
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Со задоцнување од скоро две недели, барем според првично најавената дата, Xiaomi денеска ја претстави својата нова Xiaomi 13 серија. Оваа серија доаѓа со целосно нов дизајн и уште од прв поглед може да се види дека се работи за одлични уреди со карактеристики од највисоката класа. Ова е втора генерација на телефони од Xiaomi која е направена во соработка со Leica и истата вклучува нови оптички и пресметковни можности, како и неколку новини кои ...
Најпознатиот сервис за кратки анимирани слики, односно „гиф“ слики, GIPHY, воведе нова функција која ќе овозможи корисниците со проблеми со видот да можат да знаат за каква слика се работи. Ова ќе се постигне со воведување на алтернативен текст на сликите кој ќе може да биде прочитан од страна на алатките кои ги користат овие лица, како на пример читачи на екранот. Овие алатки го читаат „на глас“ текстот од екранот, па корисниците на тој начин ...
Најчесто, декември е месец во кој сме посебно потрошувачки настроени и кога купуваме нови производи… но тоа значи и дека во текот на овој месец создаваме поголема количина на амбалажен отпад. А за целата оваа амбалажа да не ја гледаме расфрлана по улиците, дворовите и депониите, треба да се погрижиме дека истата ќе заврши онаму каде што треба. Селектирањето на отпадот е навика која треба да се практикува постојано, не само во месеците кога се ...
Apple оваа недела ја претстави Apple Music Sing функција за нивниот Apple Music сервис. Оваа новина ќе им биде достапна на сите корисници во светот, а за потсетување сервисот од компанијата се наплаќа месечно, односно нема бесплатна верзија. Како што може да се претпостави и од самото име, Apple Music Sing овозможува пеење караоке, односно пеење заедно со пуштената песна. Тоа се постигнува со тргање на вокалот од песната, со што останува ...
Брисел, 9 декември 2022 година – Дијалогот, соработката и имплементацијата на иновативни решенија засновани на стандардите на ЕУ се основните столбови на кои се потпира успешната иднина на државите-членки на ЦЕФТА. На патот кон поврзување на поединечните пазари во Заеднички регионален пазар кој економски ќе расте, државите-членки на ЦЕФТА имаат партнери и патна карта, но мора што поскоро да ја потврдат својата посветеност на оваа цел, беше ...
Иако Google ништо официјално нема кажано досега, сепак се верува дека тие работат на Pixel уред кој се преклопува. Pixel Fold се верува дека неколку пати досега е одложуван поради неколку причини, меѓу кои развојот на технологијата, како и силната конкуренција од Samsung со нивниот одличен Galaxy Z Fold. Според сите неофицијални информации годинава, Google дефинитивно ќе претстави преклоплив Pixel телефон, а тоа треба да се случи во мај идната ...
Microsoft започна со тестирање на нова верзија од нивната Snipping Tools апликација во која треба да биде додадена можноста за снимање на екранот. Оваа апликација сега ја има само можност за правење на слики од екранот, па корисниците кои сакаат нешто повеќе, обично користат други апликации. Иако Snipping Tools е едноставна апликација и доста корисници користат понапредни, сепак за голем дел од корисниците таа е доволна. Поради тоа, потребата ...
Најавите и информациите дека американската Федерална Комисија за Трговија, односно FTC, го разгледува и планира да го блокира договорот помеѓу Microsoft и Activision Blizzard за спојување на компаниите, се покажаа како точни. Од агенцијата официјално донесоа одлука да се блокира купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft, а како главна причина се дава наштетувањето на конкуренцијата преку ограничување на популарни игри кои сега се ...
Скопје,9.12.2022г.– А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro, кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности. “Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, го креиравме новото A1 Business Pro тарифно портфолио кое нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност ...
Microsoft, кои обично воведуваат доста новини кај нивната Teams апликација за бизнисите, овој пат направија нешто и за приватните корисници, односно корисниците на бесплатната верзија од сервисот. Microsoft Teams добива можност за креирање на заедници (communities), а исто како што е случајот и кај другите платформи или најново кај WhatsApp, нивната замисла е организирање на куќните совети, настани, родителски средби, спортски здруженија и ...
Apple најави воведување на три нови функции кои се насочени кон значително подобрување на приватноста и безбедноста на податоците и комуникацијата на корисниците. Како главна новина се истакнува „Advanced Data Protection“ функцијата за iCloud која во основа ја проширува заштитата на сите податоци кои имаат интеракција со овој сервис во „облакот“. Advanced Data Protection ја вклучува познатата и безбедна „од-крај-до-крај енкрипција“ за скоро ...
TikTok објави листа на најпопуларни видеа за годината, а истата е поделена според популарноста во САД и во остатокот од светот. Од тоа што може да се види, листата е направена од страна на TikTok и не мора да значи дека секое видео на истата има најголем број на прегледи во годината. „Чест ни е да ја прославиме нашата глобална заедница која ги обликуваше овогодинешните трендови, сподели нови идеи, учеа едни од други и ги претвори своите страсти ...
Светлата се гасат, мирисот на пуканки ја исполнува просторијата, а вие нетрпеливо го чекате почетокот на филмот. Ѕидовите се осветлени и одеднаш магијата почнува. Тргнувате на волшебно патување со актерите. Следат минути на смеење, напнатост, неочекувани пресврти и расплет кој на крајот на филмот го коментирате со друштвото. Сè асоцира на кино, но каде точно се наоѓате? Во класично или домашно кино? Вашиот дом може да биде сè што ќе посакате, ...
Неодамна Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и следете ги ...
Еден од најдобрите сервиси за чување на лозинки и други важни податоци, Bitwarden, кој ние секогаш го препорачуваме, воведе можност за најавување без потреба од внесување на главната лозинка. Оваа новина се однесува за најавување на веб верзијата од сервисот, а истата е и единствената која нема брз начин на најава. Апликациите од сервисот, на мобилните и на десктоп, имаат можност за отклучување со користење на пин или биометриски податоци, па по ...
Најголемиот регионален фестивал за комуникациската индустрија дванаесетта година по ред ќе ги собере комуникациските стручни лица од целиот Регион кои во рамки на Фестивалските предавања, панели и дискусии ќе говорат на најактуелните теми од индустријата. Што нѐ очекува овој Викенд откриваат Томо Рицов, Директор на Фестивалот и Никола Врдољак, Директорот на Програмата на Фестивалот. Како настана Викенд Медиа Фестивал? РИЦОВ: Сакавме на едно ...
Ретки се можностите кога може да се пофалиме дека во Скопје се одржува некој ексклузивен настан од било која област, а уште поретки кога тој настан е во еСпорт и со габарит како Good Game (https://good.game/skopje), што е најголемо Б2Б натпреварување во целиот регион. За неколку дена и македонските гејминг вљубеници (на 24ти месецов) ќе имаат можност да бидат дел од ова супер искуство, а повеќе за почетоците и развојот на натпреварувањето ...
Сундар Пичаи е 47-годишен директор кој беше промовиран на челната позиција на Гугл по повлекувањето на основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин од секојдневното менаџирање на компанијата. На 22 јануари Адам Лашински од Fortune го објави првото интервју на Сундар Пичаи откако беше промовиран за Генерален извршен директор (CEO) и на Алфабет, мајката компанија на Гугл (инаку го предводи Гугл уште од 2015). Станува збор за интервју во кое Сундар дава ...
Rails Girls работилницата по трет пат се организира во Македонија. Првата работилница беше одржана во 2014та година, додека втората се одржа лани. Ланската рабтилница предизвика големо внимание од почетничката ИТ популација. Токму за оваа работилница аплицираа повеќе од 200 заинтересирани и истата беше менторирана од 15 искусни програмери од различни ИТ компании во Македонија. Целта на овие светски познати работилници е да бидат влезна точка за ...
За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје. Иновативниот IQOS уред кој направи револуција во тутунската индустрија беше лансиран на нашиот пазар токму во екот на пандемијата предизвикана од covid-19. ...
Huawei на пазарот настапува со неколку видови на часовници, што значи дека секој може да се пронајде себеси, односно да го избере стилот кој го сака од еден ваков производ. Претходникот на часовникот кој сега го имаме на тест, Watch GT 2 Pro, беше еден од најубавите часовници на пазарот, а посебно привлечен го правеше стилот кој е целосно како класичен часовник. Со Watch GT 3 Pro, Huawei го продолжува тој стил, но го носи на неколку нивоа ...
Deutsche Telekom, односно во нашата земја Македонски Телеком, во својата понуда на смартфони за корисниците додадоа и два модели направени под нивниот бренд, односно T Phone и T Phone Pro. Како што беше истакнато на официјалната презентација на телефоните, целта на Телеком е да на корисниците им понуди смартфон со 5G можности, карактеристики во средната класа, а по цена која е и повеќе од конкурентна. Со достапноста на два различни модели ...
Galaxy Z Fold4, на прв поглед делува како да е само мала надградба од ланскиот модел за кого рековме дека е спремен за секојдневно користење. Сепак, кога ќе почне да се користи овој уред, полека се гледа дека промените не се баш така мали. Ако ланскиот модел беше спремен за секојдневно користење, тогаш Galaxy Z Fold4 го нарекуваме уредот кој секој напреден корисник мора да го има. Овој уред не само што ја зголемува продуктивноста на корисникот, ...
Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува на потребата од социјална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку едно едноставно прашање: „Како си?“. Многумина од нас имаа тешка година. Повеќе од кога било, луѓето се загрижени за иднината. Особено сега е ...
Одамна се говори за електричен автомобил направен, поточно дизајниран од страна на Apple. Еден ваков автомобил јасно е зошто би бил популарен, а мали се шансите дека нема да биде еден од најдобрите на пазарот. Сепак, годините си поминуваат, а покрај по некоја редовна шпекулација, нема ништо повеќе, посебно не од Apple. Главните очекувања врз основа на неофицијалните информации беа дека Apple ќе направи електричен и целосно автономен автомобил. ...
Скопје, 7 декември 2022г. – СКОПСКО ja претстави новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување. “Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно ...
Најпопуларниот веб прелистувач, Google Chrome, доби нова можност која треба да им се погоди како доста корисна на корисниците кои имаат отворени многу „табови“, како и тие кои имаат многу зачувани омилени страни кои не се баш најдобро организирани и слично. Директно преку лентата за адреси, која веќе се користи за пребарување преку Google, сега може да се пребарува директно во отворените табови, омилените страни, како и историјата на сурфање. ...
Еден од најдобрите сервиси за чување на лозинки и други важни податоци, Bitwarden, кој ние секогаш го препорачуваме, воведе можност за најавување без потреба од внесување на главната лозинка. Оваа новина се однесува за најавување на веб верзијата од сервисот, а истата е и единствената која нема брз начин на најава. Апликациите од сервисот, на мобилните и на десктоп, имаат можност за отклучување со користење на пин или биометриски податоци, па ...
Во септември оваа година Microsoft објави дека се откажува од развојот на одличната алтернативна тастатура SwiftKey за iOS. Ова не дојде како некое големо изненадување со оглед на тоа што апликацијата на оваа платформа не беше ажурирана година дена. Некои посебни причини за одлуката не беа дадени, а се веруваше дека тоа во главно беше поради ограничувањата кои ги има Apple во споредба со Android. При крајот на минатиот месец од компанијата, ...
При разгледување на резултатите од пребарувањата на Google, корисниците ќе можат да видат повеќе резултати на една страна. Google воведе таканаречено „continuous scrolling“, кое овозможува да се продолжи со гледање на резултати кога ќе се дојде до досегашниот крај на првата страна. Ова континуирано прикажување на резултатите нема да биде неограничено, како што е кај некои страни, па корисниците после 6 продолжувања ќе дојдат до старото копче за ...