Реал Мадрид мора да направи реконструкција на позицијата десен бек. По повредата на Дани Карвахал, еден од хероите на минатосезонското финале во Лигата на шампионите во кое постигна гол против Борусија Дортмунд, единствена опција на оваа позиција е Лукас Васкез. Главна цел на реал е бекот на Ливерпул Трент Александер-Арнолд, но овој трансфер евентуално може да биде реализиран во летниуот преоден рок. Договорот на англиската ѕвезда истекува на ...

Ракометарот на Португалија, Мигел Мартинс нема да игра за својата репрезентација на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Играчот на дански Олборг, неколку часа пред првиот натпревар на Португалија против САД паднал на допинг тестот. Мартинс е еден од најдобрите играчи во португалската репрезентација, има постигнато 243 гола на 108 настапи. Од актуелниот состав повеќе голови од неги постигнале само Педро Портела (483), Фабио ...

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, Јовиќ во кариерата играше во најголемите клубови во земјава: Борец, Јафа Промет, Вардар, Металург, Пелистер. Играше со македонската репрезентација на две големи натпреварувања: Светското првенство во 2009 и Европското првенство во 2012 година. Последните месеци, ...

По Рандал Коло Муани (26), Јувентус го комплетираше и трансферот на португалскиот дефанзивец Алберто Кошта (21), кој во Торино дојде од Виторија Гимараеш. Португалецот веќе е во Торино каде ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ги заврши сите потребни формалности за потпишување договор со италијанскиот гигант. Истиот ден, Коло Муани ќе ја финализира својата преселба во Јуве и ќе се стави на располагање на тренерот Тиаго Мота. Јувентус ќе и плати ...

Новак Ѓоковиќ требаше да присуствува на последниот меч на Рафаел Надал, но поразот од Шпанија во четвртфиналето на Дејвис купот ги изненади сите, вклучително и самите организатори. Долго време потоа се зборуваше дека збогувањето е недостојно за кариерата на еден од најголемите тенисери на сите времиња, па дури и Ѓоковиќ се согласи дека се можело да биде организирано подбро. „Не ги знам точните детали за тоа како планираа да ја направат ...

Манчестер сити дефинитивно ќе го одбележи јануарскиот преоден рок. Медиумите открија дека Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима. Според овие извори детали го делат репрезентативецот на Египет од прселба на „Етихад“. Флоријан Плетенберг откри дека Сити нуди 70 милиони, Ајнтрахт бара 80, па сигурно е дека „граѓаните“ ќе понудат дополнителни бонуси за затворање на зделката во следните 48 часа. Тој додава дека сигурно е дека Мармуш нема ...

Челзи го врати дефанзивецот Тревор Чалоба, кој пред шест месеци замина на позајмица во Кристал Палас. Покрај Марк Гуехи, Чалобах игра одлично сезонава, а „Сините“ во последно време мака мачат и со резултати и со повредите и лошата форма на централните дефанзивци. Енцо Мареска реши предвреме да го врати Чалоба, со оглед на тоа што позајмицата на англискиот интернационалец важеше до крајот на јуни. Чалоба одигра 12 натпревари за Кристал Палас во ...

Ракометните репрезентации на Италија и Франција со убедливи победи го отворија 29. Светско првенство. Италија на најдобар можен начин по 20 години се врати на СП. Во Б групата, Италија го победи Тунис со 32:25. Кај Италијанците најдобар беше Пратнер, кој имаше двоцифрен учинок (10), додека Булзамини и Менгон постигнаа по четири гола. Во редовите на туниската репрезентација најефикасен беше Бен Абдалах со шест гола, а Мараф постигна четири гола. ...

Шон Дајч за прв пат проговори откако доби отказ во Евертон. Соопштението во негово име го објави Здружението на менаџери од Премиер лигата, како што е вообичаено во Англија. „Беше чест да се раководи со Евертон, клуб со голема традиција и огромна база на навивачи во Ливерпул и ширум светот, иако ова е еден од најтешките периоди во историјата на клубот. И покрај сите предизвици со кои се соочивме, сакав да се уверам дека клубот оди во вистинска ...

Лука Јовиќ до крајот на зимскиот преоден рок, како слободен играч, ќе го напушти Милан. Клубот од „Сан Сиро“ не бара обесштетување, целта е да се ослободи од платата на Јовиќ. Лука Јовиќ ќе се пресели во Монако, по иницијатива и желба на тренерот на клубот, австрискиот стручњак Адолф Хитер. Според „Танјуг“, заемен интерес има, преговорите се при крај, а реално е да се очекува наскоро и официјална промоција. Јовиќ поради Хитер и Монако одбил ...

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди го раскина договорот со Трабзон. Барди без обесштетување ќе го напушти клубот. Постои можност тој да се врати во Шпанија каде претходно успешно го носеше дресот на Леванте. Тренерот на Трабзон, Шенол Гунеш, на почетокот на ноември го исфрли Барди и уште неколку триги играчи од тимот. Подоцна Барди доби дозвола да трениера со првиот тим, но беше јасно дека во зимскиот преоден рок ...

Манчестер сити во 21. коло од Премиер лигата на гостувањето кај Брентфорд испушти предност од два гола во само 10 минути. Сити со головите на Фил Фоден имаше водство 0:2, но тогаш Виса и Норгард погодија за 2.2. Но, реалноста на Сити и по оваа пропуштена победа е дека се бори за четвртото место сезонава и за пласман во Лигата на шампионите. По ова реми, Манчестер сити е шести во Премиер лигата со 35 бодови, исто толку колку и петтопласираниот ...

Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани ќе биде новото засилување на Јувентус. Напаѓачот на Пари Сен Жермен пристигнува во Торино на позајмица до јуни оваа година, без опција за откуп. Тиаго Мота, тренерот на „Старата дама“ сака да ја засили конкуренцијата во нападот, но се е исклучено Дуашн Влаховиќ да го напушти клубот. Коло Муани, во првиот дел од сезоната настапи на само 14 натпревари за ПСЖ. Постигна два гола и забележа една асистенција, а ...

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски изјави дека атмосферата е одлична во националниот тим и дека сите со нетрпение го чекаат стартот на шампионатот. Според репрезентативниот голман треба да се гледа со почит кон Гвинеја, иако е за првпат на Светско првенство, сепак има ракометари кои играат во европските лиги. -Во завршна фаза сме на подготовките за СП. Атмосферата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме првиот натпревар, знаеме ...

Кошаркарскиот клуб Партизан со скратен ростер отпатува во Франција, каде утре од 20 часот ќе игра против Асвел во Евролигата. Од клубот за „Спорт клуб“ потврдиле дека Американецот Двејн Вашингтон има сипаници и дека поради ќе го пропушти дуелот со Асвел, но веројатно и некои од следните натпревари на црно-белите. Колку долго Вашингтон ќе паузира? Тешко е да се каже, но за тренерот Жељко Обрадовиќ важно е инфекцијата да не се шири во тимот. Кај ...

Нотингем Форест и Ливерпул освоија по бод, откаково дерби мечот од 21. коло одиграа 1.1. Серија од шест последовни победи „Шумарите“ ја прекинаа против лидерот на табелата, иако ремито е добар резултат за нив. Нотингем Форест со 41 бод се наоѓа на второто место на табелата, Ливерпул е лидер со 47 и натпревар помалку, Арсенал со натпревар помалку е трет со 40 бодови. Нотингем Форест водеа од осмата минута, кога Крис Вуд го искористи додавањето на ...

Соработката на Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј е во центарот на вниманието на светската и тениската јавност. Некогаш големите ривали барем засега функционираат добро и на теренот и надвор од него, што е видливо во нивната комуникација. Енди Мареј даде интересен одговор на прашањето зошто ја прифатил поканата на Ѓоковиќ да биде негов тренер. „Дојдов затоа што сакав да избегам од моите деца, во Новак добив едно големо дете“, се насмеа Мари, а потоа ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа победа на гости кај Далас од 112:101, иако домашните Маверикс имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот. Ослабениот Далас, кој остана без своите две ѕвезди Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, водеше со 86:67 во осмата минута од третата четвртина. Сепак, до крајот на тој период Нагетс ја намалија негативата на 10 поени (89:79), а за неполни три минути игра во последниот дел од натпреварот ...

Голем скандал ја тресе фудбалска Шпанија. Дефанзивецот на Севиља, Кике Салас, е уапсен од надлежните институции, поради освновано сомнение, но и поседување на докази дека нелегално се обложувал. Поточно вршел уплати дека на мечевите на кои што игра неговиот тим ќе има одреден број на санкции односно жолти картони. Истрагата ја спроведува судот во Морон де ла Фронтера, пренесува „Ел Конфиденсијал“. Други две лица кои биле дел од најтесното ...

Манчестер сити испушти предност од два гола кај Брентфорд, Челси во 05.минута се спаси од пораз против Борнмут, а Вест Хем во малото лондонско дерби го победи Фулам со 3:2. Манчестер сити беа блиску до трет последователен триумф, благодарение на головите на Фил Фоден во 66. и 78. минута, но „пчелите“ успеаја да дојдат до бод во судиското надополнување. Домашниот тим намали во 82. минута преку Жоан Виса, а потоа Кристијан Норгард со глава го ...

Аталанта и Јувентус одиграа нерешено (1:1) во дербито во Серија А. Ова беше одлоѓжен натпревар од 19.коло. „Старата дама“ водеше во 54. минута со голот на Пјер Калулу, но тимот од Бергамо дојде до бод во 78. минута преку Матео Ретеги. Јувентус ја продолжи серијата на нерешени резултати, ова е 13.реми за четата на Тијаго Мота во 20.натпревар, односно седми нерешен резултат на последните осум натпревари. Аталанта е на третото место со 43 бода, ...

Фудбалерите на Милан забележаа победа во Комо 2:1 во 19. коло од Серија А. Многу важна победа за Милан, како и за новиот тренер Сержо Консеисао, за кого ова е прв триумф во Серија А. Милан со пресврт, во интервал од само пет минути успеа да дојде до победата во Комо. Домашните поведоа во 60. минута, кога Асан Диао лесно го соби дуелот со Тео Ернандез и го совлада голманот Мајк Мењан. Грешката Ернандез ја исправи во 71. минута, кога постигна ...

Фудбалерите на Кил во својата дебитанска сезона ја забележаа најголемата победа во Бундес лигата. Во 17.коло, Кил со 4:2 ја победи Борусија Дортмунд. По оваа победа Кил стигна до 11 бода, но се уште е во зоната за испаѓање, додека Дортмунд го забележа вториот пораз во новата година и се наоаѓа на осмото место со 25 бода. Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме, кое го загуби со 3-0. Најпрво во 27. минута Машино му донесе водство на својот ...

Како што претходно беше најавено, Хвича Кварацхелија потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Грузискиот фудбалер по три сезони го напушти Наполи, ПСЖ за неговиот трансфер издвои околу 70 милиони евра. ПСЖ во текот на летото се обиде да го доведе 23-годишниот крилен напаѓач како замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал Мадрид. Во август планот не успеа, но шест месеци подоцна фудбалерот побара од Наполи да му овозможи трансфер во Париз. ...

Норвешки Виперс Кристијансанд заминува во историјата. Клубот не собра доволно финансии за да продолжи, па претсанува да постои и прогласи банкрот. Тимот одигра натпревар во Лигата на шампионите за време на викендот, што беше последен меч за најдобриот тим на Стариот континент во 2021, 2022 и 2023 година. Заради згаснувањето, ќе бидат избришани сите резултати на овој клуб во шампионатот и во Лигата на шампионите. Виперс Кристијансанд беше ...

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го заврши учеството на Австралија опен во првото коло. Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека (112. на АТП листата) го победи Рубљов со 3:0 (7:6(1), 6:3, 7:6(5). Од стартот искусниот Рус и 18-гдишникот од Бразил водеа голема борба. Немаше брејк во првиот сет, а во 13.игра, Фонсека го декласира Рубљов со 7:1 и го освои сетот. Борбата во првиот сет беше изедначена до крајот. Ниту еден од играчите не успеа да го избие сетот, ...

Кристофер Енкунку реши во овој преоден рок да го напушти Челси. Францускиот репрезентативец нема по добро да се сеќаваа на ангажманот во Лондон. Имаше проблеми со повредите, а кога се рехабилитираше од повредите, предност во нападот кај Енцо Мареска има Николас Џексон. Според бројни извори, Французинот ги договорил лични услови и чека дозвола од клубот за да го реализира трансферот во Баерн Минхен. Според медиумите, Баерн сака да го откупи ...

Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако со 3:2 во сетови го совлада Тајланѓанецот Кесидит Самреи. Медведев, петторангираниот тенисер во светот, за три часа и осум минути го победи 418. рангиран на АТП листата со 6:2, 4:6, 3:6, 6:1, 6:2. Рускиот тенисер одлично го отвори мечот и првиот сет го доби рутински со 6:2. Сепак, Самреи успеа да направи пресврт. Тајланѓанецот успеа да го добие вториот сет со ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос доживеа пораз во првото коло на Отвореното првенство во Мелбурн, каде беше совладан од Британецот Џејкоб Фернли, а по натпреварот за медиумите изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да настапи на овој Грен-Слем. – Искрено, не сум сигурен дали се гледам на уште едно издание во сингл-конкуренција. Едноставно, не сакам да излезам повреден и само да ги предавам мечевите. Навивачите со нетрпение го очекуваа моето ...

Вечерва од 21 часот на „Сити Граунд“ во Нотингем, се игра дербито на 21.коло во Премиер-лигата меѓу Нотингем Форест и Ливепул, меѓу третиот на табелата и првопласираниот. Ретко кој очекуваше дека „Шумарите“ во оваа фаза од тековниот шампионат ќе бидат така горе на табелата и дека така одлично ќе играат. Токму затоа во пресрет на вечерашниот меч, стратегот на “Редси“, Арне Слот и тоа како во суперлативи говореше за утрешниот противник. – Секогаш ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
43%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
47%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
36%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.72
36%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
39%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
35%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
7.2
39%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
50%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75