Цената на нафтата Brent crude oil надмина 125 долари за барел, додека азиските берзи забележаа пад, под притисок на новите геополитички тензии и неизвесноста околу конфликтот меѓу САД и Иран. Јунските фјучерси на Брент пораснаа за 6,2 проценти на 125,36 долари, додека американската сурова нафта достигна 109,38 долари за барел. Само пред почетокот на конфликтот, цената се движеше околу 70 долари, што укажува на драматичен скок предизвикан од ...

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот. Како што објави Призма.мк, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските ...

Пратеникот Миле Цеков официјално ја напушти партијата ЗНАМ и со тоа излезе од владејачкото мнозинство во Собранието. Цеков најави дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник, потенцирајќи дека негов врвен приоритет ќе бидат исклучиво интересите на граѓаните. Како клучни причини за ваквиот чекор, тој го наведе незадоволството од темпото на ветените реформи и борбата против корупцијата. „Промените за кои влегов во политиката не се ...

Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“. Шилегов ...

„Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се враќаат. И на запад состојбите веќе не се такви какви што беа“ рече вчера министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции. Според неа, „Се очекува, тоа се некои проекции кои што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години големи европски ...

Софија Куновска повторно излезе со критики до раководството на СДСМ. „Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, напиша Куновска на ФБ. Куновска е поранешен висок функционер на СДСМ, експратеник и експретседател на Градската организација на Скопје на СДСМ. Софија Куновска повторно излезе со критики до раководството на СДСМ. ...

Игор Ангеловски последниот селекторски ангажман го имаше како предводник на националната репрезентација на Македонија, а откако оствари огромен успех со пласманот на историското Европско првенство, во следните неколку години беше активен на клупски план. Популарниот Мрме работеше во Горица, Каспиј и Етникос во изминатите четири години, но сега повторно ќе се испроба во улога на селектор, и тоа далеку од Европа. Искусниот 49-годишен стручњак ...

Движењето Вреди (Влен), кое се состоеше од пет политички субјекти, се обедини во една партија, „затоа што само организирана, дисциплинирана и обединета сила може да го заштити албанскиот глас и еднаш засекогаш да ја затвори ерата на фрагментации, уцени и задкулисни игри“ – соопшти партијата Вреди. „Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина ...

Бункерот на Тито е сместен во ридовите на Коњич во Федерацијата БиХ (Босна и Херцеговина), познат и како ARK D-0, е еден од најфасцинантните реликвии од Студената војна. Подземниот комплекс е изграден за да го заштити доживотниот југословенски претседател Јосип Броз Тито и до 350 членови на неговиот внатрешен круг во случај на нуклеарен конфликт. Скриен под навидум обична куќа, се протега 280 метри под земја и зафаќа околу 6.500 квадратни ...

Српската пејачка Бресквица е новата љубов на Лука Дончиќ, пишуваат српските медиуми. 29 годишната пејачка поради кошаркарот ја раскинала врската со момчето полицаец. Таа наводно и ги отстранила тетоважите на кои биле имињата на поранешните партнери. Лука исто така раскина со партнерката со која има две деца. Па нека им е со среќа. Српската пејачка Бресквица е новата љубов на Лука Дончиќ, пишуваат српските медиуми. 29 годишната пејачка поради ...

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини, надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што ...

Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам. Колку повеќе јазици знаете, толку сте побогати. Луѓето во 21 век на Марс се качија, а вие се обидувате со ситен популизам, мислејќи дека ќе добиете некакви поени, а губите, мислите ќе направите нешто за вас и вашата партија, нема, тоа време заврши. Додека мене ме гледате тука, а јас вас ве гледам ви кажувам тоа време заврши. Ова е нова Македонија во која секој ...

Погледнете ја реакцијата на тренерот Диего Симеоне додека судијата го гледаше ВАР-от дали да досуди пенал за Арсенал. Што би рекле во една реклама-бесценето The agonising wait for Arsenal’s ‘second’ penalty that was eventually rescinded – perhaps due to Atletico boss Diego Simone’s histrionics…? pic.twitter.com/60QG0MDrrL — Layth (@laythy29) April 29, 2026 Погледнете ја реакцијата на тренерот Диего Симеоне додека судијата го гледаше ...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голмани: 1. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER) 2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 3. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961 4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД 5. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД леви крила: 6. ...

Откако пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година, слично барање дојде и од самиот Таравари. „Кога министер на мултиетничка држава, а не приватно лице, положува цвеќе ...

„Прекршуваме еден завет на великите македонски покојници во Солун и Сахара. Тие се беа заколнале да не оставаат свои портрети, затоа што сакаа да бидат служители на идејата, но не и на славата. Таму, во урнатините на македонската престолнина Солун, Гемиџиите сакаа да го збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи го да живее над нивните останки суштествениот македонски дух за слобода и благосостојба и копнежи за светли дни. Но, историјата ...

Поради европските настапи на Вардар во Лигата на Европа и дуелите со францускиот Монпелје, „црвено-црните“ нема да играат викендов во домашното првенство. Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое требаше да се игра на втори мај, ќе се игра на 7 мај во 19 часот. Ова ќе биде пеколна недела за Вардарци. Поради европските настапи на Вардар во Лигата на Европа и дуелите со францускиот Монпелје, ...

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа вечерва на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони. Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута. Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без пораз во Лигата на шампиони оваа сезона. Лондонскиот тим на 13 натпревари има 10 победи и три ...

– Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. – Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...

Руски дронови во текот на ноќта го нападнале јужниот украински град Одеса, по вторпат оваа недела, при што најмалку 18 лица се повредени и се оштетени станбени згради. Најмногу штети нападите предизвикале во централниот Приморски округ, каде се оштетени високи станбени згради и петкатници, изјави Серхиј Лисак, шеф на локалната воена управа. Тој преку статус на „Телеграм“ наведе дека пожарите избувнале на горните катови и на покривите, но ...

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбени згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, како што информираа денеска од РКД, била добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за ...

Цените на нафтата бележат нагол раст на светските пазари по најновите најави поврзани со планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Ормускиот теснец – еден од најважните енергетски коридори во светот. Пазарите реагираа чувствително на секоја најава што може да влијае врз протокот на нафта низ овој теснец, низ кој поминува околу 20 проценти од глобалното снабдување со енергенси. Според последните податоци, цената на нафтата од типот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли критиката на германскиот канцелар Фридрих Мерц за војната со Иран и жестоко вербално го нападна. „Тој не знае за што зборува“, напиша Трамп на својата платформа Трут Соушл осврнувајќи се на Мерц. Не е никакво чудо, додава тој, „што на Германија ѝ оди толку лошо, и економски и во други аспекти“. Тој му забележува на канцеларот дека бил согласен Иран да поседува нуклеарно оружје и го фали ...

Собранието попладнево го донесе Законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кој по одржувањето на следните парламентарни избори ќе се укине техничката (преодната) влада. Т.н. пржинска влада беше воведена како ад хок решение за изборите во 2016 година и како механизам што ќе гарантира фер и демократски избори, со вклучување дополнителни министри предложени од опозицијата во 100-те дена пред ...

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги Пармелан. Во продолжение е интегралната изјава на претседателката Сиљановска-Давкова: Не само за мене, туку и за сите нас и за државата ова е историски ден, зoшто за прв пат швајцарски претседател е во официјална посета. Затоа, дозволете ми уште еднаш да го поздравам ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока да ...

Можност за реализација на јавни инвестиции во вредност од 3,3 милијарди евра во наредните пет години беше презентирана на седница на Комитетот за јавни инвестиции, новоформирано тело кое ќе ги селектира и следи капиталните проекти од стратешко значење. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со ова започнува нова пракса во управувањето со јавните инвестиции, преку воведување алатка за следење на нивната реализација. „Вкупната вредност е 3,3 ...

Aлекса Балашевиќ и неговата сопруга Николина вчера станаа родители на син, кого решија да го крстат Ѓорѓе, во чест на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Радосната вест ги израдува многу обожаватели на семејството Балашевиќ, а Алекса ја објавуви првата фотографија од неговата сопруга и новородениот син од болницата, со силна и емотивна порака. Еве ме! Се викам Ѓорѓе Балашевиќ, јас сум ДЕТЕ НА НЕБОТО. Слегов на 28.04.2026 година во една ...

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на динаро-пиндската популација на овој вид. Станува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во девет европски држави. Во рамки на активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста и ...

Рубин Земон, член на Центалниот одбор на СДСМ искажа навреди за македонскиот великан Гоце Делчев. Според Земон, Гоце Делчев не направил ништо значајно за Македонија и не е битен за македонскиот идентиет. Тоа што се случило во 19 во 20 век за Гоце Делчев,Даме Груев, за Сандански треба да се знае вистината а не да се искривува.Треба да се соочиме со вистината и од македонска и од бугарска страна.Јас имам прекрасни пријатели во Бугарија. ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.45
61%
1022
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.32
73%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
84%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.48
74%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.27
76%
1022
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.91
96%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.01
48%
1017
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.37
56%
1021
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.11
58%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
4.47
72%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
74%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.06
100%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Кобалт

45.39

Сребро

2087.39

Цинк

0.00

Бакар

12.73

Злато

133769.08

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.40

Калај

53.45

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Платина

53498.84

Паладиум

39866.93