Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Шејк Милтон е новото засилување на кошаркарскиот клуб Партизан. Како што пишува „Телеспорт“, 28-годишниот бек потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе заработува 1.200.000 долари следната сезона. Исто така, неговото доаѓање значи дека Ифе Лундберг повеќе не е во плановите на Партизан. Милтон играше во Филаделфија во период кога тимот редовно стигнуваше до полуфиналето на Источната конференција, а беше дел од тимот кој во сезоната ...
Фото/ Принтскрин Лука Дончиќ се согласи да ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс и ќе отпатува во Соединетите Американски Држави пред репрезентативниот собир да го потпише договорот. Лејкерси и Дончиќ постигнаа договор за продолжување на соработката до 2029 година. Според словенечкиот „Спорт клуб“, Дончиќ ќе отпатува во Лос Анџелес пред својот прв тренинг со словенечката репрезентација за да го стави својот потпис на договорот. ...
Најдобриот стрелец на Њукасл, Александар Исак, не отпатува со тимот на азиската турнеја. Ова веднаш отвора шпекулации за можен трансфер. Фабрицио Романо, експертот за трансфери, објави дека Швеѓанецот го информирал клубот дека сака да си оди. Сериозен интерес за Исак покажа Ливерпул и покрај тоа што за 90 милиони евра го донесе напаѓачот на Ајнтрахт, Уго Екетике. Ливерпул веќе ги донесе Вирц и Фримпонг покрај Екитике. Исак би го затворил ...
Фото/ Принтскрин Фудбалскиот клуб Црвена звезда на „Маракана“, го претстави најголемото засилување, Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ потпиша двегодишен договор со српскиот шампион, а медиумите објавуваат дека ќе заработува два и пол милиони евра по сезона. Репрезентативецот на Австрија одговори на многу прашања, а не можеше да го задржи солзите кога го прашаа за Синиша Михајловиќ. „ Ова прво прашање е многу тешко, не требаше да ме прашате тоа, ...
Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито (37) е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“. Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи. „Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни ...
Фудбалскиот клуб Шкупи потпиша договор со 35-годишниот Магаје Гуеј, поранешен младински репрезентативец на Франција и сениорски репрезентативец на Сенегал. Геје, во кариерата има искуство во најсилната лига во светот, Премиер лигата. Бил член на Евертон од 2010 до 2014 година. Во Премиер лигата одиграл 24 натпревари, пред да се пресели во Милвол во Чемпионшип. Кариерата ја започнал во Стразбур, бил играч и на Брест, односно турските тимови ...
Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан (27) е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион. Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година. Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси. Пред Брајтон, Еступињан играше и за Виљареал, ...
Српскиот репрезентативец, Душан Влаховиќ би можел да замине во Милан од Јувентус. Двата клуба воспоставиле контакт, а италијанските медиуми проценуваат дека „старата дама“ ќе бара отштета помеѓу 18 и 20 милиони евра. Влаховиќ е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој го тренираше и додека беше на чело на Јуве. Исто така, Влаховиќ, кој веќе одби неколку профитабилни понуди, би сакал да се пресели на „Сан Сиро“. Неговиот ...
Вардар, вчерва ќе ја пречека Лозана, во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Во таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија, очекуваат тежок меч, со надеж дека ќе обезбедат предност пред реваншот во Швајцарија. „Се зависи од ривалот како ќе ни дозволи да играме, но знам дека секој наш играч што ќе излезе на теренот, ќе го даде максимумот. Ние следевме како игра ривалот, знам и јас како се игра таму ...
Долго време главна тема во падокот на Формула 1 е потенцијалното заминување на актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул на крајот од годината. Се шпекулираше дека Ферстепен ќе вози во Мерцедес следната сезона. Сепак, се чини дека ова нема да се случи барем уште една година. Иако неодамнешното отпуштање на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, дополнително ги разгоре гласините за заминување на Ферстапен од тимот, како и потврдата од шефот ...
Атлетико Мадрид постигна договор со Феенорд за трансфер на дефанзивецот Давид Ханцко. Словачкиот дефанзивец ќе помине медицински прегледи во наредните денови и ќе потпише договор со „јорганџиите“. Ханцко (27) беше блиску до трансфер во Ал-Наср од Саудиска Арабија. Словакот се појави во новиот клуб и доживеа шок бидејќи клубото но клубот одлучи да се повлече од договорот во последен момент. Во претходната кариера, Ханцко играше за Жилина, ...
Фудбалскиот клуб Барселона објави дека нема да патува во Јапонија за првиот пријателски натпревар на претходно договорената азиската турнеја. Висел Кобе требаѓе да игра против Барселона на 27 јули. Каталонците го откажаа натпреварот бидејќи на сметката на клубот не била уплатена договорената сума. Од иста причина под знак прашалник се и двата натпревари во Јужна Кореја. Во официјално соопштение, Барса изрази жалење за овој непрофесионален ...
Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) и официјално е играч на Ливерпул. Англискиот шампион објави дека е постигнат договор со Ајнтрахт во врска со трансферот на Екитике, кој ќе стане втор највреден трансфер ова лето во Европа и Премиер лигата. И највредниот го направи Ливерпул, за Флоријан Вирц на Баер му плати 125 милиони евра. „Црвените“ платија за Екитике 80 милиони евра, со два бонус пакети. Екитике успешно ги помина медицинските ...
Стефанос Циципас и Горан Иванишевиќ ја официјализираа својата соработка на 14 јуни, а на 24 јули ја завршија – по помалку од два месеци. Тие беа на само два турнира заедно и почнаа да тренираат во Загреб, а по повлекувањето од Хале и Вимблдон, Циципас и Иванишевиќ се разделија. Гркот се огласи на социјалните мрежи за сето ова: „Работата со Горан Иванишевиќ беше кратка, но интензивно искуство кое навистина го ценам. Му сум благодарен за ...
Младиот ас на Барселона, Ламине Џамал, вреди дури 279,7 милиони евра, што претставува рекордна проценка. Откако „Фудбал Бенчмарк“ почна да собира податоци во септември 2018 година, ниту еден фудбалер немал поголема пазарна вредност од Ламин Јамал. Оваа компанија редовно објавува анализи за пазарната вредност на играчите од водечките европски национални првенства. Досега, само четири фудбалери достигнале бројка поголема од 200 милиони евра. ...
Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо е во врвниот фудбал две и пол децении и сè уште ја чувствува истата страст, не размислува за пензионирање. Сè уште е гладен за фудбал. „Што ме храни како тренер? Сè уште е желбата за победа. Сакам да победувам на секој следен натпревар, навистина си ја сакам работата. Не можам да најдам никаква причина да не продолжам, да не се чувствувам доволно млад. Не гледам никаква разлика помеѓу Мурињо кој ...
Маркус Рашфорд и официјално е фудбалер на Барселона. За време на викендот, Каталонците го потврдија договорот, односно позајмица од Манчестер јунајтед. Барса нема обврска да го купи, но ќе мора да плати минимална „казна“ до 5.000.000 евра ако одлучат да го вратат во Јунајтед. Маркус Рашфорд го избра дресот со број 14, бидејќи го носеа Тиери Анри, но и Пјер-Емерик Обамејанг, кој влезе дојде без многу „врева“ и остави длабока трага во ...
Арсенал игра одличен фудбал под водство на менаџерот Микел Артета во последните неколку сезони. Тие се вицешампиони на Англија три сезони по ред, минатото лето стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите, но навивачите се незадоволни и бараат само едно нешто, титулата шампион на Англија, која Арсенал ја чека од 2004 година. Следната сезона во Премиер лигата ќе биде брутално предизвикувачка, има премногу силни тимови, но Арсенал е ...
Foto/ EPA ФИФА почна да ја прекројува сопствената историја. За да се наметне важноста на Светското првенство за клубови со 32 екипи што неодамна се одржа во САД, од Цирих, на предлог на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на 12 клуба им беше одземен статусот на светски шампион освоен во периодот од 2000 до 2023 година. Наместо светски шампиони, сите беа „наградени“ со победници на Интерконтиненталниот куп. Само Челзи го задржа статусот ...
Еурофарм Пелистер има нов тренер. Откако спогодбено се раздели со тренерот Раул Алонсо, кој ја освои титулата со клубот од Битола, клубот на неговото место го донесе Рубен Гарабаја Аренас. Гарабаја има 46 години и полна витрина медали и одличја од богатата играчка кариера. Играше 168 пати за шпанската репрезентација на позиција кружен напаѓач, постигна 318 гола и освои светска титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА), го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија по натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство. ФИФА ги информираше Албанците дека мора да платат 173.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на споменатиот натпревар. Причината се навредите кон Србите, како и фрлањето предмети, со кои беа погодени неколку српски ...
Фудбалерот на Челзи, Марк Кукуреља, призна дека бил „преплашен“ од Доналд Трамп кога американскиот претседател одеднаш стана централен фигура на прославата на Светското клупско првенство. Трамп стана неочекуван учесник во прославата по победата од 3:0 против ПСЖ, задржувајќи се на сцената додека капитенот Рис Џејмс го креваше трофејот. Додека играчите славеа на стадионот „Мет Лајф“, Трамп продолжи да стои меѓу нив, аплаудирајќи и смеејќи ...
Жоао Феликс (25) е многу блиску до враќање во Бенфика. Како што дознава „Рекорд“, договорот е практично склучен, Бенфика ќе го купи напаѓачот од Челзи за 25 милиони евра. „Рекорд“ тврди дека работата официјално ќе биде завршена до петок, а постои можност Феликс да игра за Бенфика на натпреварот од Купот Еузебио против Фенербахче, кој го води Жозе Мурињо, во сабота. Желбата на играчот да се врати на стадионот „Луж“ исто така беше клучна, што ...
Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата. Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот. Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4). Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина Навратилова, која на 47-годишна ...
Големата награда на Аргентина е составен дел од шампионатот Мото ГП повеќе од 60 години. Во 21 век, трките се одржуваа на патеката „Термас де Рио Ондо“ Од 2027 година трките во Аргентина повторно ќе се одржуваат во Буенос Аирес. Легендарната патека „Оскар и Хуан Галвез“, беше домаќин на трките од шампионатот Мото ГП од 1961 година, а трките се одржуваа повремено во предградијата на Буенос Аирес до 1999 година. После тоа, Големата награда на ...
Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијански инсајдери. Новинарот Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор за вкупно три милиони евра со Зенит. Пред да дојде во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кого ја освои ВТБ лигата во 2023 година. Според Калцони, Олимпија ќе му плати на Димитријевиќ 500.000 евра, што ...
Влатко Чанчар, долгогодишен кошаркар на Денвер Нагетс и словенечката репрезентација, ќе игра во Евролигата следната сезона. Како што беше официјално потврдено во вторникот, крилниот кошаркар ќе биде новиот член на Олимпија од Милано. Чанчар ја започна својата кариера во Словенија во Олимпија од Љубљана, а во 2016 година се пресели во Белград, каде што играше за Мега две сезони. Во март 2018 година, замина во Шпанија, каде што играше за ...
Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи. Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати. Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години. Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето на сезоната. Се чинеше дека можеби ќе може да ...
Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“. Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со семејството решил да го одбие Трабзон. Сепак причината била поинаква. Саул ...
Гранит Џака ќе го напушти Баер Леверкузен во актуелниот преоден рок. Џака го поврзуваа со Милан и Фенербахче, но тој ги изненади сите со изборот на новиот клуб. Наредната сезона ќе го носи дресот на повратникот во Премиер лигата, Сандерленд! Сандерленд конечно се врати во Премиер лигата и има главна цел на клубот е да го задржи статусот во елитата, а Џака сигурно ќе биде голем поттик во таа кампања. Веста за договорот со Сандерленд ја ...