Македонија има мака со многу злобни и лоши луѓе. Се крши општествен имот, се пали и краде што ќе се стигне, агресивност на секој чекор… Лошотилокот крај нема… И државата (читај – институциите) како да се навикнуваат на сето тоа, па затоа и бледа е реакцијата по вчерашната грозоморна сцена на убиена мечка и две мали мечиња фрлени на ѓубриште во Жировница. Ужас!!! Злобникот кој ова го сторил е непознат. Од надлежните се добива вообичаената ...

Германската полиција го пронајде телото на Дорота, која пред седум години била пријавена за исчезната во градот Ахен. Одделот за убиства во овој германски град претпоставува дека Дорота, која тогаш имала 29 години, била задавена од нејзиниот сопруг на 18 октомври 2016 година, денот кога таа ненадејно исчезнала. Години по убиството го сокрил нејзиното тело во торба, пренесува Билд. Речиси седум години по нејзиното исчезнување, дојде до решавање ...

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 400.000 луѓе останаа без струја поради ураганот Идалија, кој ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, јавува Си-Ен-Ен (Си-Ен-Ен). Човекот загина кога врз него паднало дрво во округот Лоундес, Џорџија, изјави шерифот на округот Ешли Полк за Си-Ен-Ен. Автопатската патрола на Флорида објави дека две лица загинале во сообраќајни несреќи за време на невремето, а гувернерот Рон ...

Колумна на Никола Тасев: Прилично жешко е во Македонија. Врие дури и во партиските штабови на СДСМ и ДУИ, а и во Владата, која ја претворија во партиски штаб. Иако се вклучени скапите еркондишни на најсилно, се печат министрите, оти и најзаслепените прогледаа дека приказните за двотретинско мнозинство се само нереални басни и оти дале ветување кон ЕУ, што не можат да го исполнат. Сфатија, ама не покажаа доблест да го слушнат гласот на народот, ...

Најмалку 60 лица загинаа, меѓу кои и дете на две или три години, во пожар што избувна во зграда во центарот на Јоханесбург. Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека пожарникарите добиле повик за пожар околу 1.30 часот, пренесува локалниот весник „Тајмс“. – Се работи за зграда на пет ката која се запали во раните утрински часови. „Успеавме да ги евакуираме луѓето кои беа во зградата веднаш штом пристигнавме, рече тој. ...

Ова беше еден навистина возбудлив натпревар, но молам без еуфорија, порача синоќа македонскиот одбојкарски селектор Јошко Миленковски. Тој не можеше да го сокрие задоволството од победата над Данска од 3-1 на стартот од Европското првенство 2023 кое се одржува во Скопје. Во Групата Ц, Македонија дојде до првата значајна победа која ги отвора амбициите за пат кон осминафиналето. Миленковски повикува дека не смее да има еуфорија затоа што се уште ...

Предводени од фантастичниот Александар Љафтов, Македонија стигна до фантастична 3:1 (22:25, 25:22, 25:19, 25:22) победа над Данска во прекрасна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за совршен почеток на третиот обид да се стигне во осминафиналето на континенталниот шампионат. Првиот сет не беше најдобар за тимот на Јошко Миленковски, откако Данците се одвоија од 12:12, и го освоија првиот сет. Во вториот сет, беше апсолутно израмнето до ...

Српскиот ракометен репрезентативец и поранешен европски првак, Богдан Радивојевиќ, е нов член на Еурофарм Пелистер. Од РК Еурофарм Пелистер информираат дека десното крило Радивојевиќ потпиша едногодишен договор со македонскиот ракометен шампион, а во Битола доаѓа како етаблиран ракометар кој 13 години по ред игра во Лигата на шампионите. Радивојевиќ во својата ракометна кариера настапувал за ПИК Сегед, Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. ...

Македонија е домаќин на Европското првенство во одбојка, заедно со Италија, Бугарија и со Израел, а нашиот национален тим вечерва (20 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го почнува настапот на шампионатот. Противник е селекцијата на Данска, која е во рангот на оние селекции против кои момците на Јошко Миленковски можат да се надеваат на победа. За пласман во вториот круг, на Македонија ќе и бидат потребни две победи во групата, каде се наоѓаат и ...

Пожарот во Еврос на северот на Грција е најголемиот пожар во земјите на ЕУ во последните неколку децении и изгореа 808,7 квадратни километри, соопшти Европската агенција за вонредни состојби „Коперник“. Пожарот во Еврос уништи најмалку 808,7 квадратни километри, што е површина поголема од Њујорк, кој зафаќа 778,2 квадратни километри и е најголемиот пожар во ЕУ од 2000 година, покажуваат податоците на „Коперник“. Пожарот избувна во близина на ...

Во африканската држава Габон, армијата ја превзеде власта односно изврши државен удар. Воени офицери се појавија на националната телевизија во Габон и соопштија дека ја презеле власта во земјата. Офицерите соопштија дека ги поништуваат резултатите од саботните избори на кои претседателот Али Бонго беше прогласен за победник, јавува Би-би-си. Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека за Унгарија и Србија нападот на „Јужен тек“ би бил земен како повод за војна. По минирањето на гасоводот „Северен тек“, Унгарија и Србија предупредија дека ќе го разгледаат навлегувањето во рутите што ги користат за испорака на руски гас како причина за војна, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со американскиот новинар Такер Карлсон. Уништувањето на „Северен тек“ Унгарија веднаш го ...

Повторно воен удар во Африка. Имено, група високи офицери на војската на Габон рано утринава преку тамошната национална телевизија изјави дека ја презела власта откако изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат. Војните лица истакнаа дека ги претставуваат сите безбедносни и одбранбени сили во државата и дека резултатите од изборите се поништени. Било соопштемо и дека сите граници се затворени, а повеќето ...

Што ќе се случи во 2030-та година? Ново проширување на ЕУ или нова неисполнета најава на евробирократите во однос на земјите од т.н. Западен Балкан? Оваа дилема се појави откако завчера првиот човек на Европскиот совет Шарл Мишел испрати порака дека за седум години ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување. Но, брзо дојдоа и други – поразлични пораки. Францускиот претседател Емануел Макрон истиот ден во Париз кажа дека приоритет сега треба ...

На младите луѓе треба да им се забрани да купуваат тутунски производи до 22-годишна возраст, сугерираат научниците откако истражувањето покажало дека оние кои почнуваат да пушат пред 20-тата година потешко се откажуваат од цигарите. Научниците веруваат дека законското зголемување на минималната возраст ширум светот може да ја намали зависноста од никотин. Тимот од Јапонија набљудувал 1.382 пушачи кои посетиле клиника за откажување од пушење во ...

Индискиот лунарен ровер потврди присуство на сулфур на јужниот пол на Месечината, објави вселенската агенција на земјата. Минатата недела Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на главно неистражениот Јужен пол и четвртата земја што воопшто слета на Месечината. – Инструментот за спектроскопија на ласерска индуцирана плазма на роверот „Чандрајан-3“ ги направи првите мерења на непроменета положба на хемискиот ...

На девизните берзи . Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,57 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,85 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 146,35 на 146,15 јени, пренесуваат регионалните медиуми. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото ...

Тешко парализирана жена, благодарение на вештачката интелигенција може да зборува преку дигитален аватар, со кој ѝ се преточуваат нејзините мозочни сигнали во говор и изрази на лицето, пренесува „Гардијан“. Напредокот во технологијата, во иднина би можеле да им го трансформира животот на луѓето, кои ја изгубиле способноста да зборуваат, поради состојби како што се мозочни удари и амиотрофична латерална склероза (АЛС). Досега, пациентите мораа да ...

Македонецот Горјан Гого Славески стана светски шампион во бокс со голи раце во велтер категорија. Во мечот за светската титула на турнирот што се одржа вчеравечер (25.08) во Мајами, тој го победи Американецот Џејк Лидзи и беше прогласен за нов шампион во велтер категоријата. – За мојот народ никогаш да не збориш во деминутив. Светски успех. Успеавме. Шампион!“, напиша Горјан по победата, a по мечот тој изјави:- Радувајте се Македонци, остваривме ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) попладнево со жрепка ги одреди двојките за шеснаесетфиналето во националниот куп. Бранителот на трофејот Македонија ЃП, како и ланските полуфиналисти и финалисти – Струга Трим Лум, Шкендија и Силекс, натпреварите ќе ги почнат од осминафиналето. КУП на Македонија, 1/16 финале: Јанг Тим – Победа Новаци 2005 – Брегалница Башкими 1947 – Скопје Аресими 1973 – Тиквеш 1930 Кожуф Гевгелија – БРЕРА Струмица ...

Продажбата на влезници за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против актуелниот европски првак Италија во Скопје во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024 ќе почне утре, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Билетите ќе се продаваат по цена од 300 и 500 денари. ФФМ објави дека „продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер кон крајот на оваа недела ќе настапи на силен Меѓународен турнир во Турција во рамки на завршните подготовки за новата сезона во која битолскиот клуб ќе ја брани домашната титула и ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони. – Нашиот клуб е почестен со поканата за учество на „Турнирот на пријателството“ во турскиот град Сакарија, како еден од четирите учесници, заедно со унгарски Веспрем, ...

По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. – Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот е помеѓу 2.000 и 2.400 метри во остатокот од швајцарските Алпи“, објавено е на платформата „X ...

Градот Косак што се наоѓа на брегот на Западна Австралија, е понуден на продажба. Некогаш тука живееле и работеле многу луѓе, најмени во индустријата за бисери, но со текот на времето населението се отселило во поголемите градови. Собирањето бисери почнало 1880-тите, а до 1895 година имало 57 бродови каде што работеле повеќе од илјада луѓе. Но, овој град сега е речиси сосем напуштен, па има само двајца жители – Рис Остерлунд и неговата партнерка ...

Македонската машка одбојкарска репрезентација го очекува утрешниот старт на Европското првенство и воведниот натпревар против Данска во Скопје. Европското првенсто во одбојка, односно континеталниот шампионат се игра во четири држави, покрај во Италија, Бугарија и Израел една од групите ќе се игра во Македонија, а настапот пред македонска публика ќе биде дополнителен мотив за македонските одбојкари. Селекторот Јошко Миленковски претпладнево на ...

Зголемените трошоци за енергија и за живот, помогнаа да се активира рецесијата која ги откри економските слабости во Германија. Во меѓувреме, зголемената нееднаквост меѓу луѓето го поттикнува повторното оживување на екстремно десничарските политички сили во земјата. По врвот на 11,6 отсто во октомври минатата година, инфлацијата во најголемата европска економија би можела да се намали до 6,4 отсто овој месец, според истражувањето на Блумберг и ...

Колумна на Пеце Лозанов: Според европски истражувања новата генерација на граѓани, таканаречена Милениумци, се повеќе ги изоставуваат автомобилите и бараат алтернативни решенија. Најновите генерации кои доаѓаат се помалку луди за автомобили и на тој начин создаваат големи тешкотии и вознемиреност за оние кои произведуваат автомобили. Можеби уште полошо е што тие потенцијални возачи не се стремат ниту да добијат возачки дозволи како претходните ...

Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека не верува оти неговата земја ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година и покрај најавата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“, Рама во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, рече дека се чувствува „трагично оптимист“, јави албанската агенција „Балканвеб“. Тој ...

Двајца мажи се во болница во тешка состојба по серијата напади со нож на крајот на карневалот во Нотинг Хил, соопшти лондонската Метрополитен полиција. Тие соопштија дека 29-годишен маж е во критична состојба во болницата по прободувањето со нож на Ворфилд Роуд синоќа кратко по 21 часот. Уште еден 19-годишник е во сериозна, но стабилна состојба во болница, откако бил избоден со нож во Ладброук Гроув нешто пред 20 часот. Полицијата соопшти дека ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака да изгради нов светски поредок во кој неговата земја ќе игра важна улога. Тој повика на зајакнување на технолошката автономија и безбедноста на независноста на Европа, додавајќи дека зголемената координација меѓу Европејците не го поткопува, туку го зајакнува НАТО. Тој, исто така, повика на „градење на нови партнерства со текот на времето кои би ги вклучиле вселенскиот и дигиталниот ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
28%
1020
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
38%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
51%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
36%
1020
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
0.85
27%
1018
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.03
52%
1021
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.49
31%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
32%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
27%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
50%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
57%
1019
Currency

61.525

Currency

52.3161

Currency

71.2586

Currency

34.3123

Currency

38.3912

Currency

65.8304

Currency

7.28205

Currency

0.66238

Currency

0.36287

Currency

0.52505

Currency

1.30824

Currency

0.6117

Алуминиум

2.62

Иридиум

142579.27

Кобалт

42.99

Никел

15082.50

Рутениум

22601.97

Калај

33.80

Сребро

1180.98

Злато

107082.42

Бакар

10.34

Паладиум

36298.19

Платина

43957.31

Родиум

176829.11

Цинк

2.71