Српскиот бенд „С.А.Р.С.“ ќе биде главната ѕвезда на музичкиот настан „Скопје се лади“, што ќе се одржи на 8 јуни на стадионот на АРМ во Градски парк. „Скопје добива нова форма на музичко изразување и ноќ посветена на љубителите на добрата музика со три концерти кои истовремено ја оживуваат енергијата со драм ен бејс, рап, реге и балкански звук“, вели организаторот „44 ЕвентМк“. Како што вели и името на настанот, ќе има три концерти во една ноќ. ...

Проектот „Македонисимо“ на пијанистот Симон Трпчески и пријателите синоќа (25 април) доби долги аплаузи од софиската публика, на концертот со Софиската филхармонија во салата „Бугарија“. Како што велат од „КултурОп“, квинтетот „Македонисимо“ настапи во оригиналниот состав: Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Софиската ...

Еден од најуспешните британски бендови од 1980-тите, „Пет шоп бојс“, го објави својот 15. албум и најави дека следната турнеја би можела да му биде проштална. Електро-поп дуото, во кое веќе 43 години членуваат пејачот Нил Тенант и клавијатуристот Крис Лоу, вели дека новиот албум „Nonetheless“ бил напишан за време на карантини во ковид пандемијата. „Ова е еден од најмелодичните албуми што сме ги снимиле досега. Не е толку за танцување како некои ...

На 30 април во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи Велигденскиот концерт во организација на Охридско лето. Женскиот хор „Менада“ од Тетово ќе изведе православна духовна музика под диригентство на Ивица Зориќ. „Со овој концерт ја заокружуваме програмата која веќе трета година ја реализираме надвор од традиционалната фестивалска рамка 12 јули-20 август. Имавме прекрасни концерти преку цела година со кои ја потврдивме големината на ...

Властите на Венеција беа обвинети дека го претвориле градот во тематски парк откако на сила стапи наплатата на влезници за еднодневните туристи. Венеција е првиот поголем град на светот кој воведе ваква шема. Градоначалникот Луиџи Бруњаро изјави дека влезницата од пет евра има за цел да го заштити градот од прекумерниот туризам и да ги одврати еднодневните посетители од доаѓање, со цел градот повторно да стане погоден за живеење. Сепак, неколку ...

Изложбата на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ), „Цртеж, експериментален цртеж”, ќе се отвори денеска (25 април) во 20 часот во Куќата на Борко Лазески (ул. Отон Жупанчич бр.15) во Скопје. Изложбата се организира по осми пат. „Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде што границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на ...

Македонија за првпат би можела да добие жена за претседател откако Гордана Сиљановска-Давкова оствари убедлива победа во вчерашниот прв круг на претседателските избори. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои 362.682, односно 40,08% гласови, двојно повеќе од актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој доби поддршка од 180.306 избирачи (19,93%). Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, кога паралелно се одржуваат и парламентарните избори. На третото ...

Хард рок легендите „Дип парпл“ го најавија излегувањето на својот нов, 23. студиски албум. Насловен „=1“, тој официјално ќе биде објавен на 19 јули. Последниот албум со оригинална музика „Дип парпл“ го издаде во 2020, а следната година сними албум со обработки. „На ‘=1‘, ‘Дип парпл‘ уште еднаш соработува со легендарниот продуцент Боб Езрин и го канализира звукот што првпат го стави на музичката мапа пред повеќе од 50 години, но без да се потпира ...

Омилените јапонски возови „Шинкансен“ добиваат уште една надградба. Од 2026, некои возови на линијата Токаидо, која ги поврзува Токио, Нагоја и Осака, ќе имаат приватни соби со врати во делот на високата класа. Според соопштението на Јапонската железница, собите се додаваат со цел да се задоволат потребите на клиентите поради промените во животниот и работниот стил. Во вакви соби деловни луѓе ќе можат да одржуваат состаноци преку интернет и да ...

На 30 април од 13 часот, во паркот Ибни Пајко во Скопје ќе се одржи осмото издание на целодневниот џез хепенинг со македонски, регионални и светски музичари. Настанот е по повод Меѓународниот ден на џезот, кој се слави во целиот свет. Ќе настапат септетот на Сашко Николовски, „Фани поса квартет“ со музичари од Унгарија, Србија и Германија, Гоце Стевковски со „Богданци реунион квартет“, „Лана Јањанин квартет“ од Хрватска, Џијан Емин и „Магичниот ...

„Врзете ми ги рацете” е новата песна на Дарио, која излезе вчера. „Искрено, уживав додека ја пишував и снимав. За мене и за вас“, напиша кантавторот на социјалните мрежи. Како и претходните синглови што ги промовираше во изминатиов период, тој е автор на музиката и текстот на песната, а аранжер е Кристијан Габровски. Дарио вели дека му е драго што снимил песна без никакви компјутерски ефекти. „Ова е класична љубовна песна инспирирана од многуте ...

Единаесет необјавени песни што Џони Кеш ги снимил како демо верзии во 1993, но никогаш не ги довршил конечно ќе излезат во јавност. Тие ќе се најдат на албумот „Songwriter“, што ќе биде објавен на 28 јуни, а беше најавен со синглот „Well Alright“. Музичари кои претходно имаат свирено со Кеш ги имаат довршено и снимено песните, на што е додаден вокалот на Кеш од демо верзиите. На албумот гостуваат кантри пејачот Винс Гил и рок групата „Блек киз“. ...

Селин Дион зборуваше за животот со ретката невролошка состојба синдром на вкочанетост, велејќи: „Ништо нема да ме спречи“. Во интервјуто за француски „Вог“, канадската пејачка рече дека е добро, но дека има уште многу работа. „Одам ден по ден. Се надевам дека ќе се најде чудотворен лек за состојбата што влијаеше на моите пеење и секојдневен живот, но работам на прифаќање на ситуацијата“, вели Дион. Синдромот на вкочанета личност се карактеризира ...

Продажбата на електрични и хибридни возила ќе достигне нови рекордни бројки оваа година, и покрај забавениот раст на некои пазари, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Според неа, 17 милиони вакви возила ќе бидат продадени во 2024, што е над 20% повеќе во споредба со лани. ИЕА вели дека најголем дел електрични автомобили ќе чинат исто колку бензинците до 2030, бидејќи цените паѓаат. Автокомпаниите се пожалија дека растот на ...

Колумбиската дизајнерка Ненси Гонзалес е осудена на 18 месеци затвор откако се изјасни за виновна за шверц на чанти направени од кожа на заштитени рептили. Гонзалес (71), која правеше чанти и за серијата „Сексот и градот“ и за Бритни Спирс, прекрши меѓународен договор со илегален увоз на чанти направени од кајмани и питони. И Колумбија и САД се потписници на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (ЦИТЕС), ...

На 17 мај во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, Каролина Гочева ќе одржи концерт со репертоар со најголемите хитови, објави „Авалон“. Поп-ѕвездата одржа серија концерти низ Македонија, во клубови и во домови на култура, која започна на 1 март во Скопје. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. 27 април во ...

В петок (26 април) од 20 часот, во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот. Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор. Поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност. Настанот е поддржан од Европска куќа во Скопје. Поетско-музичката вечер е во рамките на Студентската ...

Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ е вечерва (23 април) на програмата на Танц фест Скопје, а ќе се изведе од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). Со оваа претстава завршува програмата „Паралели”. Претставата е инспирирана од истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање“, Адријана Данчевска-Ровчанин, на музика на Александар ...

На 26 април излегува првата епизода од документарецот за американската рок група „Бон Џови“, насловен „Благодарам, добра ноќ“, во продукција на „Дизни“. Во фокусот е и ненадејното заминување на гитаристот Ричи Самбора од бендот, но фронтменот Џон Бон Џови вели дека нема проблеми со него. Всушност, тие заедно ја гледале серијата. „Само да бидам јасен поради историјата, никогаш немаше никаква борба. Никогаш не беше отпуштен. За жал, имаше некои ...

Култниот сараевски бенд „Бијело дугме“ на 11 мај тргнува на турнеја во чест на својот 50. роденден. Турнејата симболично ќе започне во Домот на млади во Сараево, каде што бендот го имаше првиот настап во 1974. Групата предводена од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Во поставата ќе бидат Бреговиќ, двајца од тројцата пејачи Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ. Жељко Бебек, првиот ...

Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „Рок симфонија“ на 28 април од 19 часот во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“. Најголемите светски рок хитови во придружба на оркестарот ќе ги пеат Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет. Билетите се во продажба од денеска на повеќе локации низ Битола. Камерниот оркестар на Битола има организирано сличен ...

Италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука ќе настапи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Тоа ќе биде нејзино прво гостување на овој фестивал. Де Лука потекнува од Неапол и е едно од заштитните имиња на издавачката куќа „Соламенте“. Комбинирајќи звуци на техно и минимал, Де Лука денес настапува по клубови и фестивали низ цел свет. Д фестивал полека ја оформува својата листа учесници, на која веќе се потврдени Лил Памп, Сама ...

Стотина деца од градинката „Младост“ во Тетово се собраа на градскиот плоштад за да го одбележат Денот на планетата Земја. Во изминатите денови, тие изработија најразлични маски од отпадни материјали. „Отпадот не е ѓубре“ беше и мотото на годинашново нивно одбележување на овој значаен ден, со што упатија порака до луѓето повеќе да се грижат за својата околина и дека сметот може и креативно да се употреби. „Со оваа манифестација сакаме да пратиме ...

Второто издание на единствениот македонски фестивал посветен на стрип културата Стрип трип ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Младински културен центар во Скопје. Организаторите велат дека повеќе информации за гостите и настаните ќе има во следниот период, а засега е најавено одржувањето на првиот конкурс за најдобра стрип корица, чија тема ќе биде „самураи во твојот град“. Ланското прво издание на фестивалот опфати дискусии, презентации на најнови ...

Македонскиот средношколец Марко Павловски, кој престојува во САД, го организирал училишниот хор во средно училиште во сојузната држава Пенсилванија да ја изведат песната „Македонско девојче“. Една од најпознатите македонски песни ја изведуваат повеќе од 40-тина американски средношколци. Павловски, кој е од Скопје, е дел од YES програмата, која им овозможува на средношколци од Македонија да поминат една учебна година во САД, со целосна стипендија ...

В понеделник (22 април) од 19.30 во камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи пролетен концерт на учениците од вокално-инструменталниот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Ќе настапат 19 ученици од средното и од основното музичко училиште со дела од домашни и од странски композитори. „Сонуваме, патуваме, мечтаеме и раскажуваме со нашата најубава уметност, музиката. И оваа година на третото по ред издание на пролетниот концерт ќе настапат ...

На 25 април од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи Велигденски концерт со наслов „Божествен“. Оркестарот на Филхармонијата ќе свири едно од најпознатите дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт. Диригент на концертот е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а заедно со оркестарот ...

На 23 април од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Театарот во Велес, насловен „Џез лектира“. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин. Во март, оркестарот со оваа програма свиреше во Националната опера и балет. „На концертот Џез Лектира се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како кралот на ...

Главниот град на Грција, Атина е избран за град со најубав мирис во Европа, според ново истражување на Ејч-Еј-Вај-Пи-Пи (HAYPP). Истражувањето анализирало 30 главни градови во Европа, a биле земени во предвид повеќе фактори, вклучително и јавната чистота и процентот на цвеќарници, пекари и пaрфимерии. Раздвижените улични базари, аромата на свежи производи, билките, грчките деликатеси, баклавата и пекарите, му донесоа на градот оценка од 8,3 од ...

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот се одржа од 10 до 14 април, по 22. пат. Филмот по вторпат е награден во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона. „Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
45%
1011
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.57
37%
1006
weather icon

Загреб

20ᴼ / 19ᴼ
0.51
88%
1007
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1013
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.73
31%
1009
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
91%
1007
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
49%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
24%
1011
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1011
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
36%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
5.14
72%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
53%
1013
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641