
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Папата Франциско вечерва во базиликата Свети Петар ќе ја отвори Светата година на Католичката црква. На свечена церемонија на Бадник, 88-годишниот Папа ќе ја отвори Светата врата која вообичаено е заѕидана одвнатре и ќе помине низ неа. Католичката црква обично слави Света година, позната и како јубилејна година, на секои 25 години. Според католичкото верување, верниците можат да добијат простување на гревовите преку молитва и покајание за ...
„Со потсмев ги следиме обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрлат вината за бегството на Груби врз СДСМ. Обидите да ја изманипулираат јавноста дека СДСМ знаел за криминалот на Груби, а не го процесирал, е само невешт спин да се отргне вниманието од клучниот проблем и прашање,а тоа е – зошто Тошковски дозволи Груби да избега?“, им велат СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: Артан Груби и сите за кои во моментот има постапки мора да одговараат пред законот. ...
Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка. Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска ...
„Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети. Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ. Ахмети и Груби, ...
„Коалицијата ВЛЕН уште еднаш докажува дека е блиску до граѓаните за да им излезе во пресрет, покажувајќи посебна грижа за сите семејства, особено за албанските во овие празнични периоди“, вели ВЛЕН и додава: Преку “Новогодишната кошница“ нашите граѓани ќе имаат полни трпези за да ја дочекаат оваа година на промени на поинаков начин, уште повеќе и подобро. Оваа мерка, која беше воспоставена за време на Новата година, ќе важи и за месец Рамазан. ...
На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел ...
Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој излезе во јавноста по несреќата и кажа дека на терен возат неисправни автобуси. Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат дека обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума, за што сведочи и ...
Мал авион се урна во Шкотска само неколку моменти по полетувањето од аеродром. Инцидентот се случил на аеродромот Фајф нешто пред 12 часот. Авионот се урнал во ливада покрај аеродромот. На местото на настанот пристигнала полиција, како и екипи на итната помош. Службите за итни случаи се на аеродромот Фајф откако лесен авион се урна во 11.40 часот во понеделник на 23 декември 2024 година. Истрагата е во тек – соопшти полицијата. ...
„Иако, „Јавното обвинителството“ пред шест месеци ги повлече двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело измама кон Кираца Трајковска“ вели Цветан Панделевски, обвинет во Империја и додава: Сакаме да укажаме на македонската јавноста за неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова ...
Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Северен Јадран и потоа над Средозејмето, поврзан со значително ладен воздух од север, во текот на оваа работна недела ќе имаме повремени врнежи, претежно од снег, но на почетокот во некои од пониските места ќе има врнежи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег. Од оваа ноќ, па во деновите потоа ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски информира дека Судот во текот на утрешниот ден ќе има редовен работен состанок на која ќе се утврдат имињата на експертите за подготвителната седница околу Законот за употреба на јазиците. Побаран е претставник и од Венецијанската комисија. -Тие не зависат од мене, ниту од судијата известител. Очекувам дека утре ќе бидат утврдени спорните правните прашања и листата на учесници. Секој од ...
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“. Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти. „Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава. Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење. Со контролата утврдено е дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на ...
Владимир Туфегџиќ е адвокатот кој сега ќе ја брани Гордана Филиповиќ, возачот кој со „БМВ Х5“ удри во пешакот Слободан Анѓеловски. Тој почина на лице место. Несреќата се случи во 2022 година, беше донесена пресуда за таа да оди три години во затвор. Сепак, пресудата е укината од Апелација со напатствија да се направи супервештачење за причинтие за смртта. Според второстепените судии, неопходно е супервештачењето, бидејќи во претходните имало ...
Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма. „Покрај недостатокот на елементарна способност за обезбедување на основни јавни услуги, Данела има недостаток на идеја, волја и желба да се усреќат сограѓаните барем за нивогодишните празници, оставајќи ја најубавата јавна површина во градот штура, нема и без програма. Затоа, ги поканувам сите граѓани на ...
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен ...
Поради врнежи од снег и намалена видливост, одлучено е да се воведе забрана за товарни возила на неколку патни правци. „Од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово, велат од АМСМ. Од 12:15 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните праци Охрид – Кичево (Пресека) и Кичево – Гостивар“, велат од АМСМ. Од АМСАМ додаваад дека поради врнежи од снег на патниот ...
Од март наредната година ќе почне да се применува услугата за споделување електрични возила откако денеска беше потпишано писмо за намери за поддршка на проектот на словенечката приватна компанија „Авант кар“. Писмото за поддршка го потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. За користење на услугата ќе биде потребно ...
„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е во слободен пад 5 спрема 1 според анкетите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: СДС тоне по рејтингот, но и покрај тоа се обидува да го спаси и заштити Артан Груби. Дури и Али Ахмети и ДУИ се откажаа и оградија од Груби, а СДС продолжува да го штити само поради тоа што се нивни асистенти и соработници. Падот на рејтингот на СДС е ...
“Трагичните податоци за смртноста на деца во изминатите шест месеци ја шокираа јавноста а Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази. Во втората половина на 2024 година, животот го загубиле 19 бебиња и едно петгодишно девојче”, вели СДСМ и додава: Овие бројки се застрашувачки и отвораат прашања кои бараат итни одговори: каде затајува системот, како се направени пропустите и дали постои прикривање на лекарски грешки? Последниот случај со смртта на ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера вети дека ќе го „запре трансродовото лудило“ на првиот ден од неговото претседателствување, бидејќи републиканците, кои ќе ги контролираат двата дома на Конгресот и Белата куќа во новиот мандат, продолжуваат да се залагаат за правата на ЛГБТ. „Ќе потпишам извршни наредби за ставање крај на детското генитално осакатување и отстранување на трансродовите луѓе од војската и нашите основни и ...
Руската закана за Европа се протега надвор од одбраната и безбедноста, изјави вчера италијанскиот премиер Џорџија Мелони за време на меѓународниот состанок во Финска, додавајќи дека таа се однесува и на илегалната миграција и сајбер безбедноста. „Се работи за нашата демократија, за влијанието на нашето јавно мислење, за она што се случува во Африка, за суровините, за инструментализацијата на миграцијата. Мораме да знаеме дека тоа е многу ...
Светскиот сервис „IQAir“ кој прави рангирање на светските градови на едно место, покажува дека Скопје е најзагаден град во Европа, по квалитет на воздух. Тој се наоѓа на 11 место со индекс 161, што значи дека е штетен за здравјето. Според мерните станици, најзагадени делови се Центар, Лисиче, Карпош, како и Ѓорче Петров. Истовремено, Македонија се наоѓа на 19 место во Скопје по ниво на загаден воздух. Освен Скопје, висока загаденост има и ...
„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија“, велат од СДСМ и додаваат: Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект. Изматата со „новогодишната кошничка“ се ...
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) -7 Берово, -6 Попова Шапка, -5 Скопје-Петровец, -4 Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, -2 Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 Виница, 1 Претор, 2 Охрид. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 33 Попова Шапка, 28 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА Во првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, ...
Замислете дочек на Нова година или прослава за Божик без накитена елка, без шарени украси и многу украсни светилки. Сите знаеме дека елките имаат почесно место во овие прослави, но патот на елката од зимзелено дрво до симбол за празник бил долг и полн со интересни факти. Зимзелените растенија веќе со илјадници години се користат во прослави на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле да ги украсат домовите во текот на зимата, ...
„На 20 јануари САД засекогаш ќе ја свртат страницата по четири долги, страшни години неуспех, неспособност, национално распаѓање и ќе инаугурираме нова ера на мир, просперитет и национална големина“, рече Трамп, укажувајќи на неговата инаугурација. „Ќе ја завршам војната во Украина. Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе спречам, ветувам, Трета светска војна. „Златното доба на Америка е пред нас“, додаде тој. Новоизбраниот претседател ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сака да шпекулира околу информациите каде се наоѓа во моментов екс-вицепремиерот Артан Груби кој веќе една недела е во бегство. Според него, битно е дека е распишана меѓународна потерница по него. „Не би сакал да шпекулирам“, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На прашањето од каде му се сознанијата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, ...
„Реџеп Мемеди и неговиот братучед остануваат на чело на Детска клиника, и покрај тоа што не се подготвени да преземат одговорност за смртта на дваесетте деца кои починале во шестте месеци од кога тие се на чело на институцијата!“, вели Левица и додава: Државниот санитарен и здравствен инспекторат изрекол две казни на институцијата и директорот, а постојат и воочени недостатоци од страна на Државниот завод за ревизија. Сепак, кланот Мемеди ...