Советниците на Доналд Трамп јавно и приватно откриваат предлози за крај на војната во Украина, што предвидува и отстапување на големи делови од Украина на Русија, според анализата што ја направи „Ројтерс“. Предлозите на тројцата клучни советници, вклучувајќи го и новиот застапник за Русија и Украина Кит Келог, делат исти елементи, меѓу кои не е членството на Украина во НАТО. „Ројтерс“ вели дека тие ќе се обидат да ги натераат Киев и Москва на ...

Маркетинг агенција од Кичево ќе земе од Владата 145.000 евра без ДДВ за осмислување и печатење на материјал за саемско претставување на Македонија на ЕКСПО 2025 во Осака во Јапонија. Во договорот склучен со генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, пишува дека за оваа сума добитникот на тендерот, маркетинг-агенцијата Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БОКС ДИГИТАЛ увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, ќе треба да им одржи и обука на ...

Народниот правобранител утврди индиции дека кон двајцата професори од Техничкото училиште во Битола, ексградоначалничката Наташа Петровска и поранешниот директор на училиштето Владимир Роме, била извршена повреда на правата во областа на работата, работните односи и образованието по основ на политичка припадност, поради неправилно утврдена фактичка состојба од просветен инспектор. Политичка дискриминација кон двајцата професори претходно утврди ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, државно земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Бит Пазар“ користел како див паркинг за што и наплаќал. „Земјиштето е во државна сопственост, а доделено со право на ...

Јужнокорејските опозициски пратеници започнаа постапка за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол поради неговиот пропаднат обид да воведе воена состојба во земјата. Јужна Кореја се разбуди со неизвесна реалност по драматична ноќ во која Јун прогласи воена состојба, која парламентот ја укина, по што и самиот Јун објави дека ја повлекува својата одлука. Откако поднесе барање за негово отповикување, опозициската Демократска партија ја осуди ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави дека ќе ја повлече декларацијата за воведување воена состојба во земјата, што ја прогласи само неколку часа порано. Јун реши да се повлече во судирот со парламентот, кој претходно го отфрли неговиот обид за забрана на политичката активност и за воведување цензура на медиумите. Јун прогласи воена состојба во вечерните часови по локално време за да „спречи антидржавни сили кои ја симпатизираат ...

Во понеделник наутро, на граничниот премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, приведена била 19-годишна девојка од тетовското село Жилче откако при рутинска контрола на скенер во нејзината торба биле пронајдени девет куршуми со калибар 7,65 милиметри. Тинејџерката, која требало да патува за Виена, била запрена на излез од државата во 07:20 часот и веднаш била лишена од слобода, соопшти полицијата. Обвинителството треба да одлучи дали ќе и ...

Јужнокорејската војска се обиде да упадне во зградата на парламентот откако претседателот Јун Сук Јеол денеска прогласи воена состојба во земјата. Парламентот му се спротивстави на Јун и гласаше за укинување на декларацијата за прогласување воена состојба, што доби поддршка од сите присутни 190 пратеници. Во својот изненадувачки говор што се пренесуваше на телевизија, Јун ги обвини опозициските партии дека го ставиле демократскиот процес во свое ...

Комплексот Македонско село во Горно Нерези напролет повторно ќе биде отворен. Владата до крајот на месецов ќе распише оглас за негово изнајмување на приватна фирма, која ќе отвори угостителски објекти во комплексот и ќе ги изнајмува за ноќевање куќите кои ги претставуваат различните региони во земјава. Шеста година комплексот е затворен и не работи, а Владата на СДСМ и ДУИ ништо не направи повторно да го заживее комплексот откако од него се ...

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ планира да се врати во Македонија следната година, но со само една линија, Скопје-Париз. Според францускиот весник „Ле Еко“, летовите наскоро би требало да бидат закажани. Ова доаѓа откако минатиот месец, по три години, „Изиџет“ престана да лета од Женева за Скопје. „Изиџет“ првпат влезе на македонскиот пазар во ноември 2021. Компанијата ќе се соочи со индиректна конкуренција на новата линија, имајќи предвид ...

Поминаа пет години од кога почна да се гради покриениот базен во Битола, а уште не е готов, ниту се знае кога ќе биде изграден. Базенот за кој во неколку наврати пишуваше САКАМДАКАЖАМ.МК почна да се гради за време на владеењето на СДСМ, пред неполни пет години во дворот на училиштето „Даме Груев“, како дел од проектот за изградба на 14 пливачки базени на Агенцијата за млади и спорт. Тогашниот директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко ...

Здравствениот дом во Неготино доби дигитален рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со вкупна вредност од 61,001 евра. Апаратот на директорот на здравствената установа, д-р Љупчо Пасинечки му го врачи јапонскиот амбасадор Оцука Казуја. Преку грант програмата за мали проекти (ГГП), во Македонија се финансирани над 70 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од речиси 4 милиони евра. Дополнително, во 2021 и ...

Претседателот на Јужна Кореја, Јон Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека тоа е неопходен потег за да се заштити земјата од комунистичките сили на Северна Кореја и да се отстранат антидржавните елементи. „Целта на воената состојба е да се елиминираат силите кои ја поддржуваат Северна Кореја и да се заштити либералниот уставен поредок. Немав друг избор освен да прогласам воена состојба“, изјави Јон, без да наведе какви мерки ќе бидат ...

Според пописот од 2021 во Велес и селата има вкупно 5.282 лица со попреченост од запишаните 48.447 жители, што е 11 отсто од вкупното население, или секој деветти жител во општината, има некој облик на попреченост. Денес 3 декември е Светски ден на лицата со попреченост, а 4 декември за лицата со телесна инвалидност. Најбројна е групата на лицата со попреченост во движењето, потоа со видот и слухот, покажува пописот од 2021. „Бројката на лица со ...

Децата со попреченост и натаму се меѓу најранливите деца што пропуштаат квалитетно образование, вели УНИЦЕФ во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Според новиот извештај на УНИЦЕФ за политики на инклузивното образование во земјава, во изминатите четири години, по усвојувањето на Законот за основно образование (2019), бројот на ученици со попреченост кои посетуваат редовни основни училишта е двојно зголемен, пораснувајќи од четири ...

Општина Маврово го избришала компјутерскиот систем за даноци на имот, не ги урива дивоградбите, не наплаќа комуналии за нови викендички, не може да донесе нов урбанистички план, зашто нејќе прво да го репрогласи Националниот парк, не си ги побарува парите дури и таму кај што треба да наплати, троши пари без да распише тендери, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). „Поради губење на базата на податоци за данокот на имот со бришење на целиот ...

Доналд Трамп објави деке ќе дојде на отворањето на обновената катедрала Нотр Дам во Париз, што ќе биде негово прво патување во странство откако победи на претседателските избори во САД. Нотр Дам, едно од најомилените и најпосетени обележја на Париз, повторно ќе ги отвори своите врати за туристи оваа недела откако пред пет години беше делумно уништена во пожар. Трамп, кој ќе се врати во Белата куќа на 20 јануари, го фалеше францускиот претседател ...

На 9 декември во 20 часот во Филхармонијата ќе има Гала премиера на реставрирана копија на филмот „Пред дождот“, македонски светски признат класик на режисерот Милчо Манчевски. Пред точно 30 години „Пред дождот“ го освои Златниот лав на Венецискиот филмски фестивал, како и уште 9 други награди на Фестивалот. Со овој настан се одбележува 30-годишнината од премиерата, и организаторот најавува дека ќе дојдат Манчевски и дел од домашната и странска ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија нема да се случи „македонско сценарио“, откако на протест во Нови Сад беше обоен плоштад во црвено. Протестот во Нови Сад беше по повод еден месец од несреќата на тамошната железничка станица во која загинаа 15 лица, а двајца тешко повредени сè уште се во болница. Во центарот на градот, Плоштадот на слободата беше обоен во црвена боја, а дел од демонстрантите оставаат отпечатоци од ...

Членот на Советот на Општина Велес, Марјан Николов предложи гемијата, која до пред некоја година пловеше по реката како дел од Вардарската регата, да се постави во Велес, кај Мало мовче. Таа би била можност за туристите да видат како пред стотина години и повеќе, се пловело до Солун и се тргувало од Велес до Западна Европа. „Во годишниот извештај, за Вардарската регата, пишува дека големата гемија, во догледно време не може да се користи за ...

По јавните напади и обвинувања од премиерот Христијан Мицкоски и од пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонијо Милошоски минатата недела, Весна Дамева денеска си поднесе оставка од претседателската функција во Судскиот совет. „Најтешко ми падна што нарачани текстови минатиот период се споделуваа по портали. Ме оцрнуваа, ја вмешаа фирмата на сопругот. Манипулации од луѓе, кои се нелуѓе. Но, правдата се докажува во судница, не по портали“, кажа Дамева ...

Романскиот уставен суд ги потврди резултатите од првиот круг на претседателските избори, што овозможува вториот круг да се одржи на 8 декември, како што беше планирано. Во првиот круг на 24 ноември изненадувачки победи малку познатиот ултранационалист и обожавател на Владимир Путин, Калин Георгеску, кој в недела ќе се соочи со Елена Ласкони, лидерката на либералната партија Зачувајте ја романската унија. Откако беше наредено пребројување ...

Украина денеска го нападна договорот постигнат пред 30 години со кој земјата го предаде своето нуклеарно оружје во замена за безбедносни гаранции што никогаш не се материјализираа, додека врши нов притисок да добие покана за членство во НАТО. Украина очајнички бара цврсти безбедносни гаранции за да се заштити од засилената руска агресија, сметајќи дека враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ќе ја принуди на брзо склучен договор, што ќе ја ...

Комплексот Македонско село во Горно Нерези напролет повторно ќе биде отворен. Владата до крајот на месецов ќе распише оглас за негово изнајмување на приватна фирма, која ќе отвори угостителски објекти во комплексот и ќе ги изнајмува за ноќевање куќите кои ги претставуваат различните региони во земјава. Шеста година комплексот е затворен и не работи, а Владата на СДСМ и ДУИ ништо не направи повторно да го заживее комплексот откако од него се ...

Судот во Делавер по вторпат ја блокираше рекордната исплата од 56 милијарди долари за шефот на „Тесла“, Илон Маск. Одлуката доаѓа по неколку месеци правна борба и иако исплатата беше одобрена од акционерите и директорите на компанијата летово. Судијката Кејтлин Мекормик ја повтори својата претходна пресуда од јануари, велејќи дека членовите на управниот одбор биле под преголемо влијание на Маск. „Акционерите би требало да ги контролираат ...

Едно лице е повредено во пукање вечерва во скопската населба Чаир. Од МВР велат дека случајот е пријавен од болницата „Св. Наум Охридски“, каде што бил донесен Џ.Х. од Скопје, со повреда од огнено оружје. „Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. ‘Кемал Сејфула’ во Скопје“, велат од МВР. ...

Златко Свидерски, сообраќаен инженер, е хуманиот битолчанец кој со градежна механизација од својата приватна фирма „Боб кет” го исчисти патот на Пелистер до хотелот „Молика“, а не побара никаков паричен надомест за тоа. Тој го исчисти патот откако не успеаја претходните обиди на претпријатијата задолжени за чистење и одржување на патиштата Македонија пат и ЈП Нискоградба. „Треба да се помага на Општината, а не да се чека тренер да се добие. ...

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен кажа дека ќе побара гласање за доверба на француската влада и дека ќе поддржи други вакви барања, што се очекува да доведе до смена на премиерот Мишел Барние. „На Франција ѝ е доста. Можеби мислеле дека со Мишел Барние ќе ни биде подобро, но стана уште полошо“, изјави Ле Пен. Ова доаѓа откако Барние ги употреби своите специјални овластувања за да го протурка предлог-законот за буџетот за 2025 без да ...

Со црвена боја ќе бидат регистарските таблички на службените возила на Владата, Министерствата и државните институции. Бројките и буквите на регистрацијата пак ќе бидат испишани со жолта боја и со тоа тие ќе бидат лесно воочливи и ќе се спречат злоупотреби. Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски вели дека Правилникот за регистарски таблици на службените коли е веќе изготвен и наредната недела треба да помине ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека добиле пријави со слики и докази дека деца носеле симболи на УЧК на приредби за 28 ноември, Денот на албанското знаме, во училишта во Челопек, во Чаир, две во Тетово и едно во Струга и дека за сите на терен ќе излезе Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Јаневска на 30 ноември најави постапка против раководството и наставниците во Основното училиште „7 Март“ во Челопек за организирање ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52