
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Универзитетските професорки Цутка Јовановска, Марина Спасовска и Марина Даниловска од Универзитетот во Тетово ја издадоа публикацијата „Македонска граматика што зближува“ која има за цел полесно совладување на материјата кај ученици на кои македонскиот не им е мајчин јазик. Промоцијата се одржа на Филолошкиот факултет во Тетово. Публикацијата посветена на македонската граматика е учебно помагало, преведено и на албански јазик, а тематски е ...
Учениците немаат доволно познавања за сексуално преносливи инфекции, а тоа го увидовме преку предавањата, програмските активности и содржини, рече денеска Нина Кнагс , професорка во Средното медицинско училиште, „Д-р Панче Караѓозов“ . Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА за 1 декември – Светски ден против СИДА, во соработка со средното училиште организираше работилница за средношколци, спроведена од тим на средношколци кои ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарско прашање денеска одговори дека се работи на темата уставни измени и оти има двотретинско мнозинство да се донесат веднаш. Но, владејачкото мнозинство се плаши дека Бугарија по внесување на Бугарите во уставот, ќе стави ново вето и пак ќе ја блокира Македонија во преговорите со ЕУ. „Ние имаме мнозинство, не треба да бараме. Се плашиме ако ги донесеме уставните измени, по 3 месеци да не ни стават ...
По петгодишната реставрација по големиот пожар, катедралата Нотр Дам во Париз повторно ќе биде отворена со свечености на 7 и 8 декември. Во 860-годишната историја, Нотр Дам беше дом на на некои од најважните моменти во француската историја, од крунисувањето на Наполеон, до прославите по Втората светска војна и мисите за жртвите од терористички напади. Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе оди во обиколка на катедралата пред нејзиното ...
Владимир Путин кажа дека Русија во изминатите два дена ја нападнала Украина со 100 проектили и 466 дронови како одговор на неодамнешните украински напади со американски и британски проектили со долг дострел. Тој истовремено се закани дека центри за носење одлуки во Киев би можеле да станат мета на новиот руски балистички проектил „орешник“. „Русија беше принудена да го распореди новиот проектил како одговор на непријателските акции. Во светот ...
Полицијата верува дека покојниот милијардер Мохамед Ал Фаед силувал и злоставувал најмалку 111 жени за период од речиси четири децении, од кои најмладата жртва имала 13 години. Размерите на криминалитетот го прават Фаед еден од најозлогласените сексуални престапници во Велика Британија и покренува прашања како тој успеал да помине неказнето пред да почине лани на 94 години. Скотланд јард кажа дека под истрага се пет неименувани лица осомничени ...
Граничниот премин Маркова Нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција ќе почне да се гради догодина, а во 2027 треба да биде отворен. Со тоа, после 60 години откако преминот е затворен, повторно ќе може да се минува меѓу двете земји и тоа во голема мера ќе влијае на развојот на туризмот и економијата во регионот Преспа. Ова за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврдија грчките власти и од Kанцеларијата на Програмата за развој на ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп прогласи победа во запирањето на илегалната имиграција од Мексико откако вчера разговарал со мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, но таа потоа ги поби неговите тврдења. „Таа се согласи да ја запре миграцијата низ Мексико во САД, практично затворајќи ја нашата јужна граница“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа по телефонскиот разговор со Шеинбаум. Таа набргу му одговори дека ...
Русија утрово изведе голем воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, објави министерот за енергетика Герман Галушченко, додавајќи дека експлозии се слушаат во повеќе региони на земјата. Ова е втор ваков напад врз земјата овој месец. „Енергетскиот сектор е повторно под голем непријателски напад. Напади врз енергетски објекти се случуваат низ целата земја“, кажа Галушченко. Националниот оператор „Укренерго“ воведе вонредни ...
Во Македонија годишно се пропушта дијагностицирање и лекување од рак на грло на матка кај 24.137 жени, а поради отсуство на сеопфатен скрининг на секоја втора година, се пропушта рана детекција на рак на дојка кај 796 жени во период од 2 години, односно 398 жени годишно, се вели во анализата „Главни економски аргументи за инвестирање во Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања“. Програмата има широк опфат со скрининг на ...
Урсула фон дер Лајен повика на поголемо трошење за одбрана во Европа во следните пет години откако денеска со тесно мнозинство беше повторно избрана за претседателка на Европската комисија. „Има нешто погрешно во равенката кога Русија троши до девет отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, а европскиот просек е 1,9%. Војна беснее на европските граници, мора да бидеме спремни за она што следува и да работиме рамо до рамо со НАТО. Нашите ...
Со сослушување на секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски, денеска во Основниот суд Куманово, продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, обвинет од Основното јавно обвнителство (ОЈО) Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување, по пријава на двајца кумановски бизнисмени. Сопствениците на фирмите „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“, бараат оштета од 3,3 милиони денари, затоа што градоначалникот не им ...
Државата треба да ги мотивира лицата и семејствата да згрижуваат деца без родители или деца со посебни потреби, рече Оливера Миленковска од Скопје која работи како згрижувач во СОС Детско село на денешното отворање на Центарот за поддршка во Струмица. Миленковска во Детско село оди веќе пет години и во моментов се грижи за три мали деца но, како што вели, нема мотивација од државата. Тоа го работи од љубов, бидејќи нејзините деца се возрасни и ...
Во Државниот инспекторат за локална самопуправа заврши иницијативата на Советот на Општина Битола поднесена до Владата да помогне за реализација на нивниот предлог за изградба на гондола на Пелистер. Советот на 28 август донесе заклучок со кој побара Валдата на првата наредна седница да стави точка на дневен ред за проект за изградба на годнола на Пелистер, како крупен проект за развој на турзмот во националниот парк. Денеска, до Советот стигна ...
Европскиот парламент денеска ја изгласа новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен, која ќе го почне својот петгодишен мандат на 1 декември. Предложениот тим доби поддршка од само 54% европратеници, што е најмалото мнозиство во историјата за еден нов состав на Комисијата. Фон дер Лајен во својот говор вети дека новата Европска комисија ќе ја оживее економијата на ЕУ која е во стагнација, ќе ја зајакне конкурентноста, ќе ја намали ...
Дуќаните и угостителските објекти низ охридската чаршија, како и на плоштадот Св. Климент Охридски добија унифицирани рекламни табли изработени од дрво и ковано железо кои за првпат го содржат називот на македонско кирилско писмо и англиска транскрипција на латиница. Тие се поставуваат согласно програмата за развој на туризмот и донесените Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема. Во рамките на проектот, ...
Ива Матиќ е првата жена воена пилотка во земјава и втора Македонка пилотка на комерцијален авион. Матиќ, која работи како копилотка во авиокомпанијата „Визер“ во базата во Скопје, во подкаст за САКАМДАКАЖАМ.МК говори за тоа како е да се биде пилотка, за стереотипите дека оваа професија е за мажи, но и за убавите моменти и доживувања кои ги носи авијацијата. Вели дека го живее својот сон и има работа од соништата. „Чувството да се управува со ...
Министерот за здравство Арбен Таравари на својот фејсбук профил објави дека колабрирал и дека е в болница. „Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација, бидејќи моите колеги сè уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на ...
Годинава, жетвата на сончогледот започна рано, уште во средината на август, но и рано заврши. Сушата придонесе за мал род, па земјоделците бргу ја собраа годинашната реколта и бргу ја предадоа. Годинава откупната цена беше 26 денари за килограм, а ланската 20,5 денари. Откупот е завршен, велешка Маслодајна, единствениот производител во земјава на масло за јадење од сончоглед, откупи дел од родот, само 3.200 тони, што е најмалку последните ...
Американскиот филмаџија Џим Абрахамс, коавтор на популарните комедии „Има ли пилот во авионот?“, „Гол пиштол“ и „Вжештени глави“, почина на 80 години во својот дом во Санта Моника, Калифорнија. Заедно со своите пријатели од детството Џери и Дејвис Закер, Абрахамс почна нов бран холивудски комедии во 1970-тите, кои се одликуваа со пародичност и налудничав и апсурден хумор. Абрахамс дебитираше во 1977 како сценарист на комедијата „Kentucky Fried ...
Хамас позитивно реагираше на примирјето постигнато помеѓу Израел и Хезболах и се надева дека сличен договор ќе може да се постигне и за Газа. „Ги известивме посредниците во Египет, Катар и Турција дека сме спремни за договор за примирје и за сериозен договор за размена на заробеници“, изјави функционер на Хамас. Судирите помеѓу Израел и Хезболах почнаа паралелно со војната во Газа во октомври 2023. Разговорите за примирје во Газа се во застој со ...
Писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 во областа на културата и уметноста, а универзитетската професорка Маја Бојаџиевска во областа на воспитанието и образованието, соопшти Министерството за култура. Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ...
Општина Центар ќе урива дел од хотелот „Елса“, сопственост на адвокатот и поранешен државен функционер Сашко Станинов, на улицата Луј Пастер во центарот на Скопје. Во решението издадено од градежниот испектор на Општината се вели дека осмиот кат на хотелот и терасата се дивоградби, изградени без дозвола за градба. На инвеститорот му бил даден рок од три дена да ги отстрани дивограбите, но тоа не е сторено, па затоа сега ќе урива Општината. „На ...
Новиот балистички проектил „орешник“, што Русија го испукала кон Днипро минатата недела, носел повеќе боеви глави, но без експлозиви и предизвикал мала штета, изјавија два извора од украинската влада. Ова на некој начин се совпаѓа со она што го кажа Кремљ дека лансирањето било само предупредување за западот откако САД и Велика Британија ѝ дозволија на Украина да ја гаѓа Русија со нивни проектили со долг дострел. Украински и западни експерти се ...
Во четири часот по локално време, во Либан стапи на сила примирје по повеќе од една година борби помеѓу Израел и Хезболах. Договорот синоќа беше објавен од Израел, Франција и САД, чиј претседател Џо Бајден кажа дека ова треба да биде постојан прекин на непријателствата. Напади од двете страни имаше до самиот почеток на прекинот на огнот, при што Израел нареди евакуација на делови од Бејрут, а Хезболах лансираше дронови кон Израел. Набргу по ...
Режисерката Нела Витошевиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја режира претставата „Замисли нов свет“, копродукциски проект помеѓу „Сектор филм“ и МНТ. Претставата се најавува како колаж од делата на еден од најзначајните македонски драмски автори Горан Стефановски, односно драмската предлошка е составена од култни драмски сцени кои тематски се поврзуваат и надополнуваат. Преку овој омаж тимот сака да отвори важни општествени прашања и низа ...
Парична помош во висина од 400.000 денари (околу 6.500 евра) одвои Општина Куманово за семејствата за настраданите во несреќата во збратимениот град Нови Сад, Република Србија. Несреќата се случи на 1 ноември на Железничката станица кога падна настрешница и усмрти 15 луѓе. Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски од Свети Николе. „Од вкупниот износ 300.000 денари ќе бидат уплатени на сметката на Општина Нови Сад, а 100.000 денари ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада ќе го одобри договорот за примирје, што отвора пат за крај на војната со Хезболах во Либан. Според договорот, секој обид на Хезболах повторно да се вооружи и изгради инфраструктура покрај границата ќе значи негово прекршување, на што Израел ќе одговори многу сериозно. „Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел ќе нападне. Ако лансира проектили и ако изгради тунели, ние ќе ...
Германија прави листа на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивилите, кажа министерството за внатрешни работи, додека се зголемуваат тензиите со Русија. Листата содржи и станици на подземната железница, подземни паркинзи, државни згради и приватни имоти. Ќе биде изготвена и дигитална мапа со бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат, користејќи планирана апликација за телефон. Луѓето, исто така, ...
За спас на здравствените амбулатни во руралните средини и малите места, Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Здружението на приватни лекари на Македонија (ЗЛМ), договорија мерки кои треба да овозможат здравствена нега на граѓаните од овие места и опстанок на ординациите. Мерките денеска на прес-конференција ги претставија директорот на ФЗО Сашо Клековски и претседателката на ЗПЛМ д-р Лили Чолакова-Дервишова. „Мерките за руралните доктори се ...