
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави Си-би-ес Лос Анџелес. Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр. Два извори за овој весник, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно, негова цел ...
„Евгениј Пригожин е мртов“, објави синоќа руската Управа за цивилно воздухопловство. Освен ова, во соопштението се додава дека во авионот што вчера се урнал бил и Дмитриј Уткин, актуелен командант на групата „Вагнер“ кој, исто така, загинал. – Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа на летот, се вели во соопштението на Управата за цивилно воздухопловство објавено синоќа околу 22 часа. Основачот на руската платеничка група ...
Вардар водеше два пати на денешното дерби со Силекс, но не успеа да стигне до првата победа и покрај фактот што голем дел од средбата ја играше со фудбалер повеќе. „Црвено-црните“ поведоа со голот на Мицевски од пенал, по што Љамалари беше и исклучен, но Вардар не успеа да ја задржи предноста подолго од 52. минута. Анѓелески израмни и ги врати гостите на почеток, за осум минути подоцна Велковски да донесе нова радост за домашните фанови. Сепак, ...
Леворакиот бек Виктор Алонсо Гарсија (33) потпиша договор со Вардар и сезонава ќе настапува во „црвено-црниот“ дрес. Тој дебитираше за тимот на турнирот во Струга каде вардарци го освоија првото место. Виктор Алонсо Гарсија е поранешен шпански репрезентаивец, и минатата сезона ја мина во италијанскиот тим Ромања. Алонсо потекнува од некогашниот шпански гигант Портланд Сан Антонио и ги мина сите младински категории во „фуријата“. Во татковината ...
Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари. Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со осигурување, во опсег од околу 75 проценти или повеќе, пренесуваат британските медиуми. ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на забрзано проширување на БРИКС, групата земји што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Кинескиот лидер оцени дека светот минува низ „големи промени“ и дека влегол во нова фаза на „турбуленции и трансформација“, пренесуваар британските медиуми. -Треба да дозволиме повеќе земји да се приклучат на семејството на БРИКС за да го направиме глобалното владеење ...
Вселенското летало на Индија, „Чандрајаан 3“ успешно слета на јужниот пол на Месечината. Индија со тоа стана првата нација што слета вселенско летало на јужниот пол на Месечината, неколку дена откако руската сонда се урна во истиот регион. Сите претходни мисии на Месечината беа во близина на екваторот, но истражувањето на јужниот пол е клучно за потрагата по вода. Научниците сега се надеваат дека ќе распоредат ровер за испраќање слики и податоци ...
Минатиот месец во Палермо на Сицилија, седум момчиња силувале 19-годишна девојка. Судењето е во тек, а италијанските медиуми ги објавија нивните изјави пред судот. Кристијан Маронија (19) кој беше уапсен заедно со шест пријатели, го признал делото и се расплакал пред судот. – Си го уништив животот, извинете. Тажен сум поради тоа што се случи, исе извинувам на девојката и на нејзиното семејство. Ми рекоа дека девојката се согласила. И јас имам ...
Колумна на Никола Тасев: Македонија и ЕУ – е тема која непрестано се вергла 20 години. Убава приказна е тоа, ама како се развиваше така многу заплети доби, многу тешки сцени за нас Македонците има. А и крајот на сторијата не и се гледа, иако ни беше ветено дека нема да биде предолга и ќе е со среќен крај. Засега се среќни само одредени наши политичари и оние од ЕУ. Дури Европската Унија и Западен Балкан прославија 20 години од, како што го ...
Грчките пожарникари веќе петти ден се борат да ги сопрат пожарите во Еврос, Александрополис и во шумата Дадија. Како што јави „Екатимерини“, пожарите сè уште беснеат во другите региони на земјата, а главните фронтови, каде што пожарникарите се борат со пламените јазици, се во Евија, Самотраки, Макракоми и во Родопи на истокот од земјата. Во градот Менида од три дома за стари лица превентивно се евакуирани 150 лица. – Огнот проголтува сè пред ...
Големи пожари беснеат во различни региони на Грција, а последиците од огнената стихија се видливи на стотици километри. На плажата на едно од најпопуларните летувалишта во Грција се чувствува мирис на чад, крпите се бели од пепелта што пристигнала носена од ветрот од далечина, а чадот се чувствува и во водата, пишува Спутник. Неверојатна глетка беше кога облак чад го покри сонцето, а тоа наеднаш стана црвено. Главните фронтови каде грчките ...
Една од пет трудници во САД била жртва на малтретирање и понижување од страна на медицинскиот персонал за време на бременоста или породувањето, се истакнува во најновата студија за грижата за бременоста во САД. Меѓу најчестите пријавени злоставувања се одбивање или игнорирање да се помогне, викање и критикување, нарушување на физичката приватност, закани дека трудницата нема да добие третман или пак се принудени на третман што пациентите не го ...
Индискиот вселенски брод „Чандрајан-3“ цели кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи патем и слики од својата патеката. Вселенското летало треба да го почне спуштањето Месечината денеска околу 14:15 часот по македонско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши тн. меко слетување на Јужниот Пол на единствениот природен сателит на Земјата. Со ова контролирано слетување на ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално соопшти дека Александар Васоски повторно е шеф на стручниот штаб на Вардар, а во клубот се враќа и легендарниот тренер Ѓоко Хаџиевски, овојпат во улога на спортски директор на „црвено-црните“. Со тоа Васоски е наследникот на доскорешниот тренер Бобан Грнчаров, додека Хаџиевски седнува во директорската фотелја што до неодамна му припаѓаше на Александар Бајевски. Во објавата на официјалниот профил на ФК ...
18 јагленосани тела се пронајдени во шума во селото Дадија во Еврос, Грција. Шумата гори од вчера, а како што јави „Прототема.гр“, пронајдените тела се на мигранти. Телата на жртвите се пронајдени во две групи, а истрагата е во тек. Според претставникот на противпожарната служба, Ѓанис Артопиорос, „се истражува можноста тие да влегле илегално во земјата“. Пожарот во шумата Дадија избувнал вчера напладне, а противпожарната единица се обидела да ...
Европол во заедничка акција со хрватската, српската, шпанската и италијанската полиција уапси членови на криминална организација која преку Канарските острови шверцувала големи количества кокаин од Јужна Америка во Европа. Истрагата идентификуваше значајна закана, зголемената способност на криминалните организации тесно да соработуваат и да распоредуваат членови на различни локации на подолги периоди за да овозможат трговија со дрога од големи ...
Долгонајавуваниот самит на земјите-членки на БРИКС почнува во Јужноафриканската Република (ЈАР). Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република со својата асоцијација-блок се обидува да се наметне како противтежа на доминацијата на Западот во глобалните работи во светот. Безбедноста е зголемена околу градот каде што јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса ќе биде домаќин на својот кинески колега Си Џинпинг, индискиот премиер ...
Во период кога многу фактори сакаат да ја сменат македонската историја, добро е граѓаните на Македонија да се навратуваат на својата историја, да се потсетуваат на своите херои. Таква хероина вредна за споменување е Оливера Вера Јоциќ. Таа е младата партизанка која во 1944 година херојски загинува ослободувајќи ја Македонија од фашистичкиот окупатор. Јоциќ е родена на вчерашен ден (21 август) во 1923 година, односно пред 100 години. По ...
Кражба на автомобили или ограбување на возила е омилена работа на криминалците. Но, тоа премногу зачестило во САД, особено во прекрасниот град Сан Франциско. Објавено е видео на социјалните мрежи од страна на локален новинар кој следел крадци. На видеото се гледа како дрски крадци со автомобил буквално крстосуваат по улиците и застануваат до секој автомобил кој го таргетираат иако е дреде бел ден иако е на прометна улица. Ако автомобилот е ...
Трите најголеми аеродроми во Москва рано утринава го прекинаа пристигнувањето и полетувањето на авионите, јави руската новинска агенција ТАСС. – Воздушниот простор е затворен над Внуково, Шереметјево и Домодедово. Влезните летови се запрени, а појдовните летови се одложени, изјави неименуван функционер. Вчера и денеска Русија извести за серија напади со украински беспилотни летала, вклучително и над Москва. Градоначалникот на Москва, Сергеј ...
Грција се бори со нов бран смртоносни пожари, втори за еден месец. Пожарите веќе однесоа два животи и принудија многу жители да се евакуираат. Неконтролирани пожари беснеат на североистокот на земјата, на островите Евбеја (близу Атина) и Китнос и во провинција северно од Атина, придружени со опасна комбинација на силен ветер и температура до 41 Целзиусов степен. – Имаме девет активни фронтови, изјави за АФП портпаролката на противпожарната ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски ќе биде нов член на италијанскиот второлигаш Тернана, открива „Газета дело Спорт“. Напаѓачот постигнал договор со новиот клуб, а набрзо треба трансферот да биде и официјализиран. Тернана претходно ќе треба да се ослободи од двајца напаѓачи, Ровања и Феранте. За Илија Несторовски летово постоеше интерес од неколку клубови од Серија Б, пред сѐ Венеција и Козенца, но на крајот тој одлучил да ...
Лековите со семаглутид како што се „оземпик“ (Ozempic) и „вегови“ (Wegovy) се проучуваат за да се види дали тие можат да помогнат во други состојби, пишува „Гардијан“. Инаку, „оземпик“ и „вегови“ станаа многу популарни бидејќи можат да им помогнат на луѓето да изгубат повеќе од 10 отсто од нивната телесна тежина. Тие го освоија светот на славните како лек за слабеење и станаа витално средство за управување со дијабетесот тип 2. Сега се ...
Здравствените власти во американската сојузна држава Вашингтон соопштија дека три лица починале, а уште три се хоспитализирани пи пиењето милкшејк контаминиран со листерија, опасен вид бактерија. Си-ен-ен јавува дека трагедијата се случила во ресторанот „Фругалс“ во градот Такома. Се наведува дека истражителите утврдиле дека инфекцијата избувнала поради нечисти машини за сладолед загадени со таа бактерија, кои вработените не ги исчистиле ...
Во Шпанија летово поради високите температури починаа повеќе од 6. 000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини. Во таа медитеранска земја минатото лето починаа најмалку 12. 000 луѓе поради високите температури, соопштија од здравствениот институт Карлос Трети и Државната метеоролошка агенција. Високите температури особено им се закануваат на постарите од 80 години и на ...
Премиерот на техничката влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ синоќа бил нападнат во дискотеката Топ Хил во Будва, јавуваат медиумите. Очевидци на настанот за „ЦдМ“ изјавија дека виделе дека полицијата го евакуирала Абазовиќ и дека привела неколку лица. – Изгледаше дека тој е нападнат затоа што човекот го пцуеше до влегувањето во полициска станица. Интервенираа 15-20 полицајци, велат очевидци на настанот. Полицијата за рзлика од нив тврди дека ...
Заврши одлично подготвениот одбојкарски интернационален меморијален турнир „Чајка“. Изминатите денови во Скопје имаше врвна одбојка за која се потрудија репрезентациите на Македонија, Јапонија, Египет и Грција. Врвни одбојкари на паркетот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје покажуваа каде е сега светската одбојка. Покажуваа тимски дух, борбеност, вештини… Браво за организаторот за одлично осмислениот турнир и за успехот во Скопје ...
Големиот тениски мајстор Новак Ѓоковиќ повторно покажа дека е најдобриот тенисер во светот. И тоа го покажа токму преку младиот Карлос Алкараз за кого велат-прогнозираат дека ќе биде негов наследник. Доцна синоќа по скоро четири часа на фуриозна игра од двајцата врвни спортисти и тоа по најголема жештина во Синсинати (САД) Ѓоковиќ го совлада Алкараз иако губеше по првиот сет, а во вториот дури спаси и меч топка на противникот. Србинот покажа ...
о пауза од една година трофејот од турнирот во Струга повторно е во витрините на Вардар кој по 14. пат победува на најстариот ракометен турнир во Македонија. Вардар во финалето на Струшкиот турнир играше против тимот на Алкалоид и во неизвесен меч успеа да триумфира со пет гола разлика, 25:20. Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, се огласи на социјалните мрежи и упати кратка порака. ПОСЕБНО ДРАГ ТРОФЕЈ. НЕКА ОВА БИДЕ ПОЧЕТОК НА ...
Ракометарите на Вардар излегоа како победници во македонското финале на традиционалниот ракометен турнир во Струга, победувајќи го Алкалоид со 25:20. Мечот беше прекинат при резултат 7:5 за Вардар, на полувремето имаа минимална предност, а вториот дел донесе неизвесно финале, во кое победникот на крајот се одлепи и успеа да стигне и до поубедлива предност. За Вардар ова е 14-ти трофеј на струшкиот турнир, што е и рекорд меѓу клубовите кои ...