Влатко Лозаноски-Лозано го објави новиот сингл „Бариера“, модерна поп-песна со брз ритам. Лозано и овојпат работеше со истиот авторски тим: Лазар Цветкоски е автор на музиката и на аранжамнот и е продуцент, а Магдалена Ена Цветкоска го напиша текстот. Спотот го снимаше продукцијата „Урбан рекордс“. „Мојата најнова песна е на мојот јутјуб канал, а наскоро ќе биде и на сите останати музички платформи. Се надевам дека и оваа песна ќе биде дел од ...

„М“ на режисерот Вардан Тозија, продукција на „Фокус покус филмс“, ја освои наградата за најдобар интернационален филм на 16. издание на филмскиот фестивал „Ноќ на хоророт“ во Висконсин, САД. Овој фестивал една деценија се одржуваше во Мелбурн и Сиднеј, Австралија, а сега се префрли во САД. „’М’ е чудесно остварување, трогателна драма за созревање сместена во дистописки кошмар од Вардан Тозија“, стои во одлуката на жирито. Од продукцијата велат ...

Филмот во продукција на Младински културен центар (МКЦ), „Ефтеркланг: Македониум бенд“, во режија на Данецот Андреас Јонсен, ќе има светска премиера на 23 март на еден од најголемите светски фестивали за документарни филмови CPH:DOX во Копенхаген. Од МКЦ велат дека музичкиот документарен филм, кој се снимаше лани во април, ја следи групата „Ефтеркланг“ во потрага по македонски музичари, со цел составување голем ансамбл и нивен перформанс пред ...

Би-Би-Си објави трејлер за „Овој град“ (This Town), новата серија на авторот на „Пики блајндерс“, Стивен Најт, која зборува за подемот на ска сцената во Англија. Дејството се случува во 1981 година и следи четворица млади луѓе кои сакаат да формираат бенд среде големите политички и економски немири во Бирмингем. Серијата ќе има шест епизоди, а режисер е Пол Витингтон, кој работеше на „Круна“. Насловот на серијата е инспириран од песната „Град ...

Еден од најпопуларните кавер бендови на светот „Нувел ваг“ ќе настапи на Д фестивал, каде што ќе го промовира својот нов, петти албум „Should I Stay or Should I Go?, кој излезе минатиот месец. Ова е прв албум на бендот по смртта на еден од неговите основачи Оливје Либо, кој почина во 2021. „Нувел ваг“ е француски бенд кој свири обработки на поп, рок, панк и њу вејв класици во боса нова стил и постигна голем успех уште со својот прв истоимен ...

Хрватската поп-пејачка Данијела Мартиновиќ сношти го одржа првиот од двата концерта во Филхармонијата. Повеќе од два часа шармантната пејачка танцуваше и ги пееше своите најголеми хитови и во Скопје ја донесе Далмација, зборуваќи на нејзиниот сплитски акцент. „Ви благодарам што ме следите сите овие години. Ви благодарам што бевте тука и кога не знаевте дека бевте. Вие ме спасивте, токму поради вашата љубов ги пребродив најтешките моменти во ...

„Мојата украдена планета“ на иранската документаристка Фараназ Шарифи ја освои наградата Златен Александар во главната натпреварувачка селекција на 26. Филмски фестивал за документарци во Солун. Филмот, есеј за минато време создаден од аматерски снимки од времето на Иранската револуција, доби и парична награда од 12.000 евра, а победата му носи директна квалификација за трката за Оскарите во 2025. „Добро изработен и трогателен есеј во прво лице ...

На 22 март (петок) од 20 часот, почнува новото издание на „Денови на македонска музика“ со концерт на Воениот оркестар на Армијата во големата сала на Филхармонијата. Музичаката манифестација се одржува по 47. пат. На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата е во знакот на творештвото на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но ...

Вечерва (15 март) во 21:30 часот во фоајето на Кинотеката ќе се отвори изложбата „Париски цртан филм“, на уметницата Јана Манева-Чупоска. Изложбата е дел од Неделата на франкофонскиот филм, а се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија, во техника јаглен во форма на филмска лента. Манева-Чупоска, која е и претседателка на Друштвото на ликовни уметници, вели дека оваа изложба е создадена во 2023 во Македонското ателје при ...

Четвртиот концерт на Националнот џез оркестар откако свират под тоа име беше романтично потсетување на свинг музиката од 1930-тите и од 1940-тите, а се одржа сношти во Македонскиот народен театар. На вечерта насловена „Џез лектира“, оркестарот нѐ прошета низ творештвото на биг бендот на Каунт Бејси и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка Дајан Шур, добитничка на Греми награда за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987. ...

Раперот Слаткаристика со концерт во „Ивент центар“ во Скопје прослави 15 години од неговиот прв албум „Слаткаристика будало“. Во полниот клуб, Марко Маринковиќ започна исто како и пред 15 години, кога како млад рапер го наполни Скопскиот саем, со истите хитови кои се актуелни и денес: „Фм“, „Шопинг“, „Колку е добро да си рапер“. Интересно е што на концертот имаше и млади и повозрасни, кои Слаткар го слушале кога биле помлади. Имаше и родители со ...

На 20 март (среда) во 12 часот, на малата сцена во Театар Комедија ќе биде промовирана книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. За книгата ќе говорат писателот и професор, Александар Прокопиев, и професорката и театролог, Ана Стојаноска. Книгата е издание на Театар Комедија. „Да се пишува за комедијата, за комичното, па дури и за хуморот, значи да се пишува за човековото снаоѓање низ светот, особено во театарот. Еден од ...

Весел концерт одржа женското трио „Фрајле“ од Нови Сад, сношти во Филхармонијата. Пеејќи песни од нивната Војводина, нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Наташа Михајловиќ и Невена Буча ја разиграа публиката. Највпечатлива беше изведбата на нивната верзија на „Јовано Јованке“, која ја пеат насекаде низ регионот, а беше своевидно шоу од шест минути. „Би сакале да останеме тука, а можеби ќе се најде и некој ...

Ако мислите дека имате продуктивен ден, сетете се на Доли Партон. Пред 50 години, легендата на кантри музиката во едно попладне напишала две песни кои ќе станат безвременски класици: првата е „Џолин“ (Jolene), која ја обележа нејзината кариера, а другата е „Секогаш ќе те сакам“ (I Will Always Love You), која 20-ина години подоцна ја прослави Витни Хјустон. Оваа недела се одбележуваат половина век од објавувањето на втората песна, нежна балада, ...

Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна „Живее спомен“, која е македонска верзија на нејзината песна на англиски „Дали се сеќаваш“ (Do You Remember), која ѝ беше прв сингл. Волческа е текстописец на македонската верзија и го режираше спотот за оваа песна. Таа е и авторка на музиката, во соработка со Весна Малинова, која е нејзин ментор за сите песни. Аранжманот и продукцијата се направени во студиото на Јордан Манов. ...

Црногорскиот актер Мима Караџиќ, младата српска актерка Јана Бјелица и режисерот Синиша Цветиќ сношти беа во Скопје на премиерата на новиот филм „Јорговани“. Во филмот, по 15 години повторно филмска двојка се Слобода Миќаловиќ и Иван Босиљчиќ, кои заедно играа во сериите „Ранетиот орел“ и „Непобедливо срце“. Тие не дојдоа на скопската премиера на филмот, за кој киното Синеплекс објави дека биле продадени 1.600 билети и се одржаа 11 проекции во ...

Kнигата на Ацо Шопов „Автопортрет со седум прсти“, издание на „Антолог“, ќе биде промовирана на 19 март од 19 часот во „Лабораториум“ во Скопје (старата печатница на „Нова Македонија“). „Сите го знаеме Шопов како суптилен лиричар, но кој го знае како есеист и беседник со изострен слух за литературата и уметноста, како толкувач на општествените текови и драми, како остар полемичар, ангажиран општественик, издавач и интелектуален работник? Ете, ...

УНЕСКО ја вклучи техно сцената на Берлин на својата листа на нематеријало културно наследство. Главниот град на Германија е познат по својата жива техно сцена, но тамошните клубови и натаму страдаат од последиците на пандемијата на ковид-19. „Ова е огромно признание за берлинските техно продуценти, уметници, менаџери на клубови и организатори на настани. Оваа одлука ќе помогне клупската култура да биде препозната како вреден сектор достоен за ...

Во Лондон се отвори изложбата „Уметноста на коцките“, која ги внесува посетителите во неверојатниот и шарен свет на американскиот уметник Нејтан Саваја, кој своите дела ги прави од лего коцки. Тој почнал да се занимава со ова пред две децении, додека работел како корпоративен адвокат во Њујорк. Неговите шарени лего скулптури денес се светска сензација, а изложбата „Уметноста на коцките“ досега посети 24 држави на шест континенти. Од реплики на ...

Евровизија ќе биде темата на годинашното шоу „Глумците пеат“, кое ќе се одржи на 29 и на 30 март од 20 часот во Операта. На својата фејсбук страница, „Глумците пеат“ најави дека насловот на шоуто ќе биде „Нема да одиме на Евровизија, но таа доаѓа кај нас“. „Ова издание ќе биде тематско, повеќе како претстава. Ги имаме избрано концептот и песните“, изјави Маја Бабиќ, организаторка на настани и продуцентка. Режисер на шоуто е Дејан Пројковски, а ...

Вториот дел на „Бетмен“ со Роберт Патинсон во главната улога ќе излезе со задоцнување од цела година. Филмот на „Ворнер брос“ премиерно ќе се прикаже на 2 октомври 2026. Во продолжението, Мет Ривс се враќа како режисер и сценарист, а покрај Патинсон, пак ќе глумат и Зои Кравиц, Пол Дејно и Енди Серкис. Се очекува поголема улога да има Бери Кјоуген, ѕвездата на „Солтбурн“, кој се појави на крајот на претходниот „Бетмен“ како затвореник во Аркхам, ...

Едни од предводниците на новиот бран на македонската рок сцена „Луфтанза“ ќе го има својот прв самостоен концерт на 30 март, што ќе се одржи во „Станица 26“ во Скопје. Специјален гостин ќе биде бендот „Алембик“. Концертот ќе биде промоција на новиот албум на „Луфтанза“ насловен „Далеку од вистинското нешто“, кој доаѓа две години по дебитантското издание „Давор“. Картите во претпродажба чинат 300, а на врата 400 денари. (Фото: Фејсбук/Луфтанза) ...

Десетгодишната Норт Вест, највозрасното од четирите деца на Кање Вест и Ким Кардашијан, влегува во музичките води и го најави својот прв албум. Неговото име ќе биде „Elementary School Dropout“, што е очигледна референца за деби албумот на татко ѝ „The College Dropout“ од 2004, со кој тој се промовираше во едно од највозбудливите нови хип-хоп имиња. Норт се појави на промоцијата на новиот албум на Кање Вест во Аризона и таму објави дека работи на ...

Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби“ ќе одржи концерт во Скопје на 23 март во салата „Јане Сандански“. Сараевскиот музичар со светска кариера скромно зборува за своите успеси и вели „ете, со нешто се занимавам“. Бреговиќ својата работа со оркестар во кој членуваат главно дувачи и свират преработки на народна музика ја вика „скок од пелени во пантолони“. „Од почетокот на кариерата работам со оркестри кои свират народна музика, ...

Објавени се фотографии од долгоочекуваниот Голем египетски музеј во Гиза, кој конечно е довршен и треба да биде отворен подоцна оваа година. Музејот го проектираше ирското студио „Хенеган Пенг“. Огромната зграда, позната и како Музејот Гиза, е изградена близу легендарните пирамиди. Со површина од 90.000 квадратни метри, тоа ќе биде најголемиот музеј на светот, што моментално е Лувр во Париз. Музејот го нарача египетското министерство за култура ...

Краткометражниот филм „Амин“, во режија на Ана Марија Јанковиќ, која студира режија во Скопје, премиерно беше прикажан сношти во 3Д Киното во Битола, нејзин роден град. Младата режисерка во филмот ангажираше битолска актерска екипа. Петар Горко, Маја Андоновска-Илијевски и Петар Мирчевски. „Многу ми е драго што една девојка која студира во Скопје, а е по потекло од Битола собра битолска екипа и направи филм кој верувам ќе се гледа на многу ...

Специјално од Солун за СМАРТ СДК.МК: Марина КОСТОВА Документарецот „Заскитани тела“ на грчката режисерка Елина Псику на плакатот има бремена жена распната на крст под ореол од ѕвездите на Европската унија (ЕУ). Синоќа филмот имаше грчка премиера на Фестивалот на документарци кој е во тек, а уште од претпладнето во центарот на Солун, пред киното Олимпион, имаше силно присуство на полициски специјалци, оти разни религиозни и десничарски ...

На 16 март од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Ќе настапат домашните солисти Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Биљана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Тихомир Јакимовски и Диме Петров, во придружба на хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Дејан Прошев, сценографијата на ...

Со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“ на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал на 15 март (20 часот), во Кинотеката ќе почне Неделата на франкофонски филм. По проекцијата на филмот ќе се отвори изложба на македонската уметница Јана Манева-Чупоска. Неделата на франкофонски филм е во рамките на одбележувањето на месецот на Франкофонијата, а ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите ...

Шефицата на „Ворнер брос“, Пем Абди, изјави дека би сакале да го снимаат „Барби 2“ откако филмот на Грета Гервиг ја запали публиката низ целиот свет. „Барби“ заработи 1,4 милијарди долари на киноблагајните, со што е финансиски најуспешниот филм за минатата година. Имаше и осум номинации за Оскар, но доби само еден, за најдобра оригинална песна. „Филмот собори многу рекорди. Двете страни секогаш зборуваа за снимање продоложение, но на крајот, тоа ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
27%
1005
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
79%
1006
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
37%
1009
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
1.27
20%
1007
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.87
83%
1005
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
37%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
29%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
24%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
82%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
37%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641