На албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку, му пропадна трансферот од Рубин Казањ во Зенит. Руските медиуми наведуваат причина за ова се националистичките испади и тетоважите што ги има се посветени на водачот на ОВК.. Фудбалерот роден во Гњилане на Косово и Метохија, на грбот има тетоважа со ликот на Агим Рамадани – Катана, еден од водачите на ОВК. Даку на пошироката јавност и стана познат на Европското првенство, кога по нерешениот резултат ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул вчера официјално го претстави своето големо засилување Флоријан Вирц и го урна рекордот на Премиер лигата. Германскиот офанзивен играч за врска е играч кој би можел да биде клучен во воспоставувањето на доминацијата на „Црвените“ во Премиер лигата. Со него во тимот, гигантот од „Енфилд“ сигурно ќе го нападне трофејот од Лигата на шампионите. Интересно е што Вирц рече одлуката да се пресели во Ливерпул, односно да го ...

Марк Маркез ја забележа својата осма победа во спринт трките оваа сезона. Марк стартуваше од пол позицијата, 100-ти пат во неговата кариера, и славеше во спринтот на култната патека во Муџело. Покрај возачот на Дукати, место на подиумот изборија неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати и колегата од Дукати, Франческо Бањаја. На чело на колоната беше Алекс откако го престигна Банњаја, кој беше во водство откако Марк имаше бавен ...

Џабари Паркер наредната сезона ќе го носи дресот на Партизан. Српските медиуми тврдат дека некогаш вториот пик на драфтот, договорил две годишна соработка, за која ќе добие вкупно пет милиони евра. Џабари Паркер има 30 години, висок е 203 сантиметри, роден е во Чикаго и пред да дојде во Европа играше за Милвоки, Чикаго, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон. Изминатите две сезони играше во Барселона две сезони. Откако за наредната сезона ...

Фудбалскиот клуб Арсенал наскоро ќе го комплетира првиот трансфер во летниот преоден рок. Како што се најавуваше во изминатите два месеци, во тимот на Микел Артета доаѓа Мартин Зубименди. Шпанскиот репрезентативец, пристигна во Лондон за да го комплетира својот трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, објави „Атлетик“. 26-годишниот играч од средниот ред треба да ги договори деталите пред договорот официјално да биде финализиран. Инсајдерот, ...

Аријан Адеми (34) повеќе не е играч на Динамо. Капитенот на „сините“ го раскина договорот со клубот и ќе ја продолжи кариерата во унгарски Ујпешт. Динамо се збогува со Адеми со соопштение на официјалните канали. Адеми е играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот, освои 24 трофеи, вклучувајќи 13 титули во лигата. Арјан има и 110 настапи во европски натпревари, што го прави апсолутен рекордер на „сините“. Тој одигра 430 официјални ...

Марк Маркез ја обезбеди пол-позицијата во Муџело. Шпанецот прв ќе ја стартува спринт трката попладнево на кулната патека и ќе стартува прв утре во главната трка. За возачот на Дукати ова беше јубилејната 100. пол-позиција во кариерата. Марк стигна до првата стартна позиција со време од 1:44.169. Веднаш до него на стартот ќе биде тимскиот колега, двократниот шампион Франческо Пеко Бањаја. Италијанецот имаше послаб резултат за 59 илјадити делови ...

Левиот бек на фудбалската репрезентација на Македонија, Езѓан Алиоски ја заврши авантурата во Саудиска Арабија. Алиоски реши да се врати во Европа, во новата сезона ќе го носи дресот на Лугано. Езѓан Алиоски, стрелец на 13 голови во 85 настапи за Македонија, од 2021 година го носеше дресот на Ал Ахли. Не успеа да се наметне и не доби вистинска шанса, една сезона дури мина и на позајмица во Фенербахче. Органичената минута го натера да се врати ...

Скандалозна сцена се случи за време на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, кога фудбалерот на Интер, Франческо Ачерби, му се закани на навивач на Пари Сен Жермен. На видео кое се шири на социјалните мрежи, може да се види како навивач во дресот на ПСЖ се приближи до тренингот на Интер и го провоцира искусниот дефанзивец, потсетувајќи го на болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите. „Ачерби, Баркола!“ извика ...

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (33) е екстрадиран во Холандија во петокот, каде што е осуден на седум и пол години затвор за шверц на кокаин и ранување на свој роднина. За неговата вмешаност во шверцот на повеќе од еден тон кокаин од Бразил во 2020 година, Промес беше осуден во отсуство на шест години затвор во февруари 2024 година, додека доби дополнителна година и пол во друг случај, за прободување на роднина по расправија на семејна ...

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, ќе го напушти Динамо Загреб. „Спортске новости“ пишуваат дека кариерата ќе ја продолжи во Турција. Според овој извор, Ристовски ќе се пресели во новиот член на турската Суперлига, Коџаелиспор. Инаку интензивни преговори со овој клуб води и напаѓачот на Динамо, искусниот Бруно Петковиќ, а турските медиуми пишуваат и за потенцијалното доаѓање на Марко Пјаца. Со ...

Португалскиот тренер, Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем Форест до 30 јуни 2028 година, објави англискиот клуб. Еспирито Санто е менаџер на Нотингем Форест од 2023 година, а минатата сезона со клубот избори промоција во европските натпреварувања во организација на УЕФА за прв пат по 30 години. „Воодушевен сум што можам да го продолжам моето патување во овој фантастичен клуб. Откако мојот тим и јас пристигнавме во Форест, ...

Фудбалерите на Баерн Минхен се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство. Баварците славеа со 2:1 против Бока Јуниорс, во натпревар пред околу 65.000 луѓе на стадионот во Мајами. Сè започна и заврши со Михаел Олисе, чија болка беше анулирана веќе во осмата минута. Во 18-та, Хари Кејн најдобро се снајде во мешаницата пред фолот на Бока и го совлада Агустин Марчезин. Голема прослава меѓу страствените навивачи на тимот од ...

Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13. минута, но Бразилците доминираа во вториот дел. Најпрво израмни Бруно Хенрике во 62. минута, додека Данило во 65. погоди за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Валас Јан во 83. Работата на Фламенго ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон во 68. минута. Сенегалскиот напаѓач ...

Италијанскиот фудбалски клуб Парма назначи нов тренер, откако Кристијан Киву ја напушти клупата за да го преземе Интер. Нов тренер на познатиот клуб е шпанскиот стручњак Карлос Куеста, кој потпиша двегодишен договор. Станува збор за 29-годишник кој стана најмладиот тренер во историјата на Серија А и моментално најмладиот главен тренер во една од петте најсилни европски лиги. Куеста ја започна својата тренерска кариера во 2014 година како ...

Милош Керкез, унгарски фудбалер од српско потекло, го договори трансферот во Ливерпул. Борнмут од трансферот ќе заработи 40 милиони фунти. Во следните неколку дена, Керкез ќе треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со „црвените“. Керкез ќе биде трето засилување за Ливерпул, откако клубот ги договори Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц. Милош Керкез одигра 38 натпревари за Борнмут минатата сезона, постигна два гола и ...

Славниот американски кошаркар Кевин Дурант, преку својата компанија, стана малцински сопственик на актуелниот шампион на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен. Компанијата на Дурант „Boardroom Sports Holdings, LLC“ склучи договор со мнозинскиот сопственик на клубот, Катарскиот инвестициски фонд (QSI), за соработка и инвестиции во Пари Сен Жермен. Еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња веќе некое време ги поддржува Парижаните на различни ...

Алваро Мората е блиску до враќање во Италија, нема да се врати Јувентус по трет пат или во Милан каде што ја започна минатата сезона. Сериозен интерес за капитенот на шпанската репрезентација покажале челниците на Комо. Мората, вториот дел од сезоната ја мина на позајмица во Галатасарај од Милан, откако во италијанскиот великан не ги оправда очекувањата. Во 12 натпревари во турското првенство постигна шест гола и додаде три асистенции, но ...

На покана од Федерацијата за традиционално карате на Англија, др. Венцислав и др. Дејан Недев на 21 и 22 јуни ќе одржат карате семинар и полагање за мајсторски појаси во Лондон, Англија. Се очекува учество на околу 200 каратисти од повеќе карате клубови низ цела Англија. На крајот од семинарот ќе се одржи полагање за мајсторски појаси, тренери и судии. Минатиот месец, Недеви учествуваа и на голем меѓународен карате семинар со врвни јапонски ...

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи. Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година. Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра. Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги ...

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91. И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето. Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома. Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру ...

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови. Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман. Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот ...

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави. Еден од најдобрите играчи во историјата ја намести топката во 54-та минута и изведе совршен слободен удар од околу 20 метри. Аргентибецот го погоди левиот горен агол од голот на Клаудио, кој не можеше да се одбрани. Тоа беше клучен момент на натпреварот. Во ...

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови. Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид. „Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението. Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со ...

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера. Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра. Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона. Инаку, откако испадна од ...

Новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, денес ја имаше официјалната промоција. Гатузо изјави дека тимот има сè што е потребно за да се квалификува за Светското првенство во 2026 година. Гатузо функцијата ја презеде од Лучано Спалети. „Дресот на репрезентацијата е тежок, но зборот „страв“ не смее да постои. Имаме тим кој е доволно добар за да се квалификува за Светското првенство. Треба да го вратиме ...

Дуелот помеѓу Бока јуниорс и Бенфика, покрај ремито до кое Португалците стигнаа по дефицит од два гола, беше обележан и со три црвени картони. Како што се очекуваше, Андер Ерера доби строга казна. Казната што му беше изречена на Јорген Фигал е построга од очекуваното. Ерера доби црвен картон надвор од теренот, кратко откако беше заменет поради повреда, поради напад врз судијата кој се приближи до БАР мониторот за да провери дали прекршокот ...

Нико Вилијамс (22) ќе игра за Барселона почнувајќи од следната сезона, тврдат највлијателните каталонски медиуми и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Конечниот договор меѓу двете страни „падна“ на Ибица, каде што Нико моментално одмара, а каде што претставниците на каталонскиот клуб, предводени од спортскиот директор Деко престојуваа во претходните денови. Според Романо, тој дел од работата е завршен, како и финансискиот дел од ...

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои „Златната топка“ за египетскиот народ. Салах е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, откако минатата сезона постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и ја освои „Златната копачка“. „Ако ја освојам, ќе биде одлично. Ако не ја освојам, и понатаму ќе мислам дека ...

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитиревски, по само една сезона ќе ја напушти Валенсија. Тренерот на „лилјаците“, Карлос Корберан, побарал да му донесат нов голман, во моментот кога Георги Мамардашвили замина во Ливерпул. Столе Димитиревски, пред една година, како слободен играч го напушти Рајо Ваљекано. Во тој момент имаше неколку понуди, тој реши да ја прифати онаа од „Местаља“. Тогаш Валенсија го продаде Мамардашвили во ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
73%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
83%
1029
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
86%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Цинк

3.03

Алуминиум

2.90

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Сребро

2128.87

Кобалт

58.42

Бакар

10.93

Родиум

258009.74