Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На денешен ден пред три години, малолетник со иницијали К.К. изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“. Тој пукаше во учениците и персоналот во училиштето во кое одеше со пиштолот на својот татко. Во таа прилика беа убиени Бојана Асовиќ, Ана Божовиќ, Катарина Мартиновиќ, Мара Анѓелковиќ, Ема Кобиљски, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ, Адријана Дукиќ, Ангелина Аќимовиќ и обезбедувачот Драган Влаховиќ. Шест лица се ранети, од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог на Техеран, но веднаш изрази сомнежи за неговите перспективи, велејќи дека Иран сè уште не „платил доволно висока цена“. Две полуофицијални ирански новински агенции, Тасним и Фарс, за кои се верува дека се блиски до Револуционерната гарда, објавија дека Иран им испратил на Соединетите Држави нов предлог од 14 точки преку Пакистан. „Ќе известам за тоа ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека синоќа работел ноќна смена во пекара како товарач во знак на солидарност со работниците. Фицо го придружувал возачот доставувајќи ги печивата и ја презел целата физичка работа вклучена во процесот. „Готово! Ноќната смена успешно зад мене, доставени се разни видови печива, работата е завршена. Денес, на Денот на трудот, ќе станеме уште посвесни за вредноста на работата и чесната изработка. Горд сум ...
Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, вели министерот за здравство, Азир Алиу во објава на социјалната мрежа Фејсбук. Според министерот Алиу, станува збор за проект кој треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион. Министерот Алиу посочува дека ...
Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) – инфекција која секоја година погодува илјадници бебиња во првите месеци од животот. Иако често се смета за обична настинка, овој вирус може да има сериозни последици кај новороденчињата, предизвикувајќи отежнато дишење, проблеми со хранење, како и тешки ...
Две лица се погубени во Иран поради наводно шпионирање за израелската разузнавачка служба Мосад за време на војната меѓу САД и Израел против Иран. Агенцијата Фарс, блиска до Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објави дека станува збор за Јакуб Каримпур и Насер Бекерзаде. Бекерзаде е обвинет за собирање податоци за важни владини, религиозни и покраински личности и за давање информации за важни центри во областа Натанц, каде што се ...
Полицијата интензивно ги бара тинејџерите Даниел (16) и Дуња (15) кои исчезнаа во Нови Сад на 29 април во попладневните часови, неофицијално потврдено за Nova.rs од Министерството за внатрешни работи. Малолетниците исчезнаа на 29 април, кога го напуштиле основното и средното училиште „Д-р Милан Петровиќ“ во Нови Сад, објавува Nova.rs. Мајката на исчезнатата Дуња објави на Фејсбук и апелира до граѓаните да се обратат во полицијата доколку ...
ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико. Генералниот секретар Матијас Графстром им изјави синоќа на новинарите по конгресот на ФИФА во Ванкувер дека високите цени на билетите за Светското првенство 2026 ја одразуваат „реалноста на ...
Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема најави за „селење“ на други компании од технолошко-индустриските развојни зони-вели директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски во емисијата Бизнис 21. Според него и покрај кризата од конфликтот на Блискиот Исток, состојбата во зоните е стабилна, нема намалување на нарачки и број на вработени. Во првиот квартал годинава пораснал и извозот од зоните. За драстичниот пад на странските инвестиции од 1,25 ...
Од 1 јули 2026 година стапуваат во сила нови правила на Европската унија кои значително ќе влијаат врз возачите на комбиња и лесни комерцијални возила, особено оние што вршат меѓународен превоз. Станува збор за дел од поширокиот пакет мерки за регулирање на транспортниот сектор и усогласување на условите за работа во рамки на ЕУ. Според новите прописи, сите возила со дозволена маса од 2,5 до 3,5 тони, вклучително и приколка, ќе мора да бидат ...
Српските туристи летово најверојатно ќе добијат полесен третман на грчките граници во шпицот на сезоната, додека македонските граѓани засега остануваат без јасна потврда дека за нив ќе важи истото олеснување од новиот европски систем за влез и излез. Иако нема официјална одлука за целосно суспендирање на EES-системот, српските туристички претставници тврдат дека од грчка страна добиле уверувања оти контролите за српските граѓани ќе се ...
Страшна трагедија ги потресе жителите на Сараево откако маж ја уби својата поранешна сопруга во населбата Добриња, а потоа со нивната петгодишна ќерка побегнал. Осомничениот Тарик Прусац бил лоциран и лишен од слобода во петокот околу 19:15 часот во областа на Стари Град. Прусац бил пронајден во позната ќебапчилница каде што јадел со своето дете. Петгодишното девојче е пронајдено неповредено и веднаш било згрижено од стручни служби. ...
Агенцијата за национална безбедност соопшти дека лицата поврзани со обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје биле дел од радикална групација идеолошки надоврзана на глобалната мрежа на Исламска држава. Случајот, кој се случи на 12 април, сега се третира како антитерористичка операција во која се приведени седум лица, а против дел од нив е поведена постапка за тероризам. АНБ информира дека, согласно ...
ВЛЕН ја обвини ДУИ дека го брани стариот договор за изградба на 400-киловолтната интерконекција со Албанија не поради јавниот интерес, туку поради, како што тврдат од партијата, приватни интереси и сомнителни врски со фирми блиски до поранешни функционери од врвот на ДУИ. Реакцијата доаѓа по раскинувањето на договорот со „Енергоинвест“ од Сараево, кој беше ангажиран за изградба на далноводот од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница. Од ...
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви значајни измени на законската рамка за заштита на животните, со кои се воведуваат построги обврски за сопствениците и значително повисоки казни за прекршителите. Предлогот е изработен во соработка со повеќе институции и здруженија, но сè уште останува нејасно дали официјално е доставен до Министерството за земјоделство. Непочитувањето на правилата за чување и движење на кучиња ќе се казнува со ...
Кина испрати сериозно предупредување до Европската Унија, најавувајќи можни контрамерки доколку Брисел продолжи со усвојување на новиот Закон за забрзување на индустријата, кој има за цел да ја зајакне домашната економија и да ја намали зависноста од странски пазари. Предлогот, кој го подготви Европската комисија, се фокусира на три клучни области – чисти технологии, автомобилската индустрија и енергетски интензивните гранки како ...
САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија, објави Пентагон. Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци. Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран. Трамп претходно оваа недела се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија по судирот со германскиот ...
Турската полиција употреби солзавец и приведе стотици лица за време на првомајските протести во Истанбул и други градови низ земјата. Според Здружението на адвокати ЧХД, речиси 400 лица биле приведени само во Истанбул, каде полицијата употребила солзавец од возила за контрола на нереди. Вкупниот број приведени, според извештаите, изнесува околу 550 лица. На снимки што ги објави опозициската телевизија HALK TV се гледа и претседателот на ...
Маж застрелал жена во стан во Сараево, а потоа и нејзиниот брат, по што избегал. Полицијата е на терен и потрагата по напаѓачот е во тек. Припадници на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон (MUP KS) и тимот за итни случаи се на местото на несреќата. Според неофицијални информации, употребата на огнено оружје се случила кога маж застрелал жена во станот. Потоа дошол нејзиниот брат, кој исто така бил застрелан од напаѓачот. ...
Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР велат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, додаваат од МВР, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на ...
Изгрaдбата на катната гаража во Охрид е директен ефект од законските измени што ги направивме на почетокот од оваа Влада и со тоа ги олеснивме постапките за изградба на училишта, болници, градинки, амбуланти и катни гаражa, истакна министерот за транспорт Александар Николоски денеска од Охрид. Тој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го означија почетокот на изградба на катната ...
Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на кој беа побарарани повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот стартуваше од Работничкиот дом на Сојузот на синдикатите на Македонија, продолжи пред републичкото Собранието, до Стопанската комора и заврши пред Владата. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека многу работници ...
Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче отсуствуваше од салата. Според извори на Плус инфо, во четвртокот, точно во 14:52 часот, Филипче полетал од Скопје за Франкфурт. Не е познато дали Франкфурт е неговата крајна цел, или само попатна станица до некоја егзотична дестинација. Тоа и не е важно. Многу поважно е тоа што ...
Во својата честитка за празникот на трудот, 1 Мај, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова постави повеќе прашања кои се однесуваат на правата на работниците и подвлече дека синдикалното организирање е многу важно. Во своите прашања наведени во честитката едно од најважните што ги поставува е „дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?“ Во честитката Сиљановска ги поставува овие прашања: „Дали ги почитуваме општо ...
Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп. На настанот со новинарите во саботата, тешко вооружен маж проби безбедносен пункт, по што беше совладан од безбедносните сили. Биле испукани истрели, а Трамп беше итно евакуиран од неговото обезбедување. Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, изјави дека снимката е ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. ...
Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое ...
Денес, на 1 Мај, се одбележува Меѓународниот ден на трудот – симбол на работничката борба за достоинствени услови, фер плата и човечки права. Овој ден не е само празник, туку потсетник дека правата кои денес ги сметаме за нормални се изборени со долгогодишни жртви и отпор. Почетоците на овој ден водат во Чикаго во 1886 година, кога работниците протестирале барајќи осумчасовно работно време. Протестите завршиле трагично, но токму тие настани ...
Пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ се огради од изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон во која тој го оспори делото на Гоце Делчев. Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес. Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска ...
Седмица кај Грчката амбасада, првиот дуќан на една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, се затвора по речиси четири децении работа, но брендот продолжува да работи на уште две локации во градот. Веста за затворањето се однесува само на локалот кај Грчката амбасада, кој за многу скопјани беше првата асоцијација на „Седмица“ и дел од урбаната меморија на градот. Останатите две локации продолжуваат со работа, па станува збор за затворање ...