Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Шпанскиот „Кадена СЕР“ објави дека Винисиус Жуниор ја одбил последната понуда на Реал Мадрид за продолжување на договорот. Според овој извор, менџерскиот тим на фудбалерот, понудата ја оцениле како неприфатлива. Бразилецот бара плата која ќе биде речиси иста како платата на Килијан Мбапе и игра на „сè или ништо“ оваа сезона за да оправда зголемување на платата. За потсетување, драмата помеѓу Винисиус и Реал трае веќе некое време. Тој е лут ...
Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со сериозни обвиненија за силување, што би можело да го доведе до огромна затворска казна, до 15 години. Имено, пристигна официјалното барање од канцеларијата на француското обвинителство да го суди пред кривичен суд, поради обвинувања за силување кои наводно датираат од 2023 година. Истрагата трае повеќе од две години, а конечната одлука за почеток на судскиот процес ќе ја донесе ...
Холандскиот фудбалер Чави Симонс (22) им даде јасни сигнали на челниците на својот клуб во кој правец сака да оди неговата кариера. Симонс е многу поблиску до трансфер во Челзи денес отколку што беше во изминатите неколку дена. Како што стојат работите, Челзи ја доби битката со конкуренцијата за потписот на суперталентираниот Холанѓанец. Дека мислите на Симонс се веќе во Лондон, сведочат неговите индивидуални потези во последните денови, ...
Деле Али ќе го напушти Комо ова лето, а се повеќе се шпекулира дека би можел да се пензионира. Поранешниот англиски репрезентативец имаше големи проблеми во изминатите неколку години со повредите. Во минатото, кога со Тотенхем играше и финале во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите, а неговата вредност се проценуваше на 80 милиони евра. Минатата сезона беше во Комо, но не успеа да се докаже пред Сеск Фабрегас и ќе го заврши својот ...
Јавниот обвинител во Шпанија бара две и пол години затвор за играчот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради споделување видео од неговите поранешни соиграчи како имаат секс со две девојки. Тројца поранешни соиграчи на фудбалерот на Реал од младинскиот тим имале сексуални односи со две девојки на Канарските Острови. Девојките се согласиле на тоа, но некој од нив направил видео кое, без нивна согласност, завршило во јавноста, што довело до сè ...
Искусниот англиски фудбалер Џејмс Милнер ќе го носи дресот со број 20 за Брајтон во текот на претстојната сезона во Премиер лигата, во чест на неговиот покоен поранешен соиграч од Ливерпул, Диого Жота, објави „Скај Спортс“. Португалскиот напаѓач Жота трагично загина минатиот месец во сообраќајна несреќа во која загина и неговиот брат Андре Силва. Имаше 28 години. Само неколку недели претходно, тој му помогна на Ливерпул да ја освои ...
Капитенот на Тотенхем, Сон, потврди дека го по 10 години ќе го напушти клубот. Во последните недели се шпекулираше за неговото заминување, а сега капитенот на Тотенхем на прес-конференција за време на азиската турнеја потврди дека го напушта северен Лондон. „Дојдов во Тотенхем како момче, имав 23 години, дури и не зборував англиски, а си заминувам како возрасен човек во многу горд момент. Ова беше една од најтешките одлуки што сум ги донел. ...
Фудбалерите на Шалке ја победија Херта со 2:1 во првиот натпревар од новата сезона на второто најсилно натпреварување во Германија. Навивачите не разочараа ниту овој пат, без разлика дали поради фактот што беше прво коло, или поради повикот на дербито, иако е само прво коло, овој дуел најверојатно ќе остане еден од најпосетените оваа сезона во Германија, не само во Втората туку и во првата Бундес лига. Официјално, натпреварот во ...
Бразилскиот фудбалер Игор Паишао (25) стана највредното засилување во историјата на Олимпик Марсеј. Клубот од југот на Франција му плати на Феенорд 35 милиони (30+ бонуси) за поранешниот играч на Коритиба. Паишао пристигнува во Марсеј по три одлични сезони во дресот на клубот од Ротердам, со кој освои и една титула во холандското првенство. Зад себе има брилијантна сезона и неколку одлични натпревари во Лигата на шампионите, кога го ...
Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко (22) има турбулентно лето, беше поврзуван со бројни клубови, а иднината на неговата кариера беше неизвесна. Првично се споменуваа Арсенал, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Сепак, неговиот нов клуб изненади многумина, според информациите што доаѓаат од Словенија. Според извештајот на словенечкиот медиум „delo.si“, Шешко одлучил да ја продолжи кариерата во Њукасл јунајтед. „Словенечката фудбалска ѕвезда ...
Американскиот кошаркар Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда од Белград, објави белградскиот клуб. Како што беше најавено, Греем (30) потпиша едногодишен договор со Црвена Ѕвезда. „КК Црвена Ѕвезда од Белград ја информира јавноста дека новиот играч на нашиот клуб е Девонте Греем. Американскиот комбиниран бек потпиша договор со нашиот клуб во петокот и ќе претставува огромен поттик за Црвена Ѕвезда од Белград во натпреварувачката ...
Фудбалскиот клуб Интер Мајами е во преговори со Лионел Меси за продолжување на договорот. Доколку не се случат непредвидени настани, Аргентинецот ќе остане во Мајами. Се зборуваше за негово можно заминување со цел подобро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се игра во Канада, Мексико и САД, а би било лош публицитет за Американците ако Лео одлучи да си замине кога ќе му истече договорот на крајот од годината. Се ...
По неколку недели шпекулирање, Ливерпул конечно одлучи да испрати официјална понуда до Њукасл за најдобриот стрелец на тимот, Исак. „Страчките“ ја одбиле понудата. „Њукасл одби понуда од 120 милиони фунти, или речиси 140 милиони евра и одредени бонуси, испратена до нив од Ливерпул“, објави новинарот на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн. Наместо да ја прифати понудата, Њукасл му понуди на 25-годишниот напаѓач нов договор со клаузула за заминување ...
Џанлуиџи Донарума минатата сезона беше совладан 43 пати на 47 натпревари, при што на 17 натпревари не прими гол. ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Лига 1 и Купот на Франција. И покрај споменатите успеси, се зборува за можна разделба на ПСЖ и италијанскиот репрезентативен голман. Проблем за „светците“ е неговата плата од 12 милиони евра по сезона, но и можноста на крајот да остане без никаква отштета, доколку одлучи да си замине како ...
Микал Бриџис се договори со челниците на Њујорк Никс за продолжување на соработката. Бриџис ќе го носи дресот на тимот од „Големото Јаболко“ во следните четири години, а за тоа ќе добие 150 милиони долари. Според договорот, клубот нема право да го продаде во првите шест месеци. Бриџис е една од најважните алки во обидот да се изгради тим способен да ја освои титулата. Минатата година имаше просек од 17,6 поени, 3,7 асистенции и 3,2 скока. ...
Португалскиот репрезентативец Жоао Палиња се сели на едногодишна позајмица во Тотенхем. Тесната соработка меѓу Баерн и Тотенхем продолжува. Трансфер рокот не поминува без играч да премине од еден клуб во друг. Блиски примери се Хари Кејн, Ерик Дајер, Матис Тел, а сега и Жоао Палиња се приклучи на таа листа. Португалецот се враќа во Премиер лигата. И тоа во познат град, бидејќи беше член на Фулам од 2022 до 2024 година. Во случај Тотенхем и ...
Трудната сопруга на поранешниот НБА играч и италијански репрезентативец Данило Галинари била касната од ајкула во Порторико, објавија шпанските медиуми. Веста за нападот ја потврди и Одделението за природни и еколошки ресурси (DRNA), а комесарот на општинската полиција во Каролина, Рубен Мојењо, изјавил дека жената добила отворена рана на бутината, но дека е во стабилна состојба и не е во животна опасност. Иако властите не го објавија името ...
Специјализираниот портал „Tрансфермаркт“, објави листа на тренери кои потрошиле најмногу пари за нови играчи во текот на нивните кариери. Листата ја предводи Пеп Гвардиола, како тренер на Барселона, Баерн и Манчестер сити. Пеп Гвардиола е убедливо прв, му треба многу малку за да ја достигне бројката од околу две и пол милијарди евра. Засега, од 2008 година до денес, тренирајќи ги Барселона, Баерн и Манчестер сити, овој 54-годишен Шпанец ...
Европската фудбалска унија го казни Пари Сен Жермен затоа што навивачите на тој клуб, меѓу другите обвиненија, истакнаа пораки за поддршка на палестинскиот народ за време на финалето на Лигата на шампионите. За овој „прекршок“ клубот ќе плати 10.000 евра. Истот така, ПСЖ ќе мора да плати вкупно 148.000 евра во касата на УЕФА, при што клубот ќе ја сноси најголемата сума поради навивачите што излегоа на теренот (100.000) и употребата на ...
Фудбалскиот клуб Фенербахче потпиша договори со двајца искусни фудбалери. Од ПСЖ клубот го откупи договор на Милан Шкриниар, а од Вувлерхемптон како слободен играч го донесе Нелсон Семедо. Словачкиот репрезентативен стопер Милан Шкриниар (30), играше во турскиот клуб како позајмен од ПСЖ и минатата сезона. Фенер го откупи неговиот договор за седум милиони евра. Словакот потпиша четиригодишен договор. Десната страна во тимот, тренерот Жозе ...
Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Олимпик Марсеј, објави францускиот клуб. Обамејанг (36) потпиша двегодишен договор со клубот од јужниот дел на Франција. Тој се враќа во Марсеј по една година помината во Ал Кадисија од Саудиска Арабија, за овој клуб минатата сезона одигра 36 натпревари, постигна 21 гол. Габонскиот фудбалер одигра 77 натпревари за националниот тим и постигна 31 гол. Обамејанг во текот на својата кариера ...
Бразилецот Родриго, еден од најстандарните играчи кај Карло Анчелоти, ја нема довербата на новиот тренер Чаби Алонсо. Реал сака да го продаде Бразилецот до крајот на преодниот рок. Екипата на популарниот шпански подкаст „Копе“ тврди дека Родриго ќе може да го напушти Реал Мадрид само ако се исполнат два услови, играчот мора јасно да стави до знаење дека сака да си замине, а клубот што сака да го доведе мора да понуди најмалку 100 милиони ...
Фудбалерите на Атлетик Билбао, Нико и Ињаки Вилијамс, објавија дека се лажно обвинети за измама. Браќата Вилијамс во соопштението изјавија дека планираат да преземат правни мерки против оние што ги поднеле обвинувањата. „Лажното обвинување очигледно е поднесено со цел да се наруши нашиот личен и професионален имиџ и да се обиде да нè принуди да извршиме неправилна плаќање“, се вели во соопштението. Тие не дадоа многу повеќе детали, но некои ...
Foto/ teraz.sk Фудбалерите на Вардар во второто квалификациско коло го завршија настапот во Конференциската лига. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија доживеа тежок пораз во Лозана. Швајцарскиот тим победи со 5:0 и со вкупен резултат 6:2 го елиминира Вардар. Вардар во Лозана со исклучок на периодот од 18. до 21.минута, кога имаше шанси преку Мато и Омерагиќ, не постоеше на теренот. Серијата голови во 16.минута ја отвори Дусен, ја ...
Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, ќе остане во Ред Бул и следната сезона. Веќе подолго време се шпекулираше дека Холанѓанецот ќе премине во Мерцедес, но пред трката на Хунгароринг, тој ги отфрли тие гласини. „Работата е во тоа што луѓето многу зборуваат во текот на целата сезона, а единствениот што навистина треба да зборува, a не зборува – сум јас. Секогаш било јасно, па и за следната година. Веќе разговарам со тимот за ...
Душан Влаховиќ доби дозвола од Јувентус да го напушти клубот. Според договорот со генералниот директор на клубот од Торино, Дамиен Комоли, Влаховиќ може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда. „Се договоривме со Душан дека може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда“, рече Комоли. „Сè уште не сме добиле понуда за него што би можеле да ја прифатиме.“ За заминувањето на Влаховиќ од Јувентус се зборува веќе ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе дојдат на натпреварот од eвропскиот Суперкуп против Тотенхем на 13 август во Удине без да одиграат ниту еден подготвителен натпревар. Таа одлука ја донесе тренерот на европските шампиони, Луис Енрике, кој им го продолжи одморот на своите фудбалери за уште два дена. ПСЖ ќе започне со тренинзи на 6 август и по само седум дена работа, ќе играчите ќе имаат можност да го освојат првиот трофеј во новата сезона. ...
Французинот Фредерик Васер го продолжи договорот со Ферари и ќе остане директор на италијанскиот тим од Формула 1, објави денес Ферари. Васер, стана шеф на Ферари на почетокот на 2023 година. Италијанските медиуми шпекулираа дека неговата иднина е неизвесна, поради незадоволителната прва половина од сезоната, но него јавно го поддржаа возачите на тимот, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, изјави дека ...
Витор Реис, суперталентираниот 19-годишен стопер, сака да го напушти Манчестер сити. Бразилецот пристигна во Англија во јануари оваа година во трансфер вреден 30 милиони евра од Палмеирас. Поради малата минутажа кај Пеп Гвардиола, тој сега сака да оди на позајмица во клуб каде што ќе добие шанса да игра во континуитет. Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов моментално се на неговата позиција ...
Шампионот на Србија, фудбалскиот клѕб Црвена звезда, по трансферот на Марко Арнаутовиќ, подготвува уште една „бомба“ на трансфер пазарот. Медиумите во оваа земја тврдат дека часови го делат Душан Тадиќ од трансфер во црвено-белиот клуб. Тадиќ треба да им се придружи на црвено-белите пред двомечот со полски Лех во квалификациите за Лигата на шампионите. Со Тадиќ и Марко Арнаутовиќ во тимот, црвено-белите би имале повеќе од респектабилен тим ...