Попладнево, во неготинската полиција било пријавено дека во село Црвени Брегови се пронајдени три починати лица во времен објект, кој служел како џамија. Случајот бил пријавен во 16,35 часот. „Во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, Неготинско, биле пронајдени три починати лиц, Ј. Ј. (71 година) од Битола, Ф. Е. (66 години) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови“, соопшти СВР Велес. Мештаните се сомневаат дека ...

Русија му даде азил на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад и на членовите на неговото семејство, изјави извор од Кремљ, објавија руските медиуми. Рано утринава падна сириската Влада, откако бунтовниците со брзина на молња ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, а на улиците излегоа толпи народ за да го прослават крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад. Според изворот од Кремљ, Асад и неговото семејство пристигнале ...

Активисти на опозициската ДУИ се собраа пред Уставниот суд попладнево и најавија дека ќе останат таму до 11 декември, кога треба да се одржи седницата за расправа за уставноста на Закон за употреба на јазиците. Поранешниот министер за образование Арбер Адеми кажа дека „укинувањето на законот значи уривање на еден од клучните столбови на Охридскиот договор“, додавајќи дека со иницијативата „Стража на јазикот“ деноноќно ќе присуствуваат пред ...

Професорката од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Маја Бојџиевска ја посвети државната награда „Св. Климент Охридски“ на како што рече, сите невидливи претходнички затоа што таа е единствената жена меѓу вкупно осум добитници што годинава ги добија наградите „Св. Климент Охридски“ и „11 Октомври“. На денешната свеченост во Собранието, писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази ја добија државната награда „Св. ...

Неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат не неподвижен човек во селото Видовиште, кој три дена нема јадено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ванчо Димитров од селото Видовште самиот пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба.Три дена немал ниту јадено ниту пиено, поради неподвижност и барал да му се помогне. „Преку ЦУК се бараше надлежна институција да излезе на терен и да ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема ништо да се случи во среда на седницата на Уставниот суд за уставноста на Законот за употреба на јазиците, бидејќи Уставниот суд си има процедура и тоа ќе биде само подготвителна седница. За ДУИ, кои вчера испратија писмо до САД, ЕУ и НАТО да се ангажираат да спречат дестабилизација, Мицкоски рече дека нивна цел е поделба по етничка основа. „Тие, ДУИ, бидејќи 20 и кусур години поставуваат судии, знаат ...

Од Луцерн за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова Горда сум што сум дел од европскиот филм и фала на сите овде што правите прекрасни, извонредни филмови кои ќе го променат светот, извика македонската продуцентка Лабина Митевска, примајќи ја наградата за копродукција на Еуримаж и на Европската филмска академија (ЕФА) на 37. Европски филмски награди во Луцерн. Митевска, која е прва македонска продуцентка со оваа награда, се заблагодари за признанието ...

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги повика сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија, да ја напуштат во прва можна прилика, поради влошената безбедносна ситуација. МНР апелира да се одложат сите патувања кон оваа држава. „Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија. Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на ...

Рано утринава падна сириската Влада, откако бунтовниците со брзина на молња ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, а на улиците излегоа толпи народ за да го прослават крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад. Сириската државна телевизија објави видеоизјава на група мажи во која се вели дека претседателот Башар ал-Асад е соборен и сите затвореници во затворите се ослободени. Човекот кој ја прочита изјавата рече дека ...

За САКАМДАКАЖАМ.МК од Луцерн: Марина Костова „Емилија Перез” на францускиот автор Жак Одијар е апсолутен победник на 37. Европски филмски награди кои синоќа се доделија во Луцерн, Швајцарија. Мјузиклот за наркобос кој ќе смени пол и како жена ќе почне нов живот освои награди за најдобар европски филм, режија, сценарио, монтажа и актерка за транс-жената Карла Софија Гаскон. „Наградите ме уверија дека вредам, оти обично сум многу несигурен и ...

Учениците во Македонија добиваат скоро 900 часа помалку настава до 14-годишна возраст во споредба со врсниците од развиените земји, загрижувачки податоци за менталното здравје на адолесцентите, подобра распределба на образовниот материјал се дел од забелешките во извештаите на УНИЦЕФ изминатава година за образованието во Македонија. САКАМДАКАЖАМ.МК разговараше со Лесли Милер, која од почетокот на јули е на должноста претставник на УНИЦЕФ за ...

Францускиот збор за благодарам, „Мерси“ беше проектиран на предниот дел на париската катедрала Нотр Дам, на вечерашната свеченост за нејзиното повторно отворање, во знак на благодарност за нејзиниот спас по разорниот пожар што ја доведе зградата стара 860 години скоро до пред уривање, пред пет години. Пожарникарите кои помогнаа да се зачува готичкото ремек-дело и некои од оние кои потоа го реставрираа, добија овации откако парискиот надбискуп ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не присуствува на денешното отворање на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз поради дефект на владиниот авион, соопштија од нејзиниот кабинет. „Во врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција. Кабинетот ...

Опозициската ДУИ испрати писмо до САД, Европската Унија и НАТО, барајќи од нив брзо и одлучно да делуваат за да се спречи дестабилизација на земјата, објави ТВ21. ДУИ го испраќа писмото во пресрет на седницата на Уставниот суд на 11 декември, кога треба да се разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците. Во писмото, од ДУИ велат дека евентуалното укинување на одредби од овој закон ќе ја поткопа меѓуетничката хармонија во земјата и би ...

Властите во Доминиканската Република објавија дека заплениле скоро 9,5 тони кокаин, што е најголемата заплена на дрога во историјата на земјата. Дрогата вредна 250 милиони долари била пронајдена во пратка со банана која пристигнала во пристаништето Кауседо во главниот град Санто Доминго, најважното пристаниште во земјата. Пратката била испратена од Гватемала и била наменета за Белгија, изјави Карлос Деверс, портпарол на Агенцијата за борба ...

Програмата што ја спроведува Националниот демократски институт (НДИ) е со цел да се помогне на општините во Македонија да создадат силни институционални системи и практики за интегритет кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата кај граѓаните. Сево ова е сведено во проектот „Заедници со интегритет“ кој започна од Штип со заедничка средба на координаторите со претставниците на општините како дел од децениската програма. ...

Градителот на објектот во самата струшка чаршија, кој има решение за стопирање на градбата, а издаден е и рок за усогласување на објектот со законот за градење од градителот, заработи кривична пријава за „Бесправно градење“. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.А.(41) и Л.А.(36), двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На локација на улица „Маршал Тито“ во ...

Српската влада го усвои предлог законот со кој се потврдува договорот за заем меѓу ЕУ и Србија. Станува збор за износ од 1.131.090.929,77 евра, со рок на отплата од 40 години, со грејс период од 10 години, што значи дека отплатата ќе започне во 2034 година. Во образложението на предлог законот се вели дека во буџетот за 2024 година е предвидено задолжување кај Европската унија до износ од 1,2 милијарди евра во рамките на Инструментот на ЕУ за ...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се извини за неговиот обид да воведе воена состојба неделава и вети дека ќе се соочи со какви било правни и политички последици. Во парламентот е закажано гласање за негово разрешување. Во двеминутно телевизиско обраќање, Јун кажа дека му е многу жал за одлуката, за која што рече дека ја однел од очај и вети дека нема да се обиде да воведе воена состојба по вторпат. „Многу ми е жал и би сакал искрено да ...

Центарот за социјални работи во Велес досега нема примено пријава од жена лице со попреченост за каква било форма на насилство врз неа, беше кажано на трибината за заштита од насилство врз жената, одржана во Велес за „16 денови активизам против родово базирано насилство“. „Овој податок е поразителен. Одговорот е дека овие жени со попреченост, жртви на насилство, не знаат каде да се обратат, немаат можност како и каде да го кажат тоа. Лицата со ...

1 Скршениците на рацете и нозете ќе заздрават и за среќа, ниту едно дете од единаесетте што завршиле в болница не е сериозно повредено при изведбата на „Супермен предизвик“ на ТиткТок. Навистина, не знам што да кажам и што да мислам за оваа најнова будалштина, кога неколкумина создаваат мрежа од испружени раце за врз неа да летне Суперменот, па тие го отфрлаат нагоре и потоа да слета на нозе. И ние сме дел од светот. И во други земји младите, па ...

Заврши воената вежба „Мајпл арч24“ која две недели се одржуваше во Македонија. Вежбата е специфична бидејќи за првпат е комбинација со компјутерска симулација, која се одвиваше во Центарот за симулации лоциран во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, и на терен, на полигонот на Криволак. „Во светот постојат терористи, сајбер закани, земји и актери кои се закануваат на безбедноста на нашите земји и тие не познаваат граници. Со вежба како ...

Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори само два дена пред одржувањето на вториот круг. Тоа значи дека целиот процес ќе почне одново, а владата допрва ќе ги определи датумите за двата изборни круга. Во првиот круг изненадувачки победи Калин Георгеску, малку познат краен десничар и поддржувач на Владимир Путин, кој речиси целата своја кампања ја водеше на ТикТок. Тој в недела требаше да се соочи ...

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами денеска ја пушти во употреба реновираната улица Радован Цониќ во централниот дел на градот. На свеченоста, на бандерите беа истакнати само знамињата на Република Албанија, а на церемонијата на пуштањето на улицата во употреба децата носеа албански народни носии. Немаше ниту македонско знаме, ниту македонска носија. На новинарско прашање зошто на оваа свеченост нема истакнато македонско знаме и ...

Уставниот судија Осман Кадриу најави дека тој и неговиот колега Насер Ајдари нема да учествуваат на седницата на Уставниот суд на 11 декември, кога треба да се одлучува за уставноста на Законот за употреба на јазиците. Во интервју за ТВ Алсат, тој кажа дека причина за бојкотот на уставните судии Албанци е надгласувањето. „Во досегашното мислење беше кажано дека се оспорени 2-3 одредби. Не! Оспорени се 18 одредби. Доколку се оспорат 18 одредби од ...

Тројца припадници на МВР, дел од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска излетале од магистралниот пат Охрид – Кичево и завршиле во болница. „На 06.12.2024 во 10.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило ‘сеат алтеа’, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37). ...

НАСА повторно ја одложи програмата „Артемис“, со која луѓето треба се вратат на Месечината по пауза од повеќе од 50 години. Слетувањето што беше планирано за 2026, сега е поместено за средина на 2027. Исто така, мисијата за испраќање астронаути околу Месечината ќе се изведе најрано во април 2026, место во септември следната година. Новото одложување делумно се должи на проблеми со капсулата „Орион“, во која ќе бидат сместени астронаутите во ...

Во Тетово се одржа завршниот настан на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“. Овој проект, кој во регионот се спроведуваше во изминативе 7 години, беше поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и во соработка со Министерството за животна средина. „Ова е затворање на проектот, но тоа не значи и затворање на процесот за спречување на поплави во ...

Инклузивен поетски рецитал беше изведен од членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола во соработка со дечиња од училиштата во градот. Тие заедно пееја песни и ги рецитираа „Тутуноберачите“ од Кочо Рацин, „Везилка“ од Блаже Конески, „Очи“ од Ацо Шопов и други. На ваков начин го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со попреченост „Еден од шест луѓе во светот денес живее со попреченост. Иако е така, ...

Десетици илјади луѓе бегаат од Хомс, третиот по големина град во Сирија, од страв дека бунтовниците ќе продолжат да напредуваат кон Дамаск. Тие вчера го зазедоа централниот град Хама, што беше втор голем пораз за претседателот Башар ал-Асад, кој ја изгуби контролата врз Алеп минатата недела. Водачот на исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, им порача на жителите на Хомс „дека дошло нивното време“. Сириските бунтовници ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1013
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1014
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.91
83%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
70%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
80%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.79
76%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52