
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во земјава денеска донираше шест еколошки автобуси на Град Скопје. Автобусите се единечни, на компримиран природен гас и се доделени во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“. „Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го ...
Деветнаесет ученици од четири битолски погранични села, Меџитлија, Кременица, Егри и Жабени, од почетокот на учебната година досега беа оставени без бесплатен превоз до училиште, иако законски им следува на сите кои живеат на минимум два километра од школото. Во изминативе три месеци учениците се снаоѓале како знаеле да стигнат на настава, а најчесто до училиште и назад ги возеле родителите. Не постои законска можност училиштата или Општината да ...
Законот за македонски јазик не се применува иако беше изгласан уште пред 10 месеци во Собранието, а не е формиран ниту Инспекторат кој треба да врши надзор за примената за законот, рече денеска проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Собранието го изгласа Законот на 26 јануари 2024, една година после првата јавна ...
Македонски железници ЈП инфраструктура изминатите месеци изврши целосна замена на изгорените прагови на пругите кон Битола и Кочани. Тие беа опожарени есента лани, кога при палење на стрништа беа зафатени и делови од пругите во Прилепско кај станицата Гостиражни, во Кочанско и кај Лозово. Заменети се вкупно 1.283 дрвени прагови, што од МЖ го објаснуваат како тековно одржување. „На пругата Велес-Битола-Жабени се заменети 1.157, а на пругата ...
Ива Матиќ е првата жена воена пилотка во земјава и втора Македонка пилотка на комерцијален авион. Матиќ, која работи како копилотка во авиокомпанијата „Визер“ во базата во Скопје, во подкаст за САКАМДАКАЖАМ.МК говори за тоа како е да се биде пилотка, за стереотипите дека оваа професија е за мажи, но и за убавите моменти и доживувања кои ги носи авијацијата. Вели дека го живее својот сон и има работа од соништата. „Чувството да се управува со ...
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека ја повлекол својата кандидатура за премиер и планира да го врати мандатот за формирање нова бугарска влада. „Не сакам веќе да имам работа со оваа држава. Затоа веднаш ќе го вратам мандатот штом ќе го примам“, кажа Борисов. ГЕРБ победи на последните парламентарни избори минатиот месец, седми за период од три години, по што Борисов ѝ понуди договор на коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска ...
Брачна двојка од Скопје на возраст од 61 и 65 години доби бебе со ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката, кажа денеска директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), д-р Ирена Алексиоска-Папестиев. „Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во ...
Недостигот на квалификувана работна сила, корупцијата и непредвидливото бизнис опкружување се главните пречки во водењето бизнис во Македонија, покажа анкетата спроведена меѓу холандските компании оваа година. Резултатите од анкетата ги претстави холандската амбасадорка Узлем Џанел на настан на кој присуствуваа претставници на владините институции, економските комори, холандскиот бизнис сектор и на бизнис асоцијациите. На скала од 1 до 10, ...
Француските обвинители побараа максимално дозволена 20-годишна затворска казна за Доминик Пелико за дрогирање и силување на неговата сопруга Жизел, при што поканил повеќе од 70 странци да ја силуваат и злоставуваат за период од десетина години. „Казната побарана за Пелико е долга, но и недоволно долга, имајќи ја предвид тежината на фактите кои беа извршени и повторувани. Неговата потрага по задоволство се рефлектираше во желбата да ја потчини и ...
Германија има проблем со насилството врз жените, изјави министерката за семејство Лиза Паус. „Речиси секој ден има фемицид. Секој ден околу 400 жени стануваат жртви на семејно насилство“, изјави политичарката од Зелената партија во интервју за денешниот Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените, кој ја подигнува свеста за проблемот. Во неколку градови се планирани демонстрации и настани за да се промовира крај на насилството врз ...
Висок израелски функционер изјави дека израелската влада ќе се состане утре за да одобри договор за примирје со Хезболах, додека еден либански функционер кажа дека договорот би можел да биде објавен во следните часови. Израелски функционери денеска кажаа дека крајот на војната е близу, иако остануваат некои прашања. Американскиот сајт „Аксиос“ објави дека Израел и Хезболах ги договориле условите од договорот и дека Тел Авив ќе го одобри утре. ...
Доналд Трамп најави дека ќе воведе нови високи царини за Канада, Мексико и Кина на првиот ден по враќањето во Белата куќа во обид да ги натера да спречат илегална имиграција и шверц на дрога. Тој кажа дека веднаш по инаугурацијата на 20 јануари ќе потпише извршен указ за нови царини од 25% за сите производи кои влегуваат во земјата од Канада и Мексико, додека за Кина ќе има дополнителни царини од 10% сѐ додека тамошната влада не го блокира ...
Руските сили овој месец напредувале во Украина со најбрзото темпо од почетокот на војната, велат анализи и воени блогери. Според некои руски и западни функционери, војната влегува во својата најопасна фаза, откако САД и сојузниците ѝ дозволија на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел. „Русија има поставено неделен и месечен рекорд во големината на окупирана територија во Украина. Руската војска окупирала речиси 235 квадратни ...
Од минатата недела, милиони Швеѓани на домашните адреси почнаа да добиваат примероци од брошура со која се советува населението како да се подготви во случај на војна или други неочекувани кризи. Брошурата „Во случај на воена криза“ беше објавена пред шест години и сега е ажурирана и двојно зголемена зашто шведската влада смета дека безбедносната ситуација е влошена поради руската агресија на Украина. „Нивото на воена закана е зголемено. Мора да ...
Обвинетиот Влатко Кешишев, на крајот на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, рече дека писмото кое го поднел до судот со исказот дека првообвинетит Љупчо Палевски-Палчо не ја убил Вања не е негово, туку му го дал Палчо. Кешишев на последното судско рочиште а 20 ноември, во писмо ја смени изјавата дадена во истрагата дека токму Палевски ја убил Вања. „Тоа не е моја изјава, ми беше ...
Пензионираната врховна судијка Милка Ристова ќе биде претседателка на новата Комисија за помилување во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Покрај Ристова, во комисијата ќе членува и професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Александра Груевска-Дракулевски, како и професорите Оливер Бачановиќ, Блерта Ахмеди, Драгана Батиќ и Афет Мамут. Седмиот член доаѓа од невладиниот сектор, тоа е Дохан ...
Изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“ ќе се отвори на 28 ноември во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Куратори на поставката се Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља. Изложбата претставува репрезентативен избор на дела од колекцијата на МСУ, некои од нив ретко или воопшто изложувани, дела на уметници со потекло од она што се подразбирало како ...
1 Si do të mund të shpengohemi ndonjëherë që e sollëm këtë njeri kaq të paaftë si Danella Arsovska të bëhet kryetare e Shkupit? Duke i malltretuar qytetarët që të mendojnë se ne i kemi shpëtuar nga Danella. Pikërisht kjo është sjellja e VMRO-DPMNE-së qeverisëse në Shkup. Kryeqyteti është peng i idesë që të na shpëtojnë nga Danella e tyre. Kjo qasje tallëse ndaj qeverisjes, ndërsa Shkupi mbytet në mbeturina dhe kaos trafiku, është përpjekje që të ...
Поранешниот министер за култура Хусни Исмаили доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поради несовесно работење во службата, поради договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес. Исмаили беше министер за култура од 27 јуни 2019 до 30 август 2020. Управата денеска соопшти дека до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава ...
Почина Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, објави интернет страницата Религија.мк. Владиката починал денеска в болница, каде неколку дена бил на лекување поради проблеми со срцето. Имаше 73 години. Владиката Тимотеј беше и портпарол на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Владиката Тимотеј е роден како Славе Јовановски на 20 октомври 1951 во Младо Нагоричане, Кумановско. Во 1976 дипломирал на Богословскиот ...
Бившата германска канцеларка Ангела Меркел смета дека војната во Украина ќе почнеше многу порано доколку таа не го блокираше нејзиниот прием во НАТО на самитот во Букурешт во 2008. Во пресрет на излегувањето на нејзините мемоари „Слобода“, Меркел даде интервју за Би-Би-Си, во кое цврсто ги бранеше своите политики, кои вклучуваа и договори за гас со Русија. „Верувам дека војната во Украина ќе почнеше многу порано и ќе беше уште полоша ако таа го ...
Вработен во Министерството за внатрешни работи (МВР) во Одделението за следење на камерите од „Безбеден град“, денеска сведочеше дека Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, е забележан на камерите утрото на 27 ноември 2023 како управува со возило „рено канго”. Сведокот кажа дека од началниците на СВР Скопје на 27 ноември околу пладне добиле наредба да го бараат возилото на ...
Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска рече дека нема доказна вредност изјавата на обвинетиот Влатко Кешишев дека првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо не ја убил 14-годишната Вања Ѓорчевска. Кешишев на последното судско рочиште а 20 ноември, во писмо ја смени изјавата дадена во истрагата дека токму Палевски ја убил Вања. „Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат ...
„80 години – Љубов!“ е насловен славеничкиот коцерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 ноември (20 часот) во чест на 80 години од основањето. На програмата е светска премиера на „Куклици“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ и монументалната Симфонија бр.1 – „Титан“ од Густав Мaлер. Како солист ќе настапи пијанистот со светска кариера Симон Трпчески, а ќе диригира ...
Транспортен авион на „ДХЛ“, кој летал од Лајпциг до Литванија, се урна во зграда во Вилнус, при што загина едно лице. Литванските власти почнаа истрага за несреќата, при што не се исклучува можноста дека станува збор за тероризам среде стравувањата од руски тајни операции низ Европа. Двокатната зграда се наоѓа 1,3 километри северно од аеродромот во Вилнус и нејзините 13 жители се евакуирани. Градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас, изјави ...
На две години пред пензија, истакната и високобочувана вработена, која била претседателка на синдикалната организација во ЈСП Скопје, била казнета од директорот Драги Кушовски зашто изјавила на медиумите дека состојбата во претпријатието е катастрофална. Со решение тој ја преместил да работи на организација на автобуски постојки, за помала плата. Синдикалката во септември го пријавила директорот во Комисијата за спречување и заштита од ...
Украина ги проучува остатоците од новиот руски балистички проектил со среден дострел со кој беше погоден Днипро во четвртокот, што беше прва употреба на ова оружје во воени услови. Мала група новинари доби пристап до изгорените и распарчени остатоци од проектилот „орешник“, при што беа замолени да не ја откриваат нивната точна локација од безбедносни причини. Украински експерти се надеваат дека на овој начин ќе добијат увид во ланците на ...
Општина Велес најави дека планира да се постават 15 скулптури кои, иако се изработени од 2021, не се поставени на јавните површини во градот. Сумата од 400.000 денари од ставката за организација на скулпторската колонија годинава се пренесува за постаменти за поставување скулптури. Сиве овие години, проблем било што на јавните повици за поставување, ниту една градежна фирма не се јавувала, немало интерес. „Годинава нема да ја организираме ...
Моторот на руски патнички авион се запали по слетувањето на аеродромот во Анталија, објави турското министерство за транспорт, додавајќи дека во несреќата немало загинати и повредени. „Сите 89 патници и шестмина членови на екипажот безбедно беа евакуирани од патничкиот авион ‘сухој суперџет 100‘, кој пристигнал од рускиот град Сочи“, соопштија турските власти. Сајтот за следење летови „Флајтрадар“ објави дека авионот бил стар седум години. ...
Крајнодесничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску изненадувачки води по првиот круг на претседателските избори во Романија, освојувајќи 22% гласови. Во вториот круг на 8 декември, тој треба да се соочи со актуелниот премиер Марсел Чолаку, за кого гласале 20% Романци. Малку познатиот Георгеску (62) не припаѓа на ниедна партија и кампањата наголемо ја водеше на ТикТок. Тој најави дека ќе стави крај на потчинетоста на Романија на ЕУ и НАТО, ...