Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Како гром од ведро небо, доцна синоќа одекна веста на српски „Телеграф“ дека Иван Перишиќ е во преговори со фудбалскиот клуб Нови Пазар. „Менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево. Перишиќ веќе бил во Србија, станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Трансферот би можел да биде завршена во наредните денови“, овајави ...
Фудбалскиот клуб Брајтон јасно им порача на Манчестер јунајтед дека играчот од редот за врска, Карлос Балеба не е на продажба. Балеба игра на позицијата заден играч од средниот ред и има 21 година. Брајтон се за неговите услуги на Лил, во летото 2022 година, им плати 27 милиони евра. Тој е еден од најважните играчи во тимот и има уште четири години од договорот, вклучувајќи опција за продолжување. Балеба одигра 40 натпревари во сите ...
Во ист ден, ФК Лос Анџелес го претстави јужнокорејскиот ас Сон Хјунг-мин, додека легендарниот германски фудбалер Томас Милер позираше со дресот на Ванкувер Вајткепс. Фудбалскиот клуб од Лос Анџелес го објави трансферот на екс-капитенот на Тотенхем, Сон Хјунг-мин. Договорот со 33-годишниот Кореец важи до 2027 година. Исто така, предвидува можност за продолжување за една или две сезони. Црно-златните официјално го претставија Сон на стадионот ...
Бетис и Комо вчера одиграа контролен натпревар во Кадиз, а според сцените од тепачката што се случи на теренот и споделени на социјалните мрежи, натпреварот беше се, само не беше пријателски. Голем број играчи од двата тима учествуваа во големата тепачка. По завршувањето на првото полувреме, во кое Комо водеше со 2:0 благодарение на головите на Асане Диао и Лукас де Куња, се случи тепачка откако Пабло Форналс и Масимо Пероне разменија ...
Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ наводно преговара со Нови Пазар во врска со трансфер во српскиот клуб. Како што неофицијално дознава „Телеграф“, менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево. Истиот извор наведува дека Перишиќ веќе бил во Србија и дека станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Се додава дека работата ...
Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија. Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица. Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на ...
Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте. „Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“. ...
Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б. Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година. Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не ...
Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Дијаш (28) треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година. Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Дијаш, кој има загарантирано место во првиот тим. Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб. Медиумите не споменуваат до кога ќе ...
Активниот трансфер период продолжува на „Енфилд“. Играчите доаѓаат и си одат. Англискиот шампион го договори трансферот на Дарвин Нуњез во Ал Хилал. Уругваецот пристигна како големо засилување пред три години за 87 милиони евра, си заминува како некој што не ги оправда очекувањата. Ливерпул нема целосно да ја санира штетата, од трансферот ќе заработи 53 милиони евра. Но, со релативно лесно остварливи бонуси, вредноста на трансферот би ...
Трансфер сагата околу Бенјамин Шешко е се поблиску до разрешница. Њукасл и Манчестер јЈунајтед доставија понуди, а напаѓачот јасно кажа каде сака да ја продолжи кариерата. Фудбалерот ги договорил финансиските удлови со Манчестер јунајтед. Сега на потег е Лајпциг. Клубот преферира да го продаде Шешко во Њукасл. Понудата на клубот од „Сен Џејмс Парк“ е за пет милиони евра повисока од понудата на Манчестер јунајтед. Оваа пат позиција може да ...
Актуелниот шампион на Евролигата, Фенербахче, сака да го ангажира Симоне Фонтекио, актуелниот кошаркар на Мајами Хит и италијанската репрезентација. Фонтекио е во НБА веќе неколку години, но би можел да ја напушти ова лето, бидејќи Мајами не смета на него. Претходната година потпиша двегодишен договор вреден 16 милиони долари со Детроит, по завршувањето на сезоната беше трејдуван во Мајами, но би можел да биде отпуштен бидејќи франшизата не ...
Адријано Галијани, легендарниот фудбалски функционер кој се прослави во Милан, би можел да се врати во клубот. Во претходните недели имаше преговори меѓу него и сопственикот Кардинале, кој го сака назад во клубот како „супер-консултант“. За да биде реализирана оваа соработка, Галијани ќе мора да ја продаде Монца, односно трансакцијата официјално да биде завршена, бидејќи продажбата на клубот беше договорена пред некое време. Навивачите на ...
На половина од сезоната во Формула 1, јасно е дека тандемот на Мекларен Оскар Пјастри-Ландо Норис ќе се бори за титулата. И покрај тоа што влогот е голем, првиот човек на британскиот тим Зак Браун истакнува дека меѓу нив нема „лоша крв“. Постарите фанови на Мекларен добро се сеќаваат на легендарните борби меѓу Ален Прост и Аиртон Сена. Сепак, овој сегашен меѓу Пјастри и Норис навистина не изгледа ни приближно така. Додека легендарниот ...
Марк-Андре тер Штеген и фудбалскиот клуб Барселона се во „војна“. Медиумите во Каталинија го поддржаа клубот, голем дел од нив го нарекоа Германецот „најлошиот капитен во историјата на клубот“. Марк-Андре тер Штеген од легенда стана персона нон грата во Каталонија. Како што е познато, Тер Штеген мораше повторно да се оперира, овој пат поради повреда на грбот, за што повторно ќе мора да паузира неколку месеци. Барселона планираше да го ...
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Првиот пораз на Шкендија оваа сезона во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, мина во знакот на националистичките испадни на трибините. Шкендија загуби од Карабаг со 0:1. Бајрамов го постигна единствениот гол од пенал во 18.минута, откако претходно Вебстер направи наивен прекршок на линијата од 16 метри. Она што требаше да биде спектакл се претвори во испраќање политички и националистички пораки. ...
Португалскиот фудбал, вчера, доживеа нова трагедија. На 54-годишна возраст почина чегендарниот капитен на Порто, Жорге Кошта. Кошта почина откако доживеал срцев удар по појавувањето во ТВ емисија, а лекарите не успеаја да го спасат по хоспитализацијата. Португалецот беше легендарниот стопер и капитен на Порто, кој го предводеше тимот до титулата во Лигата на шампионите во 2004 година, кога „Змејовите“ сензационално стигнаа до врвот на ...
Иако Хари Магваер има уште една година од договорот, Манчестер јунајтед не размислува да го прдаде искусниот дефанзивец. Според „Мејл Спорт“, клубови од Премиер лигата и Серија А изразиле интерес за него, но „Црвените ѓаволи“ без размислување ги одбиле понудите. Договорот на искусниот стопер истекува следното лето, а двете страни сè уште не седнале да преговараат за продолжување на соработката, но Магваер изразил желба да остане. Неговиот ...
Астон Вила одлучи да доведе нов напаѓач, изборот на клубот е Еван Гесан. Напаѓачот на Ница, кој има 24 години, е роден во Франција, по потекло од Брегот на Слоновата Коска. Одиграл 109 натпревари за Ница, постигнал 21 гол и забележал 15 асистенции, но тоа не ги покажува сите негови вредности, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот. Вакво засилување му беше многу потребно на Унаи Емери, бидејќи Астон Вила не ги откупи договорите на ...
Бразилскиот фудбалер Естевао Вилијан официјално стана нов член на Челзи, објави англискиот клуб. Во јуни 2024 година, Челзи постигна договор со Палмеирас за Естевао да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ откако ќе наполни 18 години. „Многу сум среќен и задоволен што го претставувам Челзи, еден од најголемите клубови во светот. Се надевам дека ќе му помогнам на тимот на најдобар можен начин. Чекав речиси година и пол за да дојдам тука, работев ...
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Фудбалерите на Шкендија, прв пат се порзени сезонава во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје, Шкендија загуби од Карабаг 0:1. Клучниот момент се случи во 16.минута, кога по несмасниот старт на Вебстер врз Андраде, ВАР ја смени одлуката на главниот судија и гостите од Азербејџан добија пенал. Најстрогата казна ја реализира Бајрамов. Во првиот дел Карабаг имаше уште две добри шанси, а ...
Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто. Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години. Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“. Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил ...
Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство. Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува. Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб. Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, ...
Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот. Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра. Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во ...
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Томас Парти, претпладнево се појави во Судот за прекршоци во Вестминстер во Лондон откако беше обвинет за силување. Тој е обвинет за пет обвиненија за силување и едно обвинение за сексуален напад. Сите наводни кривични дела се случиле помеѓу април 2021 и јуни 2022 година. Облечен во црн џемпер и држејќи јакна во рака, тој брзо помина покрај новинарите и фотографите во судницата. Неговата адвокатка, Џени ...
Берни Еклстоун (94) му порача на Луис Хамилтон веднаш да се повлече од Формула 1 и да побара исплата на целиот договор со Ферари пред „нешто лошо да му се случи“, пишува „Дејли Мејл“. Остриот совет доаѓа во време кога иднината на Хамилтон е неизвесна по катастрофалната трка за Големата награда на Унгарија минатиот викенд. Откако се квалификуваше на скромното 12-то место, додека колегата од Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата, ...
Манчестер сити му понуди нов договор на Родри. Освојувачот на Златната топка ја пропушти сезоната поради тешката повреда на лигаментите. Отсуството на Родри се рефлектираше врз резултатите на тимот. Сити не освои ниту еден трофеј и се до три кола пред крајот му висеше пласманот во Лигатана шампионите. Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека тој би стнал вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Ерлинг ...
По 4-ти пат Пинг понгарската федерација го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender, што ќе се одржи од 5 до 7 Септември. Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен 4-от најдобар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај ...
Манчестер сити со големи амбиции ќе влезе во новата сезона, откако претходната се претвори во катастрофа. Пеп Гвардиола и неговиот тим не освоија ниту еден трофеј. Во пресрет на новата сезона, Сити се засили со Рајан Шерки, Тијани Рејндерс, Рајан Аит-Нури, Маркус Бетинели, Свере Нипано и Џејмс Трафорд. Гвардиола, до крајот на преодниот рок сака дополнително да ја зајакне својата крилна напаѓачка линија. Клубот бара напаѓач кој ќе комбинира ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген одби да потпише согласност Барселона да достави извештај за неговата повреда и операција до раководството на Ла Лига. Според „Мундо Депортиво“, Барселона покрена дисциплинска постапка против него. Случајот го презеде правниот тим на каталонскиот клуб, а 33-годишниот германски голман речиси сигурно ќе се соочи со казна. Постапката на Тер Штеген има директни последици за клубот. Доколку се докаже ...