Организаторот на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, ГРК Охрид, ги објави групите за овогодинешното издание и финалниот распоред на натпреварите. Во групата А ќе ги гледаме ГРК Охрид, Киндил Торшавн, Партизан и Нексе, а во групата Б силите ќе ги одмерат Вардар 1961,Динамо Панчево Е.Пелистери АЕК од Атина. На програмата ќе имаме по три меча од групната фаза, кои ќе се играат од вторник до петок, а натпреварите за конечен пласман се ...

Тимот на Интер во моментов може да се каже дека е најуспешниот тим во Серија А. Сеуште е во игра за Скудетото, а како што е добро познато, ќе игра и во финалето на Лигата на Шампионит против тимот на ПСЖ. Сето ова, а посебно самиот успех во Лигата на Шампионите за Интер сеонава значаа огромна заработувачка. Како што објави „Газета дело Спорт“, Интер заработил 133 милиони евра од награди во Лигата на шампионите и околу 60 милиони евра од продажба ...

За сума од 60 милиони евра, тимот на Арсенал, постигна договор за купување на досегашниот играч на тимот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Играчот кој беше мета на огромен број на клубови ширум Европа, се реши за Премиер лигата и Арсенал, затоа што веројатно очекува да освојува титули. Како клубот така и самио играч веќе постигнаа усен договор, а писмениот официјално ќе биде потпишан на 1 јуни кога ќе стартува летниот преоден рок. Само ...

Светското првенство за жени ќе се префрли од формат со 32 екипи на 48 екипи од 2031 година, одлучи Меѓународната фудбалска централа (ФИФА). Одлуката беше донесена едногласно од Советот на ФИФА, кој го зеде предвид „извонредниот напредок на женскиот фудбал низ целиот свет“, објави седиштето пред својот 75-ти Конгрес, кој ќе се одржи во Асунсион (Парагвај). Првенството во 2031 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, а жените ќе ги ...

Иако дури во јули ќе наполни 18 години, сепак според некои уште сега со само 17 години Ламине Јамал во моментов е најдобриот фудбалер во светот. Иако не успеа во епскиот меч во Милано да го совлада барем еднаш Јан Зомер, а имаше 3-4 шанси, сепак младиот офанзивец на Барса во целост го искажа сиот свој талент. Да не говориме дека ниту Меси ни Роналдо не играле така кога биле на негова возраст. Нема сомневање дека светот на фудбалот добива нова ...

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, а посебно каталонските, Дон Флорентино Перез и пред неделниот меч со Барса е лут на сите, а посебно на оние кои ги делегираат судиите. Првиот човек на Реал Мадрид не бил задоволен од тоа кој ќе суди на неделното мега – дерби, па затоа не планира да патува во Барселона и со тоа нема да биде дел од делегацијата на Реал на неделниот меч на „Монжуик“. Ова е втората верзија од приказната, првата беше дека ...

По поразот на нашите ракометари на гости, сега Литванците имаат мотивација и самодоверба за овој меч. Токму тоа го покажа селекторот Гинтарас Савукинас со последната изјава. „Ќе биде многу тешко во Македонија, а нам тоа ни совршено е јасно. Моите ракометари се одлучни во намерата да се освои барем тој еден потребен бод. Словенија веќе е архивирана и сè е насочено кон последниот предизвик. Потребен ни е позитивен резултат во Скопје, барем еден ...

ПСЖ е во еуфорија. “Светците“ од Париз откако го елиминираа Арсенал, по вторпат во својата клупска историја ќе играат во големото финале во Лигата на Шампионите. Тимот од Париз на 31 мај на „Алијанц Арената“ во Минхен во битката за најважниот пехар во клупскиот фудбал ќе се соочат со Интер. Ова за ПСЖ ќе биде второ финале, откако во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен. Познато е дека да се добие билет за финале во ЛШ е тешка мисија, и затоа ...

Никола Миротиќ го напушта тимот на Олимпија Милано после две години престој во Италија и ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот гигант, Монако. Информацијата ја сподели новинарот Тео Кинтар, кој тврди дека Миротиќ потпишал двегодишен договор (2+1 година) и ќе се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона. Монако добива огромно засилување во неговото име. Просечниот учинок во Евролигата изнесуваше 17,7 поени, 6,4 скока и ...

озе Мурињо даде саркастичен одговор на прес-конференција кога беше прашан како го избира тимот. Кога го прашаа како постојано ги менува почетните единаесет, тренерот на Фенербахче му одговори потсмевливо на еден новинар. „Имам 25 монети. Ги фрлам во воздух. Оние што остануваат на масата се оние што ќе играат. Оние што паѓаат на подот одат на клупата. Така го правам тоа. Во текот на неделата се забавувам. Секој ден одам во ноќни клубови во ...

Неверојатни сцени се случија при крајот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Башакшехир и Фенербахче, а во главните улоги беа Душан Тадиќ и Андерсон Талиска. За малку ќе дојдеше до тепачка помеѓу соиграчите. Душан Тадиќ и Андерсон Талиска за малку ќе се физички судреа на натпреварот против Башакшехир. Малку фалеше да дојде до конфликт. Сѐсе случуваше на крајот на првото полувреме. Тадиќ не му ја додаде топката на Бразилецот кој беше во ...

Мохамед Салах е еден од најзаслужните фудбалери што Ливерпул сезонава успеа на убедлив начин да стигне до титула во Премиер лигата, а официјално ја доби и првата од серијата престижни награди кои ќе бидат доделени за актуелната сезона. Очекувано, Салах е избран за број еден фудбалер во Премиер лигата од страна на Здружението на специјализирани новинари кои ги следат случувањата на англиската фудбалска сцена. Според резултатите, дури 90 проценти ...

Тимот Алпин објави дека Франко Колапинто ќе го замени Џек Дуан барем за следните пет трки од Формула 1, откако Оливер Оукс поднесе оставка од функцијата шеф на тимот, а неговите должности ги презеде Флавио Бријаторе. Оукс наводно го напуштил францускиот тим токму поради одлуката на Бријаторе да го отфрли Дуан по само шест трки и да му даде шанса на Колапинто, за што се шпекулираше откако Аргентинецот беше доведен како тест возач. Колапинто ќе го ...

Дејмонд Грин ќе остане запаметен во историјата на НБА како еден од најдобрите одбранбени играчи на сите времиња, но и како еден од најпргавите. Четирикратниот освојувач на шампионскиот прстен е на второто место на листата на кошаркари со најмногу исклучувања во историјата на НБА. Тој собра 23, шест помалку од Рашид Валас. Колку што е познат по ангажираноста во одбраната, познат е и по тоа што често прави потег на теренот кој подоцна го опишуваат ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија сигурна победа од 81:64 во првиот дуел со МКК Куманово од полуфиналната серија на плејофот во македонската машка кошаркарска лига. Дoмаќините издоминираа во првите дваесет минути и му дозволија на противникот да постигне само 25 поени, па тоа беше доволно за рутински да биде заокружен првиот дуел меѓу овие ривали во плејофот. Капитенот Дамјан Стојановски беше најрасположен во редовите на МЗТ и го заврши ...

Селекторот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров беше задоволен од играта по победата над Естонија, која беше константна цел дуел, иако фалеа повеќе репрезентативци заради повреда. – Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите шеесет минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Заслужија ракометарите честитки и поддршка во недела за прикажаното. Во следниот дуел не очекува ...

Комбинираниот тим на Бутел Скопје без седуммина ракометари одигра пријателски натпревар против младинската репрезентација на Македоија, која се наметна уи го покажа својот квалитет. Избраниците на Раде Стојановиќ извојуваа победа со 35-28. За скопскиот тим не играа повредените Николовски и Спасовски, искусниот Стојаноски, како и браќата Узунчеви, Михајловиќ и Субашевски, кои играа на спротивната страна. Во составот на Бутел Скопје се истакна ...

Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид. Официјална потврда дојде и од главниот актер. На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната. „Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ...

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница. „Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата. Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона ...

Баерн Минхен веќе ја осигура титулата во Бундес-лигата, но баварскиот гигант максимално сериозно се подготвува за утрешниот последен домашен меч за оваа сезона, во кој на „Алијанц Арена“ ќе гостува Борусија Менхенгладбах. Во центарот на вниманието дефинитивно ќе биде Томас Милер, големиот ас кој ќе го игра последниот меч на „Алијанц Арена“ како член на Баерн откако веќе беше објавено дека тој летово ќе си замине од баварскиот гигант. Милер е ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер официјално повеќе не е под суспензија. Денес му истече тримесечната суспензија, претходно изречена поради кршење на антидопинг правилата. Иако беше суспендиран, Италијанецот не загуби многу, сè уште е прв во светот, со речиси 2.000 поени повеќе од второпласираниот Саша Зверев. Првиот турнир на Синер по неговото враќање ќе биде Мастерсот во Рим, кој започнува оваа среда, а потоа ќе игра и во Хамбург, со цел да ...

Кошаркарскиот тим на Минесота го изедначи резултатот во полуфиналната серија на Западната конференција против Голден Стејт Вориорс на 1:1. Минесота славеше во вториот натпревар на нејзин паркет со 117:93. „Вориорс“ направија пробив во првиот натпревар, но беше јасно дека нема да биде лесно по повредата на Стеф Кари, на кого Стив Кер веројатно нема да може да смета во следните два натпревари, a серијата се сели во Сан Франциско. Бидејќи ...

Ракометната репрезентација на Македонија ја опрвада фавористката улога против Естонија, победи во Талин со 36:17, во претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство следната година. Избраниците на Кире Лазаров во ниту еден момент немаа проблем со, според квалитетот, скромната домашна селекција. Акумулираа девет голови предност по првиот дел (19:10), односно десет во второто полувреме, за најубедливата победа на гостински ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед дојдоа чекор поблиску да им надоместат на своите навивачи за сета болка и страдање што им ја нанесоа оваа сезона кога е во прашање Премиер лигата. Клубот од „Олд Трафорд“ моментално се наоѓа на 15-то место, во еден момент беше дури и прашање дали ќе останат во елитата, но некако се извлекоа, па сега преку финалето на Лига Европа против Тотенхем имаат можност да ја освојат Лигата на Европа. И не само да го ...

Од следната сезона Партизан ќе претрпи големи промени во тимот. Има многу играчи кои се враќаат кои би можеле да го облечат црно-белиот дрес, но нема да мораат да се грижат за голманската позиција. Имено, голот на Партизан ќе го бранат Јовановиќ. Александар како прв голман, а Вукашин како втор. Актуелниот чувар на црно-белата мрежа е најдобриот поединец на Партизан втора сезона по ред. Со своите одбрани заработи заслужен повик во српската ...

Неверојатна случајност – трио на веројатно најголемите имиња на денешнината, во нивните спортови денес претрпеа елиминации. Кристијано Роналдо и неговиот Ал-Наср стигнаа до полуфиналето на Азиската Лига на шампиони, беа поразени од Кавасаки Фронтејл со 2:3, Леброн Џејмс и Лејкерси претрпеа уште еден пораз против Минесота во плејоф серијата и ја завршија сезоната, а Лео Меси доживеа слична судбина како неговиот вечен опонент од Португалија. Интер ...

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа нема да игра во мечот за титула во конкуренција на двојки на ИТФ фјучерсот во Лопота, Грузија откако Ѓорческа и Екатерине Горгодзе беа поразени од третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд). Македонската и Грузијката преку голема драма го загубија првиот сет во тај-брејкот со 8-6 за да во вториот видиме шест брејка во низа пред комбинацијата од Индија и Нов Зеланд го одбрани својот ...

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата. Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти). Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка. Претходни победници: 2014/15 Никола Јокиќ (Мега); 2015/16 Миро Билан ...

Македонскиот репрезентавен голман Никола Митревски е еден од најискусните ракометари во доставот на ракомеѕтната селкција во последните мечеви од квалификациите за ЕП 2026. -На двете средби сме фаворити, најважно е да победиме, а математиките да ги оставиме на страна. Мислам дека со две победи ќе бидеме меѓу четирите најдобри третопласиани селекции кои ќе играат на ЕП 2026. Иако сме хендикепирани со повреди, поквалитетни сме и верувам дека ќе ...

Бетис и Челзи ќе се борат за трофејот во Конференциската лига. Финалето на Конференциската лига е закажано за 25 мај во Вроцлав. Бетис прв пат во 117-годишната историја ќе игра европско финале. „Зелено-белите“, по продолженија ја елиминираа Фиорентина со 4:3 Првиот меч во Севилја заврши со победа на Бетис 2:1, а со ист резултат заврши и реваншот во Фиренца. Бетис поведе со голот на Антони, а потоа Фиорентина направи пресврт со головите на Робин ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
84%
1012
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.54
78%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
77%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
7.25
72%
1011
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
54%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
88%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
5.14
84%
1008
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
94%
1010
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
83%
1010
Currency

61.54

Currency

52.7356

Currency

70.9968

Currency

34.4774

Currency

38.3591

Currency

65.8658

Currency

7.37457

Currency

0.66228

Currency

0.35925

Currency

0.52578

Currency

1.28226

Currency

0.59842