
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Десетици илјади луѓе бегаат од Хомс, третиот по големина град во Сирија, од страв дека бунтовниците ќе продолжат да напредуваат кон Дамаск. Тие вчера го зазедоа централниот град Хама, што беше втор голем пораз за претседателот Башар ал-Асад, кој ја изгуби контролата врз Алеп минатата недела. Водачот на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, им порача на жителите на Хомс „дека дошло нивното време“. Сириските бунтовници ...
Скопското обвинителство поднесе обвиненија против четири лица за кривичното дело Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, во врска со инцидентите на Денот на албанското знаме – 28 Ноември. Тројца од нив се обвинети за палење, уништување и кинење на државното знаме, а еден е обвинет за палење на албанското знаме четири дена подоцна. „Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод ...
Потребна е промена на Кривичниот законик за да може жртвите на семејно насилство, пред сѐжената, да ја добијат потребната заштита. Ова е порака од трибината за заштита од насилство врз жената, одржана во Велес, како дел од кампањата „16 денови активизам против родово базирано насилство“. „Со Кривичниот законик предвидената казна е затворска. Таму насилникот, сторителот, не се гони по службена должност, туку по пријава на жртвата. Жртвата од ...
Пратениците во Собранието, кои се едни од највисокоплатените јавни функции во Македонија со плата од 2.000 евра, на работа одат сè поретко и на дневна основа во многу мал број, т.е. само ако се членови на некоја од комисиите кои се состанале дента. Пленарни седници речиси и да нема. За овој месец, претседателот на Собранието Африм Гаши има закажано само една собраниска седница, на 10 декември, кога треба да се донесе Буџетот за 2025 година. Во ...
Косово планира да има своја војска до 2028 година и да развие своја воена индустрија, објави премиерот Албин Курти. Вооружените сили на Косово моментално се нарекуваат Косовски безбедносни сили, кои, според Курти, двојно се зголемени во обем, а во буџет трикратно. По војната со српските сили во 1999, во која загинаа 13.000 луѓе, за безбедноста во Косово се грижат мировниците на Обединетите нации, кои се фактички војската на земјата. САД во ...
Министерот за транспорт и врски Александар Николовски најави дека Владата одлучила да се одобрат нови 2 милиона евра за доизградба на браната на реката Отиња кај Штип затоа што поради досегашните пропусти, роковите биле пролонгирани, па се неопходни уште две години и дополнителни средства. Наместо досега потрошените 6 милиони еврa, оваа инвестиција, мошне важна за штипјани и регионот, ќе чини вкупно 8 милиони евра. „Наскоро по завршувањето на ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на новиот балистички проектил во војната во Украина имаше за цел да го увери западот дека Русија е спремна да ги употреби сите средства за да осигура дека нема да доживее стратешки пораз. Русија минатиот месец го гаѓаше градот Днипро со новоразвиениот хиперсоничен проектил „орешник“, за што Владимир Путин кажа дека било тестирање на проектил што ниедна држава не може да ...
Европските филмски награди ќе бидат доделени по 37. пат, на гала церемонијата утревечер во Луцерн, Швајцарија. За реномираната награда номинирани се 79 кандидати во 22 категории, а на гала вечерта во прочуената сала Културен центар Луцерн крај Луцернското Езеро, дело на архитектот Жан Нувел, ќе присуствуваат над 1.000 гости. Македонската продуцентка Лабина Митевска ќе ја добие Меѓународната награда на Еуримаж за копродукција, а италијанската ...
Њујоршката полиција објави нова фотографија од мажот кој се сомничи дека вчера го убил Брајан Томпсон, шефот на најголемата приватна осигурителна компанија во САД „ЈунајтедХелткер“. Томпсон (50) беше застрелан на улица пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн и полицијата кажа дека станува збор за убиство со умисла. Ловот по убиецот продолжи и денеска и притоа се користи технологија за препознавање лица, додека на неколку куршуми собрани на местото на ...
Изградба на Регионалната депонија во Новаци до крајот на 2027 година, јакнење на меѓусебната соработка меѓу општините, итно формирање на заедничкото регионално претпријатие како и зајакнување на капацитетите на локалните јавни комунални претпријатија, се заклучоците од денешната панел дискусија на тема „Дивите депонии Буково и Мауцкер“ организирана од граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ во Охрид. Учесниците посочија дека доцнат активностите, ...
Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, соопшти Министерството за култура. Мултинационалната номинација, поднесена од Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, ...
Сириските бунтовници ги истераа владините сили од централниот град Хама, што е нивна втора голема победа откако минатата недела покренаа изненадувачка офанзива и по само неколку дена го освоија Алеп. Сириската војска потврди дека се повлекла од градот и се распоредила во неговата околина со цел да се спречат цивилни жртви и урбани борби. Хама постојано беше под контрола на владините сили за време на граѓанската војна, која почна во 2011 и ова ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши денеска во Владата промовираа „Новогодишна кошница“ со над 600 производи со намалени цени. Од Министерството за економија велат дека станува збор за иницијатива покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи. Како што кажа министерот Дурмиши, 675 производи ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и ...
Не знам што сме им згрешиле на Бугарите, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната одлука на осум држави да не ѝ дозволат на Србија да го отвори третиот кластер од преговорите со Европската Унија. Покрај Бугарија, меѓу нив биле и Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска, Холандија и Хрватска. „Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да му кажам и објаснам. Мислам дека разбирам кои се вистинските ...
„Богородица мост помеѓу небото и земјата“ е насловена изложбата која ќе се отвори вечерва во 18:30 часот во Музејот на Македонија. Автори на концепцијата за изложбата се кустосите Марија Петковска и Татјана Трајковиќ, кои велат дека иконите и фреските што се претставени на изложбата се само мал дел од многуте предмети од богатите колекции на Музејот. Во дел од збирките на Музејот се наоѓаат икони и фрескокопии од целата територија на Македонија, ...
Полицијата го уапси Ф. А. (35) од Куманово, под сомнение дека ги предизвикал пожарите во деловниот простор и на три автомобили во Куманово. Во пожарот изгоре канцеларијата на Фитор Јакупи, советникот на ДУИ во Советот на Општина Куманово, и автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. Тој бил пронајден на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, откако претходно биле добиени оперативни информации, па во координација на СВР Куманово со Одделот за ...
Сириските бунтовници го окружија клучниот град Хама од три страни, велат набљудувачите, и покрај противофанзивата на владините сили. Хама е стратешки лоциран во централна Сирија и за сириската војска е од клучно значење за заштитата на главниот град Дамаск. Борбите околу Хама доаѓаат откако бунтовниците ги зазедоа Алеп и други села и градови во изненадувачката офанзива, што ја почнаа минатата недела. „Бунтовниците предводени од исламистичката ...
Џаред Ајзакмен, милијардерот кој ја изведе првата приватна прошетка во вселената, ќе биде новиот шеф на НАСА, објави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Четириесет и едногодишниот Ајзакмен леташе двапати во вселената на целосно приватни мисии, работеше со Илон Маск и потроши стотици милиони долари како клучен клиент на неговата фирма „СпејсЕкс“. Ајзакмен нема никакво претходно владино и политичко искуство и ако биде потврден од ...
Ќе се доградат зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“во Скопје. На овие два згради шест години нема никакви градежни работи откако фирмата „Бетон Штип“ отиде во стечај, а претходната Влада не направи ништо за да добијат свои простории студентите на овие два факултети. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на ...
Одбранбениот договор помеѓу Русија и Северна Кореја стапи на сила откако двете страни ги разменија документите за ратификација, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА. Наречен Договор за сеопфатно стратешко партнерство, тој беше потпишан при посетата на Владимир Путин на Пјонгјанг во јуни и предвидува моментална воена помош во случај некоја од двете земји да се соочи со воена агресија. „Тој ќе служи како силна движечка сила што го ...
Феноменот на свесно и намерно користење штетни наративи во политичката комуникација, како од политичарите, така и од медиумите, беше тема на конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). На оваа конференција важна за транспарентноста при практицирањето на власта и водењето на државните институции, секоја година доаѓа и зборува ...
Францускиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Мишел Барние откако левичарските и десничарските партии се здружија за да ја соборат неговата малцинска влада. Ова е само вторпат од основањето на Петтата Република во 1958 година владата да падне на овој начин. „Ми беше чест што служев како премиер, макар и само неколку месеци. Не се плашам да бидам сменет и ретко сум бил уплашен во мојата долга политичка кариера. Она што е најважно е да ...
Ќе има одговорност за една од наставничките која била организатор на приредбата во Основното училиште „7 Март“ во Челопек, на која ученици беа облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Приредбата беше организирана за 28 ноември, Денот на албанското знаме. Министерката денеска рече е готов записникот од вонредниот надзор на Државниот просветен инспекторат, и дека ...
Во Студенчишко Блато, заштитено како природно наследство во Охридскиот Регион, цела година непречено на диво се градат згради. Во септември 2023, по серија иницијативи за инспекциски надзор, наместо да бидат отстранети двете дивоградби се завршени, со основа за понатамошен урбан развој. Во јули годинава, пет дивоградби се завршени, две се во изградба, со основа за понатамошна урбанизација. Од Еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42 велат ...
Шефот на американската компанија за здравствено осигурување „ЈунајтедХелткер“, Брајан Томпсон, е убиен на улица во Њујорк. Педесетгодишниот Томпсон е застрелан во градите околу седум часот по локално време пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн, каде што требало да биде говорник на конференција. Томпсон бил превезен во болница, каде што бил прогласен за мртов, кажаа властите. „Напаѓачот избегал од местото на пукањето и по него се трага. Тој го чекал ...
Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски ги фатил вишите скопски обвинители Јове Цветановски и шефот Мустафа Хајрулахи како нестручно и несовесно одлучуваат кривично да гонат одредени обвинети, поради што им покренал дисциплинска постапка. „Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и службените белешки во прилог, и врз основа ...
Од утрово, на Плоштадот Македонија во Скопје почна поставувањето новогодишни куќарки. Екипи од приватна фирма со камиони ги носеа и ги поставуваат куќарките на Плоштадот. Тие се поставени на плочникот околу пропадната фонтана, која е заградена со пластични столпчиња и црвени ленти. Кој ќе го украсува градот и колку ќе чини украсувањето, од Град Скопје не кажуваат. САКАМДАКАЖАМ.МК утрово испрати прашања до кабинетот на градоначалничката Данела ...
Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-хјун ја понуди својата оставка откако опозицијата го обвини дека бил соучесник во пропаднатиот обид на претседателот Јун Сук Јеол да прогласи воена состојба во земјата вчера. Се верува дека Ким имал големо влијание врз одлуката на Јун, па опозицијата претходно најави дека ќе побара и негово отповикување во парламентот. Ким изјави дека презема целосна одговорност за воената состојба и ѝ се извини на ...
Од 58 држави, учениците од Македонија се на 47 место по резултати за природни науки, а во математичка писменост се на 44 место, соопшти Минисерството за образование и наука (МОН) , презентирајќи ги резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023, по петти пат во земјава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски. TIMSS (Trends International Mathematics ...
На трибината за машки болести, организирана за „Мовембер“, урологот д-р Влатко Ристов од Општа Болница Велес, зборуваше за еректилната дисфункција, за која рече дека е табу тема меѓу мажите. „Еректилна дисфункција може да му се случи на секој маж. Не е ништо срамно, не е табу тема, треба отворено со доктор да се разговара за проблемот. Сексуалниот живот е многу битен аспект од човечкото битие. Пациентите за ова не сакаат да зборуваат со доктор, ...