Европска Унија да најде механизам и да ги исфрли билатералните прашања од процесот на проширување, побара хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во дискусијата на Блед стратешкиот форум во Словенија. Тој неколку пати повтори дека единствениот пат напред кога се работи за проширувањето на ЕУ е елиминација на билатералните прашања од пристапниот процес. Како најдобар пример за тоа, тој ја посочи Македонија, која првин беше блокирана од Грција, а сега ...

Новата АТП листа поради денешниот старт на УС Опен беше објавена ден порано, а на неа најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски има пад од 23 позиции и сега се наоѓа на 330. место со 162 поени. Падот се должи на тоа што оваа недела Ивановски не играше, а во истиот период лани победи на турнирот во Монастир што беше негова прва турнирска победа. Сега има 14 помалку од претходната недела. Со ист број поени другите македонски тенисери имаа мали ...

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги договорил сите детали околу потпис на договор со Асколи и трансферот треба да се реализира во текот на утрешниот ден, откриваат италијанските медиуми. Напаѓачот се раздели со Удинезе, а во изминатите десетина дена преговараше со многу екипи од Серија Б. За него се интересираа Тернана, Козенца, Сампдорија, а сега Асколи е тимот што успеал да се договори за негово доаѓање. Несторовски седум години ...

Четири лица загинаа во страшна несреќа што се случи синоќа околу 20:30 часот на магистралниот пат Прњавор-Дервента во Штрбци, пишува „Тузлански“. Во сообраќајната незгода учествувало „пежо“, кое го управувало лице чиј идентитет подоцна ќе се утврдува, а другиот учесник во несреќата бил Б.Ѓ. (26) од Прњавор, кој управувал „пасат“. Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица кои се наоѓале во возило „Пежо“. Истрагата на лице место ја спроведе ...

Силно невреме со обилни врнежи, ветер и град го погоди западот на Словенија. Делови од земјата останаа без струја, вода влезе во некои продавници, јавува 24ур. Невремето потоа се движело кон долината Випавска долина и Горишка. Во делови од Словенија паѓал град со големина на јајце. Силно невреме претходно го зафати и крајбрежјето. Поради краткотраен обилен дожд, водата ја поплави улици во Изола. Водата навлезе во некои дуќани, поплавен е и ...

РК Алкалоид го совлада тимот на Сесвете со резултат 29:28 на својот трет контролен натпревар одигран како дел од турнејата во Хрватска и подотовките за новата сеона. Цврстиот домашен состав кој минатата сезона го освои третото место во првенството на Хрватска беше добар предизвик за македонскиот првак, а тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба ракометарите против мотивирана и квалитетна екипа која до последен момент се бореше да ...

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска потврди дека до крајот на годинава ќе ја посети Москва каде треба да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров, објавија српските медиуми. -Нема да разговараме за ништо друго освен за нашите билатерални односи и за тоа што се однесува на мешовитиот комитет и секако ќе се сретнам со мојот колега Сергеј Лавров. Кога може Сијарто да оди во Москва, зошто да не можеме и ние, рече ...

Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, промовираше уште две засилувања пред стартот на новата сезона. Станува збор за кадетската репрезентативка Исидора Котевска, како и за најдобриот лев бек во Ол Стар тимот за минатата сезона, Теодора Гулицоска. Претходно Металург Автокоманда ги ангажира голманките Амра Терзиќ и Анастасија Тодоров, кадетските репрезентативки Анастасија Трпеска, Миа Маринчов, Михаела Кралева и Таида Беровиќ, како и ...

Во Грција беснеат пожари во регионот Еврос на северот од земјата, а особено голем пожар има во близина на шумата во Дадија кој се уште не е ставен под контрола, пренесува Танјуг. Во неделата попладне беше наредена евакуација за Лефкимија и Каситери. Во Лефкимија пожарот се приближил до првите куќи, но бил спречен од пожарникари и доброволци. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот кај Дадија за да не се прошири во шумата. ...

Истокот од Шпанија и Пиринеите вчера беа под напад на многу обилни врнежи и силни грмотевици. Имаше и локални поплави, а денеска е загрозен западниот дел на Медитеранот каде има опасност од торнада, јавуваат српските медиуми. Поради навлегувањето на значително посвежа воздушна маса, температурите на Алпите паднаа за околу 15°C, што се вистински есенски вредности, додека на повисоките делови на Алпите се очекува снег. Викендов во исто време се ...

Швајцарија на Црвениот крст му предаде 120 златни прачки од непознато потекло. Во октомври 2019 година, кондуктер во воз кој патувал од Сент Гален до Луцерн открил пакет со 120 златни прачки. На пакетот пишувало „Вредности на МКЦК“ (Меѓународен комитет на Црвениот крст). Четири години не успејаа да откријат од каде е златото. МКЦК потврди дека имаат намера да го продадат златото и да ги искористат приходите за финансирање на хуманитарни ...

Албанскиот државјанин Бесник Николи, инаку познат како „Нико“ или „Ел Гордо“ е уапсен во Санта Марта, обвинет за поврзаност со колумбиските шверцери со дрога. Бил баран во повеќе од 180 земји и се смета за цел со висока вредност од француските власти, Европол и Интерпол. – Обвинителството и полицијата во Санта Марта (Магдалена) го уапсија албанскиот државјанин Бесник Николи, познат како алијас „Нико“ или „Ел Гордо“, кој од октомври 2021 година ...

Научниците целосно го дешифрираа мистериозниот хромозом присутен кај мажите, кој може да помогне во истражувањето на нивната неплодност. Ова е важен чекор напред во разбирањето на човечкиот геном, пренесува „Ројтерс“. Истражувачите ја открија првата комплетна секвенца на човечкиот хромозом Y, кој е еден од двата хромозома и обично се пренесува од машкиот родител на машкото потомство. Гените на хромозомот Y помагаат во управувањето со клучните ...

Во мај годинава вкупно 85.700 лица кои не се граѓани на членки на ЕУ поднеле барање за азил во некоја од земјите на Унијата, што претставува зголемување за 22,7 отсто во споредба со истиот месец лани, кога биле регистрирани 69.825 баратели, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Од вкупната бројка на апликанти за азил, 80.375 првпат поднеле барање за меѓународна заштита во ЕУ, што претставува раст за 26,7 отсто на ...

Норвешките власти соопштија дека ќе ја надградат оградата во близина на границата со Русија на далечниот север за да спречат ирваси да ги преминат меѓународните граници. Веќе е подигната ограда која се протега на околу 150 километри долж руско-норвешката граница за да се спречи прекуграничното движење на животните. Сепак, некои делови толку многу се расипале што ирвасите лесно можат да поминат низ оградата, пренесува АП. – Строго е забрането ...

Еурофарм Пелистер стигна до втората победа на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ кој се игра во Охрид. „Пелистерци“ триумфираа против Татран Прешов со 29:24. Македонскиот шампион на полувремето обезбеди водство од 14:12. Во вториот битолчани постојано одржуваа разлика од два до четири гола, а на крајот победија со 29:24. Тајник и Пешевски беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по шест постигнати погодоци. Во финалето на турнирот ...

Продолжува поддршката за РК Вардар што клубот ја добива од повеќе компании кои стануваат спонзори во македонскиот спортски бренд. Уште една позната и успешна компанија реши да застане зад Вардар и заедно да се овозможат услови за најтрофејниот македонски машки клуб да остане на стабилни нозе и да продолжи со остварување на високи спортски резултати. На списокот на нови поддржувачи на клубот се придужи и Пантелеон ГС. Тоа е домашна компанија која ...

Maкедонецот Гого Славевски (28 години) вечерва ќе се бори за светска титула во бокс со голи раце. Славевски се натпреварува во БКФЦ категорија и негов противник ќе биде Американецот Џејк Линдси. Ова е пресметка на двајца непоразени борци во ова натпреварување. Славевски е со скор од 5:0, додека неговиот противник има една победа помалку. Борбата ќе се одржи во Мајами каде што е и базата на момчето кое има потекло од скопско Ѓорче Петров, се ...

Извршителот на двојното убиство Н.Л.(23) го признал убиството на млад човек во Футог, а како што дознава српски Блиц, во полиција рекол дека се плаши за својот живот, поради што го убил Н.Ш.(19) и М.М.(20), дознава „Блиц“. Како што неофицијално се соопштува, Н.Л. раскажал дека се плашил за својот живот бидејќи, наводно, двајца млади му се заканувале дека ќе го исечат со мачети и ќе го фрлат во Дунав! – Рече дека отишол во куќата да земе пиштол, ...

Преку заедничка акција на Јавното обвинителство за организиран криминал, Полициското одделение Белград, Министерството за внатрешни работи на Република Србија, БИА, а во координација со Европол и надлежните полициски органи на повеќе земји, во меѓународни води на Атлантскиот океан, во едрилицата „Океанија дос“ долга 22 метри е запленет околу два тона кокаин. Наркотичната дрога кокаин била спакувана во неколку обележани поединечни пакувања, кои ...

Пациентка почина по вадење на заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор му е одреден на стоматолог од приватната ординација која го извршила зафатот, додека на неговата медицинска сестра од Малишево ѝ е одреден куќен притвор од еден месец, јавува Н1. Стоматологот е осомничен за несовесно лечење и незаконско вршење на медицина, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицина и посебни случаи на фалсификување ...

Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот…, пишува во Тропарот на Свети Климент Охридски – Чудотворец, светител по кој се препознава македонскиот народ, а кој на денешен 27 јули пред 1.107 години, починал во 916 година. Роден околу 830 – 840 година, тој е најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, првиот македонски и словенски хиротонисан ...

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион. Во телевизиска изјава Путин рече дека треба да се почекаат резултатите од официјалната истрага за авионската несреќа во која загинаа сите десет патници и членови на екипажот. -Најпрво сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на жртвите во врска со авијациската трагедија. ...

Македонскиот шампион Струга Трим Лум доживеа пораз (0:1) од Брејдаблик во првиот меч од плејоф колото за пласман во групната фаза од Конференциската лига. Стружани беа подобар ривал, но гостите со минимален триумф заминуваат од „Билјанини извори“ во Охрид. Стрелец на победничкиот гол беше Хоскулдур Гунлаугсон во 35.минута. Тој влезе во шеснаесетникот од десната страна и шутираше силно во спротивниот агол. Претходно, Буњамин Шабани постигна гол, ...

рера стигна до четврти триумф во новата сезона од Првата фудбалска лига. Струмичани славеа против Тиквеш со 2:0 на домашен терен. Стрелец на водечкиот гол беше Христијан Малески, новото засилување кое пристигна од Струга ТЛ. Малески со удар со глава го совлада Столе Димовски во 72.минута од мечот по корнерот на Рибаудо од десната страна. Претходно, младиот напаѓач ја погоди и гредата со шут од 15 метри. Во судиското продолжение, Мартин ...

Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните месеци, кои бараат подобри плати во услови на криза во Велика Британија. ...

Се очекува Индија да го забрани извозот на шеќер следната сезона за прв пат по 7 години, што веројатно ќе ги зголеми цените на пазарите во Њујорк и Лондон, кои веќе се движат околу повеќегодишните максимални вредности. Индија ќе им забрани на фабриките да извезуваат шеќер од почетокот на октомври бидејќи недостатокот на дожд ги намали приносите на трска, изјавија три владини извори за „Ројтерс“. Поради и онака високите цени на меѓународните ...

Целта е да избориме опстанок и евентуално да се обидеме да излеземе во Европа преку освојувањето на Купот, изјави денеска Александар Васоски, новиот тренер на ФК Вардар. На прес-конференцијата со новиот спортски директор Ѓоко Хаџиевски тој рече дека чувствувал одговорност да помогне кога е најтешко. – Огромна чест и задоволство што се вратив во клубот кој ми дал многу во кариерата и чувствував одговорност да помогнам сега кога е најтешко. За ...

Норвешкиот престолонаследник Хакон денеска ја отвори најголемата пловечка електрана на ветер во светот во близина на нафтената платформа Гулфакс Ц во Северното Море. Електраната ќе снабдува електрична енергија пет платформи за нафта и гас за да се намалат нивните емисии на јаглерод диоксид. – Денес правиме историја“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на отворањето, пренесе новинската агенција НТБ. „Иако проектот е скап, некој мораше да биде лидер ...

Повеќе од 40 земји изразија интерес за приклучување кон БРИКС, велат јужноафриканските власти, а 22 меѓу нив Иран, Венецуела и Алжир и официјално побарале прием, пренесува „Ројтерс“. Лидерите на блокот БРИКС на водечките земји во развој, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, договорија механизми за разгледување на нови членки, изјави денеска министерот за надворешни работи на Јужна Африка. Договорот за проширување го отвора патот за ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
28%
1020
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
38%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
51%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
1.32
35%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
56%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.71
31%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
34%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
27%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
41%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
51%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
57%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71