Samsung објави нова реклама од кампањата „The Galaxy Awaits You“, а оваа „епизода“ е наречена „One the Fence“. Со оваа реклама Samsung сака да каже дека им доста луѓе кои се мислат дали да ги користат мобилните од Apple или да се префрлат на Samsung. Рекламата е за Galaxy Z Flip4 и е втора преку која од компанијата сакаат да го истакнат фактот дека Apple уште нема модел на преклопување. Првата е објавена на кинеската мрежа Weibo и е реклама ...

Meta, односно Instagram, објави неколку новини кои се во правец на заштита на сметките на корисниците. Главната новина е пуштањето на страната Instagram.com/hacked која корисниците можат да ја посетат доколку немаат пристап до нивната сметка. До страната може да се пристапи преку мобилните и преку десктоп. Оваа страна може да се користи и за други проблеми со пристап до сметката, не само поради хакирање, па така може да се добие помош поради ...

Xiaomi објави Бела книга во која е наведена интелектуалната сопственост на компанијата („IP“). Овој документ ги прикажува достигнувањата и иновациите кои оваа глобална компанија ги постигнала. Исто така, беше посочена и сложеноста на прашањата за интелектуална сопственост со кои се соочуваат бројни светски компании. По 12 години развој, благодарение на стратегијата „Smartphone × AIoT“, Xiaomi се прошири на повеќе од 100 пазари ширум светот, а ...

Заштитата на податоци никогаш не била поважна. Бизнисите постојано се соочуваат со сајбер-закани кои доколку не се сфатат сериозно може да предизвикаат големи проблеми кои често водат до целосно затварање на организациите. Надминувањето на растечката сложеност на ИТ-инфраструктурите и денешните сајбер-напади бараат сеопфатно резервно решение за да останат податоците безбедни. За ефективна заштита на критичните податоци, резервната копија не е ...

Microsoft пред некоја година планираше да го прекине развојот на Skype, очекувано со оглед на значењето кое го даваат на Teams апликација која доби и бесплатна верзија за приватните корисници. Сепак, корона кризата и огромната популарност која ја добија видео повиците направи да од компанијата се премислат, па минатата година најавија и дека апликацијата ќе добива нови функции. Мобилната апликација изминатите години доби повеќе промени на ...

Oppo го има еден од уредите кои најдобро му конкурираат на Samsung и нивната Galaxy Z Fold серија. Oppo Find N, кога беше претставен минатата година, привлече големо внимание, а посебно со форматот и мала фалта која се појавува на делот каде се превиткува екранот. Форматот кој го користи Oppo овозможува корисниците да добијат најблиско што може корисничко искуство со смартфоните, односно помалиот надворешен екран е поширок во споредба со ...

TikTok започна со тестирање на повеќе класичен формат на прикажување на видеата на нивната апликација, кои се хоризонтални и се прикажуваат на целиот екран. Корисниците кои се дел од тестот ќе можат да притиснат копче на видеата кои се во формат на квадрат или правоаголник, по што тие ќе биде прикажани на целиот екран во хоризонтална позиција. Ова е нешто што станува популарно кај голем број на објавувачи на содржина на TikTok, иако оваа ...

По суспендирањето на сметката направена од страна на 19 годишниот Џек Свини, која ја објавува точната моментална локација на приватниот авион на Елон Маск, Twitter ги промени правилата за овој вид на сметки. На оваа мрежа веќе нема да може да се објавува локацијата во вистинско време на личности, а секој кој го прави тоа ќе биде суспендиран. Се постави прашањето што е тоа што се има променето од минатиот месец кога Маск истакна дека неговата ...

Tesla официјално ја пушти интеграцијата на нивниот систем за забава со Steam сервисот за игри. Со ова, сопствениците на поновите Model S и Model X од оваа година, ќе можат да ги играат достапни повеќе од 6000 игри на Steam. Достапноста кај овие модели е во главно поради подобрите карактеристики кои ги има системот, заедно со 17 инчниот екран во „пејзаж“ позиција и 16GB RAM. Игрите кои се достапни се тие кои се верификувани како прилагодени за ...

Twitter профилот „@elonjet“ од денеска не е достапен, односно е суспендиран. Овој профил, кој е направен од страна на 19 годишниот Џек Свини, има само еден вид на објава, а тоа е локацијата на приватниот авион на Елон Маск. Според информациите, Маск се обидел да му понуди пари на Свини за да ја исклучи сметката, но тој побарал доста повеќе пари, па не успеале да се договорат. Свини изминатите денови објави дека му имаат испратено делови од ...

Microsoft оваа година пушти нова Media Player апликација која ги унифицира дотогаш достапните две апликации, една за музика и една за видео содржина. Ова секако има повеќе логика, а така функционираа работите порано со познатата Windows Media Player апликација. Оваа нова апликација во основа ја заменува Groove Music апликацијата и ја прави повеќе универзална апликација преку која може да се слуша музика и да се гледаат видеа. Новата Media ...

Instagram воведува неколку новини во прилично голема надградба на апликацијата која започна како мрежа за споделување на слики. Овие неколку новини се тука да го подобрат корисничкото искуство, но и да ја задржат конкурентноста на апликацијата на пазарот каде се појавуваат нови популарни мрежи. Веќе се научивме да гледаме новини кои доаѓаат како одговор на TikTok, а сега една од новите функции е тука како одговор на новата и популарна апликација ...

Apple од идната година ќе овозможи инсталирање на апликации на iPhone и iPad надвор од App Store. Ова значи дека корисниците ќе можат да инсталираат апликации кои се достапни во други продавници, како и на веб страни. Ова е нешто што веќе одамна е достапно на Android, а се бара за iOS, но од Apple никогаш не сакале да го овозможат со објаснување дека ќе биде загрозена безбедноста на приватноста на уредите на корисниците. Како и да е, тие од ...

Од вчерашниот ден, доколку сте корисник на некој од Apple уредите, достапни се надградби на сите оперативни системи од компанијата. Се работи за помали надградби, односно тековни надградби кои Apple ги пушта неколку пати во годината. Достапни се надградби за iOS, iPadOS, watchOS, како и за macOS. Надградбите за iOS и iPadOS исправаат 30 безбедносни пропусти, а според информациите, ниту еден од нив не бил искористен од страна на хакери. Што ново ...

По изгласувањето на новиот закон од страна на Европскиот Парламент, кој ќе бара од производителите на уреди да го користат USB-C приклучокот, сега е донесена и финална одлука за кога официјално ќе започне обврската за производителите. Датата после која производителите ќе мора да ги продаваат своите уреди во ЕУ со USB-C приклучок е 27 декември 2024 година. Оваа одлука е официјално објавена во „службениот весник“ од унијата, што значи дека е ...

Уште на почеток да нагласиме, потребни се години додека фузијата може да почне да се користи како извор на енергија. Достигнувањето направено овој месец е само еден одличен чекор во тој правец кој докажува дека целта еден ден ќе може да биде постигната. Нуклеарната фузија се смета за чист извор на енергија, а често се нарекува и изворот на енергија на ѕвездите. За разлика од нуклеарната фисија, која се користи кај нуклеарните реактори и ...

Google најави две нови функции кај најновата верзија од Chrome, кои треба конечно да го подобрат угледот на овој најпознат прелистувач, кога е во прашање потрошувачката на ресурси. Двете нови функции се наречени Memory Saver и Energy Saver, a ќе им станат достапни на сите корисници на Windows, macOS и ChromeOS во неделите што следат. Memory Saver функцијата е замислена да ја намали RAM меморијата која Chrome ја троши, а посебно кога се отворени ...

Скопје, 13 декември 2022 година – Samsung Electronics го објави „Living with Pets 2022 Research“, кое покажува како зголемувањето на бројот на луѓе кои имаат домашни миленици влијае на изборот на технологија и нејзината употреба во домот. Повеќе од половина од анкетираните веруваат дека технологијата може да помогне да се подобри благосостојбата на милениците (56%), нивната активност (56%), да се подобри нивното здравје (52%) и/или да се намали ...

Не е првпат да се прочита за можното повторно зголемување на ограничувањето кое го има Twitter на карактери во објавите. Оваа мрежа е и позната по истото, а и ја прави тоа што е, односно потребата од пократко изразување ги прави „твитовите“ посебни и различни од останатите мрежи. Дека се планира зголемување на ограничувањето дојде како потврда директно од Елон Маск, кој кратко одговори со да на прашањето дали е вистина дека Twitter ќе го зголеми ...

Во една од ретките ситуации кога Apple директно покажува кои се компонентите кои ги користи во нивните уреди, директорот на компанијата Тим Кук, објави слика од негова посета на фабрика од Sony во Кумамото, Јапонија. Тој е придружуван од директорот на Sony, Кеничиро Јошида. Во објавата Кук истакнува дека тие се партнери со Sony повеќе од една декада во креирањето на водечките сензори за камерите во iPhone. Тој исто така им се заблагодари на ...

На 10 јануари 2023 завршува поддршката за една од најдобрите верзии на Windows, а во исто време и за една од најлошите. Windows 7 и Windows 8/8.1 на оваа дата официјално заминуваат во историјата, па не толку малиот број на корисници на овие системи, веќе е време да инсталираат некоја понова верзија. Поддршката за Windows 7 требаше да заврши на 14 јануари 2020 година, а стандардната поддршка за овој систем заврши на 13 јануари 2015. Поради ...

Предизвиците и можностите во време на криза, фискалната децентрализација, врските помеѓу бизнисите и локалниот економски развој, иднината на локалната самоуправа и перспективите на ЕУ се клучните теми на кои се дискутира на Годишната конференција за децентрализација и локално владеење, која ја организира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа. Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во своето ...

После првичното пуштање, тргање, па неколку одложувања, новата Twitter Blue претплата конечно треба да биде официјално пуштена денес. По последното одложување до решавање на проблемите кои се појавија со имитација на профили, сега се верува дека не би требало да има повторни одложувања или тргање на претплатата. Проблемот со имитација на профили е решен со потребата од верификување на телефонскиот број од корисникот за да може да добие син беџ, ...

Леталото Orion од мисијата Artemis I на NASA и уште неколку други вселенски агенции, успешно слета во Тихиот Океан во саботата околу 18:40 часот во близина на Баха, Калифорнија. Ова е голем успех за NASA кои повторно се враќаат во вселената, а со мисиите Artemis тие планираат и да се вратат на Месечината. Првата мисија, односно Artemis I започна со успешното лансирање на SLS ракетата со леталото Orion на 16 ноември, а заврши изминатиот викенд. ...

Windows 11 ја доби својата прва надградба во есен оваа година, а подоцна беа пуштени и уште неколку помали, начин на надградба на системот кој од Microsoft најавија дека ќе биде стандарден во годините што следат. Една од поголемите новини беше додавањето на табови во File Explorer, една од најбараните функции веќе години наназад. Со најновата верзија од Windows 11 се крие една мала новина која е одлична за тие кои ги користат темите кои доаѓаат ...

Twitter за време на викендот објавија дека нивната Community Notes функција им станува достапна на сите корисници во светот. Истата досега им беше достапна само на корисниците во САД. Twitter Community Notes е систем на проверка на објавите, односно информациите во нив, кој има поразличен пристап од проверувачите на вистината на другите мрежи. Наместо само неколку избрани организации, за кои ретко се знае повеќе, Community Notes функционира на ...

Со задоцнување од скоро две недели, барем според првично најавената дата, Xiaomi денеска ја претстави својата нова Xiaomi 13 серија. Оваа серија доаѓа со целосно нов дизајн и уште од прв поглед може да се види дека се работи за одлични уреди со карактеристики од највисоката класа. Ова е втора генерација на телефони од Xiaomi која е направена во соработка со Leica и истата вклучува нови оптички и пресметковни можности, како и неколку новини кои ...

Најпознатиот сервис за кратки анимирани слики, односно „гиф“ слики, GIPHY, воведе нова функција која ќе овозможи корисниците со проблеми со видот да можат да знаат за каква слика се работи. Ова ќе се постигне со воведување на алтернативен текст на сликите кој ќе може да биде прочитан од страна на алатките кои ги користат овие лица, како на пример читачи на екранот. Овие алатки го читаат „на глас“ текстот од екранот, па корисниците на тој начин ...

Најчесто, декември е месец во кој сме посебно потрошувачки настроени и кога купуваме нови производи… но тоа значи и дека во текот на овој месец создаваме поголема количина на амбалажен отпад. А за целата оваа амбалажа да не ја гледаме расфрлана по улиците, дворовите и депониите, треба да се погрижиме дека истата ќе заврши онаму каде што треба. Селектирањето на отпадот е навика која треба да се практикува постојано, не само во месеците кога се ...

Apple оваа недела ја претстави Apple Music Sing функција за нивниот Apple Music сервис. Оваа новина ќе им биде достапна на сите корисници во светот, а за потсетување сервисот од компанијата се наплаќа месечно, односно нема бесплатна верзија. Како што може да се претпостави и од самото име, Apple Music Sing овозможува пеење караоке, односно пеење заедно со пуштената песна. Тоа се постигнува со тргање на вокалот од песната, со што останува ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
66%
1008
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
78%
1008
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
64%
1012
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.08
45%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
92%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
63%
1010
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
56%
1006
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
68%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641