
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Повеќе од 40 компании во Македонија имаат лиценци за увоз на природен гас, што целосно ги демантира тврдењата на министерот за економија, Крешник Бектеши, дека „Макпетрол“ има монополска позиција на овој пазар. Оваа изјава, како и низа други кои што од негова страна беа пласирани, служат само за да ја дефокусираат јавноста од главниот проблем – дека државата и нејзините институции популистички се фалат оти пазарот со природен гас е ...
Netflix минатиот месец го најави „спинофот“ од една од подобрите серии при крајот на деведесеттите, That ‘70s Show. Новата серија која е еден вид на продолжеток е наречена That ‘90s Show и се одвива во 1995 година, повторно во подрумот на Ред и Кити. Секако, Ред не е баш среќен што повторно деца ќе се собираат во неговата куќа, но тоа го прави неговиот карактер интересен. Новата серија се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен ...
На почетокот од месецот познатата компанијата за чување на лозинки, LastPass, излезе со информација дека нивните системи кои се на сервери од трета страна, биле пробиени, по што е дојдено со дел од податоците на корисниците. Ова пробивање, како што беше истакнато и на почетокот од месецот, а повторно и во најновата објава, е резултат на претходно пробивање на системите оваа година кога е дојдено до делови од кодот со кој функционира сервисот. ...
Скопје, 23.12.2022 – На овогодинешната конференција за е-трговија која се одржа на 11 ноември во Скопје беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2022 година со наслов „E-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”, каде што беа презентирани клучните сознанија за состојбата на е-трговијата во земјата и регионот, според кои може да се забележи напредок и раст во бројот и обемот на ...
Скопје, 23.12.2022 – Во изминатите два месеци, се реализираше акцијата за пошумување на шумските насади наречена „СОНЧЕВА ГОРА“ во чии рамки Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу 40.000 дрва – 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Со оваа акција се реализираше ветувањето што беше ...
Twitter можноста за гледање на статистики поврзани со секоја објава, нешто што го има кај бизнис сметките, ја пушти за сите корисници. Сега секој може да притисне на новото копче под нивните објави и да види колку пати таа објава е видена од следбениците и слично. Елон Маск излезе со информација, по додавањето на ваквата можност, дека објавите многу повеќе се читаат во споредба со тоа колку „лајкови“ добиваат. Според него, објавите се читани ...
Ако го запрашате секој креативец, без разлика на областа од уметноста со која тој се занимава, ќе ви одговори дека инспирацијата секогаш надоаѓа неочекувано, во кој било момент, а моментот ако се искористи, тогаш настануваат одлични креативни решенија и дела. Неретко сме гледале луѓе околу нас кои со себе секогаш носат пенкало или молив, некој мал нотес или кнужуле за да го искористат моментот и ја запишат мислата или исцртаат креацијата. Веќе ...
Познато е дека Netflix ќе почне да го спроведува своето правило дека сметките не смее да се користат од корисници во различни домаќинства, односно дополнителните профили на сервисот се замислени да бидат за различните корисници во семејството. Најавите се дека промените ќе почнат да се прават од идната година, а според Wall Street Journal, истите ќе се случат од почетокот на годината. Според најавите од овој медиум, Netflix не сака да навлече ...
Скопје, 22 декември 2022 година – Податоците се составен дел од речиси сè што правиме во денешниот сè поповрзан свет. Тие влијаат на начинот на кој пребаруваме, купуваме и се прикажуваме на интернет, па дури и на тоа како работат нашите уреди. Од ден на ден, луѓето се посвесни за нивната потреба да ги заштитат личните информации, но исто така разбираат дека тоа е вреден сегмент кој може да се користи за подобрување на нивното онлајн искуство. ...
Почнувајќи од Chrome 110, верзија која треба да им стане достапна на корисниците на почетокот од февруари идната година, Google воведува мала новина во тоа како ги пушта новите верзии. Од компанијата веќе направија промена на почетокот од минатата година кога новите верзии почнаа да ги пуштаат на секои четири, наместо дотогашните шест недели. Новата промена нема да го промени овој план, туку само додава нов дел во целиот процес. Новиот дел е ...
Преземање на конкретни мерки за справување со корупцијата која е една од главните причини за иселување на младите, суштински промени во образованието и активна младина која директно ќе учествува во креирање политики и носење одлуки на сите нивоа – ова се дел од заклучоците на дебатата „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ организирана од Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих ...
Поради чувствителноста на ситуацијата и јавниот интерес на оваа тема, „Макпетрол“ АД Скопје ја известува јавноста дека од 1 јануари 2023 година, Компанијата нема да увезува и да им испорачува природен гас на своите потрошувачи. Причината за оваа ситуација се новите услови на работа кои ги предвидува прерано потпишаниот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“ од Р. Бугарија, поради кој досегашните ...
Парламентот и Советот на Европската Унија постигнаа договор за промена на закони кои ќе ги променат драстично правилата поврзани со батериите. Овие промени ќе го опфатат целиот процес, односно од производството на батериите, нивната замена, рециклирање и слично. Уште сега се гледа дека доста од компаниите ќе имаат проблем со законите кои би биле донесени, а тие ќе се вмешаат директно во односот на компаниите со нивните добавувачи, компании за ...
Веќе можевме да прочитаме дека Samsung го планира претставувањето на Galaxy S23 серијата на почетокот од февруари, односно како што тоа го направи оваа година со Galaxy S22 серијата. Сега доаѓа „потврда“ од двајца познати „протекувачи“ на информации, дека Unpacked настанот ќе се одржи на 1 февруари, односно скоро 10 дена порано од оваа година. Настанот повторно ќе се одржи во Сан Франциско, а во продажба треба да стане достапен веќе истиот месец ...
Зарем постои некој кој може да остане имун на празничната магија која го обзема декември? Студени ноќи поминати во прегратка со најсаканите, голема шолја топло чоколадо, топла атмосфера проткаена со камин, елка и безброј сијалички спакувана во меко кебенце, топли пижами и дебели чорапи. Кога на ова ќе ги додадете и бројните неработни денови кои следат, слободното време кое ќе го имаме на претек и времето за сонување со отворени очи, го имаме ...
Според едни од неофицијалните информации кои редовно излегуваат, Samsung планира намалување на резолуцијата на предната камера кај наредната генерација од нивниот најсилен Galaxy S модел. Наместо сегашните 40 мегапиксели, кои ги има Galaxy S22 Ultra, наредниот модел, Galaxy S23 Ultra, наводно ќе дојде со предна камера со 12 мегапиксели. Ова на прв поглед делува како влошување на овој дел од телефонот, но како што знаете, бројот на пиксели кај ...
По купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, некои работи мора да се признае дека „се измешаа“ непотребно. Сакајќи од една страна да го промени претходниот, според него нефер, начин на добивање на ознака за верификуван профил, а и да се зголемат приходите на компанијата, Маск го овозможи синиот беџ за сите кои ќе ја платат месечната Twitter Blue претплата. Со ова настана забуна зошто оваа ознака веќе не е тука да гарантира дека профилот е ...
Скоро сигурно е дека идната година Samsung нема да го користи својот Exynos чип во Galaxy S23 серијата, па наместо тоа, ќе го користи Snapdragon 8 Gen 2 во сите региони од светот. Како што е познато, со години Samsung во САД и уште неколку земји, го користи чипот од Qualcomm, додека во Европа го користи нивниот Exynos чип. Ова изминатите години не помина баш најдобро кај корисниците од Европа кои добиваа телефони со нешто послаби перформанси, ...
Елон Маск, кој уште на почетокот најави дека привремено ја презема директорската позиција во Twitter, оваа недела објава анкета преку која ги праша неговите следбеници дали да ја напушти позицијата. Со не толку мала разлика, резултатите беа во корист на гласовите „за“, па два дена покасно, Маск излезе со коментар. Во новата објава Маск истакнува дека тој ќе даде оставка од главната директорска позиција кога ќе најде некој доволно „будалест“ кој ...
Претставувањето на наредната генерација од телефоните на OnePlus, поточно моделот OnePlus 11, ќе се случи на 7 февруари идната година. На овој настан ќе бидат претставени неколку производи, меѓу кои OnePlus Buds Pro 2, како и првата тастатура од компанијата. Оваа тастатура ќе виде механичка, нешто што е посебно популарно изминатите година дена, како кај гејмерите, во поново време и за корисниците кои ја користат тастатурата за пишување на ...
Можеби Viber е попопуларна апликација на нашите простори, но сепак мора да се истакне ваква мала, но многу корисна функција која ја воведува конкурентот WhatsApp. Сигурно секој од нас имал ситуација да испрати нешто кое сепак не сака да остане, односно сака да ја избрише пораката. Со притискање на пораката, наместо бришење за сите, по грешка се притиска на бришење за себе и пораката веќе е „отидена“ и не може да се избрише за сите. Со „undo“ ...
Google овие денови ја одржува својата Google for India конференција, од која можевме да видиме дека од компанијата работат на можноста Google Lens да го чита лошиот ракопис на докторите. На оваа конференција беа презентирани повеќе вакви новини, а меѓу тие кои привлекуваат посебно внимание се новите функции најавени за YouTube. За жал, овие новини ќе бидат достапни во земјата каде што се презентираат, односно во Индија, но навистина би било ...
Twitter, како надоврзување на пуштањето на новата Blue претплата, го најавија Blue for Business. Засега овој нов дел од Twitter Blue е пуштен како тест на ограничен број на компании, а се најавува дека идната година може да се очекува дополнително проширување на достапноста. Blue for Business донесува неколку новини кои ќе ги издвојат компаниите од другите профили, но од Twitter истакнуваат дека може да се користи и од страна на брендовите, ...
Во јуни оваа година можевме да прочитаме дека Internet Explorer конечно заминува во историјата. Заврши поддршката за прелистувачот и истиот беше тргнат од компјутерите преку посебна надградба. Сепак, IE остана достапен за одредени уреди, односно за уредите кои продолжија да плаќаат за продолжена поддршка за Windows 7 и Windows 8/8.1. Со оглед на тоа што поддршката за овие системи завршува на 10 јануари идната година, јасно е дека веќе нема каде ...
Иако OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот кој ќе работи на новиот Snapdragon 8 Gen 2, сепак изгледа плановите биле други или во меѓувреме се промениле. Како и да е, OnePlus официјално ја закажа датата за нивниот „OnePlus Cloud 11“ настан, а таа е 7 февруари 2023 година. Настанот ќе се одржи во Њу Делхи, Индија, а на него покрај OnePlus 11 5G телефонот, ќе ги видиме и слушалките OnePlus Buds Pro 2. Од компанијата ...
За време на конференција од Google во Индија, од компанијата презентираа нова можност на која работат за нивната Google Lens функција. Google Lens, која започна како посебна апликација, а сега е интегрирана во Google апликацијата за мобилните, овозможува препознавање на текст и објекти со камерата. Ова е доста корисна функција која сега ќе стане уште покорисна. Како дел од развојот на веќе достапната можност за препознавање на ракописен текст, ...
Компаниите кои стојат зад развојот на трите најпознати интернет прелистувачи и веб технологии, се здружија за развој на алатка за мерење на перформансите на прелистувачите. Apple, Mozilla и Google работат на развојот на третата верзија од познатата алатка Speedometer, која е развиена од страна на Apple. Овие три компании ги држат најпознатите прелистувачи и нивните технологии, односно Apple Safari и WebKit технологијата, Mozilla Firefox и ...
Microsoft ја пушти првата верзија од новиот додаток за Microsoft Teams, наречен Microsoft Teams Premium. Овој додаток, кој може да се користи 30 дена бесплатно, е достапен за бизнис корисниците на сервисот, односно за претплатниците на Microsoft 365. Со оглед на тоа што овие корисници веќе плаќаат претплата, овој додаток ќе треба да вреди за дополнителните 10 долари кои треба да се додадат на веќе постојната цена. Листата на функции кои се дел ...
19.12.2022 г. Скопје – Предлог на Закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход на субјектите со ...
Елон Маск, кој уште претходно најави дека само привремено ќе биде главен извршен директор на Twitter, објави анкета преку која прашува дали треба да се тргне од оваа позиција во компанијата. Резултатот од анкетата ќе биде почитуван од страна на Маск, а тој на 46 минути пред завршувањето е во корист на тие кои гласале со „да“. Имаат гласано повеќе од 16 милиони следбеници на Маск и гласовите за имаат 57,5%, додека гласовите против имаат 42,5%. ...