
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Новиот Закон за основно образование кој треба до крајот на годината да биде донесен во Собранието, ќе содржи одредба со која се забранува еден ученик да го промени училиштето, освен ако родителите не го сменат местото на живеење односно адресата. Како една од мерките за спречување серегрегација на учениците Роми, ова го посочи министерката за образование Весна Јаневска која денеска беше во Битола. „Државата не прави сегрегација, туку физичкото ...
Сириските власти ги затворија аеродромот во Алеп и сите патишта што водат до него, кажаа извори од војската, додека бунтовниците кои се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад велат дека влегле во центарот на вториот по големина град во Сирија. Опозициските борци, предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шар (ХТС), почнаа изненадувачка офанзива во средата, освоија градови и села и стигнаа до Алеп осум години ...
Силна експлозија што синоќа одекна во селото Варага во општина Зубин Поток во Косово оштети дел од каналот Ибар-Лепенац, поради што беше прекинато снабдувањето со вода за пиење. Грачаница и околните места добија струја по неколкучасовен прекин. Со вода од овој канал се снабдуваат и две важни електрани на јаглен кои обезбедуваат струја за речиси целата земја. Премиерот Албин Курти ја обвини Србија за она што го нарече терористички чин. Нема ...
Момче завиткано со албанско знаме доцна синоќа насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија на српскиот Конзулат во Куманово. Од Амбасадата на Србија испратија соопштение до медиумите и видео од снимките од безбедностите камери на кое се гледа уништувањето на државните симболи на Србија. „Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, 28 ноември 2024 година, ...
Сириските бунтовници тврдат дека влегле во Алепо, осум години откако силите лојални на владата во Дамаск ја презедоа контролата врз вториот по големина град во земјата. Борците на исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) тргнаа во голема офанзива оваа недела од нивната база во провинцијата Идлиб и по само три дена борби стигнале до Алепо, заземајќи територија околу градот за првпат во последните четири години. Турската новинска ...
1 Колку мозочна енергија треба да се потроши за во исто време ем да го осудиш, ем да го оправдаш сквернавењето на македонското државно знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме? Опозициската ДУИ го осуди инцидентот, ама рече дека бил поттикнат од несоодветна реакција на полицијата. А владината „Вреди“ објасни дека „по досега невидената прослава на 28 Ноември, додека албанската песна и ора одекнуваа низ целата земја, на крајот на ...
Медицинските сестри не се трошок, не се пиши-бриши и не се само бројки , рече денеска Гордана Бешлиоска, претседателка на Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) „За нас“ за одлуката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), со која, во следните 24 месеци на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. На 26 ноември, директорот ...
Новиот Закон за основно образование кој треба до крајот на годината да биде донесен во Собранието, ќе содржи одредба со која се забранува еден ученик да го промени училиштето, освен ако родителите не го сменат местото на живеење односно адресата. Како една од мерките за спречување серегрегација на учениците Роми, ова го посочи министерката за образование Весна Јаневска која денеска беше во Битола. „Државата не прави сегрегација, туку физичкото ...
Проблемот во студентскиот дом „Пелагонија“ е многу сериозен и таму е назначена нова директорка, рече министерката за образование Весна Јаневска денеска во Битола, одговарајќи на новинарско прашање што се прави за да се подобрат состојбите во домот каде студентите се жалеа дека нема топла вода, лоша е храната и нефункционални се лифтовите. „Го затекнав домот со 34 милиони денари (околу 550.000 евра – н. з.) долг. Во овој момент правиме обиди ...
Денеска почна реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Реконструкцијата ќе чини околу два милиона евра, а парите се обезбедени од Министерството за спорт. Градежните работи ќе траат 15 месеци. „Ова е еден посебен момент, бидејќи нешто што со децении е оставено да пропаѓа, сега започнува да се реновира, да се реконструира и да добива еден современ, модерен лик. Салата ‘Расадник‘ ќе биде дом на многу спортски клубови, ...
Овации и неколку враќања на бис имаа Симон Трпчески и оркестарот на Филхармонијата на синоќешниот славенички концерт „80 години –Љубов!“. Концертот почна со светската премиера на импресивното дело „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска. По него, следеше концертот за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав Мaлер. Диригираше шеф-диригентот на Филхармонијата, Јерухам Шаровски од ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчерашното палење на македонското знаме е од мала група која сака да предизвика етнички тензии за да ги скрие криминалите кои ги правела во минатото. Македонското знаме беше палено, кинето и газено на синоќешната прослава на Денот на албанското знаме во Скопје. Центарот на градот беше блокиран од прославата, а се слушаше и пукање. Мицкоски кажа дека Владата предупредувала оти ќе има ваков тип тензии и обиди ...
Судија од одделот за организиран криминал во Основниот кривичен суд Скопје, на затворено судење ја осуди 10-члената група за кривични дела „Трговија со дете“, која од 2020 до мај 2023 година кога полицијата ги откри педофилите, продаваше и сексуално експлоатираше дете од ранливо, т.е. растурено семејство. Во одговор за САКАМДАКАЖАМ.МК, Кривичниот суд ги соопшти казните, со напомена дека највисоката, таа од 10 години затвор, Апелациониот суд ја ...
Емануел Макрон прошета низ обновената катедрала Нотр Дам во Париз во присуство на ТВ-камерите, означувајќи го нејзиното отворање пет години откако беше делумно уништена во пожар. Заедно со сопругата Брижит и парискиот надбискуп Лоран Улрих, Макрон направи обиколка на внатрешноста на средновековната катедрала, по што одржа говор пред 1.300 занаетчии и градежници, заблагодарувајќи им се за учеството во нејзиното реновирање. Нотр Дам официјално ќе ...
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ има недостиг на актери и потребни се нови вработувања, велат од установата. За потребите на претставите ангажирани се неколку млади дипломирани актери. Директорот на Театарот Жарко Спасовски вели дека побарал ангажирање нови актери. „Конкурираме до Министерството за култура. Реално, ние како театар сме десеткувани. Постојниот репертоар го крепиме со 12 глумци. Очекувам дека догодина ќе имаме ...
Пристигнаа четири од петте нови возила од типот „шкода“ што Општина Битола ги набави преку оперативен лизинг. За нив таа во следните четири години ќе плати 9.900.000 денари (oколу 160.000 евра) или околу 3.000 евра месечно, а потоа ќе им ги врати на компанијата „Порше лизинг ДООЕЛ Скопје“. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска од независната советничка група Поинаку, вели дека со гласањето на буџетот се изгласала и ставка за купување ...
Македонското знаме беше палено, кинето и газено на синоќешната прослава на Денот на албанското знаме во Скопје. Центарот на градот беше блокиран од прославата, а се слушаше и пукање. Од МВР кажаа дека најава за настан во СВР Скопје имало од страна на Општина Чаир дека на плоштад Скендербег во 18:30 часот ќе има собир за прослава по повод Денот на албанското знаме, а повеќе информации за постапувањето на полицијата, за тоа дали имало инциденти и ...
Шведска и формално побара од Кина да соработува во истрагата за оштетувањето на два телекомуникациски кабли во Балтичкото Море откако кинески брод беше поврзан со овие инциденти. Каблите, од кои еден ги поврзува Шведска и Литванија, а другиот се протега од Финска до Германија, се оштетени во шведските територијални води на 17 и 18 ноември. Се верува дека кинескиот брод „Ји Пенг 3“ бил во таа област во тоа време, а сега е закотвен во ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) има во владение 101 скривница во случај на војна, конвенционална и нуклеарна, за која стравува Европа по последниот развој на настаните во руско-украинската војна. Според нашите сознанија, вкупно на територијата на целата држава има 1.800 скривници, но освен овие 101 скривница на ДЗС, тие се мали и се во склоп на деловни и станбено-деловни објекти. Од овие 101 засолниште со кои располага ДЗС, 16 се во ...
Бунтовничките групи започнале голема офанзива во северозападна Сирија и за првпат во последните години зазеле територии што ги држеа силите на претседателот Башар ал-Асад. Исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) и сојузничките фракции кажаа дека од средата контролираат бројни села и градови во провинциите Алепо и Идлиб и отсекле клучен автопат што ги поврзува Дамаск и Алепо. Сириската војска потврди дека се соочува со напад од ...
Грузија ја одложи својата кандидатура за членство во Европска Унија по одлуката на Европскиот парламент да не ги признае резултатите од последните парламентарни избори, на кои победи проруската партија Грузиски сон. Премиерот Иракли Кобахиѕе го обвини Брисел за уцена и кажа дека неговата влада нема да бара членство во ЕУ до крајот на 2028. Ова уследи неколку часа откако европратениците побараа повторување на изборите во Грузија поради „значајни ...
Во попладневната пауза на седницата за пратенички прашања, пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев пред премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование Весна Јаневска, презентираше од собраниската говорница копии од уверението и од дипломата на директорот на АНБ Бојан Христовски, после кои Мицкоски кажа дека на Факултетот за туризам и менаџмент, сега Факултет Скопје, ќе влезе ...
Во Основниот суд Куманово денеска започна судењето на Вангелица Илиевска (36) од Кратово, обвинета за двојно убиство со умисла на сопругот и свекорот, во нивната куќа во Кратово. Според обвинението, Илиевска на 13 јуни годинава, во 21.30 часот, во семејната куќа во Кратово при вршење семејно насилство со умисла ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Критичната вечер, додека таа била на горниот кат на куќата, во дневната соба и ...
Приватните превозници на 2 декември на неколку клучни крстосници во Скопје ќе ги паркираат автобусите и ќе го блокираат градот. Бараат да им се зголеми цената за изминат километар. Сега од ЈСП „Скопје“ добиваат по 68 денари за секој изминат километар, тарифа која е донесена уште во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски. Превозниците доставиле и официјално барање до Градот, но поради кавгата меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ...
Разрешениот врховен судија Стојанче Рибарев, кој како в.д. претседател на Кривичниот суд врати судија од пат за Битола за да дојде да направи гласови 2 спрема еден во кривичен совет за неодредување мерка притвор за Никола Груевски во 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ го ангажира да го контролира прислушкувањето. Пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ денеска рече дека СДСМ ја осудува и најостро се спротивставува на „скандалозната приватизација на Првиот ...
Уставниот суд на Романија нареди повторно пребројување гласови од првиот круг на претседателските избори, одржани во неделата, што набљудувачите го опишаа како нарушување на кредибилитетот на државните институции. „Уставниот суд едногласно нареди повторна проверка и пребројување на гласачките ливчиња од претседателските избори на 24 ноември“, соопшти судот. Откако предизборните анкети му даваа поддршка помала од 10%, независниот ...
Осумте месеци прекин на мандатот на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, која незаконски беше тргната од функцијата во време на владеењето на СДСМ и на ДУИ, сега ги оспорува ВМРО-ДПМНЕ. По пишувањето на социјалните мрежи на пратеникот Антонијо Милошоски дека Дамева треба итно да си оди во декември кога нормално би ѝ истекол мандатот ако не беше насилно разрешена и оти тие 8 месеци не треба да ги доработи на функцијата претседателка на ...
Австралискиот Сенат го усвои најстрогиот закон за социјални мрежи на светот, кои, според него, ќе им бидат забранети на децата под 16 години. Забраната, која нема да стапи на сила најмалку 12 месеци, предвидува казни за технолошките компании до 32 милиони долари ако не го почитуваат законот. Премиерот Ентони Албаниз кажа дека законот има за цел да ги заштити младите од штетноста на социјалните мрежи, на што предупредуваа многумина родители. ...
Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ денеска во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски за загадувањето, но и зошто заедно со менаџерката, како што тој ја претстави, Данела Арсовска, не набавија 250 нови електрични автобуси. Лукаревска праша и зошто три години советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје си играат со здравјето на граѓаните од Скопје и околината, блокирајќи набавка на нови автобуси. Таа на Мицковски му ја прочита изјавата за ...
Универзитетските професорки Цутка Јовановска, Марина Спасовска и Марина Даниловска од Универзитетот во Тетово ја издадоа публикацијата „Македонска граматика што зближува“ која има за цел полесно совладување на материјата кај ученици на кои македонскиот не им е мајчин јазик. Промоцијата се одржа на Филолошкиот факултет во Тетово. Публикацијата посветена на македонската граматика е учебно помагало, преведено и на албански јазик, а тематски е ...