Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл „Сент Џејмс Парк“ со 4:1, во првиот натпревар од 22. коло на англиската Премиер лига. „Црешите“ го растажија својот поранешен менаџер Еди Хау и ја прекинаа брилијантната серија на Њукасл од девет последователни победи, од кои шест во Премиер лигата. Исто така заврши и серијата на Александер Исак, кој постигнуваше најмалку по еден гол на последните осум натпревари. Борнмут буквално го декласира својот ...

И дефинитивно на Џирона не и оди без Македонецот Бојан Миовски кој поради повреда го пропушти и денешниот меч со Севиља. Тимот од Каталонија дома беше поразен од Севиља со 1:2. Во меч од 20.коло во Ла Лига интересно беше во секој случај. Уште во 3.минута гостите не реализираа пенал преку Ромеро. Тоа го казни Мартинез со гол во 36.минута за водство на Џирона од 1:0. И така беше се до 59.минута кога Саул израмни на 1:1, а во 88.минута, значи во ...

Во терминот од 16 часот се одиграа три натпревари во Премиер лигата и сите завршија со победи на гостите со идентични 2:0. Ливерпул во судиското надополнување го скрши отпорот на Брентфорд и оствари нова победа и со тоа го задржа првото место на табелата. Двоен стрелец за Ливерпул беше Дарвин Нуњез, кој во 91. и 93. минута го матираше голманот Флекен и му помогна на Ливерпул да извлече победа во тешкото гостување. Во следното коло Ливерпул го ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга ќе отсуствува три недели поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот фудбалер се повреди во четвртокот во Купот на Шпанија против Селта, кој Реал го доби по продолженијата со 5:2. „По извршените тестови од медицинската служба, на Камавинга му беше дијагностицирана повреда на мускулот на левата тетива“, се наведува на клупската веб-страница. Реал не прецизираше колку време Камавинга ќе ...

Дилема повеќе нема, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, се враќа во Шпанија. „АС“, пишува дека Барди ќе ја продолжи кариерата во Ваљадолид, чии сопственик е славниот Бразилец Роналдо. Енис Барди, пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната одигра само осум натпревари. Во ноември минатата година, Барди и уште тројца играчи, беа отпишани од тренерот Шенол Гунеш. Откако заврши со ...

Разочарувањето кај македонските ракометари, а и кај македонската јавност е голема, после загубениот натпревар против Холандија во рамките на Светското првенство во ракомет. И македонскиот репрезентативец Марко Митев не го криеше своето разочарување после натпреварот. -Во прво полувреме требаше подобро да им ја запреме транзицијата. Пробавме да се вратиме, но Данците не ни го дозволија тоа. Не сум видел ни на клупски ни на репрезентативен меч, ...

Заврши сагата, Хвича Кварацкелија е нов играч на Пари Сен Жермен. Наполи заработи 70 милиони евра плус некои бонуси, а Грузиецот потпиша четири и пол годишен договор за 8,5 милиони евра нето по сезона. Трансферот на Кварацхелија го обележа зимскиот преоден рок. Клубовите преговараа една недела, Наполи се обиде да извлече повеќе пари, но мораше да попушти кога Кварацхелија јасно кажа дека сака да замине од Неапол. Наполи и тренерот Антонио Конте ...

Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис ќе го продолжи договорот со Баерн Минхен, иако во последните месеци се чинеше дека тој ќе го напушти клубот кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната. Дејвис ги финализираше сите детали од новиот договор со челниците на Баерн, кој ќе важи до летото 2029 година. Како што дознаваат инсајдерите Флоријан Плетенберг (Скај Спортс Германија) и Дејвид Орнштајн (Атлетик, Велика Британија), сè уште има ...

Новак Ѓоковиќ рутински го совлада Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен. Мечот кој Ѓоковиќ го доби со 3:0 (6:1, 6:4, 6:4), траеше два часа и 22 минути. Српскиот тенисер го контролираше дуелот од првиот до последниот поен, во ниту еден момент не му дозволи на махач да ја развие својата игра. Србинот Изгледаше многу постабилно и поконстантно отколку во првите две кола. На крајот призна дека ова е неговиот најдобар меч во досегашниот тек ...

Американскиот кошаркар Денис Смит Јуниор е нов играч на Реал Мадрид, објави веб-страницата на Евролигата. Овој 27-годишен плејмејкер потпиша договор со Реал до крајот на сезоната, а ќе го носи дресот со број четири. Смит во својата досегашна кариера играше во НБА за Далас, Њујорк Никс, Детроит, Портланд, Шарлот и Бруклин. Во НБА лигата одигра 326 натпревари, со просек од 9,7 поени, 4,2 асистенции, три скока и 1,2 украдени топки. Минатата сезона ...

Легендарниот шкотски фудбалер Денис Ло, најпознат по десетгодишниот период во Манчестер јунајтед, почина во петокот на 84-годишна возраст. Веста ја соопшти неговото семејство, а по фантастичниот напаѓач тагуваат во Манчестер, Велика Британија и светот. Ло ја започна својата кариера во Хадерсфилд, а помина една сезона во Манчестер сити и Торино, пред да го облече дресот на Манчестер јунајтед. За Јунајтед играше во периодот од 1962 до 1973 година, ...

Македонската ракометна репрезентација не успеа да слави победа против Холандија, беше поразена со 37-32. Избраниците на Кирил Лазаров се бореа до последната минута, но данските судии не дозволија едноставно да изгледаме на теренот поинаку. Селекторот Кирил Лазаров на прес-конференцијата немаше многу да издвои за почеток. Не сакаше пред време да ги коментира сите настани. „Честитки до Холандија. Не сум паметен во овој момент да кажам нешто, мора ...

Во првиот натпревар од 18. коло на Бундес лигата, Ајнтрахт Франкфурт ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Ајнтрахт се зацврсти на третото место во поредокот. Со натпревар помалку заостануваат два бода зад Баер и шест зад лидерот Баерн. Борусија Дортмунд продолжи катастрофалните резултати на гостувањата. Клубот од Дортмунд се уште нема победа во 2025 година. Сезонава ова е шести пораз за клубот од Дортмунд на деветтото гостување во Бундеслигата. ...

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина се пласираше во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако во пет сета го совлада 48. рангираниот Чех, Јакуб Меншик со 3:6, 4:6, 7:6, 6:4, 6:2. Мечот траеше трМеншик одлично го започна натпреварот, во првите два сета направи по еден брејк и поведе со 2:0. Тенисерите направија по два брејка во третиот сет, а тај-брејкот донесе вистинска драма. Давидович Фокина спаси две меч топки и го доби ...

Бенџамин Шешко нема да заврши во Арсенал на позајмица оваа зима, тврди менаџерот на играчот Елвис Башановиќ. Шешко е играч на Лајпциг и не знам од каде таа приказна. Тој не некој што оди на позајмици, дали во Арсенал или кој било друг клуб“. Минатото лето, младиот Словенец наводно одбил трансфер во Арсенал бидејќи не бил сигурен дека е подготвен да биде прв избор во клуб кој се стреми кон титулата во најсилната лига на светот. Англичаните ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, веројатно ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Еламс сезонава ретко игра, од тренерот Марко Росе доби 44 минути во Бундес лигата и 15 во Лигата на шампионите. Кон крајот на ноември минатата година, кога Елмас се повреди против Латвија, водечкиот германски медиум „Билд“, објави дека Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец за 24 милиони евра. Интерес за Елмас покажа ...

Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонзало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт Франкфурт и брилјираше во Бундеслигата. ПСЖ реши да издвои 95 милиони евра за неговиот трансфер од Франкфурт, а Муани потпиша петгодишен договор. 16 месеци подоцна, Муани е вишок во ПСЖ. Тренерот Луис Енрике им порача на клупските челници да му бараат нов клуб. Затоа го испратија на позајмица во Јувентус, ...

Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот. По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија ...

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, по една преспиена ноќ направи уште една ретроспектива на мечот со Унгарија и го најави дуелот против Холандија во рамки на СП. Ракометната легенда истакна дека важно му е да види борба како со Унгарија и со Хрватска, а од своите ракометари побара да не гледаат во семафорот и да бидат максимално фокусирани на теренот. „Јас ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и ако се ...

Пивотот на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски, кој издржа безброј дуели со корпулентните унгарски играчи е задоволен од прикажаната игра на „црвено-жолтите“ на првиот свој настап на Мундијалот 2025. Македонија синоќа во Вараждин одигра нерешено, 27:27 со фаворитот Унгарија. -Супер тежок натпревар, откако потешко го започнавме денот по веста за смртта на Александар Јовиќ. Сепак собравме сила да излеземе и изгинеме на теренот. ...

Откако претходно беа разрешени досегашните селектори денеска ФФМ ги објави имињата на новите селектори во младинските категории. Димитар Капинковски е назначен за селектор на македонската репрезентација до 18 години (генерација 2008.). Капинковски е поранешен репрезентативец на Македонија и тренер на битолски Пелистер, Победа Прилеп и Самтредиа од Грузија. Капинковски до 2019 години беше главен тренер во Националната фудбалска академија во ...

Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер сити. Норвежанецот го продол7и договорот до 2034 година, што е реткост во професионалниот спорт, особено во фудбалот. Норвешкиот голгетер, еден од најдобрите во светот, и англискиот шампион потпишаа договор кој англиските медиуми го нарекуваат еден од најбогатите во историјата на спортот. Клубот објави видео со кое го потврди договорот, а тоа го направи и самиот Халанд. Видеото објавено од Халанд ...

Фудбалскиот сојуз на Белгија го отпушти тренерот Доменико Тедеско (39) по серијата лоши резултати. Неколку недели се очекуваше дека Тедеско ќе добие отказ, особено откако не се појави на ждрепката за квалификациските групи за СП 2026 година. Под водство на Тедеско, Белгија едвај се пласираше во осминафиналето на минатогодишното Европско првенство, а во Лигата на нации го освои третото место со само една победа во шест натпревари. Овие резултати ...

Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид. Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен. 19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет натпревари. Во летниот преоден рок Атлетико реши да го испрати на ...

Нejмар (32) откри детали од турбулентната кариера во големото интервју со легендарниот сонародник Ромарио. Како дете бев под голем притисок. Секој ден добивав повици од Реал Мадрид и Барселона. Буквално, секој ден ми се јавуваа претседателите на двата клуба и ме убедуваа да дојдам. Се замислував себеси во двата дреса. На крајот, го послушав своето срце и ја избрав Барселона и не се каам затоа што ги избрав нив, а не Реал. За нив тогаш играше ...

Данил Медведев, во спектакуларен меч по четири часа и 48 минути загууби во второто коло на Австралија опен од Американецот Лернер Тиен. 19-годиникот победи со 6:3, 7.6, 6:7, 1:6, 7:6. Мечот заврши во три часот наутро по Аватралиско време. Медведев налета на „тврд орев“ во младиот Американец. Не делуваше добро во првите два сета, но успеа да се извлече во третиот сет, во тај-брејкот спаси меч топка, а потоа со 10:8 ја доби 13.игра и остана во ...

Ерлинг Халанд ќе остане во Манчестер сити до крајот на кариерата. Водечкиот британски фудбалски „инсајдер“ Дејвид Орнштајн, утрово објави дека англискиот шампион постигнал и 24-годишниот напаѓач се согласиле актуелниот договор на Халанд да биде продолжен до 2034 година. Исто така, споредено со претходниот договор што го потпиша кога пристигна на Островот во јули 2022 година во трансфер вреден 60 милиони евра, сите излезни клаузули се отстранети, ...

Норвешкиот тенисер Каспер Руд е елиминиран во второто коло на Австралија опен. Руд во четири сета загуби од Јакуб Меншик. Чехот, кој се наоѓа на 48. место во светот, беше подобар од шестопласираниот на АТП листата со 6:2, 3:6, 6:1, 6:4. Во третото коло Меншик ќе игра со победникот од дуелот меѓу Феликс Оже=Алијасим и Алехандро Давидович Фокина. Руд, кој стигна до четвртото коло на Австралија опен во 2021 година, а во кариерата три пат играл ...

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1, откри тркачкиот директор на јапонскиот тим, Масаја Каџи во интервју за „Аутоспорт“. Тојота учествуваше со фабрички тим во Формула 1 помеѓу 2002 и 2009 година, но не постигна некој значаен успех. Всушност, учеството на Тојота во Формула 1 често се опишува како најскапиот неуспех во историјата на спортот, имајќи предвид дека Јапонците често имаат најголем буџет од ...

Трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри од следната сезона ќе го води Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Двете страни постигнаа договор, а оваа информација ја пренесе Фабрицио Романо. Алегри е без работа од минатата сезона, кога на крајот на сезоната доби отказ во Јувентус. Тој ќе го предводи тимот кој моментално е петти на табелата со 14 бода помалку од лидерот Ал-Хилал. Ал Ахли три пати беше шампион на Саудиска Про лига, последен пат во ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.6
43%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
47%
1015
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
36%
1015
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.72
36%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
39%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
35%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
7.2
39%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
50%
1012
Currency

61.535

Currency

52.4284

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15026.50

Рутениум

21637.45

Калај

34.16

Сребро

1156.75

Злато

105595.08

Бакар

10.15

Паладиум

35623.03

Платина

42792.69

Родиум

176025.34

Цинк

2.75