Андреа Тринкиери со Жалгирис ја освои титулата во литванското првенство,а 36 часа подоцна доби отказ. Жалгирис го победи Ритас во саботата навечер и го освои литванското првенство, па се чинеше дека Тринкиери дефинитивно ќе остане на клупата за тој тим, бидејќи имаше важечки договор за следната сезона. Италијанскиот тренер го предводеше Жалгирис 18 месеци. Литванските медиуми пишуваат дека одлуката на клубот, спогодбено да се раздели со ...

Вуди Џонсон и Џон Текстор постигнаа договор, поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Обединетото Кралство и сопственикот на Њујорк Џетс откупи 44,9 проценти од акциите на Кристал Палас. Транскацијата изнесува 190 милиони фунти, што значи дека Кристал Палас ќе може да се натпреварува во Лига Европа. Настапот на клубот беше под знак прашалник бидејќи Текстор е исто така сопственик на поголемиот дел од Олимпик Лион, но и ...

Реал Мадрид ја победи Пачука со 3:1 на клупскиот Мундјал. Натпреварот мина во сенка на жестокиот инцидент меѓу Антонио Ридигер и капитенот на Пачука, Густаво Кабрал. Ггерманскиот дефанзивец пријавил кај судијата Рамон Абати Абел дека бил цел на расистички навреди. Судијата потоа, за прв пат во вакво натпреварување, ги прекрсти рацете пред градите, сигнализирајќи активирање на посебен протокол на ФИФА против расизмот. Сè започна во првото ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе го попушти почетокот на новата сезона. Англискиот репрезентативец ќе оди на операција на рамото. Според шпанските медиуми, Белингем ја закажал операцијата една недела по финалниот натпревар од Светското клупско првенство, за секој случај, доколку Реал се пласира во финалето. Според неофицијални информации, по операцијата, Белингем ќе се рехабилитира до октомври, поради што ќе ги пропушти натпреварите ...

Неочекуван клуб влезе во трка за потписот на Душан Влаховиќ. Српскиот напаѓач со голема веројатност ќе го напушти Јувентус во преодниот рок. Тој влегува во последната година од договорот, а ги одби понудите, за помала плата да потпише нов договор. Интерес за Влаховиќ, покрај неколку европски клубови, покажа и бразилски Фламенго. Спортскиот директор на овој клуб, Хозе Бото, зборуваше за српскиот напаѓач и шансите за негово ангажирање. „За она ...

Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира. Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони. Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и помала отколку во ...

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен. Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола ...

Фудбалскиот клуб Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми. Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона. Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година. „SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да ...

Манчестер сити обезбеди пласман во нокаут фазата на клупскиот Мундијал во САД. Во второто коло тимот од Обединетите Арапски Емирати, Ал Аин со 6:0. Натпреварот го обележа дебитантскиот гол на Клаудио Ечевери за Сити. 19-годишникот, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Ривер Плата, постигна прекрасен гол од слободен удар за 2:0. Илкај Гундоан му донесе водство на Сити во осмата минута, предноста беше удвоена во 27-та минута, а на ...

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА. Оклахома ја победи Индијана со 103:91 во решавачкиот седми натпревар во големото финале и ја освои историската титула на франшизата со резултат од 4-3 во серијата. Домашниот тим одигра одлична тимска кошарка, сепак, натпреварот во Оклахома го обележа тешката повреда на Тајрис Халибартон. По само седум минути игра, Хали ја повреди Ахиловата тетива, веројатно ја скина, а Пејсерс беа ...

Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х. Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1 Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Австрискиот тим има три, а ...

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра. Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати. Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона. Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и ...

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс, а Александар Бублик во Хале. Алкараз во финалето го победи Киржи Лехечка, а Бублик славеше во дуелот со Данил Медведев. Алкараз го победи Лихечка со 7:5, 6:7, 6:2, втор пат во кариерата го освои турнирот од серијата 500 во Квинс. Алкараз ја освои 21. титула во кариерата, четврта на тревната подлога. На овој вид подлога Алкараз во кариерата има скор 29 победи и три порази. Александар Бублик, втор пат ...

Американскиот кошаркар Кевин Дурант е разменет Феникс Санс во Хјустон Рокетс. Ова го објави добро познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија. Дјурант, двократен МВП на финалето е разменет за Џејлен Грин, Дилон Брукс, десеттиот избор на овогодинешниот драфт и пет избори од втората рунда. Дурент замина откако Санс останаа без место во плејофот минатата сезона, и покрај тоа што имаа еден од најскапите состави во историјата на кошарката и плаќаа висок ...

Талентираното момче од Јужна Африка, Камден Шејпер, кој штотуку наполни тринаесет години, веќе е на прагот на голем трансфер во фудбалскиот клуб Челзи, кој предизвика возбуда низ неговата татковина. Иако уште дете, Камден со своите игри во Англија, особено во дресот на Блекбурн Роверс, го привлече вниманието на најголемите европски клубови, меѓу кои Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Јунајтед. View this post on Instagram A post shared by ...

Тројца навивачи починаа откако паднаа од горната на долната трибина на стадион во Алжир, по завршувањето на натпреварот во кој домашната екипа МК Алжир ја освои титулата. МК Алжир ја освои својата втора последователна титула синоќа, откако одигра нерешено 0:0 против Магра. Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот на стадионот „5 јули“ во Алжир, кога се урна ограда во горниот дел од трибината. Неколку десетици навивачи паднаа од ...

Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата. Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога ...

Баер Леверкузен и Ливерпул продолжија да си ја вршат размената на летниот фудбалски пазар. Откако шампионот на Англија ги купи Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг од вицешампионот на Германија за огромни суми пари, сега еден играч на Ливерпул замина во спотивната насока. Фабрицио Романо објави дека Баер го купил талентираниот англиски стопер Џарел Кванса за 30 милиони евра. Доколку Кванса исполни одредени бонуси, трансферот ќе се зголеми за уште ...

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, изјави дека би сакал да игра со еден од најталентираните играчи во светот, асот на Барселона, Ламин Јамал. Рашфорд ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, а моментално тренира во Шпанија за да ја одржи својата форма пред почетокот на тимските подготовки. Постојат многу шпекулации за тоа каде всушност ќе настапува следната сезона, бидејќи го напушти „Олд ...

Виљареал е уверен дека наскоро ќе го договори трансферот на дефанзивецот Рафа Марин. „Жолтата подморница“, која заврши на петтото место во Ла Лига оваа сезона и обезбеди место во Лигата на шампионите, долго време покажува интерес за шпанскиот централен бек, објавува „Туто Меркато“. Клубот моментално е во преговори со Наполи, кој се обидува да ги врати 12-те милиони евра што ги потроши за играчот минатата година. И покрај тоа што Наполи ја ...

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, ја одбил можноста да се пресели во Комо. Антони, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Бетис. Успеа да се врати во форма по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, му помогна на Бетис да дојде до шестото место во Примера и да игра финале во Конференциската лига. Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Антони сака да се врати во Бетис. И шпанскиот клуб има желба да го ангажира Антони, ...

Голманот на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа, изјави дека сака да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“. Куртоа (33) има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2026 година. Белгискиот голман призна дека преговара со раководството на мадридскиот клуб во врска со продолжување на соработката. „Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал Мадрид. На располагање сум на клубот, тие знаат дека сакам да останам тука… Се надевам дека ...

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Руди Гобер, нема да игра за француската репрезентација на претстојното Европско првенство. Гобер е двократен освојувач на сребрен олимписки медал и шесткратен освојувач на медал со француската репрезентација. Ова е само втор пат во репрезентативната кариера на 32-годишникот да пропушти големо натпреварување – претходно тоа се случи на Евробаскетот во 2017 година. Не е познато во кој состав ќе игра Франција ...

Италија донесе нов закон кој го третира насилството врз фудбалските судии како напад врз службени лица, како што се полицајците, објави Ројтерс. Отсега па натаму, агресивното однесување кон судиите – вклучувајќи туркање, удирање или заканување – ќе биде построго казнувано, со можни затворски казни. Ова го објави министерот за спорт Андреа Абоди откако владата го усвои декретот. Законот не се однесува само на судиите, туку и на сите службени ...

Овиедо по 25 години се врати во елитниот ранг на шапнскиот фудбал. Во дрматичниот реванш против Мирандес, Овиедо победи по продолженијата со 3:1. Херои на победата на Овиедо се ветераните Санти Казорла и Франциско Портиљо. Натпреварот не започна добро за тимот од Астурија, бидејќи Аргентинецот Хоакин Паничели во 19-та минута постигна гол за Мирандес и ја зголеми предноста на неговиот тим во вкупниот резултат на 2:0. Овиедо изедначи од пенал во ...

Фудбалерите на Инер со тешка мака ја забележаа првата победа на клупскиот Мундијал. Со гол во 92.минута Интер ја победи Урава со 2:1. Урава го шокира европскиот вице првак во 11.минута. Брилијантната акција на Канека со гол ја заврши Ватанабе. До крајот на првото полувреме, Интер имаше две одлични шанси за израмнување, прво Лаутаро Мартинез шутираше над голот од добра позиција во 20-та минута, а пет минути подоцна Залевски беше блокиран во ...

Фудбалерите на Фламенго го победија Челзи со 3:1 во натпреварот од второто коло на Светското клупско првенство. Англичаните поведоа со голот на Педро Нето во 13-тата минута, но Бразилците доминираа во второто полувреме. Прво, Бруно Енрике израмни во 62-та минута, додека Данило постигна гол во 65-та минута за 2:1. Конечните 3:1 ги постави Волас Јан во 83-та минута. Работата на Фламенго му ја олесни Николас Џексон, кој доби директен црвен картон ...

Трансферот на Мартин Зубименди реши само еден проблем во редот на врска во Арсенал. До крајот на преодниот рок, Микел Артета ќе мора да затвори уште една „дупка“. Непланирано, Арсенал на пазарот ќе мора да најде уште еден дефанзивен играч во редот за врска. Ваквиот епилог е резултат на неуспешните преговори со Томас Парти. Репрезентативецот на Гана од 30 јуни ќе биде слободен играч, клубот неколку месеци преговара со неовиот менаџер, но засега ...

Фудбалерите на Ривер Плата, во раните утрински часови по средно европско време ќе го одиграат вториот натпревар на клупскиот Мундијал. По победата над Урава (3:1) во првото коло, во второто Ривер за противник ќе го има Монтереј. Марсело Гаљардо, тренерот на тимот од Буенос Аирес, им откри на медиумите дека тој го повикал Кристијано Роналдо да игра на Светското клупско првенство за Ривер Плата. Роналдо неодамна изјави дека имал „покана од клуб ...

Борусија Дортмунд ги победи Мамелоди Сандаунс на Светското клупско првенство на ФИФА. „Милионерите“, во Синсинати, победија со 4:3. Дортмунд ја контролираше ситуацијата на теренот од првата минута, иако Мамелоди беше многу опасен. Интересно е што натпреварот започна со контранапад на Мамелоди и африканските играчи лесно можеа да поведат од самиот почеток. Дортмунд се бранеше, а потоа… Студен туш. Рибеиро го совлада Кобел за да им донесе на ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.65
73%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.41
97%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
83%
1029
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1029
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.68
86%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.57975

Злато

139470.53

Родиум

258009.74

Сребро

2128.87

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Калај

42.35

Цинк

3.03

Паладиум

52470.02

Платина

61733.50

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.90

Кобалт

58.42