Секогаш сум точен и ефикасен, а сум и прилично наивен и толерантен

Одличниот македонски музичар Горазд Чаповски одговара на 10 прашања каде треба да наброи по три работи…

1. Три најсреќни моменти во животот?

-Тешко ми е да издвојам, но ако веќе морам, тоа е мојот прв концерт во холот на гимназијата Никола Карев“. Ја помнам и неверојатната еуфорија која ме обзеде кога ја отворив кутијата со прекрасниот махагони Крамер”, кој ми го подари чичко ми од Шведска. Сепак, ништо не може да се спореди со среќата со која бев благословен кога два пати во животот станав татко.

2. Три работи кои се каете што сте ги направиле?

-Морам да кажам дека никогаш и за ништо не се каам. Можеби звучи фаталистички, но јас верувам дека она што се случило и требало да се случи.

 3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете?

-Се гордеам со сите наши креативци кои ја дигаат македонската култура која е во предсмртна агонија, што треба уште…

4. Три работи кои Ве радуваат и три што Ве нервираат?

-Ме радува чист воздух, бистра вода и јасно сонце. Не ја поднесувам нашата сообраќајна некултура, како и урбанистичкиот хаос кој цели прекрасни населби ги претвори во „Terra Incognita

5. Три предмети што најмногу Ве намачија како ученик?

– Генерално, не чуствував афинитет кон природните науки, иако не се мачев посебно околу некој предмет.

6. Три работи во кои сте добар, и три во кои не Ве бива?

-Мислам дека сум добар организатор, секогаш сум точен и ефикасен. За свој хендикеп го сметам фактор што не секогаш умеам да проценам, прилично сум наивен и премногу толерантен.

7. Три места во Македонија што радо би ги посетиле?

-Би сакал да посетам некое етно село, добра винарија, а би сакал и подобро да го запознаам беровскиот крај, кој, за жал, слабо го познавам.

8. Три најдобри книги, филмови и песни?

Тешко прашање, но ако веќе морам:

Книги: Том Соер/Марк Твен, Селидби/Милош Црњански, Воскресение/Толстој.

Филмови: Кум/Копола, Шиндлеровата листа/Спиелберг, Пекол.

Песни:Rider of the storm/Doors, War pigs/Black Sabath I Hej Јoe/Hendrix.

9. Три омилени јадења?

Пак тешко прашање, не можам без тавче гравче, блага зелка со свинско и секако, летен пинџур во комбинација со скопски јабучар и сирење.

 10. Три совети кои ги давате на другите?

Ретко, речиси никогаш не давам совет, веројатно зашто и самиот ниту сум го барал. А уште помалку сум ги почитувалСепак, можеби е ова згодно место да цитирам една мудра изрека од прерано починатиот Небојша Глоговац кој вели: Ако мрачиш мрачно е, ако сјаеш сјајно е.

Претходна вестСе читаат ли книги во Македонија или почесто прашината се брише од нив?
Следна вестССМ: На првомајскиот протест ќе бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од најмалку 450 евра