Струмица доминира, по 11-ти пат е шампион на Македонија во одбојка

Одбојкарите на Струмица 47&73 го совладаа на гости освојувачот на купот Штип УГД, во четвртиот меч од финалната серија со 3:1 (25:15, 25: 21, 21:25 и 25:17), за вкупни 3:1 и стигнаа до 11-та титула првак на Македонија, односно до јубилејниот 20-ти трофеј.

Струмица славеше синоќа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, со четири сета, како што беше на другите дуели. Струмичани ги добија првите два сета, потоа штипјани намалија, но немаа сили да му парираат на поквалитетниот противник којшто со првиот гостински успех во плеј-офот стави крај на возбудливото првенство.

Конор Хенкс со вкупно 61 поен беше најефикасен кај Струмица во четирите меча, а кај Штип УГД, Махди Задмард освои 67.

Претходна вестМаж бил физички нападнат од својата партнерка, интервенирала полицијата
Следна вестДенеска е Цветници, денот кога народот го пречекал Исус Христос со цвеќе на влезот во Ерусалим