за твоите дела затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на ...
Во најновата туристичка анализа посветена на балканските земји, престижниот „National Geographic“ ја издвојува Македонија како идеална дестинација за љубителите на добрата храна, природата и автентичните искуства, при што особено внимание ѝ се посветува на скромниот, но извонредно богат гастрономски и културен идентитет на земјата. „И покрај забележителните планини, езера и историски знаменитости, Македонија е пријатно ненаметлива и во голема ...
На денешен ден пред 32 години, на 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија загина кошаркарскиот Моцарт, Дражен Петровиќ. Легендата на светската кошарка, ден пред трагичната несреќа играше квалификациски натпревар во Полска за репрезентацијата на Хрватска. Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил, со својата нова девојка Клара Саланти и нивниот пријател Хилал Едебал, наместо да се качи авионот со кој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки земни минерали и магнети во Соединетите Американски Држави. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки земни минерали и магнети во Соединетите Американски Држави, што би можело да ги намали тензиите меѓу најголемите економии во светот. ...
Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска средба во Прилеп. „Бугарите треба да направат навистина еден чекор, еден нивни сосед којшто имаа аспирации да стане земја членка во Европска Унија да се однесуваат по европски. Ако ние стравуваме дека утре може да има некаква блокада на непринципиелна основа, на основа на јазикот, идентитетот итн нека покажат европско ...
Луј Витон ова лето претстави нешто сосема ново – својот прв киоск со сладолед, сместен во познатото тосканско одморалиште Форте деи Марми. Овој сезонски киоск се наоѓа веднаш пред бутикот Луј Витон на Виа Кардучи и е отворен секојдневно од јуни до септември, од 10 до 22 часот. Киоскот е украсен во зелени тонови – нијанса што е вообичаена во овој дел од Италија и која суптилно се вклопува во локалниот амбиент. Препознатливите монограми на Луј ...
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, по поразот од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос, навести дека мечот можеби бил негов последен во кариерата во Париз. Ѓоковиќ се спротивстави, но не успеа да го победи светскиот број 1. Синер победи во три сета со 6:4, 7:5, 7:6. „Му честитам на Јаник за уште еден исклучителен настап. Ментално мора да му честитате, кога целиот стадион навиваше за мене, јас имав сет топки, а потоа тој успеа ...
Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и ладењето на телото се отежнува. Кога телото станува ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук по повод својот роденден. Груби си сподели роденденски честитки од негови блиски пријатели и роднини. Се работи за прва негова активност по исчезнувањето, а објавата не содржи никаква информација за тоа каде се наоѓа или кога ќе се врати. Груби на 15 декември 2024 година замина во, како што тогаш рече, ...
Се надзираат контурите за почеток на најголемиот инфраструктурен проект во регионот. Формирање на координативното тело во вторник и започнување на постапка за обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот брза пруга, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Проектот брза пруга Табановце-Гевгелија ќе чини од 1,7 до 2 милијарди евра и ќе биде најголем поединечен проект во Македонија. Новата брза пруга ќе биде со нови возови, локомотиви и целосно ...
По Брегзит, Обединетото Кралство сè поинтензивно го користи инвестиционото портфолио како алатка на надворешната политика, настојувајќи да ја преформулира својата глобална улога. Еден од најновите примери за ваквиот пристап е стратешкото партнерство со Република Македонија, кое предвидува британска поддршка од 5 милијарди фунти преку UK Export Finance, пишува американски Newsmax. Соработката го опфаќа развојот на повеќе клучни сектори – ...
ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат право на надомест на штета, пишува Гардијан. Според новите планови, патниците на кратки летови ќе треба да бидат задржани најмалку четири часа за да можат да побараат надомест. За долги летови, доцнењето ќе треба да биде најмалку шест часа. Според сегашните ЕУ правила, патниците можат да бараат надомест ако нивниот лет доцни повеќе ...
Со децении важеше уверувањето дека јаболкото е најздравото овошје. Но, најновото истражување на американскиот Универзитет „Вилијам Патерсон“ го доведува тоа во прашање – научниците го прогласија лимонот за овошје со најголеми здравствени придобивки. Иако често го занемаруваме, лимонот изобилува со витамини, минерали и антиоксиданти, поради што има многукратни позитивни ефекти врз целиот организам. Според експертите, тој го зајакнува имунитетот, ...
Telegraf.rs успеа да добие видео од егзекуција во центарот на Белград. Имено, како што може да се види на ВИДЕОТО на Телеграф, автомобилот полека застанал, а потоа непознат млад човек се приближил кон него, скокајќи преку заштитна ограда. Во тој момент, друг млад човек дошол од спротивната насока, извадил пиштол, а потоа испукал неколку куршуми. За потсетување, младиот човек А. И. (24) бил убиен синоќа на улицата Гаврила Принципа во Белград. Тој ...
РКЕ најави дека најдоцна за два месеца граѓаните ќе добиваат појасни информации на сметките за струја – ќе биде наведено дали податокот за потрошувачка е добиен преку реално читање од страна на ЕВН или станува збор за проценка. Дополнително, секој корисник ќе добие и упатство за правилно читање на броилото, со цел полесно да ја следи сопствената потрошувачка и да ја провери точноста на фактурираните количини. Во однос на цената на електричната ...
Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам. Секој човек, секоја приказна, секоја потреба – се важни, истакна на денешната прес конференција портпаролката на владата Марија Митева. -Ова обраќање денес е наменето пред сè за повредените и за нивните најблиски – за лицата кои се лекуваат во кочанската болница ...
Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната. Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната, со речиси 60 експлозии што одекнале во градот за час и половина. Тој додаде дека е регистрирана и ...
Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично повисоки сметки за струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Фирми блиски до Заев и Филипче ...
Том Круз сега е носител на Гинисовиот рекорд за смелиот скок што го изведе во најновото продолжение на франшизата „Невозможна мисија“. Според Гинисовата книга на рекорди, Круз сега ја држи титулата за „најмногу скокови со запален падобран од едно лице“, со вкупно 16 скокови. „Ниеден друг актер или каскадер не се приближил до тоа да направи толку многу смртоносни скокови“, вели Гинисовата книга на рекорди. Секогаш кога неговиот падобран целосно ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но побара максимална концентрација за следниот дуел, со Казахстан на гостински терен. Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак овој резултат нема ништо да значи ако ...
Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар. ...
Јаник Синер ќе му се спротивстави на Карлос Алкараз во финалето на Ролан Гарос. Првиот носител во полуфиналето го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:5, 7:6. Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека може да игра на врвно ниво дури и на 38 години. Дури имаше три сет-топки во третиот сет, но Синнер сепак за Србинот е енигма во овој момент. Италијанецот едноставно немаше слаба точка што Србинот можеше да ја експлоатира. Големата поддршка од трибините, од ...
Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година. Одигравме реми против моќната Белгија, но нашата репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем. Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси ...
Силното невреме проследено со пороен дожд, ветер и град што попладнево го зафати Скопје предизвика паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во главниот град. Како што информира Центарот за упрваување со кризи (ЦУК), преку бројот за итни повици 112 примиле пријава за паднато дрво на ул. „Кочо Битолјанов“, од спротивната страна на „Алкалоид“, во близина на Скопска пивара. – Постои опасност дрвото да оштети електрични кабли. ...
Најмалку 12 лица се повредени откако во дистрибутивен центар на DHL во Германија беше пронајден бел прав на сомнителен пакет. Итните служби интервенираа утринава во складиштето во Лангенцен, Бурграфенхоф, откако повеќе работници пријавиле здравствени проблеми. Полицијата потврди дека станува збор за инцидент со опасна супстанца и испрати 100 припадници на итните служби. Неколку вработени имале контакт со белиот прав на надворешноста на пакетот, ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека „не е тешко да се предвиди“ до каков заклучок ќе дојде дипломатската мисија на Европската унија во истрагата за тоа дали Израел го крши меѓународното право во Појасот Газа, што би можело да влијае на Договорот за соработка меѓу Брисел и Тел Авив. – Ситуацијата во Газа е, секако, целосно неприфатлива. Дипломатската служба на ЕУ во моментов проценува дали Израел ги исполнува ...
Доналд Трамп размислува да ја продаде својата „тесла“, изјави за Си-Би-Ес висок функционер од Белата куќа. Американскиот претседател го купил црвениот автомобил за да му помогне на Илон Маск да ја промовира својата компанија. Автомобилот бил паркиран во Белата куќа неколку недели. Трамп вчера жестоко се скара со својот довчерашен советник, кој ја помогна неговата кампања со 250 милиони долари. Вербалниот дуел започна откако Трамп во Белата куќа ...
Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста, повикувајќи ги граѓаните да се придружат на утрешниот протестен марш во Кочани, кој повторно ќе започне во 16 часот и 5 минути. Во својата порака, Трифунова не само што бара правда за загинатите млади, туку и испраќа крик на очај и надеж – апел до целото општество да се соочи со реалноста на криминалот, ...