
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во најновата тест верзија од Chrome, поточно најновата Canary верзија, Google тестира нова мала, но интересна можност. Боите на прелистувачот, кои веќе може да се менуваат, ќе може автоматски да се менуваат зависно од боите кои доминираат на позадината поставена на почетната страна од Chrome. Оваа новина не треба да се очекува наскоро да биде пуштена за сите корисници со оглед на тоа што е дел од Canary верзијата, а исто така таа не е вклучена, ...
Во уште една новина која ќе ја воведе Netflix, се освен откуп на доби сценарија за филмови и серии, може да се види обид да се задржи популарноста на сервисот кој сепак има проблем со тоа. За разлика до пред неколку години, на пазарот сега има повеќе конкуренти, а доста од нив работата си ја вршат подобро. Како и да е, Netflix најави годинава дека планираат да имаат „стриминзи“ во живо, а сега го имаме и првиот „стрим“ кој може да се очекува да ...
По отпуштањето на 11.000 вработени во Meta, повеќе познати како Facebook, што претставува околу 13% од вкупната работна сила во светот на компанијата, одредени производи ќе бидат погодени од одлуката. Поточно, прекинат ќе биде развојот на одредени паметни уреди кои и така не се покажуваат баш најдобро, односно не се ни уште официјално претставени. Во таа категорија спаѓаат паметниот часовник од Facebook, како и Portal уредите наменети за видео ...
Leica, еден од најпознатите брендови во светот на фотографијата, ја претстави втората генерација од нивниот смартфон, кој и баш не може да се нарече така. Од компанијата функционираат преку брендирање на веќе постојни модели, па тоа е случајот и со новиот Leica Leitz Phone 2. Leitz Phone 2 е направен на основа на Sharp Aquos R7, а во главно разликата помеѓу овие два телефони е брендот на Leica и црвениот круг на задната страна кој го покажува ...
Apple ги претстави првите уреди со нивниот M2 чип, но главните уреди кои ќе работат на посилните верзии од чипот останаа изгледа за идната година. Според информациите, MacBook Pro и Mac mini, кои треба да работат на M2, M2 Pro и M2 Max чиповите, можеме да ги очекуваме во пролет идната година. Овие компјутери не се единствените кои треба да се очекуваат за идната година, па тука е и последниот компјутер кој уште доаѓа со Intel чипови, а тоа е Mac ...
Прочистувачите на воздух станаа сè попопуларни во последните неколку години. Од нивното појавување на пазарот до денес, интересот за вакви уреди постојано се зголемува, што не е чудно кога ќе ги земеме предвид сите можности што ги нудат. Уредите што ги елиминираат сите негативни честички како чад од тутун, разни видови прашина или влакна од домашни миленици, брзо станаа составен дел на многу домаќинства. Колку се важни апаратите од овој тип ...
Изминатиот викенд, скопјани имаа можност да се почувствуваат како во Италија: вкусна италијанска храна, добра забава, дружење и италијанска музика. Фестивалот на италијанска храна го отвори Амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри, а за доброто расположение се погрижи Сашко Коцев кој до солзи ја насмеа публиката со своите шеги. Учесниците на Фестивалот, ТАВЕРНА ТОСКАНА, ЛА ТЕРАЦА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ...
Според аналитичари од Јужна Кореа од компанијата UBI Research, Samsung не се многу заинтересирани за развој на екрани кои се намотуваат. Поради ова не треба во блиска иднина да се очекува претставување на ваков уред од страна на компанијата, но затоа може да се очекува продолжување на усовршувањето на екраните кои се преклопуваат. Samsung има покажано концепти досега за уреди со екран кои се намотува, но од компанијата никогаш не отидоа чекор ...
Сега станува појасно зошто Елон Маск толку ја форсира повисоката претплата за Twitter Blue и ја прави повеќе привлечна да ја плаќаат поголем процент од корисниците, за разлика од претходно. Тој за време на поголем состанок во компанијата истакнал дека не може да се исклучи можноста Twitter да банкротира. Компанијата според информациите нема направено профит од 2019 година, а и самиот Маск еднаш истакна дека дневно губи по 4 милиони долари. Во ...
Денес, во 13.00 часот, на плоштадот Македонија започнува Фестивалот на италијанска храна, настан во организација на Амбасадата на Р. Италија и ITA – Italian Trade Agency, со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги ...
По веста дека Apple го има ограничено периодот во кој корисниците можат да ја имаат вклучено функцијата за споделување преку AirDrop со сите на 10 минути, од компанијата потврдија дека оваа промена ќе биде пуштена за сите корисници во светот. Причината поради која ова ограничување е воведено во Кина е поради демонстранти кои протестираат против властите, почнале да испраќаат анти-владини материјали на непознати луѓе преку AirDrop функцијата. ...
Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. Извозот на ИКТ услуги од Македонија, ...
Microsoft оваа недела ја пушти верзијата 22623.891 во бета каналот од Windows Insider програмата за Windows 11. Оваа верзија донесува неколку новини од кои најмногу се истакнува една која е поврзана со Task Manager. Оваа апликација веќе доби редизајн во стилот на Fluent Design, како и префрлување на табовите од горната на левата страна од апликацијата. Task Manager сега изгледа многу помодерно и не може да се користи за критика на Microsoft што ...
Елон Маск во текот на денешниот ден ја испрати првата имејл порака до вработените на Twitter преку која им нагласи дека ќе треба да се подготват за тешки времиња кои следат. Во основа тој ги подготвува половината од вработените кои останаа во компанијата за промените кои ќе следат со цел да ја направат компанијата профитабилна, како и да ги воведат планираните новини. Покрај ова, Маск ги извести вработените дека веќе нема да можат да работат од ...
Новиот „заклучен екран“ кај iOS 16 донесе досега најмногу можности за прилагодување кај iPhone, нешто што веднаш беше споредено со Android. Поновата верзија од системот, iOS 16.1 ја донесе и претходно најавената Live Activities функција која на долниот дел од заклучениот екран прикажува спортски резултати во живо, статусот на Uber возилото, на пример и слично. Овие информации се прикажуваат и на Dynamic Island кај iPhone 14 Pro телефоните. Овие ...
Неофицијално оваа година можевме да прочитаме, додека функцијата беше во тест фаза, дека Samsung планира да воведе режим на телефоните наменет за додека тие се оставени на сервис. Оваа функција од компанија официјално ја пуштија и најавуваат дека ќе им биде достапна на одредени модели кои работат на One UI 5. Maintenance Mode е официјалното име на функцијата и во основа го ограничува пристапот до податоците на корисникот, како што се сликите, ...
Од пораки кои Microsoft има почнато да ги испраќа до корисниците на Outlook.com имејл сервисот, може да се дознае дека од компанијата планираат одредени промени во тоа како ќе се смета просторот кој го зафаќаат пораките. Поточно, сите пораки кои во нив содржат прикачени датотеки, ќе почнат да се бројат кон просторот на OneDrive, па од компанијата им препорачуваат на корисниците да ако веќе ја имаат датотеката во OneDrive, да испраќаат само линк ...
Кинески „јутјубер“ го претстави првиот iPhone со екран кој се превиткува. iPhone V е уред кој е направен со комбинација на деловите од повеќе телефони, односно од неколку iPhone модели и Motorola Razr. Крајниот резултат е преклоплив iPhone кој целосно функционира и може да се користи, а во видеото во продолжение може да се погледне целиот процес на развој на iPhone V. Колку и да е интересно ова видео и телефонот кој е направен, сепак кога Apple ...
Новиот дизајн на веб верзијата од Gmail, кој беше пуштен на почетокот од годината, овој месец и официјално ќе стане изгледот на овој сервис од Google. Од компанијата информираа дека овој изглед на Gmail ќе стане стандардниот, а корисниците веќе нема да имаат можност да го заменат со претходниот. Ова секако не е никаков проблем за корисниците кои со месеци го користат новиот дизајн, но секогаш има корисници на кои новите промени не им се ...
Twitter официјално ја пушти новата или подобро да ја наречеме Twitter Blue претплатата на Елон Маск. Покрај повисоката цена за 3 долари од претходната, Twitter Blue донесува и неколку новини. Главната новина е добивањето на ознака, синиот беџ, која досега се користеше за означување на потврдените, односно верификуваните профили на тие кои може да бидат имитирани, како на пример јавни личности, владини профили, компании и слично. Со оваа одлука ...
Паметните телефони се уреди кои претрпеа неверојатна трансформација само во последните неколку години. Од првите модели кои беа наменети за основна комуникација, добивме сеопфатни гаџети кои одговараат на сите човечки потреби. Еден од брендовите што инвестираше многу во иновациите од своето основање и од година во година продолжи да носи уреди кои ги поместуваат границите и им го олеснуваат секојдневниот живот на луѓето ширум светот е секако ...
По пуштањето на првата поголема надградба на Windows 11 при крајот на септември, Microsoft најави дека системот ќе продолжи да добива и повеќе помали надградби во текот на годината. Една од тие надградби ја донесе новата Photos апликација која е целосно редизајнирана и организирањето на сликите на корисникот го прави доста полесен процес. Една од новините кои беа најавени за оваа апликација, која не беше веднаш пуштена, е интеграција со iCloud ...
По овозможувањето да секој кој плаќа претплата за Twitter Blue добие ознака за верификуван профил со додавање на познатиот син беџ до името, настана очекувана забуна за тоа како би се знаело кој профил е навистина проверен од страна на компанијата. Се случи и суспендирање на сметките на неколку познати личности во САД кои по добивањето на синиот беџ го променија своето име во Елон Маск за да покажат до какви ситуации може да дојде сега. Денеска ...
После два напорни квалификациони дена (4 и 5 ноември), во кои се изнагледавме тесни и динамични партии, неизвесни битки и многу неочекувано-очекувани потези, дојде денот за големото национално финале во кое се сретнаа екипите на BRAZIL BOUND и ZOOMERS. Eкипата на Brazil Bound со фокусирана игра, паметна тактика и прецизни прсти успеа да го порази тимот на Zoomers со вкупен резултат од 3:0. “Патот до успехот нема тајни, туку е полн со предизвици, ...
Една од првите одлуки на Елон Маск по купувањето на Twitter и преземањето на директорската позиција беше да ја покачи цената на Twitter Blue претплатата и на корисниците да им овозможи добивање на ознака за верификуван профил. Ова доведе до прашања од корисниците кои се логични, односно како сега ќе се прави разлика помеѓу профилите кои поминале процес на верификување кога сите ќе можат да ја добијат ознаката, познатиот син беџ. Неколку познати ...
На почетокот од месецот Instagram почна да пушта нов дизајн за нивната веб страна, начинот на којшто корисниците преку десктоп можат да ја користат мрежата. Иако мал, редизајнот го прави користењето на Instagram преку десктоп доста подобро, па тие што често се на компјутер, сега поретко ќе го користат својот мобилен. Овој редизајн сега е и официјално објавен од страна на Адам Мосери, главниот на Instagram во Meta, што значи дека ако има ...
Делегација од Европската команда на армијата на САД, денеска ја посети ЈЗУ Клиника за Хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со средства од програмата за помош Европска команда на Американска војска, обезбедени преку амбасадата на САД во нашата земја во висина од милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште еден спрат. Новиот капацитет, заедно со воспоставените ...
Zoom, кои станаа синоним за видео конференции за време на корона кризата и кои ги мотивираа да им конкурираат Microsoft и Google, сега планираат и тие да влезат на пазарот кои овие две компании го држат. Од компанијата за време на нивниот Zoomtopia настан, меѓу другите новини, ги најавија и Zoom Mail и Calendar. Со тоа Zoom им нуди алтернатива на корисниците кои сега ги користат сервисите од Microsoft, Google, Zoho и другите. Mail и Calendar ќе ...
Скопје, 9 Ноември 2022 – Компанијата Samsung доби признание од Interbrand – глобалната консултантска компанија за брендови, како еден од најдобрите пет светски брендови за 2022 година. Секоја година, Interbrand објавува листа на 100 најдобри брендови во светот, а вредноста на брендот Samsung се проценува на 87,7 милијарди долари, што е за 17 отсто повеќе во споредба со 74,6 милијарди долари во 2021 година, токму овие бројки ја носат компанијата ...
Со години веќе се шпекулира околу претставување на уред за изменета, односно дополнета реалност од страна на Apple. Според некои од последните информации, претставувањето на уредот требаше да се случи оваа година, но како што гледаме, нема уште многу време за тоа. Сега очекувањата се насочуваат кон идната година, иако „фановите“ остануваат скептични поради тоа што досега ниту една информација не се покажа како точна. Информациите доаѓаат од ...