
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Пресврт на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“ се откажа од кривичен прогон на Бојан Јовановски-Боки 13, како и од оштетното побарување кое го имаше. Тој кажа дека во проектот влегол поради Фросина Ременски и Александар Кирацовски, додавајќи дека Јовановски, според него, воопшто не е виновен. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, за „Скопје1“ посочува дека обвинетиот и ...
Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо тврди дека со снимки одмвидео надзор ќе се потврди дека обвинетиот бил во банка денот кога Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена. Според уплатницата која ја доставил до судот, Палевски бил во банката во Буњаковец во 11:44 минути. Според Страшевски, Палевски чекал ред од 20 до 40 минути, ама снимките точно можат да го утврдат времето. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / ...
Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за планирање и реализирање на двете убиства, пред судот докажува дека денот кога е убиена Вања тој бил во банка. Тој на судот му дал уплатница за да го уведи дека на 27 декември во 11:40 минути бил во „Халк банка“ во Буњаковец. Но ова нема доказна вредност, бидејќи според обвинението, Вања била убиена околу 10 часот. Ова би значело дека трансакцијата на Палевски е направена по грозоморниот чин. Сепак, Палевски, ...
Поради лошата здравствена состојба на актер, откажана е изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“, закажана за вечерва. „Средствата од купените билети ќе ви бидат рефундирани. Онлајн купените билети ќе бидат вратени системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот. Ви благодариме на разбирањето“, објави МНТ. Се огласи и Сашко Коцев. „Големо извинување до публиката од колегата и ...
Во споредба со претходните денови, Трамп зазеде попомирувачки тон кон Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски во својот говор пред Конгресот синоќа. Ова се случи неколку часа откако самиот Зеленски објави изјава на платформата Х, во која рече дека е „време да се стави ред“. Тој, исто така, изрази подготвеност да размисли за делумен прекин на огнот доколку Русија исто така се согласи на таков чекор. Но, што точно предлага украинскиот ...
Доналд Трамп во неколку наврати изјави дека сака да го направи Гренланд дел од САД, а тоа го повтори и синоќа во својот говор пред Конгресот, пренесува Sky News. Тој го поддржа „правото на Гренланд да ја одреди сопствената иднина“, но додаде, донекаде заканувачки рече дека САД ќе го добијат островот „на овој или оној начин“. Премиерот на Гренланд на ова одговори: „Не сакаме да бидеме Американци“. „Гренланд е наш. Не сакаме да бидеме ...
Премиерот Христијан Мицкоски не се сретнал со експремиерот Никола Груевски кој е бегалец и азилант во Будимпешта. Но најави дека со докази ќе обзнани кој се среќавал со него. Спроед Мицкоски, тоа се ексфункционери. „Не се сретнав, но доколку би се сретнал, ќе бидете информирани. Јас водам политика на принципот – вистината е најточна. Кога нешто ќе се случи, тоа го кажувам. Немам што да кријам, совеста ми е секогаш чистам. Но во име на таа ...
На 04.03.2025 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати директна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот Бујар Османи, по заканите дека за криза ако се укине Законот за употребата на јазиците од страна на Уставниот суд, нема да има ниту локални избори. „Човекот кој го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува, затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ниту својот мајчин албански ...
„СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ“, вели СДСМ и додава: „Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување. Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се ...
Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. „Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа извршени контроли, беа прегледани видео записи од влезови и излезите на Велес, со цел ...
„Во недостиг на економски успеси, Кочоска осве што дискриминира други жени, тргна да се фали со БДП во еден квартал на крајот на минатата година, без да ги каже реалните индикатори за економијата и кризата во која таа и Мицкоски ја донесоа државата. Смешен е податокот за БДП од 3,2% во последниот квартал, кога инфлацијата е 5%, а кај храната од 10 до 15%. Ова значи дека нема никаков раст, туку, реално, граѓаните осиромашуваат“, вели СДСМ и ...
Законодавниот дом на Кина ја отвори третата седница бидејќи Пекинг најави дека ќе го зголеми буџетот за одбрана за 7,2 отсто оваа година. Според нацрт-буџетот доставен до Конгресот на разгледување, планираните трошоци за одбрана ќе изнесуваат повеќе од 1,78 трилиони јуани (околу 249 милијарди долари), објави новинската агенција Ксинхуа. На отворањето на конгресот во Големата сала на народот во Пекинг присуствуваа кинескиот претседател Си ...
На 04.03.2025 во 10.20 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од Биро за јавна безбедност при МВР го лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с. Гајре, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. „При контрола во објектот, полициски службеници извршиле преглед на повеќе лица и притоа кај Џ.Д. биле пронајдени и одземени пари во различни валути и апоени, список со ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на сообраќајна несреќа во која ноќеска околу полноќ животот го загуби 77-годишен велосипедист. Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на железничкиот надвозник, кога автомобил „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен возач, удрило во велосипедот. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои ...
Лидерите на земјите-членки на Европската унија денеска ќе се соберат на вонреден самит за да разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети и помош за Украина. Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста напиша во писмото со покана до лидерите дека би сакал тие да ги донесат првите краткорочни одлуки за да ја направат Европа посуверена, способна и подготвена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност. На ...
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги покани претседателите на Соединетите Американски Држави, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, да дојдат во Минск и да водат преговори за постигнување мир и ставање крај на војната во Украина. Во интервју со блогерот Марио Науфал, Лукашенко рече дека нема потреба да се врши притисок врз Зеленски и дека е важно да се постигне договор со него, бидејќи голем дел ...
“И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! ...
Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид. Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ по вчерашниот инцидент на седницата на Националното собрание изјави дека чека да слушне што имаат да кажат обвинителите, но нема да мирува „додека тие што го направиле ова не одговараат“, пренесува Klix.ba. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Тој додаде дека вчера бил тежок ден за Србија и за секој нормален граѓанин на таа земја, поради, како што вели, ...
САД го носат убедливо најголемиот дел од трошоците за финансирање на НАТО, воен сојуз кој обединува 32 земји. Европската безбедност зависи и од американските војници и нивното оружје – првенствено од специјалните воени способности што Европејците сè уште ги немаат на располагање. На пример, во однос на воздушен транспорт на тенкови или војници, но и сателитско извидување и надзор. За Европејците да можат да се бранат од Русија без американска ...
„Слободан Трендафилов сега глуми синдикалец, откако глас не пушти за работничките права и раст на платите во времето кога СДС беа на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: Дали молчењето на Трендафилов и сега глумењето синдикалец загрижен за правата и достоинството на работниците е поради тоа што токму СДС го постави на чело на ССМ? Слободан Трендафилов на незаконски и крајно насилен начин, со кршење и изигрување на прописите, е поставен за ...
ФОТО Илустрација Денеска (05.03.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје. „Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и ...
Демократската сенаторка од Мичиген Елиса Слоткин зборуваше по говорот на Трамп во Конгресот и рече дека Роналд Реган ќе се сврти во гробот по „спектаклот“ што сегашниот американски претседател Доналд Трамп го приреди во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен. Слоткин рече дека Трамп ја украл фразата на Реган „мир преку сила“ и посочи дека поранешниот републикански претседател ја гледа силата не само ...
По два месеци по фотографијата на која позира со убиена мечка, Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на „Македонијапат“. На негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен. „Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го Џорџ Вашингтон како втор најуспешен. Тој рече дека ...
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С) -7 Берово, -5 Битола, -4 Маврови Анови, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -2 Претор, Штип, Гевгелија, -1 Крива Паланка, Велес, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Крушево, 1 Виница. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm) 23 Попова Шапка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Наутро постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
ФОТО Илустрација Жена загина, а две лица се тешко повредени, по несреќа на патот Тетово-Гостивар. До несреќата дошло кога се судриле патничко возило „пежо“ со охридски регистерски таблици, кое го управувал Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „,мерцедес“ со словенчки национални ознаки, управувано од А.А.(19) од Гостивар. „Во незгодата на самото место на повредите им подлегнала Д.М.(81) од Охрид сопатничка во ‘пежото’. Со тешки повреди се здобиле ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената ...
Дрво паднало врз малолетник во Карпош 3, близу до Лептокарија,кој е пренесен во болница. Ова го објави Општина Карпош, обвинувајќи дека „Паркови и Зеленило“ требало да го исечат дотрајаното дрво. „Меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните. Општина Карпош бара Министерството за внатрешни работи да го документира овој немил настан, да се утврди ...