Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи денеска преку социјалните мрежи, но наместо одговор на контроверзите што се појавија на Светското првенство во последните денови, изнесе комплименти за организацијата на турнирот и судиите. „Светското првенство донесе неверојатен успех, а голем дел од заслугата за тоа му припаѓа на нашиот одличен судиски тим. На првенството судат најдобрите судии во светот, ...

Балтичките држави си играат со оган со тоа што ги ставаат своите територии на располагање за непријателски акции против Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин. „Со тоа што се покоруваат на дисциплината на НАТО и ЕУ и ја ставаат својата територија на располагање за непријателски акции против Русија во контекст на украинскиот конфликт, балтичките држави си играат со оган. Тие добро го знаат тоа“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници – објави Ен-би-си. Зборувајќи на прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот на алијансата во Анкара, Трамп рече дека можеби немаше да присуствува на самитот доколку не се одржал во Турција, земја чиј лидер, рече, е „силна личност“. „Доколку не се одржеше во Турција, каде ...

23-годишна девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во населбата Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми. Според нивните информации, родителите извесен период не успеале да стапат во контакт со неа, по што побарале помош од близок роднина кој се упатил кон станот каде што престојувала. При влегувањето ја затекнал без знаци на живот, по што веднаш биле повикани надлежните служби. По извршениот првичен увид на телото, засега ...

Дигиталната трансформација на банкарството им овозможи на клиентите да користат банкарски производи и услуги преку mBanking апликација, инстант плаќања, онлајн отворање сметка или аплицирање за кредит, без одење во филијала. За да се постигне брзо и едноставно корисничко искуство, приспособено на современиот корисник, зад секој навидум едноставен „клик“ стојат сложени процесни системи, креирани врз основа на напредни технологии и целосно ...

На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.П.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното ...

Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Потоа следува период на стабилно време, освен во недела кога повторно се очекува попладневна нестабилност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. МИА Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат ...

Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија - истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани ...

За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки. Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета дека обвинението против ...

Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. - Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на новинарско ...

Обвинението за оддавање службена тајна против Билјана Петровска Мантева, може целосно да падне, тврди нејзината одбрана откако на денешното судење понуди нов доказ. До судот достави мејл комуникација според која директорот на ТЕЦ Неготино многу порано знаел дека се води истрага за набавката на мазут, а не како што тврдело обвиниелството откако за тоа го информирала обвинетата Петровска – Мантева. Електронска порака дека полицијата бара ...

Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна ...

Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина со беспилотни летала и дронови. Русија во понеделник соопшти дека нејзините сили нападнале повеќе украински воени објекти, додека Украина објави дека во последните 24 часа нападнала руска рафинерија за нафта на околу 2.500 километри од нејзината граница. Русија соопшти дека нејзините сили нападнале седум воено-индустриски претпријатија и енергетска инфраструктура во Киев и регионот на Киев. Целите ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статситика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...

Американскиот Стејт департмент изрази „сериозна загриженост“ по однос последните активности на кинеската армија односно спроведеното тестирање балистичка ракета, способна да носи нуклеарна боева глава, а лансирана од подморница во Тихиот Океан. „Во време кога САД работат поинтензивно од кога било за да го спречат ширењето на нуклеарното оружје, Кина го прави токму спротивното. Брзото и нетранспарентно зголемување на нуклеарниот арсенал на ...

Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара почнуваат дводневни разговори за одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, во време кога Европа се наоѓа под сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Самитот, чиј домаќин е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неговата палата, ќе ги стави на тест повеќемесечните напори на генералниот секретар ...

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...

Земјите членки на НАТО ќе потпишат одбранбени договори вредни десетици милијарди долари на самитот во Анкара на 7 и 8 јули, најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за „Вашингтон пост“. – За време на самитот на НАТО во Анкара ќе бидат потпишани нови договори со компании од Европа и Северна Америка вредни повеќе десетици милијарди долари. Исто така, ќе потврдиме дека инвестираме во клучни технологии за да ги исполниме ...

Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат намера ...

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија. – Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да ...

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат. Во ...

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат причината ...

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена облачност, додека во ...

Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утре ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот, а пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ. Согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу десет работни дена, по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница. Во рамки на тридневниот општ ...

Во Собранието денеска се очекува повторно да се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги очекува ставовите од СДСМ и ДУИ во врска со нивниот предлог за поштенско гласање на дијаспората, а целата постапка да се уреди со подзаконски акт на седница на Државната изборна комисија (ДИК) најдоцна до 30 септември 2028 година. Подготвени се, како што ...

Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. ...

Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија - јави дописничката на МИА од Атина. Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“. - Големото ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Платина

49319.25