Музичкиот свет засекогаш се промени откако на 8 април 1994 се прошири веста за смртта на 27-годишниот Курт Кобејн, фронтменот на „Нирвана“ и икона на гранџот. Тој беше пронајден мртов во својот дом во Сиетл и дополнително беше утврдено дека се самоубил три дена порано. Иако сними само три албуми, влијанието на „Нирвана“ врз музиката се чувствува и денес. Кобејн ја основал „Нирвана“ во 1987 со средношколскиот пријател Крист Новоселиќ и бргу се ...

На 11 мај во Филхармонијата од 12 часот ќе се одржи детскиот концерт „Симфонија од дивината“ (Wild Symphony), чиј автор е светски познатиот писател Ден Браун. Ова е проект базиран врз новата, илустрирана детска книга на Ден Браун, најпродаваниот автор според „Њујорк Тајмс“, кој се прослави со романите „Кодот на Да Винчи“ и „Ангели и демони“. Американскиот писател ја напиша и музиката за симфониски оркестар која е инспирирана токму од детската ...

Иако психологијата е нејзината вистинска професија, Ана Петановска е една од нашите најдобри млади поп-рок пејачки. Гостинка е на речиси сите концерти во Операта последниве години: Василичарскиот, концертите на битолскиот Камерен оркестар со Ем-Ти-Ви хитовите, а публиката ја воодушеви и ја крена на нозе на гала концертот со оскаровските хитови во февруари. „Концертите станаа еден голем дел од мојот музички пат во последниве месеци, а пропратно ...

На 5 април од 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе биде претставен стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска. Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторката со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш. Стрипот „Скрши што судбината гради“, во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс“, црпи инспирација од историски средновековни настани и Византиската империја која владеела на овие простори. Издавачот ...

Четвртото издание на Фестивалот на грчки филм во Скопје ќе се одржи од 7 до 9 април во Кинотеката, а од 8 до 10 април во Битола во киното Манаки. Го организираат Амбасадата на Грција и филмскиот фестивал Киненова. Секоја од трите вечери од 20 часот ќе има проекција на еден краток и на еден долгометражен филм. Отворањето е на 7 април со краткиот филм „Тишината на рибата што умира“ на Василис Кекатос, а потоа следи проекцијата на трагикомедијата ...

Новиот албум на „Суперхикс“ ќе биде промовиран на 16 април. Насловен „Сила и нервоза“, тој првпат ќе може да се чуе на отворената слушачка промоција во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода, која ќе се одржи од 12 часот. „Сила и нервоза“ е шести студиски албум на еден од најпопуларните македонски бендови, а доаѓа седум години по „Андерграунд евергрини“. Фронтменот Петар Младеновски најави дека на албумот има ...

„Ворнер брос“ објави дека ќе се снима нов, петти дел на „Матрикс“, чиј сценарист и режисер ќе биде Дру Годард. Засега нема информации дали ќе глумат Кијану Ривс, Кери-Ен Мос, Лоренс Фишбурн, Хуго Вивинг или Џејда Пинкет-Смит. Тоа ќе биде првиот филм од сајберпанк серијалот во кој нема директно да бидат вклучени неговите креатори Лана и Лили Вашовски. Годард, кој беше номиниран за Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Марсовец“ во 2016, има ...

Модната дизајнерка Ивана Кнез прослави 15 години работа со нејзината ревија „Да живее драмата“ (Viva La Drama) во рамките на Скопскиот моден фестивал. Модниот фестивал почна сношти и ќе трае до 6 април во трговскиот центар „Дајмонд“. Ивана Кнез прикажа оригинални креации на богато модно шоу кое гостите го проследија носејќи маски, а маската беше заштитен знак на дел од нејзините претходни креации. „Инспирирана сум од пет култни филма кои ...

Белата куќа сака НАСА да создаде нова временска зона за Месечината, наречена Координирано лунарно време. Поради различната сила на гравитационото поле на Месечината, времето таму поминува побрзо во однос на Земјата, за 58,7 микросекунди секој ден. Тоа можеби не изгледа многу, но би можело да има значително влијание при синхронизирањето на вселенски летала. „Фундаменталната теорија за гравитацијата во нашиот универзум има важна последица дека ...

Поп-пејачката Мијата ќе одржи концерт во Скопје на 15 мај во малата сала на Филхармонијата во рамките на Скопскиот градски фестивал, објави „Баги комуникации“. Во јуни минатата година, кантавторката Наташа Крстевска-Мијата одржа концерт на својот роденден во Куршумли ан и го промовираше новиот албум „Вида“. „Музички, овој албум е една нова зрелост за мене. Го задржувам форматот од 13 песни, како и на претходниот албум, но овојпат, искреноста кон ...

Популарната црна комедија од 1980-тите „Војна на розите“ (The War of the Roses) ќе добие римејк, а во главните улоги сега ќе бидат Бенедикт Камбербач и Оливија Колман. Студиото „Срчлајт“ објави дека новата верзија ќе ја прават режисерот на „Остин Пауерс“, Џеј Роуч и сценаристот на „Кутрите“, Тони Мекнамара. „‘Војна на розите‘ е многу смешна, но длабоко човечка приказна. Со Џеј, Бенедикт, Оливија и Тони имаме тим од соништата кој ќе ја оживее ...

Популарната хрватска електропоп група „Ниплпипл“ ќе одржи концерт во Скопје на 20 април, во организација на „Авалон продукција“. Концертот ќе биде во клубот „Пјур“, каде што Каролина Гочева претходно имаше два распродадени настапа. „Ниплпипл“ е дуо основано во 2008 година и неговите членови настапуваат маскирани, зашто, како што велат, сакаат нивната музика да биде во прв план. Бендот не објавува албуми, туку синглови. Последниот настап во ...

Како во старите добри времиња, кога победувал на македонските и на југословенските фестивали, Драган Мијалковски одржа емотивен концерт сношти во Операта со ревиски оркестар. Концертите, вчерашниот и вториот кој ќе се одржи вечерва, се славење на 60 години на сцената на легендарниот пејач, а на оваа идеја се сетија радио „Буба мара“ и неговиот сопственик Ранко Петровиќ. Водителката Ирена Спировска на почетокот од концертот ги наброја сите успеси ...

Новата хит-серија на „Нетфликс“, „Проблем со три тела“ (3 Body Problem), заснована врз романи на кинескиот автор Лиу Цишин, е инспирирана од вистинска научна загатка во астрономијата и математиката. Таа опишува зошто често е тешко да се предвиди долгорочната траекторија на планетите, месечините и ѕвездите. „Проблем со три тела“ е првата книга од научно-фантастичната трилогија на Лиу Цишин „Remembrance of Earth’s Past“. ТВ-серијата следи петмина ...

Велешката авторка Лила Арсова денеска, на Светскиот ден на литературата за деца, ја промовираше нејзината осма книга „Детски мечти“. „Сите мои дела се наменети за децата и младите, иако книгата нема возрасна граница. Уживам додека ги пишувам, уживам додека ги читам, уживам додека ги раскажувам“, кажа Арсова, која е одделенски наставник во подрачното училиште на ОУ „Васил Главинов“. Книгата „Детски мечти“ е наградена на конкурсот „Пелистерски ...

Набргу по големиот триумф со „Кутрите“ (Poor Things), оскаровката Ема Стоун и режисерот Јоргос Лантимос ја најавија својата следна соработка, вкупно трета досега. Студиото „Срчлајт“ објави трејлер за новиот филм на Лантимос насловен „Kinds of Kindness“, кој ќе излезе на 21 јуни. Покрај Стоун, во филмот играат уште двајца актери од „Кутрите“, Вилем Дефо и Маргарет Квали, како и Хонг Чау, Џо Алвин и Џеси Племонс. Лантимос го напиша сценариото за ...

В четврток (4 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Светлина“. Како солист ќе настапи виолинистот Станко Мадиќ од Србија. Мадиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр. 1 насловен „Далечна светлина“, кој во 1996 го напиша летонскиот композитор Петерис Васкс. Диригент на концертот „Светлина“ ќе биде маестро Оливер Балабурски, кој долги години живее и работи во Канада, а со Македонската филхармонија ќе ...

Сите кои имаат дарба за цртање и уметност, но и оние на кои тоа не им е силна страна, можат да се пробаат во уметничката работилница на Ѓоргина Спасевска во Скопје. Ѓоргина, која од хоби почнала да слика, а сега зад себе има неколку самостојни и групни изложби, реши уметноста да ја доближи до секого преку часовите „Исповеди на платно“ во нејзиното студио. Вели дека идејата е инспирирана од комбинација на лични искуства, страст и креативна визија ...

Еден од најнеобичните мостови на светот поврзува две големи држави, САД и Канада, а со својата должина од само десет метри е и најкраток меѓународен мост на светот. Се протега меѓу два острова на реката Сент Лоренс, кои се дел од архипелаг долг 32 километри, поделен помеѓу Њујорк во САД и Онтарио во Канада. На канадскиот остров Завикон има само една куќа, плажа и неколку дрвја. Не е познато кој е сопственик на оваа мала оаза. Постојат фотографии ...

Групата „Кафе де Анатолија“ сними видео од настапот во Сули ан во Скопје. Настапот е микс од повеќе песни и најава за новиот албум на Били Естебан. „Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџнон од Турција, Били Естебан од ‘Кафе де Анатолија‘, Александар Јовевски и Емра Кантуровски“, велат од „Кафе де Анатолија“. Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ е меѓународно позната. Ја основаа Зоран ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Анкара, кој ќе се одржува на 6 и 7 април. Ќе диригираат Ерхан Шукри и неговиот татко Рамадан Шукри, основачот на Мандолинскиот оркестар, од кого учеле многу генерации. Во октомври, Ерхан Шукри, кој е виолинист, професор и диригент, одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој тогаш прослави 30 години ...

Канадскиот регион Нијагара прогласи вонредна состојба во пресрет на целосното помрачување на Сонцето кога се очекува стотици илјади луѓе да се соберат околу популарните водопади за да уживаат во спектаклот. Шефот на регионот Џим Бредли изјави дека прогласува вонредна состојба од претпазливост. Светски познатите водопади, кои се наоѓаат на американско-канадската граница, ќе бидат на патот на помрачувањето на 8 април и многумина резервирале хотели ...

Симон Трпчески со својот квинтет и со оркестарот „Ајга“ ја разнежи и ја крена на нозе целата публика сношти во Филхармонијата, на првиот од двата концерта со кои ја промовира оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“. Македонскиот пијанист со светски успеси рече дека е најголема одговорност да се свири дома и се обиде да ја долови светската премиера на оваа верзија на проектот, која се одржа во престижната сала „Музикферајн“ во Виена. „Се ...

Ѕвездата на наградуваната серија „Мечка“, Џереми Ален Вајт, е во преговори да го глуми Брус Спрингстин во нов филм за снимањето на неговиот легендарен албум „Небраска“. Насловен „Deliver Me from Nowhere“, сценариото и режијата ќе бидат на Скот Купер, кој го сними оскаровецот „Лудо срце“. Филмот ќе се фокусира на снимањето на албумот „Небраска“ од 1982 година, кој Спрингстин денес го смета за своето најдобро дело. Спрингстин ги создал десетте ...

Еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, Курт Елинг ќе настапи во Скопје со Националниот џез оркестар (НЏЗ). Концертот, како што објавија од Џез оркестарот, е закажан на 15 мај во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Ќе диригира Џијан Емин. Елинг, според „Њујорк тајмс“ е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“, а според „Вашингтон пост“: „Од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач ...

На светската листа на заштитени нематеријални наследства на УНЕСКО може да се најде и штипската пастрмалија, исто како што се најде и народниот обичај за Денот на пролетта во Штип, Четрсе кога народот се искачува на тврдината Исар и со свои народни адети го одбележува овој ден и денот на 40. свети маченици, рече на научна конференција за туризам во Штип, професорот Зоранчо Малинов. „Јас успеав на мојот роден град да му донесам голема титула од ...

Северина Вучковиќ сношти (30 март) на концертот во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје се расплака пеејќи ја песната „Родено мое“ (Rođeno moje) која му ја посвети на синот Александар. „Оваа песна ретко ја пеам, затоа што ме потсетува на моменти на кои не сакам да се сеќавам”, рече хрватската поп-ѕвезда. Песната, таа ја сними во периодот кога судот ѝ го одзема старателството над синот и го додели на поранешниот сопруг Милан Поповиќ. „Им ...

Во центарот на Сиетл е изградена станбената зграда „Скајглас“ (Skyglass) со 33 спрата, која има форма на куп списанија. Кулата е висока 102 метра, се наоѓа источно од „Спејс нидл“ (Space Needle) и содржи апартмани и продавници на долните катови. Застаклената кула има четири фасади на аголни рамнини, што се издига од правоаголна основа обложена со тули. Зад дизајнот стои студиото „Хјуит“ и архитектите Џулија Нагил и Шон Лудвиксен. „Сите катови се ...

Сликар, карикатурист, писател се дел од авторските обележја на Јордан Ѓорчев од Свети Николе, кој отвори самостојна изложба во Ликовниот салон во Велес, насловена „Храбриот нов свет“. Тој се претстави со 30 дела акрил на платно, создадени минатата година. Промотор беше поетот Христо Петрески. „Ѓорчев е, пред сѐ, писател, потоа карикатурист, па сликар. Овие 30 апстракции се убав пример за асоцијативно сликарство. Во овие ликовни дела има многу ...

Модата на раскрсницата меѓу традицијата и иновациите беше синоќа (29 март) во фокус на претпоследниот ден на 28. Моден викенд Скопје. „Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека – тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените“, велат организаторите. Во текот на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1009
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1004
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
73%
1006
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
40%
1012
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
1.87
20%
1008
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
90%
1006
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.66
45%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
18%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
29%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
26%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
4.63
68%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641