
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Литванецот Миколас Алекна го собори најстариот светски рекорд во машката атлетика, во фрлање диск, кој важеше од 1986 година. Дваесет и едногодишниот Алекна оствари далечина од 74,35 метри на атлетско натпреварување во Оклахома и за 27 сантиметри го подобри рекордот што Јирген Шулт го држеше од 6 јуни 1986. Шулт, кој денес има 63 години, тогаш се натпреваруваше под знамето на Источна Германија. Во прв момент беше измерено дека Алекна фрлил 74,41 ...
Денеска (15 април) во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложба на британскиот уметник Денис Боувен, Изложбата ја организираат МКЦ и Асоцијацијата за култура ИКОН, од каде велат дека одлучиле 15 април, Светскиот ден на уметноста, да го посветат на Денис Боувен (1921-2006), кој беше и македонски културен амбасадор. „Тој пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондон, но и неуморно работеше на собирање ...
Рок-ѕвездата Лени Кравиц се враќа во Македонија со нов концерт во Охрид, објави „Авалон“. Концертот ќе се одржи на 4 август на стадионот „Билјанини извори“, каде што настапи и пред 16 години. Ова ќе биде вкупно трето гостување на Кравиц во Македонија, откако во 2018 имаше концерт и во Скопје. На концертот во Охрид Кравиц ќе го претстави и новиот албум „Blue Electric Light“, кој официјално излегува на 24 мај. „Лени сакаше да се врати во Охрид и ...
За првачињата, азбуката, Македонија, здравиот мед и путерче со леб, омилените професии, за другарката Мина пееја хорот и солистите на детскиот фестивал „Поточиња“, кој се одржа на 13 и 14 април во Филхармонијата во Скопје. Сите седум претстави во текот на двата дена беа полни со публика. Настани со културни активности за деца се реткост во нашата земја, па секогаш е радост и голема возбуда кога се организираат. Децата со семејствата и со ...
Благој Ламњов, македонскиот кларинетист кој живее во шведскиот град Малме, ќе го одржи својот прв солистички концерт во Македонија на 3 јуни во Велешкиот театар. На концертот ќе се свират песните од албумот „Носталгична љубов“ (Nostalgic Love), на кој има песни инспирирани од македонската традиционална музика. „Имам голема потреба да свирам дома во Македонија, а во исто време немаме продукциски куќи кои организираат ваков тип на концерти или ...
По долго време, Калиопи сношти настапи во салата „Борис Трајковски“ и со овации беше пречекена во полната сала како гостинка на концертот на српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ, нејзин близок прикател. Калиопи и Самарџиќ заедно ја пеат песната „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот. „Најубаво е дома. Колку е убаво повторно да пееш во Македонија“, рече Калиопи, пред да ја испее безвременската „Бато“, на која ...
Италијанската компанија „Булгари“ го создаде најтенкиот рачен часовник на светот – „Octo Finissimo Ultra Cosc“, кој е тенок само 1,7 милиметри. Притоа за 0,05 милиметри го собори рекордот што го држеше часовник создаден од „Ричард Миле“ и „Ферари“ во 2022. Сите 170 компоненти кои ја овозможуваат работата на часовникот се фиксирани директно на задниот дел од куќиштето. Овој дел е изработен од волфрам карбид, ултраиздржлива метална легура, додека ...
„Одамна во оваа куќа немало олку добра атмосфера“, рече Наде Талевска на синоќешниот концерт „Ем-Ти-Ви хитови“ на Камерниот оркестар Битола со академскиот хор „Мирче Ацев“ и неколкумина пејачи. Ова беше најдобриот опис на веселиот концерт во Националната опера и балет – една голема забава која ја стана публиката на нозе. Битолскиот камерен оркестар со диригентот Владиир Димовски избрал вистински песни, големи хитови од 1980-тите и од 1990-тите ...
Низ долги години настапување како диџеј, Огнен Зафировски имал можност да посети разни егзотични локации во светот, но вели дека ретко која го оставила во толкаво воодушевување како пустината Калахари во Африка. Зафировски, кој настапува и издава музика под името Јудиштира, минатиот месец беше дел од транс фестивалот „Фрактал“ во Намибија, каде што подиумот беше покриен со пустински песок. „Фестивалот беше во камп во Спицкоп во Намибија, на ...
Раперот Слаткаристика најави турнеја низ Македонија со проектот „Хип-хоп еволуција“ со кој слави 15 години од излегувањето на неговиот прв албум „Слаткаристика будало“. На 11 мај ќе настапи во „Клик“ во Штип, на 1 јуни во „Де факто“ во Гевгелија, на 15 јуни во „Спејс“ во Куманово, на 22 јуни во „Казабланка“ во Свети Николе, на 6 јули во „Аватар“ во Струмица, а на 13 јули ќе одржи концерт во Аква паркот во Пробиштип. Турнејата продолжува на 20 ...
Стрип од 1938 година во кој за првпат се појавил Супермен се продаде на аукција за шест милиони долари, со што стана најскапиот стрип на сите времиња. „Ова е најважниот и највлијателен стрип некогаш објавен зашто првпат му го претстави на светот Супермен. Без Супермен и ‘Екшн комикс‘ кој знае дали некогаш ќе го имавме златното доба на стрипот и дали тој ќе станеше медиум каков што е денес“, изјави потпретседателот на аукциската куќа „Херитиџ“, ...
Котон блуз фестивал ја најави својата прва содржина за оваа година, во која ќе го одбележи првиот мал јубилеј – пет години од основањето. Годинашната програма почнува со вечер посветена на Џо Кокер, што ќе се одржи на 8 мај во скопскиот клуб „Маракана“. Во улогата на легендарниот пејач ќе биде Петар Исиров, познат по настапите во скопските кафулиња и чиј глас многу потсетува на Кокер, велат организаторите. Исиров ќе настапи во придружба на негов ...
Камерниот оркестар „Профундис“ сношти одржа уникатен концерт во Филхармонијата, со илјадници (вештачки) свеќи кои беа поставени на сцената. Својата виртуозност на виолина ја покажа солистот, гостинот од Бугарија Марио Хосен, кој отсвире два соло биса на крајот. Концертот траеше два часа, а публиката, но и оркестарот и солистот беа подготвени за уште. „Профундис“ избра популарни дела од класиката, како „Четирите годишни времиња“ од Вивалди. Се ...
Петтото издание на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“ ќе се одржува од 20 до 27 април во Филхармонијата и во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. Со тоа продолжува едно од делата на неодамна починатиот Мирко Попов, кој беше еден од творците и организаторите на овој фестивал. Програмата ќе биде поделена во три вечери, при што на отворањето на 20 април во „Лабораториум“ ќе настапи домашниот квартет „Кобалт код јунит“. На 23 април ...
Атлетик Билбао со стил го прослави освојувањето на првиот трофеј по 40 години пауза, откако триумфираше во Купот на кралот. Додека фудбалерите парадираа на брод пловејќи по реката Нервион, тие беа поздравувани од стотици илјади луѓе. Шпанските медиуми објавија дека на прославата имало милион луѓе. Патувањето на трофејот траеше 13 километри, од гратчето Гечо до центарот на Билбао, каде што прославата кулминираше. Фановите ги исполнија двата брега ...
Утре (13 април) од 12 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се одржи матине со изложби со водич и забава со диџеј. Кустосот Бојана Јанева ќе ги води посетителите низ две новоотворени изложби. Тие подетално ќе можат да се запознаат со изложбата „Координати на еден сон – 60 години проектирање современост МСУ Скопје 1964-2024“, чии куратори се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец и со самостојната изложба „Станица Пропаганда“ на ...
Новата книга на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана на 15 април во „Јавна соба“ во Скопје (19:30 часот). Оваа збирка есеи е издание на издавачката куќа „Три“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски. „Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во ‘Големи приказни‘ (Велике приче) го добиваат своето македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството. Овие есеи се своевидно разголување на ставовите, ...
До 18 април во Штип ќе трае петтиот меѓународен натпревар на учениците од музички школи од земјата и странство. Организатор е средното музичко училиште во Штип „Сергеј Михајлов“, а натпреварите се одржуваат во Домот на културата „Ацо Шопов“, Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ и во уметничката галерија „Безистен“. „Според програмата, натпреварите ќе се одвиваат во сите училишни категории и во повеќе музички програми и дисциплини: дувачки ...
Култниот македонски рок бенд „Мизар“ ќе одржи концерт во Филхармонијата на 12 мај, со почеток во 20 часот. На концертот насловен „Мизар и Хармосини – Гласови“, групата ќе биде придружувана од македонскиот византиски хор „Хармосини“. „Седумнаесетмина најдобри македонски музичари-инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот ‘Хармосини‘ и аранжерот и диригент Дени Омерагиќ ќе ви ги донесат безвременските хитови на ‘Мизар‘“, стои во ...
Продукциската компанија на Марго Роби ќе снима филм заснован врз популарната друштвена игра „Монопол“. Според „Холивуд рипортер“, овој филм се развива повеќе од десет години, но дури сега се најде компанија која ќе застане зад него – „ЛакиЧеп“ на Марго Роби. Оваа компанија работеше на ланските филмски хитови „Салтбурн“ и „Барби“. „Сакаме да направиме повеќе филмови кои ќе имаат ефект каков што имаше ‘Барби‘. Не знам дали тоа мора да биде ‘Барби ...
Вечерва од 20 часот во Операта, оркестарот на Националната опера и балет и солисти ќе одржат концерт во рамките на 47. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Ќе се изведат дела на композиторите Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, на кои им се одбележуваат јубилејни години од раѓањето, премиера на дело на композиторот Стојан Стојков, и дела на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски. Како солисти ќе настапат ...
Ансамблот „Танец“ ќе одржи велигденски концерт во Скопје, во Националната опера и балет на 19 април од 20 часот. Концертот е насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“ и се одржува во годината кога „Танец“ слави 75 години од основањето. „На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, оркестарот, солистите и играорците, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на пролетта. Ќе се изведат многу вокални и ...
Речиси седум месеци откако беа принудени да ја одложат својата проштална турнеја, „Аеросмит“ се враќа со концерти оваа есен. Рокерите кажаа дека се воодушевени што ги објавуваат презакажаните датуми од турнејата. Таа ќе започне во Питсбург на 20 септември и ќе трае до 26 февруари следната година, кога ќе го имаат својот последен настап во Бафало, Њујорк. Во септември лани, бендот објави дека пејачот Стивен Тајлер има оштетување на гласните жици. ...
Групата „Ареа“ од Гостивар по 14 години ќе одржи акустични концерти, во Филхармонијата на 19 и 20 април. Последните вакви концерти ги имаше во 2010 во Универзална сала. „Свежи се сеќавањата на тие концерти во Универзална, беше многу тажно кога ја гледавме како гори. Кога изгоре Универзална, како да изгоре душата на Скопје и се надеваме дека како Феникс повторно ќе никне. Во таа сала сме имале безброј концерти, сме свиреле на манифестации и како ...
Дел од делата кои беа изложени на изложбата „Храбриот нов свет“ во Ликовниот салон во Велес уметникот Јордан Ѓорчев ги подари на две здравствени установи од Велес. Поводот за ваквиот чин е што и жителите на неговото родно Свети Николе ги користат услугите на Општата болница Велес и Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново. „Мотивот за подарување дела на овие две јавни здравствени установи е бидејќи тие не се локални, нивните ...
ТикТок ќе се обиде да му конкурира на Инстаграм со нова апликација за споделување фотографии. Од компанијата кажаа дека работат на „простор посветен на фотографии и текст“. Некои корисници веќе добиле известување дека ако сакаат, нивните фотографии ќе бидат споделени во новата апликација TikTok Notes. Пред четири години, Инстаграм ја лансираше видеоалатката Reels налик на ТикТок, па ова е уште еден пример за копирање производи помеѓу социјалните ...
Поп-ѕвездата Каролина Гочева ќе одржи концерт во Велес, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 27 април од 21 часот, објави „Авалон продукција“. „По распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес со својата програма на најголеми хитови“, велат од продукцијата. Влезниците ќе бидат во продажба од утре на ticketx.mk, нивната продажна мрежа ...
Кристијан Бејл е чудовиштето Франкенштајн во новиот филм на Меги Џиленхол, насловен „Невестата“ (The Bride). Режисерката на Инстаграм објави фотографии од подготовките за снимањето на филмот. Невестата ја глуми Џеси Бакли, која беше номинирана за Оскар за „Изгубената ќерка“, режисерското деби на Џиленхол. Покрај Бејл и Бакли, играат и Пенелопе Круз, Питер Сарсгард и Анет Бенинг. Дејството е сместено во Чикаго од 1930-тите. Филмот ќе игра во ...
Новата книга за деца со најубавите бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ ќе биде промовирана утре (11 април) во 19 часот во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде промоторка. Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на ...
Кит Харингтон изјави дека нема да се снима серија за Џон Сноу, која би била продолжение на „Игра на тронови“. „Засега нема такви планови, барем не во догледно време“, изјави Харингтон на промоцијата на неговиот нов филм „Крв за прашина“. „Игра на тронови“ заврши по осум сезони во 2019 и потоа беше најавено дека ќе се снимаат неколку спиноф серии, од кои засега е излезена само „Куќата на змејот“. Притоа се најавуваше дека се развива серија која ...