Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сака шведскиот репрезентативец Александар Исак (25) да остане во англискиот клуб, објави денес „Скај Спортс“. Британските медиуми објавија дека Исак не отпатувал со тимот на Њукасл, кој е на предсезонска турнеја во Азија. Исак неодамна го информираше клубот дека сака да „истражи други опции“ за време на летниот преоден рок. Ливерпул покажа интерес за шведскиот играч, а Њукасл бара отштета од 150 ...
Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми. Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра. Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија. Како што пишува „Газета дело Спорт“, ...
Бразилскиот репрезентативец и поранешен член на Фламенго, Винисиус Франко Лима, познат како Весли, стана нов играч на Рома. Италијанскиот клуб му плати 25 милиони евра на Фламенго, со можност за бонуси што би можеле да им донесат на Бразилците уште пет милиони евра. Весли му помогна на Фламенго да го освои Копа Либертадорес во 2022 година и беше дел од тимот што стигна до осминафиналето на Светското клупско првенство ова лето. Се очекуваше ...
Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб. На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони ...
Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“. Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба. Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на ...
Челниците на Тотенхем побарале и добиле дозвола од Реал Мадрид да отворат преговори со крилниот напаѓач Родриго. Бразилецот е отворен за сорабптак со друг клуб, но Тотенхем не е во неговите планови. Актуелниот освојувач на Лига Европа сакаше да ја искористи можноста и да донесе капитално засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, но веднаш стана јасно дека ништо нема да произлезе од тоа. Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ...
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека би сакал да остане на „Емирејтс“ и следната сезона. Арсенал успеа да го продолжи договорот со партнерот на Салиба, Габриел Магаљаеш, кој и понатаму ќе биде во тимот предводен од Микаел Артета од клупата. Салиба по победата на Арсенал над Њукасл како дел од подготвителниот натпревар пред новата сезона рече. „Да, се надевам. Секако, во моментов нема конкретни преговори, но има добра ...
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, објави дека, по престојот во „Етихад“ Сити, ќе направи пауза од фудбалот, потенцијално и до 15 години. „Знам дека кога ќе ја завршам оваа фаза со Сити, ќе престанам, тоа е сигурно. Одлуката е донесена“, изјави Гвардиола за GQ Spain. Договорот на Гвардиола со Сити истекува во 2027 година, и иако тој не кажа директно дека ќе замине тогаш, тој нагласи дека неговата одлука да направи пауза не е спорна. ...
Српскиот фудбалер Душан Тадиќ неодамна беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид, но договорот пропадна во последен момент. Тадиќ пристигна во шпанската престолнина на завршните преговори, но договор не беше постигнат. Според „Телеграф“, „јорганџиите“ во меѓувреме ја смениле својата понуда и му понудиле на Тадиќ помалку пари од договореното. Атлетико ја намалил сумата која требала да му биде исплатена преку бонусите, во зависност од ...
Чаби Алонсо беше исклучително авторитативен во своите барања откако го презеде Реал Мадрид ова лето. Алонсо побара сериозни инвестиции од клубот во одбраната, што резултираше со доаѓањето на Трент Александар-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас. Според извештаите, клубот сè уште е на пазарот, се бара уште еден дефанзивец, со оглед на повредите и променливата форма на искусните играчи како Давид Алаба и Едер Милитао. Во центарот на сите тие ...
Фудбалскоот клуб Ливерпул подогтвил понуда за Александер Исак, со која ќе го сруши британскиот трансфер рекорд. „Ливерпул е подготвен да понуди голема сума за Александар Исак откако ќе се заврши продажбата на Луис Дијаз. Исак е заинтересиран за трансфер и воопшто не преговара со клубови од Саудиска Арабија. Тој е фокусиран исклучиво на Ливерпул. Сега сè е насочено кон Њукасл, додека Ливерпул чека, но тој е подготвен да влезе во преговори со ...
Словенечкиот велосипедски ас Тадеј Погачар по четвртиот триумф на Тур Д’ Франс предизвика вистински шок во јавноста со своите изјави за „Лекип“. Иако има само 25 години, тој веќе сериозно размислува да се збогува со спортот. „Нема да се пензионирам веднаш, но не се гледам себеси во професионалниот велосипедизам уште долго. Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се мојата голема цел, а по нив сериозно ќе размислувам за пензионирање“, ...
Швајцарскиот фудбалер Гранит Џака се враќа во Премиер лигата, поточно во Сандерленд. Ова го објави речиси непогрешливиот фубалски инсајдер Фабрицио Романо. Романо изјави дека Сандерленд, клубот кој се врати во Премиер лигата минатата сезона, постигнал договор со Леверкузен за трансфер вреден 20 милиони евра. Џака ќе потпише договор до летото 2027 година. 32-годишниот играч од средниот ред на тој начин ќе се врати во Премиер лигата, каде што ...
Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок. „Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот. Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан. Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера. ...
Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови. Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси. Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од договорот. Дијаз ќе има годишна плата од 14.000.000 евра, што е ...
Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа. Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити. Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“. „Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставен крај. Беше прекрасно, но заврши и нема да ...
Фудбалерот на Брентфорд, Јоан Виса, е незадоволен бидејќи клубот одбива да го продаде на Њукасл, објави дека нема да тренира ниту да игра додека не се заврши трансферот. Брентфорд е решен да го задржи Виса, додека Тотенхем, Нотингем Форест и Њукасл покажаа интерес за напаѓачот. Њукасл е во незавидна ситуација, откако Александар Исак побара трансфер. „Страчките“ се во потрага по засилувања во нападот. Наводно ако Исак замине на неговото ...
Шампионот на Франција и Европа, Пари Сен Жермен, испрати официјална понуда за голманот на Лил, Лукас Шевалие. Финалистот од Светското клупско првенство на ФИФА бара засилување на оваа позаиција поради неизвесноста околу иднината на Џанлуиџи Донарума, објави „Лекип“. Наводно, ПСЖ веќе постигнал договор со Шевалие за петгодишен договор и останува да се договори со Лил за обештетувањето. Лил инсистира на обештетување од најмалку 40 милиони ...
Чаби Алонсо закажал состанок со пет играчи за 4 август. Според тврдењата на шпанските медиуми, ќе им каже дека повеќе нема место за нив во клубот. Станува збор за Родриго, Ферланд Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик. Како што пишува „АС“, Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека сè уште постои одредена неизвесност околу Себаљос и Ендрик. Одлуката треба да биде онесена по состанокот со Алонсо. Најголем „проблем“ во ...
Женската фудбалска репрезентација на Англија е шампион на Европа. Во големото финале на Европското првенство во Базел, Англија ја победи Шпанија. По 90 минути резултатот беше 1:1. И по 120 минути резултатот беше ист, 1:1, на крајот Англија победи со 3:1 на пенали. Шпанките ја пропуштија можноста да ја комплетираат „триплетa“, бидејќи ги имаат титулите од Светското првенство и Лигата на нации, додека Англија ѝ се одмазди на Шпанија за ...
Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција. Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите. Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен со хеликоптер во локална болница. „Несреќата се случила околу 10:30 часот наутро во Ле ...
Фудбалерите на Барселона го победија Висел Кобе со 3:1 во пријателски натпревар во Јапонија, а Маркус Рашфорд дебтираше за шпанскиот тим. Рашфорд се приклучи на Барселона како позајмен играч од Манчестер јунајтед минатата недела. Англичанецот влезе во игра на почетокот на второто полувреме. Интересно е што тој одигра само 33 минути, сè до 78-та минута кога беше заменет од Дро Фернандес, кој го постигна третиот гол во 87-та минута. Барселона ...
Оскар Пјастри е победник на трката за Големата награда на Белгија. До осмата победа во кариерата, Австралиецот дојде пред тимскиот колега, Кандон Норис, кој започна од пол-позицијата и возачот на Ферари, Шарл Леклер. Траката во Белгија доцнеше 76 минути поради силниот дожд, започна зад возилото за безбедност, а кога по два круга возачите добија дозвола да се тркаат, во првиот круг Пјастри го нападна Норис ја презеде лидерската позиција и ...
Лукас Мертенс го освои првиот златен медал на Светското првенство во пливање во Сингапур. Тој славеше во спектакуларното финале на 400 метри слободно и со тоа на олимписката круна го додаде и најсјаниот медал на планетарното првенство. Тој стигна до целта за 3:42,35 и за само две стотинки од секундата во одличен финиш го победи Австралиецот Семјуел Шорт, светскиот шампион од Фукуока во 2023 година. Третото место со 25 стотинки минус го ...
Кошаркарот на Портланд, Демијен Лилард, зборуваше за отказот што го доби во Милвоки и враќањето во Блејзерс. Дејм Лилард отсекогаш мислеше дека ќе се пензионира со Портланд Треил Блејзерс и ќе заврши во „Куќата на славните“ како играч на овој тим, но неговата кариера пред две сезони тргна во друга насока. Тој го напушти Орегон за да се бори за шампионски прстен, а со Милвоки Бакс не успеа. Откако ја скина Ахиловата тетива во април на ...
Давид Алаба (33) од лидер на одбраната на Реал Мадрид се претвори во петта опција на позицијата стопер и растечки проблем за клубот од Мадрид за само 18 месеци. Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите. Потоа започнаа проблемите на Алаба со повредите. Реал ...
Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук. Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси. Според сите информации, Ребиќ барал ...
Макс Ферстапен, актуелниот светски шампион во Формула 1, не е оптимист во врска со своите шанси на Големата награда на Белгија, која започнува во 15 часот. Брилијантниот Холанѓанец го изненади дуото на Мекларен Пјастри – Норис и неочекувано славеше во спринт трката на познатата патека Спа Франкошамп. Сепак, возачот на Ред Бул не верува дека може да го повтори овој резултат на главната трка. „Мислам дека мојот максимум е третото место. ...
Извесно е дека португалскиот фудбалер Жоао Феликс ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Некогаш големиот талент за чии трансфер од Бенфика, пред седум години, Атлетико Мадрид издвои 136 милиони евра, ќе се пресели во Ал-Наср. Ова е претставува изненадување за фудбалската јавност, бидејќи детали го делеа Феликс од враќањето во Бенфика. Во приказната реши да се вмеша Ал Наср и букввално да го украде веќе виденото засилување од ...
Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“. Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година. Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и ...