Фудбалерите од Премиер лигата се во екот на подготовките за следната сезона, а една од омилените дестинации е САД. Преку Атлантикот, се одржува второто издание на Летната серија на Премиер лигата, а натпреварите од првото коло веќе се одиграни. Овогодинешните учесници се Манчестер јунајтед, Вест Хем, Евертон и Борнмут. Победи во натпреварите од првото коло забележаа Манчестер јунајтед и Борнмут. „Црвените ѓаволи“ го победија Вест Хем со 2:1 ...

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул. Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување. „Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул. Многумина веруваат дека оваа понуда ...

Каде ќе брани еден од најдобрите голмани во светот во новата сезона? Како што стојат работите, тој нема да биде во Пари Сен Жермен. Како што објави „Фудбал Италија“, повикувајќи се на „Лекип“,бигантите од Манчестер, Сити и Јунајтед се вклучиј во трката за потписот на Џиџи Донарума. Во последните денови, се повеќе се навестува дека иднината на Донарума во Франција е сериозно доведена во прашање. Неговиот договор важи само до 30 јуни 2026 ...

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“. Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона. „Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни ...

Алехандро Гарначо, по завршувањето на сезоната доби јасна порака да бара нов клуб. Младиот Аргентинец има план, сака да остане во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампионите.: Ова значи дека неговата желба е да ја продолжи кариерата во еден од петте првопласирани тимови минатата сезона: Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл, плус Тотенхем, кој преку Лигата на Европа избори пласман во најелитното клупско натпреварување во ...

Сите обвинувања против бразилскиот играч од средниот ред, Лукас Пакета, поради обложување конечно се отфрлени и тој може да продолжи нормално да игра фудбал. Одлуката требаше да биде донесена во април, но беше одложена до летото. Сега конечно се е завршено, а за Пакета сè уште не е познато каде ќе игра од почетокот на следната сезона. Токму поради скандалот со обложување, трансферот на Пакета во Манчестер Сити минатата сезона, вреден 80 ...

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на третата спринт трка во сезоната, која се одржа во рамките на Големата награда на Белгија, 13-то коло од овогодинешното првенство во Формула 1. Холанѓанецот ја оствари својата прва спринт победа годинава со предност од седум и пол десетинки во однос на Оскар Пјастре од Мекларен. Третото место на подиумот го освои другиот возач на британскиот тим, Ландо Норис, кој беше нешто помалку од седум ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека заинтересираните клубови нема да можат да добијат играчите, на кои клубот повеќе не смета, по „дисконтни“ цени објави денес Би-Би-Си. Откако Маркус Рашфорд се пресели на позајмица во Барселона, Ентони, Џејдон Санчо, Алехандро Гарначо и Тирел Маласија беа изоставени од турнејата на Јунајтед во САД и се вратија на индивидуални тренинзи во тренинг центарот во Карингтон. Бетис сака да го ...

Родриго Де Пол кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами. Аргентинецот по четири сезони го напушти Атлетико Мадрид, чии дрес го носеше на 187 натпревари. Де Пол, член на шампионскиот тим на Аргентина од Катар 2022 година, за сума од 15 милиони евра се пресели во Интер. Ја прифати понудата бидејќи соиграч ќе му биде Лионел Меси. Во текот на кариерата играчот од редот за врска го доби прекарот „телохранителот на Меси“, бидејќи неретко влегува ...

Реал Мадрид наводно не се откажува од Вилијам Салиба и подготвува делегација која ќе преговара со Арсенал во врска со трансферот на францускиот дефанзивец. Тренерот Чаби Алонсо го промени фокусот откако во клубот се појавија сериозни сомнежи за моменталната ширина на одбраната, особено по лошиот настап против ПСЖ во Њу Џерси на Светското клупско првенство. Според „Кадена СЕР“, Салиба е високо на листата на желби на „кралскиот клуб“. Играчот ...

Фудбалскиот клуб Ал-Хилал од Саудиска Арабија е прв фаворит за потписот на шведскиот напаѓач Александар Исак, кој сигурно ќе се приклучи на Њукасл ова лето. Како и претходно, саудискиот клуб има силни аргументи да ја победи конкуренцијата, за да стигне до играчот пред Ливерпул, кој сè уште е заинтересиран за голгетерот на Њукасл.. „Гардијан“ пишува за неверојатната сума пари што Саудијците ја подготвиле за Исак. Овој англиски медиум, тврди ...

Лучано Спалети, до неодамна селектор на Италија, отворено зборуваше за работите со кои се соочува. Италија имаше лош почеток на квалификациите за Светското првенство, загуби во Норвешка со 3:0, што беше причината Фудбалската асоцијација да се раздели со Спалети, кој сето тоа го прими тешко. „Фудбалот ми го уништи животот. Го сакам фудбалот повеќе од себеси и жртвував некои многу блиски луѓе поради него. Никако да ми помине. Тоој натпревар ...

Имињата на три легенди на Манчестер јунајтед повеќе не се достапни како опции за персонализација на дресовите што се продаваат во официјалната продавница на „Црвените ѓаволи“. Навивачите на Јунајтед беа изненадени кога дознаа дека имињата на Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам и Ерик Кантона не се достапни меѓу опциите за персонализација на дресовите што се продаваат во продавницата на клубот од „Олд Трафорд“. Информацијата на почетокот ...

Ова лето, клубовите од англиската Премиер лига ги поместуваат сите граници поставени досега кога станува збор за парите инвестирани во зајакнување на нивните тимови. И сè уште не ја завршиле работата. Според специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“, од јуни, кога се отвори летниот трансфер пазар, до денес, елитните англиски клубови потрошиле импресивни 1,87 милијарди евра за нови играчи. Поголемиот дел од овие пари од нивните ...

Фудбалскиот клуб Рексам, во сопственост на холивудските актери Рајан Рејнолдс и Роб Мекелен, го направи својот најамбициозен чекор досега, го контакриа данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен во обид да го потпише, објави Би-Би-Си. Ериксен (33), поранешен дански репрезентативец со 144 настапи, моментално е без клуб откако неговиот договор со Манчестер јунајтед истече на крајот од сезоната 2024/25. Управниот одбор на Рексам го гледа ...

Аргентинецот Лионел Меси е суспендиран на еден натпревар во МЛС лигата поради тоа што го пропушти неодамнешниот Ол-стар натпревар. Иста казна заработи и неговиот соиграч Џорди Алба. Фудбалерите на клубот од Мајами ќе го прескокнат многу важниот натпревар на Интер против лидерот во Источната конференција, Синсинати, во кој тимот од Флорида, со евентуална победа, би можел да се приближи до првото место. Правилата на лигата налагаат играчите ...

Оскар Пјастри од пол-позицијата ќе ја стартува спринт трката на патеката Спа Франкошамп во Белгија. Лидерот во генерланиот пласман со со брутален круг ја освој првата стартна позиција. Кругот со кој Пјастри ја освои пол-позицијата е со време 1.40.510 минути. Австралиецот за половина секунда зад себе го остави актуелниот шампион Макс Ферстапен, а за шест десетинки беше подобар од тимскиот колега Ландо Норис. Спринтот од вториот ред, веднаш ...

Сон Хјонг-мин, капитенот и еден од најдобрите играчи на Тотенхем, е на излезната врата од лондонскиот клуб. Според англиските медиуми, репрезентативецот на Јужна Кореја има понуда од Лос Анџелес, како и неколку покани од Саудиска Арабија. Сон има договор со победникот на Лига Европа и за оваа сезона, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра. Тој дојде во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и е една од легендите на тимот од ...

Браќата Маркис и Маркиф и предизвикаа браќата Јокиќ на пресметка во ринг. Ссемејствата Јокиќ и Морис не се трпат од пред четири години, кога Никола се судри со Маркиф во натпревар против Мајами Хит. Потоа, по натпреварот, Маркус застана во одбрана на својот брат и му се закани на Србинот на социјалните мрежи, за браќата на Никола, Страхиња и Немања, да креираат профил за да му одговорат на Морис. „Маркус, требаше да дозволиш да биде како ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, отворено зборуваше за преговорите на германскиот тим со четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен. Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, по отпуштањето на Кристијан Хорнер од Ред Бул, ја отфрли можноста Ферстапен да се пресели во „Сребрените стрели“. На прашањето дали откривањето на разговорите е дел од играта на Мерцедес, Расел одговори: „Тоа е сериозна теорија на заговор!“ „Имаше преговори. И тоа е во ...

Фото/Принскрин Замената за Едерсон, кој ќе замине од „Етихад“, Манчестер сити ја најде во Барнли. Новиот голман на повеќекратниот шампион на Англија е Џејмс Трафорд. „Граѓаните“ на неговите услуги издвоија 40 милиони фунти. Менаџерот Пеп Гвардиола, како што пишуваат англиските медиуми, инсистирал на трансферот. Интересно е што Трафорд е дете на Сити, бранеше во помладите категории од 2015 до 2021 година. Тој пристигна во Барнли во 2023 ...

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека НБА е во напредна фаза на преговори со клубовите во врска со формирањето на нова кошаркарска лига во Европа, како и дека постојат неколку начини за спроведување на овој проект. „НБА сака да го воспостави своето присуство во Европа, а доколку тоа се случи, прашањето за арените и „Палау Блауграна“ мора да се разгледа многу сериозно“, рече Лапорта, алудирајќи на моменталните планови за новиот ...

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори. Бразилскиот напаѓач, кој моментално игра за Сантос, наводно размислува за враќање во Европа за да може да влезе во вистинска форма и да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светско првенство. Францускиот клуб веќе започна преговори. Челниците на клубот се свесни дека преговорите нема да бидат ...

Кошаркарскиот клуб Монако го потврди трансферот на Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош со клубот од малото кнежество потпиша две годишен договор. Миротиќ играше претходните две сезони за Олимпија Милано, во која пристигна од Барселона. Претходно, тој имаше просек од 17,7 поени со 6,4 скока, две асистенции и една украдена топка по натпревар во ЕЛ. „Монако е клуб кој е на врвот на Евролигата во последните години и има потенцијал да ...

Челниците на Њукасл се во незавидна позиција откако првата ѕвезда, Александар Исак, изрази желба да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Оваа шокантна вест го принуди клубот итно да бара замена, на врвот на листата на желби се наоѓа словенечкиот репрезентативец и напаѓач на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко. Шешко, за кого претходно интерес покажуваше Арсенал, минатото лето потпиша нов договор со РБ Лајпциг до 2029 година. Не е познато колкава сума бара ...

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека шефовите имале право да го отпуштат досегашниот директор Кристијан Хорнер и додаде дека одлуката нема да влијае на неговата иднина. „Менаџментот и акционерите одлучија дека сакаат промена и на крајот на денот, тие го водат тимот, јас сум само возач. Значи, што и да одлучат, тие имаат целосно право да прават што сакаат. И во основа тоа се случи“, рече Ферстапен на ...

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс ќе игра за Србија на претстојното Европско првенство. Ова го напиша американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за Форбс. „Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог. Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери. Американските медиуми очигледно знаат нешто, што сè ...

Тензиите меѓу Барселона и германскиот голман Марк-Андре тер Штеген продолжуваат. Барселона веќе некое време се обидува да се ослободи од германскиот голман, а на неговата позиција го потпиша Шпанецот Џоан Гарсија, а договорот со Војчех Шченсни беше продолжен. И покрај притисокот од клубот, Тер Штеген одби да ја напушти Барселона, а сега, со својот последен потег, дополнително ја влоши ситуацијата. Во официјалното соопштение за претстојната ...

Актуелниот хрватски шампион Риека би можел да добие нов сопственик во наредниот период – веќе се преземени одредени конкретни чекори во таа насока. Хрватските медиуми, поточно „Јутарњи лист“, донесуваат ексклузива, американскиот милијардер Бил Фоли е заинтересиран за купување на Риека. И не само што е заинтересиран, туку во изминатите неколку дена испратил цел тим соработници во Хрватска да се запознаат со ситуацијата. „Во сенка на ...

Вардар ја победи Лозана со 2:1, во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Вардар може да жали што не успеа да стекне поубедлива предност пред реваншот во Швајцарија наредниот четврток. Лошите 15 минути на почетокот на вториот дел, кога Вардар, впечатокот е без потреба за повлече и овозможи на Лозана да има активен резултата пред возвратниот дуел. Црвено-црните апсолутно го ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
93%
1002
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
78%
1000
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
4.63
83%
1004
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
1.54
77%
1004
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.55
88%
1003
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
97%
1004
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
77%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
87%
996
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1005
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.79
88%
1005
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1011
Currency

61.635

Currency

51.9185

Currency

70.6945

Currency

36.7323

Currency

38.1291

Currency

67.5159

Currency

7.51499

Currency

0.68067

Currency

0.33999

Currency

0.52497

Currency

1.19056

Currency

0.57333

Цинк

3.30

Паладиум

53948.95

Сребро

2485.90

Родиум

345620.53

Алуминиум

3.06

Платина

66326.99

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Злато

162139.75

Калај

48.53

Бакар

11.63

Иридиум

213919.04