
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Препукувањето помеѓу познатиот борец Конор Мекгрегор и неговиот австралиски колега со македонско потекло, Александар Волкановски, трае подолго време. Деновиве Мекгрегор во негов стил на „големина“ повторно го навреди Волкановски. Имано, за време на УФЦ 293 натпреварувањето, кое се одржа викендов, Мекгрегор давал свои предвидувања за борбите, и без посебен повод го спомнал и силниот Волкановски, кој воопшто не се натпреварува, нарекувајќи го ...
Новак Ѓоковиќ продолжи да ги поместува границите во светот на тенисот. Со освојувањето на Ју-ес опен, тој стигна до 24. Грен слем титула и со тоа се одалечи од своите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер. Во финалето Ѓоковиќ го победи Данило Медведев со 3:0 во сетови и со тоа му се одмазди за поразот од 2021 година. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оддржа прес-конференција по освојувањето на четвртата титула на Ју-ес опен. Интересен ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вчера стигна во Малта каде утре ќе го одигра вториот натпревар од септемврискиот циклус во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија. По ремито на домашен терен против Италија (1-1) „црвено-жолтите“ во одлична атмосфера стигнаа во Малта каде се надеваат дека ќе се борат да освојат три бода. По стигнувањето на аеродромот во Малта, вработените веднаш тргнаа по „селфи“ со ...
Скоро и да нема месец во кој не се одржува некој си историски самит, конференција… на која политичарите од регионот заедно со западните тутори не го решаваат проблемот на населението во т.н. Западен Балкан. Блазе си ни, што ете, имаме среќа некој толку многу да мисли и работи за наше добро. Овој месец таквиот самит се падна да биде во Скопје. И тоа денеска. Европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите се очекува да бидат ...
Последните информации велат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2.421 лице. Граѓаните се фрустрирани што помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области јужно од Маракеш. Асни е на само 50 километри од Маракеш, а луѓето велат дека итно им е потребна помош. – Немаме храна, немаме леб, зеленчук. Немаме ништо. Никој не ...
Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училишта. На ваква одлука е донесена откако беше увидено дека иако учениците од оваа земја се над европскиот просек за способност за читање, меѓународната проценка за нивото на читање на четвртоодделенците укажува на пад на способноста на децата во Шведска помеѓу 2016 и 2021 година. Додека децата се враќаа во училиштата во Шведска минатиот месец, многу наставници ставија акцент на ...
Најуспешниот тенисер на сите времиња, 36-годишниот Србин Новак Ѓоковиќ, ја освои својата 24. Грен слем титула победувајќи го Русинот Дањил Медведев во финалето на УС Опен со 6-3, 7-6 (5), 6. -3, и така според бројот на поединечни Грен слем трофеи врзани со австралиската Маргарет Корт. Во своето десетто финале во Њујорк, Ѓоковиќ стигна до својот четврти трофеј (2011, 2015, 2018, 2023) и стана најстариот победник на последниот Грен слем во една ...
Прашањето за опстанокот на Црноморскиот договор е детално дискутиран на самитот на Г-20 овој викенд, но секоја иницијатива што ја изолира Русија веројатно нема да биде одржлива, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција. Русија, Украина и Турција ќе продолжат да разговараат за договорот и животот, додаде Ердоган. Претседателот на Турција претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да го испрати житото во ...
Индија е потресена од последниот случај на групното силување на четиринаесетгодишно девојче. Имено, во Раџастан неколку мажи го силувале девојчето и живо го запалиле. Девојчето исчезнало откако излегло од дома за да ги чува козите, а нејзиното тело го идентификувал нејзиниот брат кој и го открил накитот во печката во која била запалено. Индиската полиција обвини 11 мажи за нападот во Раџастан. Полицајците за „Тајмс оф Индија“ изјавија дека ...
За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. Заради култот кон ...
Познато е дека американската Влада е таинствена кога станува збор за случаите на НЛО, но американското Министерство за одбрана сега се обидува да биде потранспарентно. Министерството објавило документ кој ги открива жариштата на случаи на НЛО низ светот. Била направена мапа која ги покажува областите каде што биле забележани најмногу случаи на НЛО од 1996 до 2023 година.Меѓу другото, мапата укажува на жаришта на НЛО во Нагасаки и Хирошима, ...
Елиф Елмас одигра уште еден брилијантен натпревар во дресот на македонската репрезентација. Неговиот обид во 75.минута, кога топката за малку заврши крај голот, беше најава за голот на Барди со кој Македонија одигра 1:1 против Италија. – Секогаш е тешко кога играш против европски првак. Игравме дисциплинирано и во првото и во второто полувреме. Тактички игравме дисциплинирано. Кога го примивме голот моравме да ја смениме концепцијата, видовте ...
Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал на воланот и удрил во автобус со српски туристи, изјави за „Н1“ директорот на националната асоцијација на туристичките агенции во Србија, ЈУТА, Александар Сеничиќ. Како што рече, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил. ...
Македонија успеа да освои бод против актуелниот европски шампион Италија. Натпреварот во квалификациската група Ц, за пласман на Европското првенство заврши без победник 1:1. Вечерашниот натпревар беше четврти меѓу овие репрезентации, Македонија и Италија имаат по една победа, два натпревари завршиле без победник. Очекувано, новиот селектор на Италија, Лучано Спалети не отстапи од својата филозофија, неговиот тим да биде тој пто ќе ја има ...
Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за производство на органи за донација. Тимот предводен од Лиангсуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Матични клетки. Нивната работа зависела од исклучување на дел од гените во ембрионите со помош на алатка која се опишува како генетски ножици. Тоа ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на гренслем турнирот УС Опен. Тој во полуфиналната пресметка во три сета го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон. Во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев. Ѓоковиќ, сепак, немаше лесен меч против американската сензација Шелтон. Го доби првиот сет со 6:3, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, но кога се очекуваше и комплетно да го скрши, Шелтон ...
Мароканска телевизија јави дека бројот на загинати во земјотресот достигна 632, а повредени се 329 лица, пренесува новинската агенција Ројтерс. Голем број луѓе во Мароко излегоа на улиците во страв од последователни потреси и останаа да спијат тука. Во земјата владее паника по разорниот земјотрес. Французинот Мајкл Бизе за новинската агенција АФП изјави дека бил во кревет кога се случила катастрофата. – Мислев дека мојот кревет ќе одлета. ...
Во далечната островска земја – Куба тамошните власти уапсија 17 лица осомничени за поврзаност со синџир за трговија со луѓе кои дејствуваат од Русија за да регрутираат мажи за војната во Украина. Кубанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека работи на „неутрализирање и разоткривање на мрежата за трговија со луѓе што дејствуваат од Русија за да вклучат кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените операции во ...
Македонија и нејзините граѓани денеска го слават денот кога сите заедно сторија историски чин: пред 32 години, на референдумот, донесоа одлука таа да биде самостојна и независна држава. Тоа беше израз на заедничките вековни стремежи, остварување на соништата за кои многу генерации дале големи жртви. Заедништвото, всушност, е вградено во темелите на македонската држава и никогаш не треба да се заборава. Како сега стоиме со заедништвото во ...
Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Скопје ќе ги одмери силите со европскиот првак Италија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое се игра догодина во Германија. Македонската спортска чета најавува силна борба за потребните бодови. Александар Трајковски во интервју за торинскиот спортски весник „Тутоспорт“ посочува дека повторно би сакал да го реши мечот помеѓу Италија и Македонија, потсетувајќи на тој начин ...
Колумна на Никола Тасев: Почна од синоќа прославата на независноста на Македонија. Звуците на Филхармонијата и говорот на Премиерот, под мотото „Гласник на слободата“ го отворија бледо организираното славје што денес продожува со други скромни настани. Ќе пукнат, можеби, силно и плотуни од артилерискиот батаљон на Армијата во свечена стрелба. Но, она што треба силно да пукне, да одекне и одѕвони во ушите е прашањето: Дали имаме независност? Дали ...
Македонија денеска слави голем ден. Денот кога пред 32 години над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава – МАКЕДОНИЈА. Тогаш се оствари сонот на многуте претходни генерации кои и животи даваа за конечно осамостојување. Голем празник. Но, утрово Скопје е некако тивко, нема некоја празнична атмосфера… Зошто? Властите не направија празникот да изгледа посвечен или на граѓаните не им е до славење? За ова ...
Научниците од институтот во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донирање. Тимот, предводен од Лиангзуе Лаи од Институтот за биомедицина и здравје, ја објави студијата во научното списание Cell Stem Cell. Нивната работа зависела од „гасење“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се ...
Научниците создадоа целосен модел на човечки ембрион од матични клетки во лабораторија и ги одгледуваа надвор од матка, при истражувањето што го отвора патот за напредок во плодноста, фармацевтските тестирања и трансплантации, пишува „Гардијан“. Малите топчиња од ткиво кои се создадени без јајце клетки и спрема, се направени со комбинирање на матични клетки кои се наредени во структури, што ја имитираат 3Д организацијата на сите познати ...
Над 16.500 албански државјани побарале азил во земјите од Европската унија и Велика Британија во првата половина од годинава. Според извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА), објавен во средата, во периодот јануари-јуни 2023 година, во земјите на Европската унија, албански државјани поднеле 4.779 барања за азил, од кои 3.602 за прв пат, пренесува “Гласот на Америка„. Според Европската агенција за азил, 3.444 поднесени барања ...
Според британските научници, тие се сè поблизу до тоа да откријат нови извори на енергија кои би можеле да им овозможат на астронаутите да останат подолго на Месечината. Истражувањето е поврзано со програмата „Артемис“ на НАСА, пишува „Би-би-си“. Научниците од Универзитетот Бангор дизајнирале нуклеарни ќелии, со големина на семе од афион, кои можат да произведат енергија потребна за одржување на животот на Месечината. Проф. Сајмон Мидлбург, ...
Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека од денеска во непосредна близина на Земјата ќе поминат пет метеорити, од кои три се со големина на авион. НАСА објави дека од 6 до 10 септември најблискиот од петте метеори ќе и се приближи на Земјата повеќе од 1,5 милиони километри, а најоддалечените повеќе од 5,7 милиони километри, но тие не претставуваат никаква опасност за Земјата. Метеорот 2021 JA5, со димензии 18 метри, денеска ќе помине ...
Најголемата светска воена алијанса има потреба од повеќе пари. Околу ова зборуваше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. -Оваа година очекуваме НАТО сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана во просек за осум отсто: ова е најголем пораст на трошоците во последните децении, но тоа е неопходно, бидејќи кога ќе се зголемат тензиите, треба да се инвестира во безбедноста, изјави Столтенберг на сослушувањето пред Комитетот за ...
Убаво е да се биде хуман и да се помогне на луѓе западнати во проблеми, непогоди… Убаво е и кога лицата кои ја добиле помошта потоа ќе ја искажат благодарноста за подадената рака за помош. Сето тоа се случи и не така одамна, кога Турција ја погодија катастрофални земјотреси. Македонија побрза да помогне, прати спасувачки екипи, а се собраа и многу средства кои беа испратени во најразрушените делови на Турција. Турција тоа не го заборави и во ...
Замислувањето на човекот дека паѓа во сон не е знак дека нешто не е во ред и тоа, всушност, е доста честа појава. Толку вообичаена, што стручњаците за сон имаат и посебен назив за неа – хипнагошка халуцинација. Што всушност претставуваат хипнагошките халуцинации? Чувството на паѓање е куса сетилна перцепција што најчесто се јавува при заспивањето, во вид на чувство на паѓање, летање или бестежинска состојба. Визуелно, овие халуцинации честопати ...