
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Илон Маск пак го шокира светот со своите изуми, експерименти… Овој пат се работи за медицинска технологија. -Првиот човек, кој доби мозочен имплант од компанијата за медицинска технологија на Илон Маск, „Неуралинк“, може да контролира компјутерски глушец со своите мисли, рече Маск. Тој посочи дека напредокот е добар досега и се чини дека пациентот целосно закрепнал со „невролошки ефекти за кои биле свесни“. До каде ќе се оди во обидот човекот да ...
Дарио Ивановски, нашиот најдобар македонски атлетичар истрча маратон во шпанскиот град Севилја со нов македонски рекорд. Тој учествуваше на трка каде настапија повеќе од 250 маратонци од целиот свет и до целта стигна за 2:08,25 часа, што е најдобро време постигнато од македонски маратонец. Со ова тој до исполни условот – нормата за настап на европското атлеско првенство. Му фалеа само неколку секунди до исполнување на олимписката норма за настап ...
Првиот човек на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина. Тој за ова зборувал на состанок со своите државни органи. -Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио, рече Лукашенко ...
Зима е, ама пожарите на отворено во Македонија никако да запрат. Десетина, дваесетина пожари е речиси секојдневен податок во дневните информации што ги споделува Центарот за управување со кризи. Вчера, на пример, пожарникарите изгаснале дури 21 ваков пожар. Горело најмногу на скопското подрачје каде имало десетина пожари, горело и во Битола, Струмица, Куманово… Иста така, беше и во изминативе денови на разни други подрачја низ земјава. Апсурдот ...
Еден човек од Вашингтон кој мислел дека освоил џекпот од 340 милиони долари ја тужи лотаријата, за која вели дека по грешка ги објавила неговите броеви. Џон Чикс рече дека бил „зачуден“ кога видел дека победничките броеви на Powerball се совпаѓаат со оние што ги имал на неговиот билет за јануари 2023 година. Но, кога Чикс го однел билетот во Канцеларијата за лотарија и игри на среќа (OLG), неговото барање било одбиено. „Еден од агентите за ...
Повремената македонска ракометна репрезентативка, Сара Стефаноска, првпат во кариерата ќе се проба надвор од државата, откако потпиша за лидерот на табелата во Србија, екипата на ЖРК Јагодина. Таа подолг период настапува за ЖРК Вардар, каде што беше една од носителките на играта, додека го доби МВП признанието на завршниот турнир од младинската лига на Македонија. Стефаноска беше дел од нашиот национален тим на Медитеранските игри во Оран, каде ...
Наставата во околу 50 отсто од училиштата и градинките во Црна Гора е прекината откако синдикатот за образование ги повика вработените на генерален штрајк бидејќи не добија зголемување на платите од 10 отсто. Со колективниот договор е предвидено зголемување на платите на вработените во просветата за десет отсто од јануари, но црногорската влада тврди дека нема пари во буџетот па на просветните работници им понуди зголемување од 15 отсто, но од ...
Производителите на автомобили „Stelantis“ и „Renо“ ќе се обидат да ги намалат трошоците за производство на електрични возила (ЕВ) со цел да постигнат слични цени и профитни маржи како моделите на фосилни горива поради притисокот од конкуренцијата од Кина, изјавија за Ројтерс директорите на автомобилската индустрија. Растот на продажбата на електрични возила е забавен поради високите цени и недоволната инфраструктура, а компаниите сега се ...
Европската комисија започна формална постапка за да процени дали ТикТок можеби го прекршил Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) во делот на заштитата на малолетниците, транспарентност во рекламирањето, пристапот до податоците, како и управувањето со ризиците од штетни и содржини што предизвикуваат зависност. Како што соопшти ЕК, ваквата одлука е донесена врз основа на досега спроведената прелиминарна истрага, како и врз основа на анализа на ...
Во околу 160 основни и средни училишта, од вкупно 226 во Црна Гора, денеска почна штрајкот на просветните работници. Градинките се отворени, но како што е најавено, скратено. Како што се наведува во соопштението, настава ќе одржуваат наставници кои не го поддржуваат штрајкот, а на директорите на институциите останува да го организираат. Наставата ќе се одржува редовно во училиштата кои не штрајкуваат. Просветните работници се решиле на овој ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа скок на најновата ВТА ранг листа. Тенисерката од Тетово со вкупно 319 поени е на 235 позиција или поточно нејзиниот напредок е четири места. Во оваа сингл конкуренција пак Магдалена Стоилковска отиде назад едно позиција и сега со 9 поени е 1212 на светот. Ѓорческа има ранг и во дубл, конкуренција во која е 373 со 226 бодови. На врвот во женскиот тенис и понатаму е Ига Швјонтек од Полска ...
Азар, во 2015 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија, а беше и најдобар играч на Лил, во сезоните 2010/2011 и 2011/2012. Кариерата ја заврши со 623 одиграни натпревари, 167 гола и 157 асистенции. Азар беше гостин во подкастот на Џон Оби Микел, поранешен соиграч од Челзи и поранешен играч од средниот ред на Нигерија. Поранешната белгиска ѕвезда меѓу другото проговори и за приказните според кои неподготвен и со вишок килограми ...
Емре Ајтекин почина на 32-годишна возраст во Истанбул. Сандра Зепин, ѕвездата на филмот „Збогум, Германијо“, го загуби свршеникот Емре Ајтекин. Емре, музичар и актер, според порталот „Билд“, бил претепан во Истанбул, а потоа им подлегнал на повредите. Според извештаите, Сандра Зепин го ризикувала сопствениот живот за да го спаси својот свршеник, но немалo помош. Според германските медиуми, постои сомневање дека непознати напаѓачи ја малтретирале ...
Колумна на Никола Тасев: Македонија неодложно треба да ја заплисне силен инвестициски бран. Нови фирми, нови производи, нови вработувања… Тоа е неодложното, тоа е она за што власта требаше многу да сработи. Без инвестиции нема раст на економијата, а без тоа нема раст ниту на другите општествени гранки. Се сеќавате ли како ветуваа дека странски инвеститори ќе направат гужви на македонската граница? Според уверувањата од Заев и Ковачевски ние ...
Францускиот напаѓач Килиан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива Marca. Францускиот напаѓач на тој начин од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот гигант. Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а потоа 25-годишниот Мбапе потпиша за Реал и му порача на ПСЖ дека повеќе не мора да контактира со него за продолжување на ...
Маките на една третина од македонските граѓани кои го немаат во пасошите омилениот збор на власта – „Северна“ не запираат. Оние што се во земјава не смеат да излегуваат преку граница, оние што се во странство, пак, не смеат да влезат оти не знаат на кој начин би можеле да се вратат на своите работни места во други земји. Листите за закажување на термини за промена на пасош се пак долги и сосема е неизвесно кога оние околу 650.000 граѓани што ...
Силен земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина околу 9 часот и 20 минути. Според првичните информации, потресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на 10 километри северно од Сараево на длабочина од шест километри. Земјотресот се почувствувал во поширокото подрачје на Сараево, пишуваат босанските медиуми. ,,Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се ...
Бред Пит не ја крие среќата поради моменталната врска со 26 години помладата Инес де Рамон, а тоа го потврди и извор близок на актерот за магазинот „Пипл“ Познатиот холивудски заводник (60) и убавата Инес (34) го започнаа заедничкиот живот по 15 месеци врска, а извор близок на актерот потврдува дека Пит е во среќна врска за магазинот „Пипл“. „Поминаа толку многу време заедно што имаше смисла Бред да започне заеднички живот“, рече тој, додавајќи ...
НБА Ол-стар натпреварот за 2024 година ќе биде запишан вечно во историјата како прв во кој еден тим успеа да ја надмине границата од 200 постигнати поени. Во тоа успеа Истокот кој го совлада Западот со 211-186. Натпреварот го одбележаа неверојатни 168 обиди за три поени од кои најмногу обиди му припаднаа на Дамиен Лилард. Кошаркарот на Милвоки се обиди 23 пати зад линијата за три поени, а беше успешен во 11 обиди па собра 39 поени за што му ...
Полетувањата и слетувањата на белградскиот аеродром беа одложени речиси помалку од еден час поради вонреден случај при полетување на авионот Маратон ерлјанс за Дизелдорф. Како што дознава Tango six, авионот на Маратон ерланс, авиокомпанија која врши летови за Ер Србија, безбедно се вратил на аеродромот „Никола Тесла“, без повредени. Како што соопшти српската национална авиокомпанија, авионот безбедно слетал на белградскиот аеродром. -Летот на Ер ...
Немаше голови на мечот меѓу Работнички и Струга кој се играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ремито на шампионот го искористи Шкупи кој со убедлива победа од 3-0 над Воска се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Неефикасно беше првото коло од пролетниот дел на сезоната во ПМФЛ, денеска беа постигнати вкупно осум голови, на петте натпревари од кои по три на Чаир и во Штип. Шампионот Струга загуби два ...
Хрватските земјоделци од источна Хрватска, утре ќе протестираат поради состојбите во земјоделскиот сектор и во знак на поддршка за германските земјоделци кои протестираат, јавија хрватските медиуми. Протестот го организира поранешното здружение на земјоделци „Бразда“. Организаторот истакна дека причина за протестот е актуелната состојба во земјоделскиот сектор во Хрватска, што „е оптоварен со многу проблеми“, како и желбата да им се изрази ...
Повеќе од 400 луѓе се приведени за време на протестите во 32 руски градови по смртта на Алексеј Навални, најистакнатиот критичар на претседателот Владимир Путин, соопшти организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“. Тоа е најголемиот бран протести предизвикани од политичките случувања во Русија од септември 2022 година, кога повеќе од 1.300 луѓе беа уапсени за време на демонстрациите против „делумната мобилизација“ на резервистите за воената ...
Американскиот производител на спортска облека Nike отпушта речиси два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка. Високите трошоци за живот доведе до тоа граѓаните да купуваат помалку спортска опрема, поради што трговците ги намалија нарачките, а Nike одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари. Компанијата соопшти дека ќе укине приближно 1.700 работни места од вкупно 83.700 работни места ...
Данската премиерка, Мете Фредериксен, најави дека Данска ќе ја испрати сета своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдуваат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи сега им се повеќе потребни, пренесува Euromaidan Press. Говорејќи на маргините на самитот за безбедност во Минхен, данската премиерка се пожали дека нема доволно чувство на итност во дискусиите на самитот во врска ...
Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, одговара на 10 прашања надвор од локалната самоуправа, надвор од политиката… 1. Три најсреќни моменти во животот? – Кога се родија синот и ќерката, внукот, а и освојувањето на олимпискиот медал. 2. Три работи кои се каете што сте ги направиле? – Не се каам за ништо. 3. Тројцата Македонци од сегашноста со кои се гордеете? – Дејан Георгиевски, Борче Костовски и Симон Трпчевски. 4. Три ...
Колумна на Владимир Величковски: Во луѓето има голем замор и резигнација, не кај сите зашто товарот на грдата стварност им е претежок. Што може да се очекува од човек кој е смачкан од сиромаштија и неправди, од целосна партизација на институциите (и од културата) која не им остава простор за хуман живот… . Сите ни забележуваат за високата корупција и криминалот кои ги намалуваат шансите да се наречеме нормална држава со прогресивни настојувања ...
„Итна гасификација“, „Гас до секој дом“, „Гасот ќе го намали загадувањето“, „Клучен проект“… сето ова беа ветувања кои скопјани, но и други македонски граѓани ги слушаат со години. Се даваа од властите во 2017 година, дури се кажуваа и конкретни рокови кога по домаќинствата гасот ќе ги замени дрвата, но и мазутот во државните институции. Се најавуваше дека се ќе биде завршено до 2021-ва година. Но, еве не во 2024 година ама од гасот и греењето ...
Мек Мекланг од Орландо Меџик ја одбрани титулата во забивање на Ол Стар викендот во Индијанаполис. Мек совршено го прескокна Шек и ја одбрани титулата во забивање на Ол Старот. Мекланг стана првиот играч по Зак Левин (2015, 2016) кој го сторил тоа. За неговата изведба во одлучувачката серија и забивањето над огромниот Шекил Онил кошаркарот на Орландо од жирито доби максимални 50 поени. Вицешампион беше Џејлен Браун, која во последната рунда го ...
Минатата година, најпосетениот град во светот бил Истанбул, според податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители. Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е магнет за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен. „Сместен на два ...