Модата на раскрсницата меѓу традицијата и иновациите беше синоќа (29 март) во фокус на претпоследниот ден на 28. Моден викенд Скопје. „Со голем фокус на одржливоста, културната длабочина и постојано менувачката динамика на дизајнот, Моден викенд Скопје оваа сезона е повеќе од само приказ на облека – тоа е жив разговор за иднината на модата, етиката и улогата на креативноста во таа револуција кон промените“, велат организаторите. Во текот на ...

Што би било ако Македонија биде домаќин на Евровизија во 2134, беше темата на овогодинешното шоу „Глумците пеат“, сношти (29 март) во Националната опера и балет (НОБ). Низ комично сценарио, шоуто го водеа актерот Горан Ников и новинарката Миланка Рашиќ, која природно е асоцијација на Евросонг. Слушнавме 27 евровизиски хитови од млади и докажани актери: Весна Петрушевска која настапи со децата од нејзината актерска школа, Тања Кочовска, Гордана ...

Текстовите на песните станале поедноставни и поповторувачки, покажа ново истражување. Тоа исто така откри дека стиховите станале погневни и повеќе самоопседнати во последните 40 години. Тим на европски истражувачи ги анализирал стиховите на повеќе од 12.000 рап, кантри, поп, рок и аренби песни на англиски јазик објавени од 1980 до 2022 година. Ева Цангерле од Универзитетот во Инзбрук, која е авторка на студијата, не сакаше да издвои конкретни ...

Симон Трпчески вели дека е среќен што во густиот распоред нашол простор да одржи прес-конференција пред двата концерта во Филхармонијата на 31 март и 1 април со проектот „Македонисимо“, овојпат со оркестарот „Ајга“. Концертите се македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти претходно промоторот „КултурОп“. „Овие концерти се една надеж за нашиот народ да се самопочтува и самоспознае во ова денешно бурно време, а сосемо ...

Драган Мијалковски ќе испее две нови песни на концертите кои ќе се одржат на 2 и 3 април во Националната опера и балет. „Првиот концерт се распродаде во рекордно време, со задоволство најавуваме дека се трошат последните билети за вториот концерт на 3 април, а трет концерт ќе нема. Јубилејните гала концерти на нашата музичка легенда ќе се одржат во придружба на голем оркестар и членови на Националниот џез оркестар“, вели организаторот радио ...

Бијонсе денеска го објави својот нов албум „Act II: Cowboy Carter“ и откри со кои музичари соработувала. На албумот се вклучени Пост Малоун, Мајли Сајрус, Доли Партон, Вили Нелсон и шестгодишната ќерка на Бијонсе, Руми Картер. „Ова не е кантри албум. Ова е албум ‘Бијонсе‘“, рече пејачката. Албумот содржи дури 27 песни. Нејзината нова музика се прифаќа како кантри и се очекува да донесе новини во жанрот. Критиката му даде извонреди оценки на ...

По неколку одложувања, во Њујорк конечно почна снимањето на биографскиот филм за Боб Дилан, во кој главната улога ја има Тимоти Шаламе. Филмот насловен „A Complete Unknown“ ги следи почетоците на кариерата на легендарниот кантавтор. Првпат најавен во 2020, филмот прво го одложи пандемијата на ковид-19, а потоа и штрајкот на холивудските актери и сценаристи. И покрај тоа, филмот доби целосна поддршка од самиот Дилан, кој на режисерот Џејмс ...

Со уникатната модна ревија и презентација „Дијалози“, која ја организираше Амбасадата на Шпанија, почна 28. Моден викенд Скопје, кој се одржува до утре (30 март) во деловниот дел од трговскиот центар „Ист гејт“. Ревијата беше спој на мода и занаетчиство, инспирирана од керамиката Талавера де ла Реина и жителите на овој град во Шпанија. На неа соработуваа македонските модни дизајнери Роберт Ивановски и Магдалена Таневска и грнчарите Анета Попова, ...

Од 3 до 6 април, од 19:30 до 22:30 часот во скопскиот трговски центар „Дајмонд“ ќе се одржува четвртото издание на Скопје моден фестивал со домашни и балкански дизајнери. „Публиката ќе проследи уметнички перформанси, музички, танцови и сценски изведби и настапи на познати пејачи. Фестивалот ќе го отвори дизајнерка Ивана Кнез со ревијата ‘Да живее драмата‘“, вели Милан Атанасов, креативен директор на настанот. Програмата ќе ја најави кус моден ...

На 27 април од 20 часот, во салата „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт на српскиот трибјут бенд „Блек симфони“, кој свири симфониски верзии на песни на „Металика“. Музичарите кои настапуваат секаде низ Европа ги свират најголемите хитови на легендарниот американски хеви метал бенд во аранжмани за симфониски оркестар. „На концертот ќе можете да слушнете единствен спој на песни на ‘Металика‘ и голем симфониски оркестар. Овој проект е добро ...

Првата компилациска плоча за современата домашна поп продукција насловена „Поп култура“ ќе биде промовирана утре (29 март) од 19 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. Настанот ќе биде посвета на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата. На компилацијата се наоѓаат песни од Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Зи, Јанг Дади, Матеј Фолц и ...

Вечерва (28 март) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Татковина“. Како солист настапува виолинистот Бојан Илкоски, а ќе диригира Сашо Татарчевски. На програмата ќе бидат Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини и Симфонија бр. 4 во Д-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман. Бојан Илковски неодамна како солист го изведе концертот на Паганини во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро ...

Денеска (28 март) започна пријавувањето за Визер Скопски маратон, чие 20. издание ќе се одржи на 6 октомври. Аплицирањето ќе трае до 20 септември, но може да се затвори и порано ако се достигне предвидениот број учесници. Маратонците и полумаратонците ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според таргет времето што ќе го одберат при пријавувањето, додека учесниците на штафетниот маратон и на трката на пет километри ќе бидат распоредени ...

На 13 април од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи вториот дел од концертот „Најголемите хитови на Ем-Ти-Ви“. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, кој минатата година одржа два концерта со најголемите хитови од 1980-тите и 1990-тите. „Со 100 учесници на сцена, 10 извонредни пејачи, оркестар во полн состав, хорот ‘Мирче Ацев‘ и балетски играчи при Националната опера и балет, присутните ќе имаат можност да ги слушнат во живо ...

Дизајнеритe Ана Тасева, Гоце Велески и Воскресија Андреевска и средношколците Амра Седиковиќ, Давид Манасијевиќ и Адријана Мирчевка ги добија наградите за најдобри решенија на повиците за визуелни дела на тема трансплантација и органодонорство. На конкурсот пристигнаа над 120 дела, а изложбата со 20 дела синоќа (26 март) се отвори во „Ист гејт мол“. „Да се дарува орган е еден од најблагородните чинови што може да се направи. Донирајќи орган, вие ...

Познати се сите учесници на Европското првенство во Германија и меѓу нив е и еден дебитант на големите фудбалски натпреварувања. Грузија ќе игра на своето прво европско првенство откако на пенали ја совлада Грција со 4:2, што доаѓа три и пол години по поразот од Македонија во финалето на плеј-офот за претходното ЕП. По завршувањето на мечот, грузиските навивачи се стрчаа на теренот за да прослават со своите фудбалери. Грузија се пласираше на ...

На Светскиот ден на театарот, кој се одбележува на 27 март, во Драмски театар во Скопје од 18 часот ќе има промоција на монографијата „Ристо Стефановски“. Легендарниот театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар, кој 26 години беше директор на Драмски театар од основањето, почина во 2022. Од Драмски велат дека во чест на неговата посветеност во развојот на театарот, големата сала во Драмски театар ќе го носи името „Ристо ...

Документарниот филм „Eфтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, имаше светска премиера на фестивалот CPH:DOX во Копенхаген, каде што беше прикажан во специјалната програма „Sound&Vision”. Повеќе од 1.000 гледачи ги проследија двете распродадени проекции, по кои настапи музичкиот состав по кој е именуван филмот „Eфтеркланг: Македониум бенд” е првиот филм во продукција на Младински културен центар во Скопје и е ...

Хрватската поп-пејачка Северина ќе одржи концерт во Скопје в сабота (30 март), во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот, објави продукцијата „Прагма“. Во 2014, Северина доби три награди на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“: за најдобар регионален албум, најпопуларна регионална пејачка и за концерт на годината, а ѝ ги додели Игор Џамбазов. Таа тогаш испеа една од своите балади заедно со Влатко Стефановски. Пејачката го објави ова ...

Хит-серијата „Еуфорија“ не се враќа во скоро време. Ејч-Би-О дополнително го одложи снимањето на третата сезона и нејзиното излегување не може да се очекува пред 2026 година. ТВ-мрежата соопшти дека новото одложување е поврзано со сценариото, што го пишува креаторот на серијата Сем Левинсон. „Левинсон ќе направи промени во приказната за третата сезона зашто ликовите го напушаат средното училиште. Во меѓувреме, актерите се слободни да работат на ...

„Авалон продукција“ по 20 години повторно го објави албумот „Трета мајка“, што заеднички го снимија гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. Овојпат, албумот е издаден на плоча и тоа во ограничени количини. „Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на македонски народни песни. „Авалон“ ја објави својата прва плоча во соработка со хрватската издавачка куќа ...

Мадона објави дека ќе одржи концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, кој ќе биде најголем во нејзината кариера. „Бразил, доаѓам наскоро“, изјави 65-годишната поп-кралица. Концертот ќе се одржи на 4 мај, ќе биде бесплатен за сите фанови и ќе се пренесува на телевизијата „Глобо“. Претходните концерти на Копакабана привлекоа милиони луѓе, а таму настапија и „Ролинг стоунс“, Род Стјуарт и Лени Кравиц. Мадона ја започна својата ...

Пејачот и автор Мики Јовановски-Џафер ќе слави 50 години музичка кариера со четири концерти низ Македонија. Првиот е на 13 април во Скопје, во „Јавна соба“, вториот во Штип на 18 април, третиот во Струмица на 25 април, а во Битола Џафер ќе пее на 16 мај. Сите концерти, освен скопскиот, ќе се одржат во локалните домови на култура. „Мене одамна ми одминаа јубилејните 50 години во музиката. Сега се можеби 55 веќе. Но, треба некој од менаџерите да ...

Цртаниот лик Попај се враќа на големото платно по повеќе од четири децении. Легендарниот морнар и љубител на спанаќ, кој првпат се појави во стрип во 1920-тите, ќе добие нова филмска верзија, која, како што е најавено, ќе биде со голем буџет. Сценарист ќе биде Мајкл Калео, кој има работено и на серијата „Сопранови“. Ова ќе биде прв филм за Попај од 1980 година, кога насловниот лик го играше Робин Вилијамс (фото), а во улогата на Олива беше Шели ...

Светски познатиот словенечки хор „Перпетум џезиле“ на концертот на 5 април во Филхармонијата во Скопје ќе го промовира новиот албум „Мириса како“ (Smells Like). На новиот албум има песни од „Квин“, Елвис Присли и други поп и рок ѕвезди. Хорот, кој пее обработки на светски познати хитови, го нарекуваат и вокален оркестар затоа што членовите со своите гласови успешно имитираат инструменти и звуци од природата. Во Скопје ќе настапи во полн состав, ...

Симболот на Барселона, базиликата Саграда фамилија, доби нов датум на комплетирањето и треба да биде завршена во 2026, 144 години откако бил поставен првиот камен. Естеве Кампс, претседателот на организацијата која доби задача да го догради ремек-делото на Антони Гауди, кажа дека на овој начин завршувањето на работите би се совпаднало со стогодишнината од смртта на творецот на базиликата. Тој вели дека имаат доволно пари и материјали за да се ...

Колку среќни можат да бидат жителите на Карбондејл, Илиноис? Астрономските пресметки кажуваат дека едно место на Земјата може да сведочи на целосно помрачување на Сонцето само еднаш во 375 години. Сепак, 30.000 жители на ова гратче на американскиот Среден Запад ќе ја имаат оваа можност по вторпат за само седум години. Исто така, помрачувањето на 8 април ќе биде подобро од она што го гледаа во 2017 зашто небото ќе биде темно четири минути и девет ...

Книгата „Иванов 1887/1889: две верзии од Чехов“ ќе биде промовирана на 2 април во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) во 19 часот. Покрај главниот уредник Зоја Бузалковска, како промотори ќе зборуваат преведувачката на книгата Драгица Најческа, актерот Ѓорѓи Јолевски и писателот Гоце Смилевски. Книгата ја издаде МНТ. По промоцијата ќе биде изведена претставата „Иванов“, во режија на Бузалковска. Драмата „Иванов“ е првото поставено дело ...

Oна што во 1990-тите беше техното денес е трапот, моментално во светот нема музика која е повлијателна од трапот, вели Драган Иванов-Драги (Druggy), еден од основачите на колективот „Трап да фак ап“ (Trap Da Fuck Up). Најголемиот промотор на трап сцената во Македонија прослави десет години работа со журка во „Лабораториум“ во Скопје, која обедини 14 изведувачи, кои се изменуваа на бината од 15 часот до еден часот по полноќ. „Ние сме организација ...

„Ворнер брос“ го објави првиот трејлер за „Битлџус Битлџус“ (Beetlejuice Beetlejuice), продолжение на култната хорор комедија од 1988, во која Мајкл Китон игра демон. Китон, кој подоцна се прослави како Бетмен, ѝ се врати на оваа улога по цели 36 години и вели дека одамна така не се забавувал на едно снимање. Режисер повторно е Тим Бартон, а од оригиналната постава се враќаат и Винона Рајдер и Кетрин О‘Хара. Им се придружуваат Моника Белучи, ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1006
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.27
18%
1006
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.87
89%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
47%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
40%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
26%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641