Православните верници денеска го слават еден од најважните христијански празници – денот на Света Троица, кој се нарекува и Духовден или Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите. Овој празник се слави на 50-тиот ден по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Тој празник бил наречен Света Троица, бидејќи, според Евангелијата, покрај Светиот Отец и Синот, на овој ден физички се појавило и третото лице на Светата Троица – Светиот Дух. Според ...

Без никаква најава градежни машини почнаа да го расчистуваат просторот околу куќата на улицата „Димитар Влахов” во Охрид, која реално претставува дел од архитектонското наследство со својот уникатен изглед, но за жал од непознати причини не е вклучена на листата споменици на културата, реагираат од Охрид СОС. Од таму додаваат дека единствена информација добиена од работниците е дека се расчистува просторот за зграда, како и дека во повеќе ...

Министерството за култура и туризам соопшти дека внимателно ги следи реакциите во јавноста поврзани со одлуката за поддршка на документарниот филм „Слушни ме“, нагласувајќи дека граѓаните треба да бидат целосно информирани за причините поради кои проектот добил финансиска поддршка. Оттаму појаснуваат дека „Слушни ме“ не е филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика, туку документарен проект со јасна општествена, ...

Ппремиерот Румен Радев пред почетокот на состанокот на бугарската влада денеска сподели и некои многу лоши вести што ја очекуваат земјата следната недела, објави Еуз.бг. „Лошата вест е дека на 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија. Нашиот дефицит е над 3% и ќе бидеме предмет на редовно следење со санкции“, предупреди Радев. Според него, дефицитот од ...

Вечерва на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта се игра финалето на фудбалската Лигата на шампионите меѓу Арсенал и ПСЖ каде што англискиот шампион ќе брка прва европска круна, а Пари Сен Жермен ќе се обиде да ја потврди новата моќ по минатогодишниот историски триумф. Финалето почнува во 18 часот по средноевропско време. Ако Арсенал победи, Европа ќе добие нов шампион. Ако ПСЖ одбрани титула, Париз ќе покаже дека минатогодишниот триумф не бил врв, ...

Бугарскиот премиер Румен Радев порача дека Софија нема да одобри продолжен престој на американските воени авиони на аеродромот „Васил Левски“ доколку САД не покажат напредок во процесот за укинување на визите за бугарските граѓани. На почетокот на седницата на Советот на министри, Радев изјави дека бугарската влада ќе ги преиспита параметрите на дозволата за присуство на американските воздухопловни сили во земјата. Станува збор за авионите на ...

Новиот закон за пушење не е креиран ад-хок, туку во консултации со сите засегнати страни – низ инклузивен процес, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски на средбата со еснафските здруженија во Владата. Тој најави дека законот во вторник ќе биде ставен на владина седница, a целта на Владата е да се бори што помалку да луѓе да консумираат тутун. „Верувајте ни инспекциите ќе бидат ригорозни на целата територија на државата, ова го повторувам, ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизирање на цените и поевтинување на дизел горивото за 6,5 денари. За утре најави онлајн владина седница, а, како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, земјава ќе остане со убедливо најниски цени на горивата. -Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно ...

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција. Ваква беше ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица. Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и исцрпеност кај возачите и патниците кои се обидуваат да ја преминат границата кон Грција“. – ...

Мечка утрово нападна стадо со овци кај Крклино, битолско, објави градоначалникот Тони Коњановски. Ве информирам дека утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав и со него и со СВР Битола од каде ме информираа дека екипа ...

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека денес е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам”, која ја одразува потребата од нови пристапи во лидерството и одговорно дејствување во услови на забрзани глобални промени и предизвици. 17. Школа за млади лидери ќе се реализира во периодот октомври–ноември 2026 година и ќе опфати ...

Агенцијата за филм ги објави резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2026 година, за кои се обезбедени вкупно 93 милиони денари. Со одлуките се поддржани повеќе долгометражни играни и документарни филмови, како и меѓународни копродукции со партнери од повеќе европски земји. Годинава за првпат беше применет нов модел на презентација на долгометражните филмски проекти, при што авторите и ...

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се ...

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека со приближувањето на 1 јуни станува јасно дека уште едно негово ветување останува нереализирано. Од партијата потсетуваат дека Мицкоски ветил целосно исполнување на точките од Реформската агенда и на обврските поврзани со продолжување на европскиот пат на државата, но, според нив, тие ветувања не се реализирани. Во ...

Овен Пред вас е викенд исполнет со енергија и силна желба за промени. На работен план може да добиете интересна понуда или идеја која во следните месеци ќе донесе финансиска добивка. Во љубовта ќе почувствувате потреба за повеќе искреност и отворени разговори. Слободните Овни би можеле да запознаат личност која ќе им го привлече вниманието уште на првата средба. Внимавајте да не носите избрзани финансиски одлуки. Совет на денот: Верувајте во ...

Министерството за здравство продолжува со реализација на капитални проекти што треба значително да ја унапредат здравствената инфраструктура во земјата. Плановите и тековните активности беа презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство, пренесе МИА. Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека целта е создавање достапен, модерен и ефикасен здравствен систем за сите граѓани. -Нашата визија е јасна – квалитетно ...

Бугарија останува цврсто на своите позиции во однос на евроинтегративниот процес на Македонија, откако шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова, порача дека фокусот на Скопје треба да биде насочен кон исполнување на обврските преземени кон Европската Унија, наместо кон отворање нови спорови со Софија. Во изјава за Бугарската национална телевизија, Петрова нагласи дека за бугарската страна ова прашање повеќе не претставува ...

По падот на лесен авион во Намибија во кој загинаа четворица германски државјани, сега се пронајдени и останките од четвртата жртва – која претходно беше исчезната. Според полицијата, извршени се обдукции и процедури за идентификација на ДНК врз сите жртви. „Сите жртви се идентификувани, вклучувајќи ги и останките од патничката“, изјави полицијата. Покрај Силке Ломилер (61) – поранешен извршен директор на Фондацијата Дитер Шварц – во ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и ...

Деменцијата не е природен дел од стареењето, па и покрај тоа, најверојатно ќе ја развиете како што стареете. Да, поплаките за губење на меморијата се вообичаени во процесот наречен стареење, но деменцијата е нешто поинаку. Тоа е сериозна состојба која доведува до опаѓање на голем број ментални функции, ја нарушува способноста за размислување и зборување. Иако не постои дефинитивен начин за спречување на сите видови деменција, постојат силни ...

Владата го усвои Предлогот за измена на Законот за царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие стоки кои се применуваат во Европската Унија. Овие измени, како што информира Министерството за финансии, претставуваат продолжение на минатогодишните законски измени кои стапија на сила на 1 јули 2025 година, кога беше извршено намалување на царинските стапки до 50 ...

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. Од вкупниот број невработени лица, мажи се 62,4 отсто, а жени 37,6 проценти. Како што информира Државниот завод за статистика, бројот на вработени лица бележи намалување од 0,3 отсто. Од вкупниот број вработени, 57,9 отсто се ...

Меѓународната инвестициска групација „Алпак Капитал“ постигна договор со „Јунајтед Груп“ за купување на „Адрија њуз нетворк“ (АНН), што ги обединува медиумите Н1, „Нова С“, „Вијести“ и „Данас“. Како што објави порталот Н1, „Алпак Капитал“ е избран поради понудата што гарантира „зачувување на уредувачката независност и постојниот модел на управување“. „АНН“ претставува важен додаток на нашето медиумско портфолио во кое ќе продолжиме да ...

Поранешен вработен во американската разузнавачка служба ЦИА наводно проневерил златни прачки и друг имот во вредност од милиони долари во текот на својата работа. За време на претресот на неговата куќа во сојузната држава Вирџинија, пронајдени се и запленети 303 златни прачки секоја со тежина од околу еден килограм, објавија бројни американски медиуми, повикувајќи се на судските документи кои ги добиле. Вредноста на златото се проценува на ...

Додека Владимир Путин зборува за „хибридна војна“ со колективниот Запад и ги обвинува западните држави за „сатанизам“, неговите помали деца се обучуваат од околу дваесет странски наставници и дадилки од Велика Британија, Германија, Австрија и Ирска, откри истражувачкиот проект „Система“. Новинарите добиле пристап до кореспонденција, фотографии, договори, банкарски извештаи и внатрешни документи поврзани со ангажирањето на персонал за децата ...

Планираниот напад врз концертите на американската музичка ѕвезда Тејлор Свифт донесе 15 години затвор за исламист чии родители се од Македонија. Пред околу две години, концертите на Тејлор Свифт во Виена беа откажани поради најавен терористички напад. По судењето вчера е донесена пресудата против еден од обвинетите со што 21-годишниот Австриец Беран Е. е осуден на 15 години затвор. Поротата го прогласи 21-годишниот Австриец за виновен по сите ...

Грчките власти најавија нови мерки за забрзување на контролите и намалување на чекањата на граничните премини Евзони и Кипи, по воведувањето на новиот европски систем ЕЕС. Одлуката била донесена на работна средба во Солун, свикана од заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, Констандинос Гулекас, на која присуствувале претставници на институции, безбедносните служби и локалните власти. Според Гулекас, приливот на туристи и трговски ...

Европа не може да дејствува како посредник во конфликтот во Украина бидејќи е директна страна во кризата, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека европските земји отворено застанале на страната на Киев и дека европското оружје се користи во напади врз Русија. – Европа во моментов е страна во конфликтот бидејќи ја поддржува Украина. Европското оружје се користи против нас и тоа не може да се игнорира – изјави Песков, ...

За нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето на ЕУ и постепена интеграција на Западен Балкан и Молдавија и Украина, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тие размислувања и идеи ги слуша подолго време. Премиерот истакна дека не може да зборува повеќе доколку тоа не стане официјално. Според Мицкоски, ваквите најави на Мерц потекнуваат уште од Берлинскиот процес лани во Лондон. -Љубопитни сме да ...

Во пријатна атмосфера во Intermezzo Music Bar во Скопје, денеска се одржа прес-конференција по повод претстојниот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни 2026 година во Арена Борис Трајковски. Под мотото „Јован Јованов, Елвир Мекиќ и пријателите“, концертот е замислен како голем музички спектакл што ќе ги обедини публиката, емоциите и хитовите кои оставија белег на домашната музичка сцена. Организаторите најавуваат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Паладиум

43499.96

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Калај

56.46