
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Продолжуваат информациите за iPhone 15 серијата, иако истата ќе биде претставена идниот септември. Веќе можевме да прочитаме дека треба да се очекуваат поголеми подобрувања кај камерите на оваа серија, а посебно кај Pro моделите, па сега има и конкретни информации зошто тоа може да се очекува. Според информации од Nikkei Asia, iPhone 15 телефоните ќе користат нов сензор за камерите од Sony кој е ново развиен од компанијата и ќе почне да се ...
Елон Маск во текот на вчерашниот ден објави преку Twitter дека планира да ги објави датотеките поврзани со задушувањето на слободата на говор на мрежата. Објавата иронично ќе биде на Twitter, се разбира, а Маск додаде дека јавноста има право да знае што навистина се има случувано. На што се мисли кога се кажува изјавата задушување на слободата на говор, а посебно што според некои тоа што се има правено е правено со причина и е оправдано. ...
Претставувањето на Galaxy S23 серијата е можеби едно од најголемите очекувања кај корисниците кога се во прашање мобилните телефони. Како и секоја година, Samsung својата Galaxy S серијата ја претставува во февруари, а оваа година тоа беше на 9ти. Според неофицијалните информации, идната година Unpacked настанот може да се очекува и нешто порано, односно веќе во првата недела од месецот. Настанот треба да се одржи во Сан Франциско и да биде со ...
Од информациите кои досега можеа да се прочитаат, Galaxy S23 серијата од Samsung ќе биде доста популарна и барана од страна на корисниците. Од идната година Samsung треба да го користи Snapdragon 8 Gen 2 чипот во сите региони во светот, што значи дека веќе нема да се користи Exynos во Европа, а се најавуваат и дополнителни новини, како големо подобрување кај камерите и слично. Една од тие новини кои се најавуваат е и користење на најновиот ...
LG Display најави технологија која ќе овозможи повеќе површини во автомобилите да се претворат во звучници. Оваа технологија веќе се користи кај телевизорите, а од компанијата ја донесуваат кај автомобилите. Се работи за „Thin Actuator Sound Solution“, што во основа е мал панел кој вибрира од екрани, но и од различни материјали, со што се овозможува претворање на повеќе површини во автомобилите во звучници. Со тоа, истакнуваат од компанијата, ...
Скопје, 28.11.2022 г. – Како компанија која е докажан водач во дигиталниот свет и посветена на креирање продукти и услуги кои секогаш нудат дополнителна вредност за корисниците, А1 Македонија со задоволство го најавува најновото и уникатно проширување на своето портфолио и за прв пат, заедно со Триглав Осигурување нуди осигурителни услуги за своите корисници на A1 Combo. Сите А1 корисници на А1 Combo пакетот, од денеска можат да го осигураат ...
После одложување на пуштањето на Twitter Blue претплатата, која сега го вклучува и синиот беџ за верификуван профил, Елон Маск излезе со информацијата дека во компанијата имаат решено како ќе се справуваат со проблемите кои се појавија со промената на функционирањето на овој систем. Како што тој најави при информацијата за одложувањето, ќе бидат воведени различни бои на беџот со кои ќе се разликува видот на профил. Сега Маск објави нешто повеќе ...
Од Европската Комисија објавија дека доделиле посебен спектар за мобилна комуникација во авионите со што се овозможува користење на одредени фреквенции за 5G комуникациската технологија. Со оваа одлука, европските авиокомпании ќе можат да им овозможат на своите клиенти користење на нивните 5G телефони за комуникација, односно за пораки, повици и брз интернет, исто како што беше случајот со претходните генерации на мобилните технологии. Не е ...
Xiaomi, преку кинеската мрежа Weibo, поточно преку профилот на директорот и ко-основач Леи Џун, објавија дека наредната генерација од нивната највисока класа ќе биде претставена на 1. декември. На оваа дата ќе бидат претставени Xiaomi 13, Xiaomi 13 Pro, како и MIUI 14. Иако во објавите не стоеше ништо за тоа, се очекува дека Xiaomi 13 серијата ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2, а првиот производител кој претстави телефон со овој чип е vivo со ...
Многумина не можат да го замислат своето секојдневие без употреба на мобилен телефон, најчесто заради олеснета комуникација, функционалност, поефективно извршување на работните обврски и слично. И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон. Но, развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност за употреба на секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и ...
Mercedes се приклучува на групата производители кои дополнителната заработка од своите купувачи ја бараат преку месечни и годишни претплати. Во овој случај, не се работи за доплата за некоја функција како навигација или нешто слично, туку за отклучување на веќе достапните перформанси на автомобилот. Acceleration Increase е името на пакетот кој корисниците можат да го добијат за 1200 долари годишно. Со оваа доплата се добива подобро забрзување на ...
Microsoft објави дека го купува едно од најпознатите гејминг студиа, Activision Blizzard, на почетокот од оваа година, а акционерите на студиото ја одобрија понудата подоцна во април. Ова очекувано и разбирливо го привлекува вниманието не само на гејмерите, туку и на регулаторните тела, а посебно на конкурентите, како на пример Sony. Познатиот Фил Спенсер од Microsoft Gaming неколку пати излегува да увери дека играта Call Of Duty ќе продолжи да ...
Најновиот и најлесниот претставник на хит серијата паметни часовници WATCH GT 3 сега може да се најде и на македонскиот пазар – HUAWEI WATCH GT 3 SE. Со своето екстремно лесно тело ги задоволува барањата на активните урбани луѓе, љубителите на спортот и сите кои особено внимаваат на нивните здравствени параметри и здравиот начин на живот. HUAWEI WATCH GT 3 SE спојува модерен дизајн и функционалност и е создаден како одговор на она што ...
Во труд кој е објавен во Nature Communications Engineering, се разгледува можноста смартфоните, едни од најмасовно користените уреди во светот, да се користат како алатки за проценка на состојбата на мостовите. Трудот е направен со мерење на вибрациите на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Истражувачите првите мерења ги имаат направено со точно следење на неколку фактори, односно видот на возило, смартфонот, неговата поставеност во автомобилот ...
Според истражувањето направено од страна на The Markup, повеќе познати сервиси за поднесување годишни даночни пријави до американската IRS, ја користеле Meta Pixel алатката на нивните страни. Meta Pixel, односно поранешната Facebook Pixel алатка, се поставува на веб страните, по што сопствениците можат да следат одредени активности и информации од посетителите преку системот на Facebook. Ова се прави поради рекламни цели, кратко кажано, за ...
Кога Netflix објавија дека покрај купувањето на неколку гејминг студија, тие ќе основаат и сопствено студио, стана јасно дека од компанијата се сериозни за бизнисот со игри. Сепак, не било до крај јасно колку се тие сериозни за овој бизнис до објавата на оглас за работа од кој се гледа дека од компанијата не планираат да се задржат само на развојот на мобилни игри. Според овој оглас, Netflix планираат да започнат со развој на PC игри, односно ...
Microsoft ја тргна ознаката „Preview“ од Windows Subsystem for Linux во Microsoft Store и со тоа оваа апликација им станува достапна на сите корисници, а исто така станува главното место од каде што ќе се вклучува, односно инсталира овој додаток на Windows. Една главна новина доаѓа со пуштањето на WSL во Microsoft Store, а тоа е достапност во Windows 10. Со тоа корисниците на оваа верзија од Windows ќе ја добијат можноста на новата верзија од ...
Apple со претставувањето на iPhone 14 серијата, за првпат кај iPhone ја донесе и можноста корисниците да комуницираат преку сателитска врска во итни ситуации каде што нема мрежна покриеност. Неофицијалните информации ја најавуваат оваа можност и за Galaxy S23 серијата од Samsung која треба да биде претставена за околу три месеци. Според овие информации, Samsung има започнато соработка со американскиот сателитски оператор Iridium Communications ...
Microsoft ја пушти надградбата за оваа година за Windows 10 при крајот на минатиот месец. Истата не донесе некои посебни новини, иако претходно имаше некои најави дека од компанијата сепак ќе се потрудат нешто повеќе и за оваа верзија од Windows. Windows 10 2022 Update, односно Windows 10 22H2 се инсталира брзо и едноставно, односно исто како што се инсталираат месечните безбедносни верзии. Тоа што корисниците ќе го добијат со оваа верзија во ...
Vivo оваа недела ја претстави наредната генерација од нивната најдобра серија X, односно трите модели X90, X90 Pro и X90 Pro+. Третиот модел е и првиот на пазарот кој доаѓа со новиот чип Snapdragon 8 Gen 2. Xiaomi најавија дека тие ќе бидат првите на пазарот, но ете, „колегите“ од Кина од Vivo ги претекнаа во таа намера. X90 Pro+ работи на Snapdragon 8 Gen 2, но другите два модели од серијата работат на исто така новиот и одличен Dimensity 9200 ...
Македонски Телеком започнува Новогодишна промоција за поголемо уживање и непречено споделување на празничните моменти со најблиските. Сите нови Magenta 1 М и Mobile М корисници, како и постојните корисници коишто ќе склучат договор за лојалност на овие тарифни модели, добиваат 100GB промотивен мобилен интернет во период од 24 месеци, со активна е-сметка. Дополнително во рамките на оваа промоција се воведува и промотивен Фамилијарен буџет во ...
Новиот паметен телефон од серијата nova 10 го наследува Star Orbit Ring дизајнот и нуди нови функции за македонските корисници. Меѓу нив е и системот за сликање од 108 мегапиксели, што открива досега невидени детали. HUAWEI nova 10 SE исто така располага со 6,67-инчен OLED HUAWEI дисплеј со целосен преглед и резолуција од 2400 x 1080 пиксели, стапка на освежување од 90 Hz и стапка на семплирање до 270 Hz, овозможувајќи живописни и детални ...
Сте помислиле ли некогаш како би изгледал вашиот дом без телевизор? Го земаме толку здраво за готово, а всушност не можеме да си го замислиме животот без него. Особено денес, кога истиот не е само алатка за гледање вести и информирање, туку претставува цел еден систем на без кој не можеме да си го замислиме животот – од конференциски состаноци, вежбање од дома, игри па сè до домашно кино и релаксирање после напорен ден. Кога гледаме телевизија, ...
СКОПЈЕ, 22 ноември 2022 година – Додека светот го чека почетокот на Светското првенство во Катар 2022, компанијата Visa, Официјалниот партнер за технологија на плаќање на ФИФА, подготви мрежа за плаќања што ќе овозможи бесконтактни купувања низ сите официјални места, вклучително и осумте стадиони како и ФИФА Фан Фестивалот. Со повеќе од еден милион фанови кои се очекува да патуваат во Катар на турнирот, Visa инсталираше 5.300 бесконтактни ...
Неколку корисници на форумот од порталот MacRumors пријавиле дека имаат проблем со iCloud for Windows синхронизирањето на видеата и сликите. Според нивните кажувања, одредени видеа, кои без проблем се прикажуваат на било кој уред од Apple, не може да се гледаат на Windows. Истите се оштетени, односно датотеката е корумпирана, па од видеото се гледа само црна слика со линии. Ова се случува со видеа снимени со најновите модели од iPhone со вклучен ...
Програмерите и истражувачите од Mysk, тврдат дека Apple не се до крај искрени кога кажуваат дека го почитуваат изборот на корисниците да не бидат следени, а кога тоа се прави информациите не може да се поврзат со конкретниот корисник. Според нив, Apple точно ја следи активноста на корисниците во App Store и во апликациите од компанијата, а сето тоа што го собира како аналитика може точно да се поврзе со конкретниот корисник. Тие тврдат дека ...
Новата Twitter Blue претплата беше пуштена, па за кратко време тргната поради појавата на проблеми со во главно имитација на профилите. Повторното пуштање требаше да се случи на 29-ти овој месец, но Елон Маск објави дека тоа се одложува. Одложувањето ќе биде додека не бидат сигурни дека имаат начин како да ги спречат имитациите на профилите, а еден начин кој Маск го наведе е можноста да се користи различна боја кај беџот за организациите и ...
Не се очекуваше нешто посебно многу од компјутерите со ARM чипови, кои се користат кај мобилните телефони, се додека Apple не реши да развие сопствен ARM чип и да го користи кај компјутерите наместо да продолжи со Intel. М серијата на чипови од Apple, која е стигната до втората M2 генерација, се покажа одлично и компјутерите кои ги користат овие чипови се едни од најпопуларните на пазарот. Microsoft никако да го среди Windows да биде ...
Иако до претставувањето на iPhone 15 има уште десетина месеци, сепак шпекулациите и информациите за наредната генерација од iPhone ги има многу уште сега. Веќе имавме една „тура“ на информации, а сега веќе има доволно нови информации за да се дополни листата со очекувања. Според најновите информации, треба да се очекува уште поголема разлика помеѓу основните iPhone 15 модели и Pro моделите. Оваа година веќе видовме поголема разлика, а идната ...
Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува на потребата од социјална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку едно едноставно прашање: „Како си?“. Многумина од нас имаа тешка година. Повеќе од кога било, луѓето се загрижени за иднината. Особено сега е ...