
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Со два музички настана во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје и официјално ќе биде промовирана платформата „Силата ЕУ младите“ на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“. В петок (26 јануари) ќе настапи бендот „Црно собрание“, во кој членуваат ученици од скопската гимназија „Никола Карев“, а следниот ден ќе има дневна клупска забава, на која музика ќе пуштаат четворица диџеи од „ОВЦ колектив“, кој промовира млади таленти од ...
За новата песна „Ќе ме сакаш ли“ поп-пејачката Дани Димитровска вели дека ги опишува луѓето кои сакаат да се осигураат за нешта за кои не е можно. „Поседуваме некаква ментална опсесивност да се осигураме за работи кои e невозможно да се осигураат. Љубовта не е гарантно писмо. Оттаму и поривот за најновата песна ‘Ќе ме сакаш ли’, која е симпатичен приказ на сето тоа. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. После ‘Има љубов во ...
Во Холивуд често можат да се чујат поплаки за возраста, но тоа не важи кога се во прашање Мартин Скорсезе и Џон Вилијамс. Осумдесет и едногодишниот Скорсезе по десетти пат е номиниран за Оскар за најдобра режија, за својот последен филм „Убијците на цветната месечина“. На тој начин стана најстариот номиниран режисер, надминувајќи го рекордот на Џон Хјустон, кој последен пат се бореше за Оскар на 79 години. Иако сега има двоцифрен број номинации ...
Дуке Бојаџиев (пијано), Крсте Роџевски (вокал) и Исмаил Лумановски (кларинет) ќе одржат концерт на 16 февруари во Филхармонијата, што ќе биде нивни прв заеднички настап по девет години пауза. Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека на програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика во ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба. Влезниците ќе бидат во продажба од ...
Модната ревија на „Диор“ во парискиот музеј „Роден“ беше со мотиви на отоманската таписерија и привлече многу ѕвезди меѓу гостите. Ријана, Натали Портман, Елизабет Дебицки, Али Вонг, Фелисити Џонс, Глен Клоуз, Кристин Скот Томас, Жилиет Бинош и Карла Бруни беа меѓу гостите кои дојдоа да го видат најновиот спој на уметност и мода на Марија Грација Чиури. Инсталација на уметницата Изабела Дукро стоеше на ѕидовите до пистата. Колекцијата наречена ...
Во Париз почна снимањето на новата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“. Ѕвездата на серијата Лили Колинс на Инстаграм потврди дека екипата е собрана во Париз за снимањето, кое беше одложено од јули поради штрајкот на сценаристите и актерите во Холивуд. Истиот ден кога Колинс ја објави веста, актерката Ешли Парк, која глуми во серијата, откри дека е во болница поради критична здравствена состојба после одмор во Тајланд. ...
Додека се чекаат номинациите за Оскар, објавени се номинациите за најлошото во Холивуд за изминатата година. Четвртиот дел на акциониот серијал на Силвестер Сталоне „Платеници“ (The Expendables) доби најмногу номинации за Златна малина – седум. Покрај „Платеници 4“, за најлош филм ќе конкурираат и „Истерувач на ѓаволот: Верник“, „Мег 2: Патување во длабочините“, „Шазам! Бес на боговите“ и „Вини Пу: Крв и мед“. За најлош актер се номинирани Расел ...
Рок бендот „Ју група“ од Белград ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата на 1 март, објави „Авалон“. Од продукцијата велат дека концертот го организираат на барање на обожавателите на „Ју група“ од Македонија. „Групата со неколку големи албуми и многу хитови, верувале или не, немалa концерт во Скопје од 1974 година. Браќата Јелиќ ова лично ни го соопштија зад сцената на нивниот распродаден концерт на Ташмајдан во Белград пред две и пол ...
В четврток (25 јануари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи концертот насловен „Одисеја“ на кој ќе се свират дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солистка ќе настапи сопранот Афродити Патулиду од Грција. Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска. Сопранот Патулиду е и текстописец и фотограф, а се занимава и со сликарство и ...
Постарата ќерка на Мишел и Барак Обама, Малија го претстави својот деби краток филм „Срцето“ (The Heart) на Филмскиот фестивал Санденс во САД. Таа е сценаристка и режисерка на филмот. Во најавата на Институтот Санденс, 25-годишната Обама го претставува филмот како „мала чудна приказна, донекаде басна, за еден човек кој тажи по смртта на мајка му и добива ‘необично‘ барање од неа во тестаментот“. „Филмот е за изгубени предмети и осамени луѓе, за ...
Македонските филмови „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски и „М“ на Вардан Тозија, како и македонско-грчко-германската копродукција „Зад стоговите сено“, дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, ќе играат до крајот на јануари во Кинотеката. „Домаќинство за почетници“ е третиот филм, а прв македонски на македонско-австралискиот автор Столевски. Ќе игра на 22 и 24 јануари од 20 часот, а на 25 и 26 јануари од 18 часот. На 6 ...
Моќен, нов документарец за животот и работата на Кристофер Рив имаше премиера на фестивалот Санденс во САД, што беше проследена со солзи и аплаузи. Награден со стоечки овации, „Super/Man: The Christopher Reeve Story“ ги следи кариерата и активизмот на ѕвездата на „Супермен“ пред и по несреќата од 1995 година, по која остана парализиран од вратот надолу. Филмот содржи интимна колекција домашни видеоснимки и нови интервјуа со трите деца на Рив и ...
„Сказните на Биби“ отсега можат да се гледаат и во Велика Британија. Десет епизоди од серијалот за Биби и Боби на англиски јазик се достапни на „Амазон прајм видео“. Меѓу епизодите кои се во понуда на британскиот пазар се „Малата вештерка“, „Роботчето Р1“, „Биби, Боби и непослушното јајце“, „Вредниот мрзливец“, „Жирафата Жижи“ и „Тајната на пештерата“. „Придружете се на магичните авантури во ‘Светот на Биби‘, волшебен анимиран универзум за деца ...
Хрватскиот уметник Томислав Хорват не е првиот кој прави скулптури од кибритчиња, но можеби е најамбициозниот. Тој употребил 210.000 кибритчиња за да создаде скулптура на пијанист во природна големина кој свири на големо пијано, сосе жици од кибритчиња. Сепак, 34-годишниот Хорват не се задоволил со тоа, па сега во своето село Домашинец ја прави својата верзија на славната скулптура на Давид од Микеланџело, за што вели дека ќе му требаат уште ...
Сè додека знаете да ги допрете вистински места постојат повеќе начини да ја доведете жената до сексуална кулминација. Ако си поигрувате со клиторисот најголеми се шансите да ја доведете до оргазам, но има и многу други начини. Кругот на задоволството Околу уринарниот отвор на жената, над вагината, се наоѓа еректилно ткиво – корпус спонгиозум, со други зборови мина на задоволствата. Допирањето со прст или лижењето на оваа зона, може да биде ...
Тулио Мазони ги прави некои од најексклузивните вина на светот, но не сака да ги пиете. Тоа доаѓа од „најмалото лозје на светот“, што се наоѓа на врвот на палата од 16. век во срцето на Реџо Емилија. „И татко ми правеше вино и од него наследив вистинско лозје во околината на Реџо Емилија. Но, кога сфатив дека ми носи само загуба, го продадов. По 20 години се покајав и создадов мало, џебно лозје“, вели Мазони. На 18 квадратни метри, тој секоја ...
Тешко е да се измисли нешто ново за годишниот париски саем на чоколадото, но францускиот производител Дамијан Видал најде начин, збогатувајќи го вкусот со најлутото пиперче на светот. Покрај традиционалните состојки како малина, ликер и маракуја, неговите топчести чоколада „Bille en tete“ се зачинети со „каролина рипер“, најлутото пиперче на светот, според Гинисова книга на рекорди. Тој успеал да стави доволно чили за да им даде лутина, но не ...
Пред да почне да ја игра Блек Видоу во серијалот „Одмаздници“, Скарлет Јохансон признава дека никогаш не стапнала во вежбалница. „Фитнесот е еден од најдобрите подароци што сум ги добила од работата со ‘Марвел‘. Сега сум посилна и поспособна од она што бев пред десет години и неверојатно е што можам да го кажам тоа“, вели 34-годишната Јохансон, која повторно е актуелна со овој лик откако пред неколку дена излезе „Одмаздници: завршница“. Таа веќе ...
Музејот на иднината во Дубаи претстави шест метри долг, 3-Д отпечатен ѕид направен од песок. Автор на проектот е американскиот архитект и истражувач Бери Варк. Тој вели дека проектот насловен Надара е најкомплексниот 3-Д печатен ѕид некогаш создаден. „Верувам дека со тек на време ќе можат да се создаваат ентериери, фасади, па дури и структурни елементи со помош на оваа технологија благодарение на нејзините носивост и потенцијална издржливост“, ...
Болоња е првиот голем град во Италија кој ја ограничи брзината на возењето во урбаниот центар на 30 километри на час. Претходно, мерката Città 30 (Град 30) беше воведена и во Олбио на Сардинија. Градските власти на Болоња велат дека новото ограничување има за цел да ја подобри безбедноста на улиците и да го намали загадувањето. Сепак, мерката беше проследена со протести и скепса, дури и од министерот за транспорт Матео Салвини. Максималната ...
На само 26 години, Макс Шранц живее во светол стан на петти кат со висок плафон со поглед на главен град, на десет минути од централната железничка станица и во непосредна близина на кино, театар и барови. Тој плаќа 596 евра за двособниот стан од 54 квадратни метри, што е само дел од вообичаената кирија за станови со слични големина и локација во другите големи европски градови. Исто така, тој не морал да остави депозит и неговиот договор за ...
Американскиот град Хјустон слободно може да го понесе епитетот рај за љубителите на кучиња. Истражувањето што го споведе организацијата „Protect My Paws“ покажа дека во Хјустон има дури 52,1 куче на 100 жители, што е најмногу на светот. Истражувањето било спроведено во 54 градови во светот, а при правењето на завршниот извештај биле користени две мерни единици: најмногу кучиња на квадратен километар и најмногу кучиња на 100 жители. Со околу 1,2 ...
Изложбата „Кризата игра“ на Игор Станоески ќе се отвори на 22 јануари во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ). Станоески, познат како Иги Ман, е мултимедијален автор, музичар, композитор, текстописец, академски скулптор и продуцент. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во 2013 работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук ...
Португалското архитектонско студио „ООДА“ го објави дизајнот на нов облакодер во Тирана составен од 13 скалесто наредени коцки. Станбената зграда „Хора вертикале“ ќе почне да се гради напролет и ќе биде висока 140 метри. „ООДА“ ја опиша зградата како „уникатно вертикално село сместено среде голем зелен град“. Иако варираат во изглед, секоја од 13-те коцки има димензии 22,5 со 22,5 метри и седум ката, што, според студиото, е типична височина на ...
Креаторот на „Следоред“ (Succession), Џеси Армстронг, ја отфрли можноста за снимање спинофи на хит-серијата на Ејч-Би-О, која неодамна освои седум награди Еми за последната четврта сезона. Иако тие претходно беа најавени, Армстронг сега вели дека не е заинтересиран за тоа. „Јас и мојот тим сценаристи доста пишувавме за ликовите“, изјави Армстронг. На оваа опција се осврна и британскиот актер Метју Мекфејден, кој на последното доделување на Еми ...
Неколку дена откако го напушти данскиот престол по цели 52 години, сега веќе бившата кралица Маргрет Втора ќе добие своја верзија на хит-серијата на „Нетфликс“, „Круна“. Серијата со работен наслов „Af Guds nåde“ (By the grace of God) ќе се случува во палатата Амалиенборг, официјалната кралска резиденција во Копенхаген, почнувајќи од 1940, кога е родена Маргрет. „Приказната ќе биде раскажана од перспектива на членовите на кралското семејство и на ...
Двајца фанови ја тужат Мадона зашто нејзиниот концерт во Њујорк почнал касно, а тие следното утро морале рано да станат за да одат на работа. Во тужбата поднесена во судот во Бруклин, Мајкл Фелоус и Џонатан Хаден велат дека тие имале карти за концертот од 13 декември, при што било најавено дека тој ќе почне во 20:30 часот. Место тоа, 65-годишната Мадона излегла на сцената дури во 22:30 часот. „По заминувањето од концертот по еден часот по ...
Метал вечер со бендови од Шведска, Хрватска и Македонија ќе се одржи утре (20 јануари) во Скопје, што ќе биде првиот концерт во Младински културен центар оваа година. Шведските групи „Френтик амбер“ и „Рикет“ ќе ја посетат Македонија во рамките на нивната балканска турнеја, а гости ќе им бидат „Поразиум“ од Хрватска и домашниот бенд „Саидон“, кој лани го издаде својот прв албум, што сега и во Скопје ќе го промовира во живо. Настапот на „Френтик ...
Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби“ ќе одржи јубилеен и роденденски концерт во Скопје, на 23 март во салата „Јане Сандански“. Јубилејот е 50 години од основањето на култната сараевска група „Бијело дугме“, чиј лидер беше тој, а концертот ќе се одржи ден пред неговиот 74. роденден. Бреговиќ го основа „Бијело дугме“ во Сараево во 1974, заедно со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ, ...
Групата „Нокаут“ ја сними новата песна „Месечевиот рај“, која во дует ја пеат вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка Миа Перевска. „Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска“, велат од “Нокаут“. Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот ...