
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Првенецот на Операта при Националната опера и балет (НОБ), Ѓорѓи Цуцковски, е нов директор на Фестивалот Охридско лето, соопштија од најстарата музичко-сценска маниифестација во земјава. Тој доаѓа на местото на Анита Алоска која беше на функцијата в. д. директор измнативе три месеци. Цуцковски има богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и низ Европа. Тој ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц дојде во изненадувачка посета на Киев и вети дека неговата земја ќе остане најголемиот поддржувач на Украина во Европа. Тој истовремено вети испорака на воена помош од 650 милиони евра. Ова е втора посета на Шолц на Украина од почетокот на војната и доаѓа во неизвесни времиња додека се очекува враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, а руските сили силно напредуваат на источниот фронт. Шолц ќе има разговори со ...
Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) од Скопје и активистката Лила Милиќ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата ја доделува Министерството за култура, а претседателка на Одборот била Александра Цветановска. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември во ...
Писателката Румена Бужаровска задутре (4 декември) ќе го промовира својот прв роман „Тони“, од Издавачкиот центар „Три“. Промоцијата е закажана во 20 часот во Јавна соба. Ова е прв роман за Бужаровска, која стекна голема популарност со своите раскази и со романизираните есеи „Господ, па Америка“. Нејзино најпознато дело е збирката „Мојот маж“, досега е преведена на четиринаесет јазици и е поставена како театарска претстава во шест земји. На ...
Еден деловен објект и три автомобили биле запалени утринава во центарот на Куманово. Според Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во периодот од 3 до 5 часот, прво била запалена фотокопирница, а потоа уште три автомобили. Од СВР Куманово велат дека пријавувањето на пожарите кај нив започнало во 3.20 часот. „Пријавен е опожарен деловен објект на улица ’11 Октомври’, сопственост на М.Ј. од Куманово, како и опожарени три патнички ...
Приватна компанија дојде напомош и го исчисти патот од снежните наноси на Пелистер за хотелот „Молика“, по повеќечасовните обиди на „Македонија пат” и ЈП „Нискоградба”. Директорот на хотелот „Молика”, Горан Исков, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека по негово барање, вчеравечер во чистењето на патот се вклучила приватна фирма, која го направила тоа без надомест и дека патот е прооден, но само за патување со зимски гуми. Поради снежните врнежи, вчера ...
Советот на Општина Велес донесе одлука за зголемување на бројот на деца по групи во градинката „Димче Мирчев“, што се должи на големиот интерес на родителите. Тие се сместени во шест клона во Велес и по еден во Градско и во Иванковци, во 53 занимални. „Проектираниот број деца кои можат да бидат згрижени во осумте клона на градинката е 982, а запишани се 1.108. Затоа ни е потребна оваа одлука за зголемување на бројот на деца по групи“, кажа ...
Владејачките Социјалдемократи (ПСД) освоија најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Романија, при што се одбранија од се попопуларното крајнодесничарско движење, кое ја предизвика прозападната ориентација на земјата. Според 99,5% пребројани гласови, за ПСД гласале 22,6% романски граѓани, додека крајнодесничарскиот Сојуз за обединување на Романците освои 18,2%, иако некои му предвидуваа и победа. На третото место заврши ...
Џо Бајден објави дека целосно го помилувал својот син Хантер, кој се изјасни како виновен по обвинувањата за даночно затајување и илегално купување оружје. Американскиот претседател претходно инсистираше дека нема да го направи тоа пред да му истече мандатот. „Потпишав помилување за мојот син Хантер. Од првиот ден кога ја презедов функцијата реков дека нема да се мешам во донесувањето одлуки на министерството за правда и го држев мојот збор, ...
Сексуалните работнички во Белгија добија право на боледување, платено пододилно отсуство и пензија според нов закон, кој е прв од таков вид во светот. Белгиските пратеници во мај го изгласаа законот со кој сексуалните работнички ги добија истите работнички права како и сите други работници во обид да се спречат злоставување и експлоатација и тој денеска стапи на сила. Проституцијата беше декриминализирана во Белгија во 2022, но сексуалните ...
Министерството за внатрешни работи уапси четири лица кои посредувале при проституција со девојки од Бразил во станови во зградите на „Џавахир“ во Скопје. Три лица меѓу кои и бразилска државјанка се осомничени за „Посредување при вршење на проституција“ и една лице за кривичното дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Според досегашните сознанија на МВР, во периодот од декември 2023 година наваму првоосомничената, бразилска ...
Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот за Пелистер. Непрооден е патот за хотелот „Молика“, како и до викенд населбата Ниже Поле. Чистачот на „Македонија пат“ заглави на делницата до „Молика‘, па е испратено друго возило, а во расчистувањето на коловозот вклучени се и екипи на „Нискоградба“ и вработени во хотелот. Во хотелот има туристи кои чекаат да се расчисти патот за да си заминат дома, а треба да се направи и смена на ...
Возило на гостиварската Пожарна и 20-ина коли со патници се заглавени во снегот во Маврово, на патот меѓу хотелот „Радика“ и Бунец. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, тие се заглавени веќе неколку часа, а на патот веќе се создаваат колини и гужва. „На бројот 112 е пријавено дека лицата трипати се јавиле за помош и расчистување на патот, но никој не интервенира. Бараат од ‘Македонија пат‘ да интервенира со механизација за да ...
Мајката на Пит Хегсет, кого Доналд Трамп го предложи за нов министер за одбрана на САД, рекла за својот син дека тој со години малтретирал жени и покажувал недостиг на карактер. Во разговор со „Њујорк тајмс“, Пенелопе Хегсет рекла дека пред неколку години му пратила мејл на својот син, во кој го замолила да побара професионална помош. Прашањата за третманот на жени од страна на Хегсет се појавија во неделите откако Трамп го избра за министер и ...
Општина Штип подготвува новогодишно и божиќно украсување и според најавите, градот ќе светне на 7 декември, до кога се очекува комплетно да биде новогодишно уреден. Се предвидува целокупното централно градско подрачје, како и кејот на реката Отиња во должина од два километра да бидат комплетно новогодишно осветлени и украсени. Според градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, во план е новогодишните и божиќните празници да бидат во вистинска ...
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека се уапсени осум лица во врска со експлозијата во каналот Ибар-Лепенац, кој обезбедува водоснабдување за неколку општини и за двете најголеми електрани во земјата. Владата го опиша инцидентот како терористички чин и ја обвини Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата како неосновани и кажа дека Србија нема никаква врска со експлозијата. „На Србија такво ...
Стотина струмичани се јавија на првиот донаторски кружок на Центарот за истражувања и анализи „Новус“ за да донираат пари за иницијативите што ги покренаа три граѓански здруженија од регионот. Со подигање палки, граѓаните даваа по 500, 1.000 и 1.500 денари за да може да се реализираат работите што ги покренаа здруженијата „Мобилност“ од Струмица и ,,Говорот на срцето “ од Босилово и велосипедскиот клуб „Актив“. „Мобилност“ покрена иницијатива да ...
Култниот македонски музичар Горан Трајкоски призна дека му е непријатно што е жив и што може да сведочи на излегувањето на монографијата за него, која беше промовирана вчера во Галеријата на Младински културен центар во Скопје. Едноставно насловена „Готра“, ова е петта антологиска книга на Тошо Филиповски за македонската рок музика во последните шест години, но прва што ја посветува на една личност. Трајкоски, кој беше дел од бројни музички ...
Основното јавно обвинителство бара притвор за двајцата скопјани кои во петокот вечерта вооружени ја ограбиле продавницата „Нептун“ на Градскиот стадион во Скопје. Против две лица на возраст од 27 и 21 година ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело Разбојништво предвидено во член 237, став 4, во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 29 ноември, ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи њујоршкиот бизнисмен со недвижности Чарлс Кушнер за нов амбасадор на САД во Франција, опишувајќи го како „неверојатен лидер, филантроп и човек кој склучува договори“. Седумдесетгодишниот Кушнер е татко на Џаред Кушнер, кој е женет за ќерката на Трамп, Иванка. „Неговиот син Џаред тесно соработуваше со мене во Белата куќа. Заедно ќе го зајакнеме партнерството на Америка со Франција, ...
Сириската војска се повлече од градот Алеп по изненадувачката офанзива на бунтовниците кои се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад. Армијата потврди дека бунтовниците влегле во голем дел од градот и вети дека ќе изврши противофанзива. Во досегашните борби загинале повеќе од 300 луѓе, од кои најмалку 20 цивили, кажа Сириската опсерваторија за човекови права (СОЧП) со седиште во Велика Британија. Асад се обрати синоќа и вети дека ќе ...
Комбето што превезуваше новинари од Битола и Прилеп на Плетвар за влакно избегна сообраќајна несреќа откако камион чистач на „Македонија пат“ додека претекнуваше го испрска со мразот и снегот што ги чистеше од патот. Новинарите раскажуваат дека чистачот возел со поголема брзина и спуштени ножеви и ги претекнувал на полна линија. Му ја запишале и регистарската табличка. „Кога снежната маса удри врз возилото, се создаде страшен звук, што ...
Жителите на селото Климештани, оддалечено 15-ина километри од Охрид, денеска одржаа протест со блокада на каменоломот лоциран во непосредна близина на селото. Велат дека селото е покриено со прашина, минирањето им ги оштетува куќите, а земјоделските насади и водоснабдувањето им се загрозени оти концесионерот на каменоломот, трговското друштво „Нефи & А Инвест“ ДОО Охрид, не презема конкретни мерки за да се спречат загадуваьето, бучавата и ...
Вчера попладне, Одделот за недозволена трговија со дрога на велешката полиција извел претрес во дом на велешанец поради сомневање за вклученост во трговија со дрога. При претресот бил пронајден килограм кокаин. „На 29.11.2024 во 18:45 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д. С. (43 години) и 33-годишната Р. С., двајцата од Велес. При претрес во домот на С. Т. (49) од ...
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ги повикал сојузниците од НАТО да ја поканат Украина во членството на самит што ќе се одржи во Брисел следната недела. Членството во НАТО е и дел од неодамна објавениот „победнички план“ на Володимир Зеленски, со кој треба да се стави крај на војната. Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски кажа дека членството во НАТО би ѝ овозможило на Русија засега да ја задржи окупираната територија. ...
Одреден е притвор за три лица кои во четвртокот учествуваа во инцидентот со палење на македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал се преземени оперативни мерки и активности, како и прегледи на видеоснимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен ...
Во присуство на претседателката Катерина Сакеларопуло и премиерот Кирјакос Мицотакис, денеска и официјално беше отворена подземната железница во Солун, која се градеше 22 години. Патниците ќе можат да се возат бесплатно до 3 декември, а од следниот ден билет ќе чини 60 центи, додека за месечен билет ќе се плаќа 16 евра. Метрото е целосно автоматизирано и нема да има возачи, со што е прво од таков тип во Грција. Се очекува да опслужува 250.000 ...
Гостиварка во желбата за лесна заработувачка преку интернет двапати била измамена. Откако увидела дека нема ништо да добие, туку и останала без пари, случајот го пријавила во ОВР Гостивар. „На 28.11.2024, 42-годишна жена од Гостивар пријавила во ОВР Гостивар дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, на 25.11.2024 преку социјална мрежа нашла веб-страница на која прво требала да уплати одредени парични средства и да изврши задачи за да ...
Косовската полиција потврди дека дел од важниот канал Ибар-Лепенац во селото Варага во општина Зубин Поток бил разнесен со експлозивна направа. Овој канал е важен за водоснабдувањето на неколку општини, но и на електраната „Обилиќ“, а експлозијата доведе до запирање на протокот на водата. „Врз основа на досегашните сознанија, утврдено е дека експлозијата била намерен напад, со што станува збор за криминален терористички чин“, соопшти полицијата. ...
Седумнаесетгодишник е приведен под сомнение дека ја откорнал таблата на српскиот Конзулат во Куманово завчеравечер додека траеше прославата на Денот на албанското знаме. Кумановската полиција постапувала по пријава добиена од Амбасадата на Србија во Македонија. „Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09:05 часот дека е откорната табла од ...