
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Иако општините се жалат дека немаат пари и оти им треба поради тоа комплетна децентрализација на власта, сепак исплаќаат и по стотици евра на адвокати за адвокатски услуги, и тоа само на тие што си ги бираат градoначалниците или партиите што ги кандидирале, без никаков тендер, оглас. Ова е тридецениска практика не само на општините, туку и министерствата, јавните претпријатија што ги раководи секоја актуелна власт, директоратите и агенциите. Во ...
Драмски театар од Скопје ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е објавен на нивната официјална страница, а ќе трае до 30 декември. Неделата на претстави од независната продукција ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2025. По селекцијата, Драмски ќе ги отстапи Големата сцена „Ристо Стефановски“ и Малата сцена, како и потребната техника. „Со поддршката на независната ...
Седум сцени кои се најударни, најпознати од творештвото на Горан Стефановски се дел од претставата „Замисли нов свет“ во режија на Нела Витошевиќ, која премиерно ќе се изведе на 17 декември во Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата е копродукција со „Сектор филм“. Витошевиќ на денешната прес-конференција рече дека се работи за најпознатите сцени од драми како: „Диво месо“, „Тетовирани души“, „Лет во место“, „Кула вавилонска“. Тие се ...
Седумнаесет години откако се придружија на Европската Унија, Романија и Бугарија конечно добија зелено светло да станат полноправен дел од Шенген зоната. Од 1 јануари, граѓаните на двете источноевропски држави ќе можат слободно да патуваат низ блокот без пасош, одлучија денеска министрите за надворешни работи на ЕУ. Европската комисија уште во 2011 кажа дека Романија и Бугарија се спремни да се придружат на Шенген зоната, на што во почетокот се ...
Врховниот суд ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес и на оштетениот Димитрие Кадиев и предметот за одговорноста за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, кои пред 9 години починаа во болницата во Гевгелија, го врати на повторно судење, пред Апелација Скопје. Обвинети за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето се гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица, како и анестезиологот Томче ...
Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда за сопственикот на превозникот „Беса Транс“, чиј што автобус изгоре во Бугарија и предметот е вратен на повторно судење. Беким Хаџиу беше неправосилно осуден на една година и осум месеци казна затвор за кривичното дело Фалсификување на исправа.. „Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот ...
Дваесет години затвор доби Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 уби девет и рани 12 луѓе во српските села Мало Орашје и Дубона, објави Специјалниот суд во Белград. Во исто време во Смедерево, неговиот татко Радиша е осуден на идентична затворска казна. Судењето заврши во експресен рок, за неполни четири месеци. „Обвинетите Урош Блажиќ и Радиша Блажиќ се виновни. Судскиот совет едногласно ја донесе одлуката“, изјави судијката Лидија Јовановски, ...
Израелските одбранбени сили кажаа дека уништиле 70-80% од стратешките капацитети на сириската војска во стотици воздушни и поморски напади, кои почнаа веднаш откако бунтовниците го соборија режимот на Башар ал-Асад. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека копнените сили преминале преку зоната на разграничувањето на Голанската Висорамнина и воспоставиле „стерилна одбранбена зона во јужна Сирија ослободена од оружје и терористички ...
Поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ Артан Груби вели дека се повлекува од јавниот живот откако Стејт Департментот го означи за вмешаност во голема корупција. Во објава на Фејсбук, тој вели дека е чист како солза пред Бога, семејството и пријателите, но се повлекува, како што вели, со намера да придонесе за вистината и да не биде ничив политички товар. „Иако одлуката нагласува дека таа не е за осуда, туку за поттикнување на ...
В. д. директорката на Агенцијата за филм, Даниела Станковска-Плачковска поднесе оставка од функцијата, потврдија од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК Оттаму велат дека на последната владина седница на барање на в.д. директорката е прифатена оставката, а нов директор не е назначен. Владата ја назначи Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм на 31 јули. Станковска-Плачковска е дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од ...
Сириските бунтовници објавија дека планираат да ги затворат озлогласените затвори водени од соборениот режим на Башар ал-Асад и дека ќе ги ловат оние кои мачеле и убивале притвореници. Лидерот на бунтовниците Ахмед ал-Шара попознат како Абу Мохамед ал-Голани исто така најави дека ќе го расформира безбедносниот систем на бившиот режим. Стотици луѓе беа ослободени од затворот Сајднаја по влегувањето на бунтовниците во Дамаск во неделата. Групите ...
На денешниот брифинг на речиси целото Обвинителство на Македонија со сите медиуми, на новинарско прашање беше кажано дека ќе одговара и давателот на поткупот за да се чува предметот на Сашо Мијалков во фиока. Државниот обвинител Љупчо Коцевски кажа дека по објавата на најновата црна листа на Стејт департментот, со имињата на Артан Груби и на апелациониот судија Енвер Беџети за примање поткуп за влијанија во судството, тој веднаш формирал ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека денеска ќе ја објави целокупната документација за проектот на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, во обид да стави крај на неколкунеделните протести на студентите. Вучиќ изјави дека документите ги добил од Министерството за градежништво, јавното претпријатие Инфраструктура на железницата на Србија и други органи. „Сите документи до кои дојдовме, сето она со што располага ...
„Диџеј Ахмет“, дебитантскиот филм на режисерот Георги Унковски, ќе има светска премиера на фестивалот Санденс кој ќе се одржи од 23 јануари до 5 февруари во Парк Сити, Јута. „Диџеј Ахмет“ е селектиран во конкуренцијата за награди на програмата Светски филм. Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм ...
Љубителите на кафето наскоро би можеле да очекуваат поскапување на нивниот омилен пијалак, откако цените на кафето на меѓународните пазари на суровини ги достигнаа највисоките нивоа досега. Цената на зрното арабика, на која отпаѓа најголемиот дел од светското производство, вчера беше 3,44 долари за половина килограм, откако порасна за повеќе од 80% оваа година. Вредноста на зрното робуста исто така достигна рекорден раст во септември. Ова доаѓа ...
Скопскиот Аквадукт, споменик на културата од особено значење и значаен белег на градот, ќе биде реставриран со грант од 205.000 долари од Амбасадорскиот фонд за културно наследство на САД, соопшти денеска амбасадорката Анџела Агелер која го посети споменикот од 6 век заедно со министерот за култура Зоран Љутков. Таа рече дека проектот ќе се фокусира и на зачувување на Аквадуктот и на негова промоција во следните 2-3 години. „Се надеваме дека ќе ...
Реставрираната црква „Свети Ѓорги“ во преспанското село Курбиново не беше отворена на 9 декември, како што уште во октормври годинава најави директорот на битолскиот Завод и музеј. На 9 декември, за верскиот празник Свети Ѓорѓи, верници и други посетители кои претходно прочитаа за најавеното отворање, ја посетија црквата, но наидоа на затворени врати. Неможејќи да влезат внатре, палеа свеќи во близина на храмот и оставија пари кај вратата. Во ...
По 30 дена притвор добија деветмина од 22-та уапсени во акцијата „Адитив“, а на останатите им се одземени пасошите, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски и денеска останува недостапен за органите на прогонот, а за него Јавен обвинител достави предлог за определување мерки за претпазливост односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот и ...
На денешниот брифинг со новинарите, скопскиот обвинител Гаврил Бубевски откри дека Гоце Трајковски, главниот сведок за поврзаноста на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, всушност е во бегство. Трајковски се бара со потерница за тешко дело Подметнување пожар на 13 ноември со кое што го загрозил животот на станарите во зградата во скопската населба Кисела вода, каде што е осомничен дека со уште две лица запалил ...
Јавното комунално претпријатие од Тетово е еден од најголемите загубари во Општина Тетово, но и на државно ниво. Тешката состојба трае со години, а сега ЈКП „Тетово“ на вработените им должи четири плати. На денешната седница на Советот на Општина Тетово беше предложена точка на дневниот ред со која се побара да се донесе предлог-одлука за покривање на финансиските трошоци и загубите на ЈКП „Тетово“. И наместо да се расправа како да им се помогне ...
Се одложи седницата на Уставниот суд за оценување на уставноста на Законот за јазиците. Уставните судии со пет гласа „за“ и еден „против“ денеска одлучија прво да се одржи подготвителна седница и да се чујат мислења на експерти, па потоа да се одлучува. „Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. На седницата не беа присутни судиите Осман Кадриу и Насер ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека неговата партија не ги оспорува одлуките на Стејт Департментот, но дека неговиот сопартиец Артан Груби има право жалба и ќе го води процесот насочен со факти. Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети завчера беа означени од Стејт Департментот за вмешаност во голема корупција. „Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со ...
И од три километри далечина би познала дека ова е дело на Чемерски, кажа американската амбасадорка Анџела П. Агелер на претставувањето на реставрираниот монументален Споменик на слободата во Кочани. Споменикот од 2022 се реставрираше со американски грант од 254.300 долари преку Амбасадорскиот фонд на САД за зачувување на културата. Грантот го доби Општина Кочани од Амбасадата на САД во Скопје. Ова е прва поддршка од овој фонд за реставрација на ...
„15 дена чекав термин за биопсија на рак на дојка во јавно здраство. Немаше, па морав да платам на приватно“, „Оперирана сум пред 32 години од рак на дојка, сега имам метастази на лимнфи жлезди и со месеци чекам термин за пет-скен и за магнетна резонанца“, се дел од одговорите на анкетата на САКАМДАКАЖАМ.МК што ја спроведовме преку нашата алатка за анонимно пријавување граѓански проблеми. „Едноставно кажуваат дека има многу гужва и не знаат кога ...
Апелациониот судија Енвер Беџети, покрај Артан Груби од ДУИ, е меѓу 14-темина на новиот црн список на Американскиот Стејт Департмент со луѓе и нивни блиски семејства на кои им е забранет пристапот до САД. Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети јавно се означуваат за нивната вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, ...
Луиџи Манџоне, осомничен дека го убил директорот на моќната американска осигурителна компанија „Јунајтедхелткер“ Брајан Томпсон, ќе се бори против својата екстрадиција во Њујорк и се очекува да се изјасни како невин, кажа неговиот адвокат Том Дики. Манџоне вчера викаше и се туркаше со полицајците додека го внесуваа во судот во Алтуна, Пенсилванија, каде што беше уапсен пред два дена во ресторан на „Мекдоналдс“. „Ова е навреда за интелигенцијата ...
Русија ќе ги распореди новите хиперсонични проектили „орешник“ во Белорусија следната година, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Тој кажа дека во петокот ги побарал новите проектили од Владимир Путин бидејќи стравува од ескалација поради присуството на полските и литванските трупи покрај западната граница на Белорусија. Тамошните медиуми објавија дека Лукашенко сега разгледува каде да ги постави овие проектили. „Русија ќе ни ги ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја назначи свршеницата на неговиот син Доналд Трамп Џуниор за нова амбасадорка на САД во Грција. Кимберли Гилфојл е поранешна водителка на „Фокс њуз“ и поранешна обвинителка во Сан Франциско и Лос Анџелес, која стана советничка на претседателската кампања на Доналд Трамп и го водеше одделот за собирање донации. Таа е бивша сопруга на актуелниот гувернер на Калифорнија, Гевин Њусом, а од крајот ...
Со скандирање ,,сакаме воздух” и ,,што ни дишат децата” денеска скопјани протестираа барајќи од властите мерки против загадувањето. Протестот почна пред Министерството за животна средина, продолжи пред Собранието и Владата. Учесниците на протестот кажаа дека властите се менуваат, но никој ништо не презема против загадувањето. „Ние имаме работа со неразумни политичари. Функционерите многу често кажуваат дека загадувањето не се решава преку ноќ. ...
Приведен е ексдиректорот на Елекстрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е еден од осомничените за злоупотреби со јавни набавки на адитиви во компанијата, за што МВР и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес спроведуваат голема акција. Од Министерството за внатрешни работи за државната агенција МИА потврдија дека Стефанов е приведен на граничниот премин Табановце. Меѓу осомничените е и ...