Федерален суд ги прогласи за нелегални царините од 10% на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година. Судскиот совет на Американскиот суд за меѓународна трговија во четвртокот со гласање од 2 спрема 1 пресуди дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување царини, пишува CNN . „Претседателската прогласка со која се воведуваат царините не се однесува ...

Иран го заплени танкерот за нафта „Оушн Кои“ во Оманскиот Залив поради наводен обид на бродот да го попречи извозот на иранска нафта, објавија денеска иранските државни медиуми, повикувајќи се на соопштение на војската. Според извештаите, танкерот што пловел под знамето на Барбадос превезувал иранска нафта и „се обидел да предизвика штета и да го попречи извозот на нафта искористувајќи ги регионалните услови“, пренесуваат британските медиуми. ...

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска од ЗНАМ во Советот на општина Прилеп. ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ. Од партијата велат „Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. – Не ...

„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на ...

Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал, во текот на оваа година. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека денеска е објавен оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар. -Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има уште две вработувања ...

Поради зголемувањето на цената на деловите и на услугите на сервисерите, сè повеќе сопственици на возила ја одложуваат посетата на сервис за проверки и поправки. Неодамнешно истражување на Германското здружение на осигурителни компании (ДАТ) утврди ново зголемување на цената на резервните делови и на дневниците на бензинските станици. Растот на трошоците за поправка на возила, којшто трае со години, продолжи со несмалено темпо во 2025 година, ...

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат ...

Пејачката претходно го привлече вниманието на обожавателите објавувајќи фотографија од спотот за култната „Waka Waka“ (This Time for Africa). Оваа песна беше официјална химна на Мундијалот во 2010 година, а со повеќе од четири милијарди прегледи, до денес останува еден од најгледаните музички записи на сите времиња. Иако на првенството во 2014 година во Бразил, Шакира ја изведе „La, la, la“, официјална химна на тој турнир сепак беше „We Are ...

Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со ...

Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во поткастот „Риштази” на Коха, порача дека Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на 2 милиони граѓани. Филипче посочи дека членството во ЕУ е повеќедецениски стремеж на државата и граѓаните, и никој нема право да го запре, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „Како има тој човек право да го запре повеќедеценискиот пат на државата? Од каде му е тоа право? Што си ...

Кога се создаде ВРЕДИ, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви што очекуваа поделби, замор и неуспех. Имаше и други што отворено работеа ова обединување никогаш да не се случи. Но утре одговорот ќе се даде пред очите на сите, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. На 9 Мај, Денот на Европа, на Конгресот на обединувањето, пет политички субјекти ќе донесат една од најважните одлуки во ...

Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот по речиси два месеци пауза, а својот прв официјален натпревар ќе го одигра во петок на Мастерсот во Рим, каде што во второто коло ќе се соочи со хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ. Српскиот ас беше слободен на почетокот на турнирот благодарение на статусот на еден од носителите, а во меѓувреме, организаторите го одредија датумот на неговиот прв настап во комплексот „Форо Италико“. Ѓоковиќ и Прижмиќ треба да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски. Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на ...

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци. – Примерот со овие младинци од Неготино говори дека има млади кои не ...

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија. Не сакаат да слушнат за внесувањето на Бугарите во уставот, а половина од нивните семејства – Барабар со браќа, сестри, зет и Бајенаци – веќе имаат бугарско државјанство, напиша на својот Фејсбук профил Ковачев. „Најбитно, ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест – ...

Словенечкиот репрезентативец и играч на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ се чувствува фрустрирачки дека не е во можност да им помогне на своите колеги од тимот во плеј офот (во најважниот дел од сезоната). Притоа тој откри и кога може да се очекува негово враќање на теренот, откако се повреди на 2.април во финишот од регуларниот дел од сезоната на дуелот против Оклахома Сити. – Денот кога имав магнетна резонанца, докторот ми кажа е потребно ...

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во своето обраќање, Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите имаат капацитет одлучно да се справат со криминалот и корупцијата. „Минатата година ја завршивме со ...

AHK Македонија, дел од глобалната мрежа на германските стопански комори во странство – денеска заедно со Македонско-Германското стопанско здружение го организираше вториот German–Macedonian Business Summit 2026 во Скопје. Под мотото „ „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој на Македонија“, самитот собра околу 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од бизнис секторот, политиката ...

На министерската конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати директна порака до младите граѓани и дијаспората. Тој истакна дека државата мора да ја трансформира миграцијата од загуба во можност, претворајќи го „одливот на мозоци“ во „прилив на знаење“. Мицкоски нагласи дека новата Стратегија за 2026-2046 година има за цел да создаде општество во кое младите ќе сакаат да останат и да ...

Жоан Пењароја актуелниот тренер на Партизан е мета на неколку клубови од Евролигата. Тоа значи дека Шпанецот, кој го препороди Партизан можно е на крајот од сезоната да го напушти клубот. Пењароја го презеде Партизан во тешки моменти кога тимот беше во резултатска криза и во серија лоши резултати, а требаше да ја наследи легендата на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ. Тој во кус период ја стабилизираше екипата и ја врати на победнички патеки. ...

Нови непријатни вести стигнуваат од таборот на Реал Мадрид пред дербито во недела со Барселона. За време на тренингот во средата по еден груб старт дошло до тепачка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Соиграчите успеале да ги раздвојат. Но, имало и „второ полувреме“ според „Марка“ Валверде одбил во соблекувалната да се поздрави со Чуамени, а се продолжило со непријателски разговор и тепачка. Капитенот Валверде морал во болница со ...

РК Вардар е нов ракометен шампион. Титулата се врати во Скопје. Вардарци го прегазија Еурофарам Пелистер со 34-19 во меч кој не наликуваше на дерби бидејќи гостите дојдоа со втор состав. Но, тоа како да не влијаеше на домаќините го газеа до „даска“. Гостите ја немаа ни поддршката од трибините бидејќи популарните „Чкембари не допатуваа во „Јане Сандански“. На трибините каде што обиично стојат имаше парола „одј..бете“ како порака за слабите ...

Со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналната пресметка, Баерн Минхен остана без пласман во финалето, но од настапот во Лигата на шампиони оваа сезона ќе заработи околу 150 милиони евра, јави денеска агенцијата ДПА. Баерн изминатата вечер одигра пред своите гледачи 1-1 во реваншот од полуфиналето против бранителот на титулата и не успеа да ја надомести негативата од 4-5 од првиот натпревар во Париз. Со пласманот во полуфиналето, Баерн ќе инкасира ...

Вчера на 84-годишна возраст, почина легендарниот кошаркар на Црвена Звезда и познатиот генерален секретар Владимир Цветковиќ. Тој ги освои спортските фанови прво со своите вештини под кошот, а потоа и како генерален секретар на Фудбалскиот клуб Црвена Звезда, кој за време на својот мандат (кој траеше 18 и пол години) освои 18 трофеи, стана европски и светски шампион и стекна завиден рејтинг во светот. Еден и единствен. Веројатно еден од ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сè уште го игнорира примирјето предложено од Киев, додавајќи дека Украина ќе продолжи со нападите со долг дострел доколку Русија продолжи со нападите. Зеленски предложи прекин на огнот што почнува на 6 мај, како одговор на предлогот на рускиот лидер Владимир Путин за прекин на огнот од 8 до 9 мај, додека Москва ја одбележува победата во Втората светска војна. Москва не ...

Сопственикот на шпанскиот фудбалски второлигаш Андора, Жерар Пике доби суспензија од шест натпревари и забрана од два месеци за вршење на фудбалски активности во Шпанија поради неспортско однесување кон судиите по поразот на неговиот тим од Албасете со 0-1 изминатиот викенд. Пике, кој 14 години го носеше дресот на Барселона, пред осум години заедно со група инвеститори ја купи Андора, која на четири кола до крајот на сезоната во Лига 2 е на ...

Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на шест години на мандатот на претседателот на земјата; ограничување на улогата на Парламентот во истрагата за евентуална кривична одговорност на министрите; избор на раководството на судството од надлежната парламентарна Комисија, а не од Владата, се дел од предложените измени на грчкиот Устав, ...

Вицепремиерот Александар Николоски денеска се обрати на министерски панел на тема „International and Regional Cooperation for Demographic Resilience“ кадешто зборуваваше за демографските предизвици, но и за изнаоѓањето нови заеднички политики со цел создавање подобри можности и посигурна иднина за младите како и за подобрување на квалитетот на животот. Вицепремиерот Александар Николоски денеска се обрати на министерски панел на тема ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.86
57%
1022
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
69%
1021
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.05
89%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.48
73%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.14
74%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.04
90%
1025
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
46%
1019
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.77
55%
1021
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.21
58%
1022
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
60%
1022
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
72%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
3.0
100%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1667

Currency

37.6517

Currency

37.9349

Currency

66.6901

Currency

7.93737

Currency

0.73546

Currency

0.33309

Currency

0.52564

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Алуминиум

3.40

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2087.39

Рутениум

48965.59

Злато

133769.08

Платина

53498.84

Бакар

12.73

Паладиум

39866.93

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Калај

53.45