
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Хрватскиот бенд „Елементал“ е првиот потврден учесник на годинашното, 14. издание на Д фестивал, што ќе се одржи од 28 до 30 јуни. „Најавуваме магична ноќ, исполнета со уникатна комбинација на рап, фанк, соул и рок. Експлозија од звук и енергија, искрени текстови и моќни настапи“, вели организаторот „Пасворд продукција“. И додека почна да се објавува листата изведувачи кои ќе настапат на една од шесте бини, засега нема потврда дали фестивалот ќе ...
В сабота (24 февруари) од 21 часот, пејачката Зарина Првасевда ќе одржи концерт во „Јавна соба“ во Скопје. Концертот е во рамките на настапите насловени „Светско, а наше – саботи на светска музика“. Зарина Првасевда пее македонска и светска традиционална музика. На крајот на минатата година беше прогласена за најдобар нов талент во Будимпешта, во изборот на европската UPBEAT платформа. Нејзиниот деби албум „Ехо”, кој е отпеан на четири јазици, е ...
Режисерот Сем Мендес треба да сними четири филма за „Битлс“, по еден од перспектива на секој член на бендот. Пол Макартни, Ринго Стар и семејствата на Џон Ленон и Џорџ Харисон дадоа дозвола и музички права за четирите филма. Режисерот, кој е добитник на Оскар за „Американска убавина“, рече дека му е „чест што ќе ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“. Филмовите ќе играат во кината во 2027 година. Сѐ уште не е објавено ...
Спектакуларниот фински инструментален бенд „Апокалиптика“ третпат доаѓа во Македонија, овојпат како најава на 26. издание на фестивалот Таксират. Концертот ќе се одржи на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“, кога триото виолончелисти ќе свири хитови на „Металика“ во свој уникатен стил. „Апокалиптика“ е основана во 1993 година од студенти на музичката академија „Сибелиус“ во Хелсинки. Првиот албум, кој содржеше обработки на осум песни од ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот Регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...
Хрватската поп-пејачка Данијела Мартиновиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 март, објави „Авалон продукција“. Мартиновиќ првпат ќе пее во Филхармонијата, а концертот е во рамките на славењето на 30 години „Авалон“. „Имавме транзиција во нашата работа, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала. Нашите п рви концерти таму беа со Мишо Ковач, но најуспешниот проект во Универзална сала беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, која ...
Астрономите го открија најсветлиот предмет досега во далечната вселена. Станува збор за квазар, светлото јадро на галаксија што се напојува од огромна црна дупка чија маса е 17 милијарди пати поголема од онаа на нашето Сонце. Познат како ЈО529-4351, неговата моќ беше потврдена со набљудувањата од „Многу голем телескоп“ (ВЛТ) во Чиле. Научниците велат дека црната дупка има незаситен апетит и секој ден голта маса еднаква на едно сонце. Овој објект ...
„Берлин“, спиноф серијата на „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel), ќе добие втора сезона на „Нетфликс“. Снимањето ќе почне следната година. Покрај Берлин, кого го игра Педро Алонсо, ќе се врати и остатокот од неговата банда, која во првата сезона изврши грабеж во Париз. „Берлин“ се одвива пред случувањата во хитот „Куќа од хартија“ и „Нетфликс“ објави дека била најгледаната серија на светско ниво во првата недела од премиерата кон крајот на ...
Хрватскиот кантавтор Петар Грашо ќе одржи и втор концерт во Скопје, во Филхармонијата на 27 април, откако се распродаде првиот на 26 април, објави продукцијата „Прагма“. Грашо ќе ги изведе своите најголеми хитови и хитови на Оливер Драгојевиќ заедно со симфониски оркестар. Тој на 16 години ја напишал песната „Божица“, со која Драгојевиќ настапи на фестивалот Дора во 1995 година. Потоа ја започна соло кариерата. „Моите родители извесно време се ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...
Рок-групата „Ареа“ ќе одржи акустичен концерт во Скопје, во Филхармонијата на 19 април од 20 часот, објави продукијата „Фреш јунион“. Ружица Милошевска-Брчиоска, пејачката во бендот, вели дека таа и колегите се возбудени пред дружењето со скопската публика. „Последниот самостоен акустичен концерт на ‘Ареа’ беше во октомври минатата година во Центарот за култура во Битола, каде што настапивме пред расположена публика. Оттаму носиме прекрасни ...
„Пивара Скопје“ објави дека продолжува со активностите во рамките на долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, чија цел е заштита на животната средина и националните обележја. Во годината во која брендот „Скопско“ одбележува 100 години постоење, веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња „скопско“ и „смут“, при што еден денар од секое продадено шише ќе биде наменет за организирање акции и за инвестиции во опрема за ...
В четврток (22 февруари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Ернандес-Силва од Венецуела. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема ...
Каролина Гочева ќе одржи и втор концерт во скопскиот клуб „Пјур“ на 2 март, откако влезниците за првиот, на 1 март, се распродадоа, објави „Авалон продукција“. Првиот датум на концертот е симболично избран поради нејзината песна „1 март“, која е дел од албумот „Во заборав“, кој излезе во 2005. Ова е четвртиот албум на поп-пејачката и се смета за еден од нејзините најуспешни. Влатко Стефановски, Калиопи, Џибони, Златко Ориѓански, Дарко Димитров, ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од Охридско-струшкиот регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? ...
Хрватскиот канатавтор Златан Стипишиќ- Џибони ја наполни салата „Јане Сандански“ во Скопје на концертот сношти (17 февруари). Џибони е миленик на скопската публика долги години, уште од 2001, кога за првпат во живо на некогашниот Скопски саем, го испеа хитот „Либар”. Истата песна, публиката како хор ја пее и денес, а сношти на концертот ја збогати гостувањето на Влатко Стефановски. Македонскиот гитарист свиреше на добар дел од концертот на ...
На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотеката ќе се прикаже долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на „Панкрти“, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Настанот е во организација на Словенечки центар – Скопје и Кинотека, а ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски одржаа два одлични концерта во Филхармонијата. Македонските музичари кои живеат надвор, Роџевски и Лумановски во Њујорк, а Бојаџиев во Лисабон, музички и пријателски се споиле пред 25 години, додека сите живееле во САД. Нивната блискост е видлива на сцената, и се познава во топлината и ентузијазмот во изведбата. „Многу сме возбудени што по долги години повторно сме на свој терен. Исмаил пред да ...
Минатата година, најпосетениот град во светот бил Истанбул, според податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители. Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е магнет за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен. „Сместен на два ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
Тимоти Шаламе и Зендаја пристигнаа во Лондон за светската премиера на нивниот нов филм „Дина: Втор дел“. Голем број фанови со часови чекаа во редица за да ги видат, а потоа врескаа кога тие се појавија на црвениот тепих, кој беше покриен со пустински песок. Зендаја привлече посебно внимание со своето роботско металик одело, дизајнирано од Тјери Муглер во 1995. Долгоочекуваното продолжение на „Дина“, во режија на Денис Вилнев, требаше да има ...
Македонските бендови „Фанк шуи“, „Корпорација вагина“ и „Луфтанза“ влегоа во потесниот избор за музичката награда ХЕМИ за 2024, која опфаќа изведувачи од централна и југоисточна Европа. Од вкупно 27 кандидати, девет ќе влезат во втората фаза, од каде што ќе се избире добитникот на наградата ХЕМИ, што ја доделува истоимениот центар за размена на музички иновации. „Фанк шуи“ беше меѓу деветте финалисти во 2021 година. ХЕМИ е програма која има за ...
Технолошката компанија „ОпенАИ“, која стои зад популарниот четбот „ЧетГПТ“, претстави нова алатка која може да создава видеа врз основа на даден текст. Наречена „Сора“, според јапонскиот збор за небо, таа може да прави реалистични снимки долги до една минута кои се придржуваат до упатствата на корисникот за стилот и темата. Според компанијата, „Сора“ исто така може да креира видеа врз основа на неподвижна слика или да прошири постоечка снимка со ...
Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ја промовираше новата песна „Маскенбал“, чии автори се Лазар и Магдалена Цветкоски. „Сите кои се чувствуваат осамено и изморено ќе се пронајдат во мојата нова песна“, вели Лозаноски. Спотот е снимен во Венеција, италијанскиот град кој, меѓу другото, е познат по карневалот со маски, кој се одржува секоја година. Во видеото, и Лозано носи маска. Спотот го режираше Даниел Јовески, а поп-пејачот најави уште нови ...
Израел може да се натпреварува на годинашната Евровизија, објавија организаторите по зачестените повици за негово исклучување поради војната во Газа, како што беше случај со Русија поради инвазијата на Украина. Во јавноста кружеа неколку петиции за исклучување на Израел од настанот што ќе се одржи во Малме во мај. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) денеска соопшти дека спровела анализа и одлучила дека Израел може да учествува. „Евровизија е ...
Минатогодишниот состав на Манчестер јунајтед бил најскапиот во историјата на фудбалот, вели нов извештај на УЕФА. На крајот на ланската фискална година во април, играчите на Јунајтед вределе вкупно 1,42 милијарди евра, гледано според платените обесштетувања. Тука не се вклучени трансферите од летниот преоден рок, кога Манчестер ги купи Расмус Хојлунд (84 милиони евра), Мејсон Маунт (64 милиони) и Андре Онана (55 милиони). Претходниот рекорд го ...
Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ ќе одржи концерт во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ на 2 ноември, објави „Прагма продукција“. Шерифовиќ, која беше победничка на Евросонг во 2007 со песната „Молитва“, минатата година прослави 20-годишен јубилеј во музиката. По тој повод го сними албумот „Доаѓа љубовта“ (Долази љубав), како што е и насловена нејзината славеничка турнеја, која продолжува оваа година во 30 градови во регионот. Шерифовиќ ...
Едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје в сабота (17 февруари) ќе биде домаќин на фестивалот на современа македонска поп музика „Поп култура“. Со почеток во 20:30 часот, на фестивалот ќе настапат Јанг Деди, „Зи“, Матеј Фолц и Вански, диџеј сет ќе има Димчуга, а специјална гостинка ќе биде српската раперка Млада Беба. Фестивалот, кој се фокусира на хип-хоп движењето како најраспространета и најпопуларна форма на израз на денешната ...
Поп-пејачката Ивона Јо ја промовираше својата нова песна „Друго“. Пејачката вели дека на оваа песна работела шест месеци. Композитор и аранжер е Илија Ќосевски, текстот е на Весна Малинова, а спотот го режираше Мартин Трајановски. „Во песната им порачувам на сите да се чувствуваат добро во своја кожа, да се прифатиме себеси, да се сакаме, за да можете да ги сакате и оние околу вас, но и да им бидете поддршка“, изјави Ивона Јо за новата песна. ...