
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Горан Бреговиќ со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ сношти одржа концерт во салата „Јане Сандански” во Скопје, а како предгрупа одличен настап имаше „Леб и сол”. Македонскиот рок бенд последен пат свирел со босанскиот музичар и неговото „Бијело дугме” во 1977. „Се надеваме дека вечерва ќе биде уште подобро”, рече басистот Бодан Арсовски. Свирејќи хитови со балкански мелос во аранжмани за дувачки состав со кои го развеселува целиот свет, ...
Поседувањето и одгледувањето канабис во домашни услови ќе стане декриминализирано во Германија на 1 април откако законот ја помина и последната пречка и беше усвоен во Бундесрат, телото кое ги претставува сојузните покраини. Сите граѓани постари од 18 години ќе смеат да поседуваат до 25 грама марихуана и да одгледуваат најмногу три стебла дома. Од 1 јули, некомерцијалните клубови за канабис ќе можат да снабдуваат до 500 членови со најмногу 50 ...
Пејачот Боби Андонов, кој ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2008, го сними новиот сингл „Меѓу линиите“ (Between the Lines), прва песна од неговиот нов албум, кој треба да излезе на 9 мај. Андонов е пејач, текстописец и продуцент. Роден е во Мелбурн, Австралија, по потекло е од Струмица, а денес живее и работи во Лос Анџелес. Во 2008, Андонов ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во Кипар со песната „Прати ми ...
На 30 март од 13 часот, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи балетскиот концерт „Бранови во вечноста“ посветен на маестро Кире Костов, познатиот композитор и диригент. На концертот ќе играат студентите од Катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност и учениците од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. „Концертот е танцова визија на извонредната музика на нашиот драг професор Кире ...
Eдни од предводниците на македонската хард кор/метал сцена, „Хардфејсд“, вечерва (23 март) ќе одбележат 20 години постоење со концерт во Младински културен центар во Скопје. Почетокот е во 19:30 часот. Гости ќе бидат легендарниот бугарски хард кор бенд „Лест хоуп“ и скопската група „Ју“. Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 и првиот албум го објави три години подоцна. Последното, четврто студиско издание ...
Утре (23 март) од 20 часот, Каролина Гочева ќе одржи концерт во Домот на културата во Крива Паланка по повод отворањето на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“. Поп-пејачката ќе настапи со проектот „Македонско девојче“, со песните од двата албума кои ги промовираше во 2008 и 2015. Гостин на концертот е музичарот и продуцент Никола Мицевски, автор на повеќето од песните на „Македонско девојче 2“. Со купување билет за ...
Големата прослава на 30 години „Суперхикс“ ќе се случи на 29 јуни. Концертот ќе се одржи во паркот кај салата „Расадник“ во скопската Општина Кисела Вода и фронтменот на „Суперхикс“ Петар Младеновски вели дека се изненадил кога оттаму им се јавиле и им рекле дека целосно ќе застанат зад настанот. „Организатор е Општина Кисела Вода, сами ни се јавија, не ми се веруваше. Ова ќе се случи во рамките на нивното Културно лето, но како засебен настан. ...
Поп-пејачот и автор Коста Хаџикојчев ја промовираше новата песна „Припаѓам“ на англиски јазик (I Belong). Хаџикојчев почна да пее на шоуто за таленти „Македонски идол“ пред 13 години, но според правилата, беше премлад за учество, па излезе од шоуто. Тој студирал на музичкиот колеџ Беркли во Бостон. Новиот сингл е микс од аренби и поп и е првата песна од неговиот нов албум, кој треба да излезе наскоро. Тој е автор на музиката, текстот, аранжманот ...
Традиционалниот настан Моден викенд Скопје по 28. пат ќе се одржува од 28 до 30 март во скопскиот трговски центар „Ист гејт“. Програмата започнува во 17 часот на 28 март со две изложби, на Шпанската амбасада и на Друштвото на ликовни уметници. Истата вечер од 19 часот е ревијата на дизајнерката Радмила Георгиева. Ревија на студентите на Европскиот универзитет во Скопје ќе се одржи на 29 март од 19 часот, по што следува ревија на дизајнерката ...
Ејч-Би-О објави два одделни трејлера за втората сезона на „Куќата на змејот“, кои се фокусираат на двете спротивставени страни во серијата. Втората сезона ќе има премиера на 16 јуни. Во „црниот“ трејлер се прикажани Ренира, принцот Дејмон и нивните сили од Дрегонстоун, а „зелениот“ се фокусира на тимот на Алисент, нејзиниот татко Ото и нејзините деца Егон и Емонд. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, односно на ...
Хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ на 11 април во Македонскиот народен театар ќе ја игра авторската претстава „Секс и глад“, шест години откако одлично помина со монодрамата „Ќиро“ во истиот театар, во организација на продукциите „КМК и „Кикса“. Филиповиќ вели дека со претставата сака да руши табуа поврзани со сексот кои сѐ уште се присутни во нашиот регион. „Иницијалната идеја за оваа претстава беше тоа што бев многу незадоволен со ...
Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе одржат и втор концерт на 2 април во Филхармонијата со проектот „Македонисимо“, откако се распродаде првиот на 1 април. Концертите се македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти промоторот „КултурОп“. Квинтетот е во состав Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и ...
Марко Маринковиќ-Слаткаристика закажа и трет концерт во Скопје, на 29 март од 21 часот во „Евент центар“, откако се распродаде вториот кој ќе се одржи на 22 март. Со концертот, раперот слави 15 години од неговиот прв самостоен албум „Слаткаристика будало“ од 2009, по чија промоција го одржа првиот концерт и го наполни Скопски саем. Тогашниот концерт се викаше „Хип-хоп револуција“ а сегашните „Хип-хоп еволуција“. „Жал ми е дека го нема веќе ...
На 22 март во 13 часот во Уметничката галерија Безистен во Штип ќе се отвори изложбата на Зимскиот салон на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), на тема „Интимност и интерконекција“. Изложбата претходно беше отворена во Скопје, а поставката во Чифте амам траеше од 22 февруари до 10 март. „Учеството и интересот на уметниците членови на ДЛУМ за Зимскиот салон отсекогаш биле големи и предизвикувачки. Пристапот при селекцијата на ...
Новиот албум „Ќеиф“, џез-музичарот Васил Хаџиманов со својот бенд ќе го промовира со концерт во Скопје на 12 април во Македонскиот народен театар од 20 часот. „Ова е наш осми студиски албум кој е објавен и како цеде и на дигиталните платформи, во издание на „Кроација рекордс“. Има девет песни кои ги продуциравме заедно со Марко Периќ и Тони Китановски кој ќе биде и специјален гостин на концертот. Насловот на албумот, ќеиф или мерак, го дадовме ...
Последната сезона на серијата „Круна“ на Нетфликс ги води овогодинешните номинации за ТВ наградите БАФТА, и покрај контроверзите околу нејзиното прикажувањe. Шестата сезона на кралската драма, која ги опфаќа настаните од 1990-тите, вклучувајќи ја и смртта на принцезата Дијана, е номинирана за осум награди, а серијата доби мешани критики од критичарите. Четворица актери во „Круна“ добија номинации, меѓу кои и Елизабет Дебицки, која ја играше ...
Музичкиот фестивал „Охрид-фест –Охридски трубадури“ годинава ќе се одржува во две вечери, на 30 и на 31 август на сцената на Долни сарај во Охрид. Фестивалот се одржува по 31. пат и распиша конкурс за нови песни за фолк вечерта на 30 август и за интернационалната вечер на 31 август. „Ова е шанса за промоција на дебитантите, бидејќи фестивалот го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот. На истата сцена во 1998, Тоше Проески ја испеа ‘Усни на ...
Документарниот филм „Патување пеш“ ( The Walk) на режисерката Тамара Котевска изминатава недела се прикажуваше на два европски фестивали во исто време. Како што велат од „Охо продукција“ , на 12 март имаше европска премиера во конкуренцијата за награди на најголемиот фестивал за човекови права ФИФДХ (FIFDH) во Женева, Швајцарија, каде имаше 2 проекции. Веќе 22 години по ред, овој фестивал е посветен на промоција на филмови кои се борат за ...
Дени Де Вито и Арнолд Шварценегер имаат планови повторно да глумат заедно во нов филм. Двајцата актери, кои глумеа браќа во „Близнаци“ од 1988, неодамна се појавија заедно и на Оскарите, каде што ги имитираа негативците од „Бетмен“. „Арнолд и јас сме добри пријатели. Се запознавме многу пред ‘Близнаците’ пред неколку години“, изјави Де Вито за Си-Ен-Ен. „Работиме на нешто, на проект што ќе го направиме заедно, уште еден филм. Навистина добро се ...
Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата, вели актерката од Битолскиот театар, Јулијана Мирчевска, претседателка на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, во чест на Светскиот ден на детските театри 20 март. Мирчевска во пораката вели дека театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која како никогаш до сега ни е потребна. „Должни сме ...
Книгата „Кралство без напишана историја“ од Павле Рибарски беше промовирана во Штип. „Книгата го претставува старото кралство Пајонија како стара цивилизација на овие простори кое сѐ уште не е познато во целост, освен што има закопани артефакти од тоа минато време, но не и други поверодостојни документи“, вели Рибарски. Рецензентот Чедо Цветановски рече дека книгата е историографска поема која е поделена на два дела,. Рибарски е роден во Штип во ...
Новиот воспитно-образовен комплет за почетно читање „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран денеска (20 март) во 13:30 часот во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Промотори ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Владанка Д. Миче, а модератор ќе биде Татјана Димовска-Атанасова. Станува збор за комплет од 31 ...
Хрватската поп-пејачка и водителка Сања Долежал вели дека на Евровизијата во 1987 година, кога со групата „Нови фосили“ го освои четвртото место за тогашна Југославија, се сеќава како да било вчера. Долежал, која во мај ќе наполни 61 година, деновиве е во Скопје и се подготвува за концертот со „Нови фосили“ на 9 април во Филхармонијата. Пејачката сега ги пее хитовите на „Фосили“ со гитаристот од групата Владимир Кочиш-Зец и со басистот Маринко ...
„Киа ЕВ6“ е прогласена за Автомобил на годината во Македонија, одлучи националното жири, кое по 29. пат го организираше изборот. Покрај „киа ЕВ6“, која доби три гласа од четиричленото жири, во финалниот избор влегоа и „џип авенџер“, „МГ4“, „рено астрол“ и „шкода енјак“. „‘ЕВ6‘ не само што е првиот модел на „Киа“ направен на новата електрична глобална модуларна платформа, туку и прв автомобил што ја има имплементирано смелата нова дизајнерска ...
На 22 март во Чифте амам ќе се отвори третиот дел од циклусот изложби „Париски рефлексии“ како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на франкофонијата. Изложбата претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој или изложби во Париз или во дел од нивното творештво биле поврзани со него. Од Националната галерија на Македонија велат дека во оваа селекција се вклучени автори кои се родени по ...
На 20 март во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ (20 часот) премиерно ќе се изведе претставата „Вечера за глупаци“. Тоа е прва премиера на театарот за годинава и е дел од содржините на фестивалот на комедијата „5ре“. Претставата е работена според текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов. „Станува збор за комедија во која се комбинираат комедија на карактери и комедија на ситуации. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во ...
Англискиот актер Арон Тејлор-Џонсон е избран за следниот Џејмс Бонд, објавија повеќе британски медиуми. Триесет и тригодишниот глумец, најпознат по улогите во филмовите „Фајтер“ (Kick-Ass), „Одмаздници“ и „Ноќни суштества“, ја добил понудата од продукцијата, која очекувала потврден одговор од него. „Еон продакшнс“ работи на сценариото и се подготвува за снимањето на новиот филм за тајниот агент 007. „Што се однесува до ‘Еон’, Арон ќе го потпише ...
Четиринаесетмина македонски хип-хоп изведувачи од новата генерација ќе настапат в сабота (23 март) во „Лабораториум“ во Скопје, на настан со кој колективот „Трап д фак ап“ (Trap Da Fuck Up) ќе одбележи десет години постоење. Овој колектив придонесе за развојот и ширењето на трап сцената во Македонија и токму оваа музика ќе биде застапена на повеќечасовната журка. Наречен „10 години за културата“, влезот на настанот ќе биде бесплатен, но ...
„АББА симфоник шоу“, трибјут групата од Словачка која ги пее хитовите на славниот шведски бенд, доаѓа во Скопје на 26 април. Концертот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, објави „Авалон“. Групата е специфична по тоа што ги изведува хитовите на „АББА“ во нови аранжмани во придружба на симфониски или камерен оркестар. Аранжманите ги прави Михал Јаниш, пијанист во „Хепи бенд“, оркестарот кој го следи „АББА симфоник шоу“ на настапите низ ...
Со претставата „Целото тело тука ме боли“ (Цело тело ту ме боли) легендарната српска актерка Светлана Бојковиќ ќе гостува во Скопје на 8 април, во Националната опера и балет. Актерката со повеќе од 50 години искуство на театарската, ТВ и филмска сцена вели за СМАРТ СДК.МК дека е среќна што игра во добра комедија. „Мислам дека претставата е многу добра и дека преку комедија ги отсликува реалноста и односите во општеството во кое што живееме. ...