
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Украина ја преработи својата крстосувачка ракета од класата Нептун и сега има дострел од 1.000 километри, потврди претседателот Володимир Зеленски. Зеленски најави дека новата ракета наречена Долг Нептун веќе е успешно употребена во борбени операции. „Имаме значајни резултати“, објави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Долгиот Нептун е тестиран и успешно се користи во борба. Нова украинска ракета, прецизен удар. Дометот е ...
Во знак на сочувство со семејставата на настраданите во трагедијата во Кочани и солидарност со земјава, денеска е Ден на жалост во Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Вчера по повод трагедијата ден на жалост беше во Црна Гора. Владата на Бугарија, како што пренесоа тамошните медиуми, со одлука го прогласија 18 март 2025 година за Ден на национална жалост во Бугарија во спомен на жртвите кои ги загубија животите во Кочани. „Владата ...
Група кочанчани, меѓу кои и лица кои се спасиле, а биле во дискотеката која одзеде 59 животи, бараат слобода за обезбедувачите. Тие и вчера беа пред судот, со порака, дека ако не биле лицата од обезбедување, тие нема да биле живи. Порачаа дека дел од обезбедувачите ги ваделе надвор, се враќале во огнот, делувале за да ги спасуваат. Со транспаренти во текот на вчерашната вечер, кога се одлучуваше за притворите, дојдоа и пред судот. View this ...
Со над 10 камери и исто толку медиуми, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера влезе во болницата каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани. Ова наиде на жестоки критики кај дел од македонската и српската јавност, но предизвика и згрозување. Особено спорни, за јавноста, беа фотографиите кои Вучиќ ги сподели од повредените – кои беспомошно лежат во болничките кревети. „Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено ...
Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството. Судот на Кочани го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен. 48 часа притвор доби и ...
Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот во објектот каде загинаа 59 лица. „Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, велат од ...
На крајот на јуни минатата година, во Скопје останале само три угостителски објекти што легално можеле да работат по полноќ, односно по работното време предвидено за кафулиња и за ресторани. Тоа го покажуваат последните податоци за издадени лиценци за угостителски дејности објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд, објави БИРН во новата анализа. Две од овие места биле регистрирани како кабареа, а едно како диско-клуб на ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените установи и денеска се целосно ангажирани во обезбедување соодветна медицинска нега за сите пациенти. Состојбата на пациентите се следи внимателно, а понатамошните медицински постапки се спроведуваат врз основа на конзилијарни одлуки. Во текот на денешниот ден, пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа: Клинички центар – 52 ...
Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. Тој е осомничен бидејќи внатре се пуштени да влезат и малолетници, што е противзаконски. „Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми ...
Студентското собрание на УКИМ се извини за говорите на ректорката и министерката за образование на денешниот протест, што предизвика незадоволство кај дел од собраните студенти. „Универзитетското студентско собрание при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за ...
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши е донесен во судот во Кочани, кој треба да одлучи дали ќе му одреди притвор. Тој беше спроведен од Скопје, со лисици на рацете. Бектеши е еден од осомничените, како лице кое раководело со институција од која била издадена лиценца за работа на дискотеката во која загинаа 50-лица. Тој не одговори на прашањето – дали чувствува одговорност, ниту како ќе се брани. View this post on Instagram A post shared ...
Академија за протокол упати остра критика кон политичарите, кои изминативе два дена се појавуваат во јавност. Тие посочуваат дека црната боја е боја за жал. „Господа политичари, и позиционери и опозиционери – ЦРНО е бојата на жал и тага, а не распетлани сини кошули и одела!! ЦРНО! Црно одело, црна вратоврска, Македонија е во жал, срцата ни крварат!!! Научете нешто од претседателката и новинарите! И сочувство се изразува со поглед кон камера, ...
„На денешниот собир пред платото на УКИМ, на кој присуствуваа илјадници студенти со цел да оддадат почит за жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочевме на груба злоупотреба на болката и тагата на граѓаните од страна на институциите“, велат од организацијата „Студентски отпор“ и додаваат: Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и ...
Македонија повторно е завиена во црно. За утре, најавен е собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје. „Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот ...
Одговорност кај осомничените ќе се утврдува согласно доказите, рече републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој кажа дека кај најголемиот дел се испитува дали тие сториле кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето. „Предвидена е казна од најмалку три години, а казната може да се движи до 20 години. Се испитува давање поткуп, како и незаконска набавка на пиротехнички средства“, рече Коцевски. Засега се задржани 14 лица во ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. „Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои. – Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент. „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот ...
Со извикување „Убијци, убијци“, повеќе демонстранти во Кочани, демолираа дел од општината во Кочани, па потоа се упатија и кон локалот, за кој посочуваат дека е сопственост на истиот газда како и дискотеката „Пулс“ каде загинаа 59 лица. Ситуацијата кулминира, а револтот преовладува над тагата. Името на демолиранираното кафуле е „Класик“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Поврзани вести преку ...
„Ова е трагедија која ја потресе целата земја, остава трага која никогаш нема да се избрише“, вака претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја опиша болката по големата трагедија во Кочани каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица. Тој вчера на Клиниката се видел со дел од роднините. „Сакам да ги уверам роднините и родителите и дека пациентите се одлично сместени и третирани. Сакам да ги уверам дека нивните најблиски се во добри раце и дека ...
Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград. „Девет пациенти се примени на Ургентниот центар, а тројца се на ВМА. Дијагностичките процедури беа започнати и завршени за ...
Студенти, млади, граѓани и професори одржаа заеднички час во спомен на жртвите во пожарот во Кочани. Пред платото на УКИМ во Скопје одадоа почит на трагично загинатите во дискотеката Пулс во Кочани. Запалија свеќи, положија цвеќе и застанаа молкум со солзи и тага во очите и срцето да оддадат почит но и да побараат никогаш повеќе да не се случи ваква трагедија. Сочувство изразија и се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката ...
Кочани е во тага, шок и болка. Досега е познато дека од 59-те загинати, 31 се од Кочани. Татко на загинато 21 годишно дете, тагува и бара одговорност. Настраданиот му бил единствено дете кое го имал. „Има ли поголема болест од ова. 21 година дете, злато, едно ми беше, што да правам, што да живеам. Пуштете им големците, нека гледаат. О Господе, казни ги, да изгорат како деца, златни деца ни изгора..“, рече таткото. View this post on Instagram A ...
Македонија тагува по загинатите лица во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека „Кочани е мртов град“, нема со генерации да се оправат по трагедијата. „Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, ...
Лица кои се приведени, а неофицијално се дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица, беа спроведени во полициска станица. Еден од нив зборуваше и пред новинарите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Па имаме спасено доста луѓе, а дали сме виновни… Ние бевме случајно таму, во патрола, се случи чудото кое се случи, спасивме доста луѓе, преку 80 луѓе, ако одлучи судот, ...
Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 378 754, преку која стручни лица ќе обезбедуваат психолошка поддршка. Како дел од оваа иницијатива, мобилен тим ...
Наталија Ѓоргиеска, сопруга на загинатиот Андреј Ѓоргиески се обрати до јавноста: „Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во ...
Полициски службеници упаднале во дискотеката „Пулс“ во Кочани само петнаесетина минути пред да избувне пожарот во кој загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се тешко повредени. Ивица Вучков, чиј малолетен син кобната ноќ бил во кочанската дискотека, за српски Информер изјави дека полицијата извршила рација само петнаесет минути пред да избувне пожарот. – Син ми беше со другари. Тој бил близу вратата и кога видел дека полицијата влегла он ...
Катастрофална била состојбата при постапувањето на институциите кои требало да преземат активности за ставање во функција на дискотеката и контрола на истата. Тој рече дека особено проблематично било постапувањето во делот на предусловите кои требало да бидат исполнети и исконтролирани. „Поради тоа и во текот на денешниот ден ќе има доста голем број на лица кои ќе бидат приведени, од различни институции, вклучувајќи го и МВР, и други ...
Наставничката Елена Накова со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. „Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа. Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме ...
„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани“, напиша градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и додаде: Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и ...