
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Скопје, 6 Декември – Samsung Electronics објави дека бројот на паметни телефони Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip продадени за корпоративна употреба е повеќе од двојно зголемен во споредба со истиот период минатата година. Бројот на преклопливи паметни телефони испорачани од Samsung до деловните корисници од јануари до октомври 2022 година се зголемил за 105% во споредба со истиот период во 2021 година. Со оглед на тоа што испораката на паметни ...
Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. Петтото издание беше најмасовната конференција досега, која можеше да се следи со физичко и онлајн присуство од учесници од Македонија и од регионот. На конференцијата ...
Apple за првпат ја направи достапна својата „Self Service Repair“ програма надвор од САД. Корисниците во осум европски земји сега ќе можат самите да ги поправат некои од нивните Apple уреди, а тие земји ги вклучуваат Белгија, Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Self Service Repair, како што кажува и самото име, им овозможува на корисниците самите да ги сервисираат своите уреди, без потреба да ги однесат во ...
Празниците не се празници без незаборавни божиќни филмови, а како и секоја празнична сезона, Pickbox TV и оваа година се погрижи во вашиот дом да завладее вистинска празнична атмосфера со повеќе од 70 божиќни филмови. Од 10 декември на Pickbox TV каналот започнува божиќното лудило. Уживајте во божиќната атмосфера секој ден, со прекрасните, топли и ведри филмови кои ќе се прикажуваат сè до 8 јануари. За сите љубители на најубавиот празник, ви ...
Microsoft на почетокот од годината ја објави веста дека склучиле договор со Activision Blizzard за купување на оваа компанија и нејзино приклучување кој Microsoft Gaming. Со оглед на популарноста на игрите кои излегуваат од ова гејминг студио, очекувани беа одредени проблеми при процесот на купување. Покрај стандардното разгледување од страна на регулаторните тела во повеќе земји, еден од најголемите противници на зделката е Sony. Причината за ...
Компанијата со интересното име, Nothing, го претстави својот прв смартфон Phone (1) во јули оваа година. Телефонот беше најавуван како нешто револуционерно што ќе понуди нешто различно на пазарот кој се нема променето уште од претставувањето на првиот iPhone. Ова го најавуваше основачот на компанијата, кој е и Apple фан, Карл Пеи, па очекувањата за првиот телефон беа големи. Тоа што го добивме не може да се каже дека е лошо, но секако малку ...
Една од најпознатите анти-вирусни апликации на Linux ја доби својата прва стабилна верзија. ClamAV 1.0.0 им е достапен на корисниците, а оваа верзија доаѓа 20 години по почетокот со работа на проектот. Како што би се претпоставило, ClamAV е апликација со отворен код и на неа придонесуваат повеќе програмери. Во главно започна како апликација за скенирање на имејл серверите, но во денешно време се користи за генерално скенирање и е достапна на ...
Четвртата бета верзија од iOS 16.2 донесува една мала промена која сепак на доста корисници ќе им направи поголема разлика. Промената ги враќа постарите, односно веќе еднаш видените известувања во видниот дел од Центарот за известувања, без потреба прво да се повлече нагоре со прстот за да се прикажат. Прикажувањето на постарите известувања во „скриен“ дел, односно потребата да се повлече нагоре за да се видат, е новина која дојде со iOS 16. ...
Google, односно YouTube ги објави најпопуларните видеа и креатори за оваа година, од која остануваат уште неколку недели. Оваа година се разликува по тоа што за првпат е објавена топ листа со најпопуларни Shorts видеа, кои нема мрежа на која не се популарни и се „копија“ на TikTok, односно на копијата на TikTok од Meta, Facebook и Instagram Reels. Од YouTube истакнуваат дека најпопуларните видеа оваа година покажуваат дека индивидуалните, онлајн ...
Нема збор дека Tesla автомобилите се можеби најпопуларните во светот и оваа компанија е директно одговорна за почетокот на „револуцијата“ со електрични автомобили. Сега нема ниту еден од поголемите производители кои немаат сопствени електрични автомобили, а повеќето од нив планираат целосно да се префрлат на електрични модели во наредните 15тина години. Tesla автомобилите не се познати само по оваа нивна главна карактеристика. Компанијата ...
Изгледа дека состанокот кој го имаа Елон Маск и Тим Кук во просториите на Apple минатата недела, ги има решено сите проблеми помеѓу овие две компании. Проблемите може да се каже дека беа помеѓу Apple и Елон Маск, во главно поради можниот правец кој ќе го има Twitter по купувањето на мрежата од страна на Маск. Според информациите, Маск за време на Twitter Spaces говор, истакнал дека Apple целосно има продолжено со рекламирање на мрежата. Исто ...
Google ја врати популарноста на својата апликација за SMS пораки, Messages, со воведувањето на новиот систем наречен RCS. Со овој систем, за кој поддршка дадоа операторите, корисниците можат да испраќаат поголеми пораки преку Google Messages, можат да гледаат кога другата страна пишува, кога ја има видено пораката, како и да испраќаат слики. Ова се карактеристики кои се стандардни кај останатите апликации за пораки, па Google ги воведе и кај ...
Airbus објави дека започнале со развој на мотор за авиони кој како погон би користел горивни ќелии со водород. Ова е нешто што веќе се користи кај автомобилите, па е до некаде нестандардно за користење кај авионите. Од компанијата истакнуваат дека има два начина на кои може да се користи водородот како извор на енергија кај авионите. Едниот е преку користење за мотор сличен како кај млазните авиони, преку согорување на водород во гасна турбина. ...
Како што беше најавено во октомври оваа година, Tesla во текот на вчерашниот ден ги достави првите Semi камиони на своите клиенти. Како прв клиент е познатата компанија PepsiCo, кои имаат резервирано 100 Tesla Semi камиони. Доставувањето на првите произведени камиони Tesla Semi беше одбележано со посебен настан, а ова дефинитивно е голем период за компанијата која камионот го претстави пред пет години. Производството требаше да започне во 2019, ...
Apple оваа недела ги објави победниците на апликации на годината на различните уредите кои ги имаат, за првпат доделија и награда за поткаст на годината. Наградата, која е во форма на логото на Apple Podcats апликацијата, беше доделена на Slate поткастот за нивното шоу Slow Burn и најновата сезона „Roe v. Wade“, во која се разгледуваат случувањата кои довеле до познатата одлука на Врховниот Суд во САД во 1973. Укинувањето на одлуката оваа година ...
Еден од најпознатите сервиси за безбедно чување на лозинки и други важни податоци, LastPass, повторно е пробиен од страна на хакери. Информацијата ја објави директорот на компанијата Карим Тоуба и споделува повеќе детали околу тоа што се има случено. Според информациите, забележана била невообичаена активност на сервери од трета страна кои ги користат од компанијата, како и една од нивните подружници GoTo. Од направената истрага, за што била ...
Mozilla како организација се познати по тоа што работат со отворен код и се грижат за приватноста на корисниците. Тоа го прават преку собирање што е можно помалку податоци од корисниците на Firefox и нивните сервиси, како и тоа што се едни од првите кои почнаа да вклучуваат блокирање на тракерите. Firefox Translations е нов додаток за Firefox прелистувачот кој е направен врз основа на овие принципи на организацијата. Преведувањето на веб ...
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година. Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни ...
Ко-основачот на познатиот бренд OnePlus и основач на компанијата Nothing, Карл Пеи, кој имаше доста што да каже за пазарот на смартфони и како неговата компанија ќе претстави нешто поразлично на пазарот, направи рецензија на iPhone 14 Pro. Дефинитивно е интересно да се видат официјалните ставови на директорот на една компанија за некој нивни конкурент. Ова дополнително е интересно и поради начинот на кој Карл Пеи настапува во јавноста, а и ...
Нешто повеќе од две години по претставувањето на новиот вид на Gorilla Glass наречен Victus, Corning ја претстави втората генерација, Gorilla Glass Victus 2. Главната новина која се истакнува со втората генерација од Gorilla Glass Victus е подобрувањето на заштитата при пад на тврда површина. Ова е нешто што е побарано од производителите на смартфони, а и истражувањата на компанијата покажале дека овие ситуации претставуваат најголем проблем за ...
Елон Маск пред неколку денови објави дека Apple се имаат закането дека ќе ја тргнат Twitter апликацијата од App Store. Тој исто така истакна дека од компанијата ги имаат прекинато скоро сите реклами на мрежата, нешто што го направија многу компании по купувањето на Twitter од страна на Маск. Во текот на вчерашниот ден Маск објави кратко видео од езерцето кое е дел од кампусот на Apple и му се заблагодари на Тим Кук што го прошетал низ просторот ...
Apple и Google ги објавија најдобрите апликации во App Store и Play Store за 2022 година. Двете компании имаат нешто поразличен пристап, па Apple самите одлучуваат кои апликации ги добиваат „наградите“, додека Google има комбиниран пристап, а со тоа и повеќе апликации се на нивната листа. iPhone апликацијата на годината за 2022 е BeReal. Ова е нова апликација која брзо доби на популарност и истата функционира преку две минутно снимање со двете ...
27 годишен маж во скоро 2 часот наутро купил 300 iPhone телефони од познатата Apple продавница на Петтата Авенија во Њујорк. Според информациите, не било првпат тој да купи ваква голема количина на телефони, а тоа го правел со цел да ги продава подоцна преку неговиот бизнис. Во тој период биле достапни и попусти поради „црниот петок“, па јасна е одлуката за купување, но не и зошто толку касно во вечерта. Сите телефони биле ставени во три торби, ...
Додека се чека на повторното пуштање на новата Twitter Blue претплата со изменетите правила, Елон Маск објави слајдови од неговата презентација во компанијата. Од овие слајдови може да се видат дел од плановите кои ги има тој за Twitter во периодот што следи, а дел од нив го привлекуваат вниманието и на обичните корисници. За почеток Маск објавува слајдови кои покажуваат дека мрежата има најголем број досега на нови корисници, како и минути на ...
Една од најдобрите серии при крајот на деведесеттите, барем за нас, That 70’s Show, добива продолжение или како што се нарекува „спиноф“. Новата серија е наречена That 90’s Show и е направена од страна на Netflix, каде ќе може и да се гледа со почеток на 19 јануари идната година. Серијата се врти околу ќерката на Ерик и Дона, Леа, која својот летен распуст се решава да го помине кај нејзините баба и дедо. Тоа значи дека во оваа серија ќе ги има ...
Втората генерација од одличниот M1 чип од Apple ја видовме во јуни оваа година со претставувањето на MacBook Air M2 и MacBook Pro 13. Како што беше случајот со првиот чип, подоцна се очекуваат нови и посилни верзии, па за идната година ги чекаме M2 Pro и M2 Max. Дел од уредите кои сега ги чекаме идната година, првично се очекуваа за оваа, но веќе е јасно дека Apple заврши со претставување на Mac компјутери за 2022. Идната година ги очекуваме ...
Microsoft оваа недела ја пушти најверојатно последната надградба за Windows 11 за оваа година, а истата донесе две помали новини кои сепак вреди да се истакнат. Првата новина е поврзана со изгледот на системот, односно со Personalize делот во Settings. Корисниците, кои веќе ја имаа можноста да ја изберат Windows Spotlight функцијата, сега истата можат да ја изберат како посебна тема. Со ова Windows Spotlight станува подиректно достапна и ...
Корисниците на познатиот кинески бренд OnePlus кои ќе купат некои од нивните телефони идната година ќе добиваат подолга поддршка од досега. Моменталната политика на компанијата е на ниво на таа од Google, па корисниците на моделите од највисоката класа добиваат три години на надградби на системот, како и четири години на безбедносни надградби. Од идната година, ваквите модели добиваат една дополнителна година, односно четири години на надградба ...
Парискиот стартап Neoplants на пазарот го претстави првото специјално развиено растение кое треба да го однесе прочистувањето на воздухот во домовите на наредно ниво. Веќе е познато дека растенијата во домот се добри за воздухот, па покрај тоа што тие го собираат јаглеродниот диоксид, тие можат да соберат и по некоја од несаканите честички кои се стандардно достапни во просториите. Neoplants, преку нивното Neo P1 растение, сакаат да ја зголемат ...
Twitter дефинитивно има проблеми по промената на сопственикот, а дел од тие проблеми произлегуваат од притисокот кој некои компании сакаат да го направат врз Маск во правец на промената на политиката на мрежата. Една од тие компании е и Apple, кои според Маск се заканиле дека ќе ја тргнат апликацијата од продавницата за апликации, а за тоа немаат дадено објаснување зошто. Маск веќе објави дека очекува вакви случувања, а доколку Twitter биде ...